Контакт

Култура

(Видео) Заврши Канскиот филмски фестивал, „Златна палма“ за јужнокорејскиот Parasite

Објавено пред

Главната награда „Златна палма“ на овогодишниот Кански филмски фестивал е доделена на јужнокорејскиот режисер Бонг Џун-хо за црната комедија Parasite.

Наградата за најдобра режија им е доделена на браќата Дарден за филмот The Young Ahmed, а филмот Portrait Of The Lady On Fire доби награда за најдобро сценарио.

Наградата „Гран при” му припадна на филмот Atlantique на француско-сенегалската режисерка Мати Диоп. Антонио Бандерас за улогата во филмот на Педро Алмодовар, Pain & Glory, ја доби наградата за најдобар актер, додека за најдобра актерка е прогласена Емили Бичем за улогата во Little Joe.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Лидија Вуќичевиќ со хит комедијата „Чекајќи го министерот” во Струмица

Објавено пред

Мега популарната актерка која јавноста во регионот ја познава по многуте серии, како „Жикина Династија“, „Бољи живот“ и уште многу филмови и серии во петок (15. ноември), гостува во Струмица со хит комедијата „Чекајќи го министерот“.

Хит комедијата која ќе биде поставена во Центарот за култура во Струмица, ги освојува срцата на сите гледачи во сите земји ширум светот.

Во неделата и понеделникот во Театар Комедија пред преполна сала, а во петок Лидија Вуќичевиќ заедно со Милан Пајиќ и Семир Гичиќ ќе го чекаат министерот во Струмица.

Претставата ќе се одигра во Центарот за култура со почеток 20 часот, а билетите се по цена од 200 ден.

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Култура

Македонска премиера на „Глас“ во режија на Огњен Свиличиќ на „Синедејс“

Објавено пред

По фестивалите во Бусан, Варшава и Котбус, филмот „Глас“, во режија на Огњен Свиличиќ, утре ќе ја доживее македонската премиера во рамките на Фестивалот на европскиот филм „Синедејс“.

„Глас“ е копродукција меѓу „Максима филм“ од Хрватска, „Скопје филм студио“ од Македонија и „Биберче продукција“ од Србија, а проектот беше поддржан од страна на Агенцијата за филм на РСМ, како и од Хрватскиот аудиовизуелен центар, Хрватската радио-телевизија и Филмскиот центар на Србија.

По светската премиера во Бусан, каде што беше одлично прифатен од публиката, филмот имаше европска премиера на интернационалниот филмски фестивал во Варшава по што фестивалскиот живот продолжи на фестивалот во Котбус, Германија, каде беше дел од натпреварувачката програма.

„Глас“ е приказна за младо момче кое пристигнува во католички интернат, каде што им дава отпор на верските практики на училиштето. Сепак, учениците и наставниците го сметаат момчето за прилично чудно“.

Сценариото за филмот го напишаа Огнен Свиличиќ и Маријана Верхоев, директор на фотографијата е Маринко Маринкиќ, сценограф е Ивана Шкрабало, костимографијата е на Емилија Ивановска-Атанасовска, снимател на звук е Игор Поповски, а монтажата на Наташа Пантиќ. Продуцент на филмот е Дамир Терешак, а копродуценти се Томи Салковски и Николина Вучетиќ.

Улогите ги толкуваат: Франко Јаковчевиќ, Белма Салкуниќ, Игор Ковач, Карла Брбиќ, Барбара Вицковиќ.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Јубилејно реиздание на Homebound на Кирил Џајковски

Објавено пред

Јубилејното реиздание на ремек-делото Homebound на Кирил Џајковски излегува на 13 ноември, точно дваесет години по оригиналната објава. Овој легендарен албум со своето појавување во 1999 година дефинира нов музички правец, во кој традиционалната музика и
современата електроника живеат во совршена хармонија. Оригинално објавен под
тогашното уметничко име на авторот, Кирил, Homebound беше еднакво фасцинантен и за публиката и за музичката критика, која не штедеше пофалби за храбрата мешавина од downtempo, world music, breakbeat и drum’n’bass. Албумот доби одлични рецензии од речиси сите релевантни музички списанија и радиостаници и со тоа значително им го олесни патот на цела генерација нови музичари кои не се плашеа да експериментираат, да ги пробиваат постојните граници и да откриваат нови музички светови.

