Контакт

Култура

(Видео) Кирил Џајковски се враќа на музичката сцена со полна пареа

Објавено пред

Македонскиот музичар, композитор и продуцент Кирил Џајковски имаше целовечерен настап на плоштадот во Шибеник за време на Новогодишната ноќ пред неколку илјади луѓе. Тој досега има настапувано многупати низ Хрватска и секогаш реакциите на хрватската публика се без исклучок одлични. Но ова беше прв негов настап во Шибеник, од каде се врати во Скопје преполн со позитивни впечатоци.

„Задоволство ми беше овојпат да ја дочекам Новата Година за првпат во Шибеник, со одлично расположена публика која со многу позитивен и славенички набој направи да се создаде искрена и прекрасна атмосфера“ , вели Џајковски.
На него се надоврза и реге артистот Дејвид Лајон кој настапи заедно со концертниот бенд на Кирил и по тој повод изјави:

„Фантастично искуство! Ова беше мое прво гостување во Хрватска и наедно прва посета на земјата. Уживав во секој поминат момент. Настапувавме на прекрасна локација, публиката беше толку пријателски наклонета и како резултат на тоа се создаде совршена интеракција меѓу нас на сцената и публиката за време на настапот“.

По едногодишна пауза Кирил повторно се враќа на сцената со свежа музичка понуда. Неодамна беше промовиран и неговиот најнов сингл „Reminder“ за кој е изработен и одличен видео запис. Песната „Римајндер“ е прва соработка на нашиот композитор со познатиот реге артист, вокалистот Дејвид Лајон и претставува храбра фузија на Балкан Бит, звукот на glitch-hop и реге влијанијата.

Како што најавува Кирил колаборацијата со Лајон е само почеток, а ова издание под етикетата на „Филтер Лејбл“ е само прво од низата синглови што ќе бидат допрва објавени во претстојниот период. Вокалистот Дејвид Лајон е веќе дел од концертниот бенд на Кирил и заедно најавуваат засилени концертни активности.

„Отсекогаш сум ја сакал комбинацијата на реге/даб влијанија и електронската музика, што е и очигледно од моите претходни соработки со Рас Твид (Крудер и Дорфмајстер) и Гето Прист (Ејжан Даб Фаундејшн). Дејвид исто доаѓа од реге сцената, признат кантавтор кој редовно настапува со свој пратечки бенд на европските музички фестивали. Една од неговите главни одлики е што над се е одличен пејач, но и многу добар рапер, комбинација која перфектно одговара за моите концертни настапи и идеално се вклопи во авторската соработка на мојот нов музички материјал. Неговиот вокален стил се движи меѓу мелодичниот реге и поинтезивниот рага/денсхол израз. Видеото за синглот го изработи една млада и талентирана продукциска фирма НУЛА ТВ од Софија, Бугарија. Целокупната продукција се реализираше на еден од филмските сетови во Софија и целата екипа на чело со режисерот Деметриј Василев со многу ентузијазам и целосна посветеност сними еден атрактивен и амбициозен видео спот со импресивна фотографија зад која стои еден извонреден македонски директор на фотографија Ненад Бороевиќ“ , вели Џајковски.

Кирил заедно со Дејвид веќе работат на новиот материјал кој ќе биде презентиран годинава, а вокалистот ќе настапува заедно со нашата ѕвезда и на неговата претстојна летна турнеја. Нивниот заеднички настап во Шибеник беше меѓудругото и прва концертна промоција на новиот сингл и видеото, кој излезе пред Новата Година и е прв во низата кои ќе следат во следниот период.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Работилница за современ танц на ФМУ – Скопје со словенскиот кореограф Урша Рупник

Објавено пред

Од 18 до 21 март 2019 година на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе гостува проф. Урша Рупник, кореограф од Словенија.

Во работилницата ќе земат учество студентите од студиската програма за балетска педагогија – современ танц од класата на вонр. проф. д-р Искра Шукарова од ФМУ, како и ученици од средниот оддел – класичен балет и модерен танц од Државниот музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Работилницата ќе се реализира во салите на Државниот музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски-Луј“ и во студиото „Брејк а Лег“. Соработката со Рупник е резултат на размената помеѓу УКИМ ФМУ и Вишата балетска школа КГБЛ во Љубљана (www.kgbl.si) во рамките на програмата за мобилност на наставен кадар Еразмус+.