Дваесет години подоцна оваа исклучителна колекција од современа музика останува да биде скапоцено сведоштво за едно време кога музиката беше забавна и авантуристичка, но истовремено и длабока и полна со значење. Речиси е неверојатно што покрај тоа што беше футуристички и авангарден во времето кога се појави Homebound, остари прилично достоинствено, па звучи извонредно свежо и релевантно цели две децении по првото објавување.

Реизданието на Homebound содржи ремастерирани верзии од сите десет песни од оригиналното издание. Излегува потпишано со новиот уметнички бренд на авторот Џајковски, а од 13 ноември ќе биде достапно на сите дигитални сервиси за музика во светот. Издавач на реизданието е Filter Label.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во Швајцарија уапсени членови на „Пинк Пантер“, меѓу кои и еден Македонец, ограбиле златарница

Швајцарската полиција уапси двајца црногорски државјани, двајца германски државјани, едно лице од Босна и Херцеговина и едно од Северна Македонија...

Македонија2 часа

Груевски нема да одговара за „Траeкторија“ поради застареност на делото

Експремиерот во бегство, Никола Груевски, нема да одговара за кривичното дело во предметот „Траекторија“, кое се однесува на изградбата на...

Македонија2 часа

Полиција го обезбедува паркингот кај „Аутомакедонија“, каде што ќе се гради барокна катна гаража

Полициска екипа утрово го обезбедува паркингот кај „Аутомакедонија“ во центарот на Скопје, каде што од денес може да почне да...

Македонија3 часа

Закажано првото рочиште за „Рекет“

Првото рочиште за предметот „Рекет“, во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и...

Македонија4 часа

Заев: „Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите

„Југохром,“ додека не се стават филтрите, нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово зборувајќи...

Европа4 часа

(Видео) Венеција под вода, регистриран вториот најголем бран во историјата

Венеција е погодена од вториот најголем бран на плима во историјата, кој ја поплави историската базилика и многу од градските...

Македонија5 часа

Игор Јанушев ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб...

Македонија5 часа

Заев: Побогатите граѓани да ги сменат системите за греење за да помогнат против загадувањето

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред почетокот на вчерашната владина седница во Тетово даде одговор на новинарски прашања...

Македонија5 часа

Пендаровски во Париз предаде копија од книгата на Глигоров „Македонија е се што имаме“

Претседателот Стево Пендаровски за време на посетата во Париз, во библиотеката на Парискиот мировен форум дал копија од книгата „Македонија е...

Свет5 часа

Хилари Клинтон : Под голем притисок сум да го предизвикам Трамп на изборите

Поранешниот државен секретар на САД и кандидат на последните претседателски избори во САД, Хилари Клинтон, вели дека е „под голем...

Свет6 часа

Жанин Анес и официјално стана наследник на Моралес во Боливија

Уставниот суд го призна решението опозициската сенаторка Жанин Анес да ја преземе функцијата привремен претседател на Боливија. Таа синоќа во...

Македонија6 часа

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас во Скопје

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас во текот на денешната работна посета на Северна Македонија е планирано да...

Спорт6 часа

Лука Модириќ е „Golden Foot“

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрвтаска Лука Модриќ во Монте Карло доби уште едно големо признание во кариерата, наградата „Golden...

Македонија16 часа

Заев во Тетово: Владата заседава во 10 региони за одблиску да го слушне гласот на граѓаните

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред одржувањето на редовната 165. седница на Владата во Тетово, истакна дека организацијата...

Регион17 часа

Рама: Приштина ја загрозува надворешната политика на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека политичарите во Приштина, спротивставувајќи се на заедничката иницијатива за создавање на балканскиот мини шенген,...

Регион19 часа

Црна Гора не го прифаќа предлогот за мини шенген

Министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ, во понеделникот рече дека приклучувањето кон иницијативата мини шенген за балканските држави...

Европа20 часа

Зелено светло за 13 нови одбранбени проекти на ЕУ

Владите на ЕУ дадоа зелено светло за 13 нови одбранбени проекти насочени кон развој на поголема воена моќ независна од...

Македонија23 часа

Холандија го ратификува протоколот за НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификува протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, соопшти министерот за надворешни работи, Никола Димитров....

Економија23 часа

(Видео) За борба против аерозагадувањето предвидени 1,6 милион евра во буџетот за 2020

Растот на платите и пензиите, растот на вработеноста, намалувањето на невработеноста и големата социјална заштита на ранливите категории в година...

Македонија23 часа

(Видео) Пендаровски: Макрон ми кажа дека никогаш немал намера да ни нуди алтернатива

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Париз оствари средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата беа разменети мислења за...

Досие