Урша Рупник работи како кореограф со етаблирани уметници од современата танцова сцена во Словенија како Росана Хрибар, Грегор Луштек и Матјаж Фариќ, но има реализирано повеќе кореографски проекти и на современата интернационална танцова сцена. Последната деценија таа е асистент на етаблираниот кореограф Џо Алегадо (САД), со кого соработува како педагог, танчар, кореограф и е дел од неговата танцова компанија во Прага.

Рупник со студентите ќе работи на синтеза на современите и модерните танцови техники, основани врз нејзиното искуство како танчар и кореограф. Таа е инспирирана од работата со Алегадо и неговиот истражувачки принцип. Рупник истражува како движењата од рацете го иницираат движењето на телото во просторот создавајќи уникатна танцова динамика.

Гостувањето на проф. Рупник на ФМУ се надоврзува на низата успешни проекти на студентите на студиската програма за балетска педагогија – современ танц во рамки на нивната практична настава, иницирани и предводени од кореографот и вонр. професор на ФМУ, д-р Искра Шукарова, и реализирани во текот на 2018 година. Минатата година студентите имаа можност да работат со кореографите Урсула Еагли и Чарлс Слендер Вајт (САД), Грегор Камникар (Словенија) и Андреа Ситер (Франција).

Во мај 2019 година, студентите од катедрата за балетска педагогија –современ танц се поканети да работат со Џој Мари-Томпсон (САД) како дел од интенационалната програма во Дерида Центар во Софија (www.derida-dance.com) поддржана од страна на фондот на мрежата Global Practice Sharing.

Покрај ова, во август оваа година вонр. проф. д-р Шукарова е поканета да гостува во САД како предавач во проектот Earthdance (www.earthdance.net) во рамки на интернационалната програма за кореографи и педагози. Проектот е поддржан од мрежата Global Practice Sharing (САД), во која Шукарова е член од основањето.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Сирота мала богата драма“ ќе биде промовирана на Меѓународниот фестивал „Сарајевска зима“

Објавено пред

Во периодот од 19 март до 22 март 2019, доцент д-р Иванка Апостолова Баскар, како иницијатор, уредник и промотер ќе настапува на Меѓународниот фестивал Сарајевска зима 2019, со промоција на електронската книга/збирка на 11 кратки драми на современи македонски автори-Сирота мала богата драма.

Промоцијата ќе биде во Музичкиот павиљон (Мејдан). Организатори на фестивалот се Ибрахим Спахиќ и неговиот тим од Меѓународниот центар за мир.

Прикажи повеќе...

Култура

Филмот „Боемска рапсодија“ може да добие продолжение

Објавено пред

Филмот за легендарниот пејач на „Квин“, Фреди Меркјури, „Боемска рапсодија“, набргу би можел да добие продолжение. Режисерот Руди Долезал, кој му бил пријател на Меркјури, открил за порталот „Пејџ сикс“ дека режисерот на филмот, како и членовите на бендот, кои се сè уште активни, Брајан Меј и Роџер Тејлор, планираат второ продолжение.

Според него, и Џим Бич, менаџерот на „Квин“, сериозно се подготвува за продолжение.

Гитаристот на групата, Брајан Меј, претходно рече дека уште некоја приказна од долгата кариера на бендот би можела да биде екранизирана.

Филмот „Боемска рапсодија“ заработи повеќе од 870 милиони долари во светот. Во февруари освои четири „Оскари“ и поттикна повторно заживување на популарноста на бендот во целина.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 минути

НАТО бара Русија да го врати Крим, Путин таму денеска отвори две нови електрани

Северноатланската алијанса по повод, како што велат од таму, петгодишнината од анексијата на Крим од страна на Русија, во соопштение...

Свет1 час

Еден загинат и повеќе повредени во пукање во трамвај во Холандија, напаѓачот е во бегство

Најмалку едно лице загина, а повеќе се повредени откако маж почнал да пука во трамвај во холандскиот град Утрехт, објави...

Свет2 часа

Напаѓачот од Нов Зеланд сам ќе се брани пред судот

Терористот кој во петокот во новозеландскиот град Крајстчрч нападна две џамии и уби 50 луѓе, а рани над 40, планира...

Владо Бучковски Владо Бучковски
Македонија3 часа

Бучковски ми кажа дека „Маѓар телеком“ е политички монтиран случај, рече сведокот

Професорот од Правниот факултет Дејан Мицковиќ во сведочењето за случајот „Маѓар телеком“ на прашање на обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова,...

Македонија4 часа

Мицковиќ: На Зврлевски му пријавив дека добивам закани да сведочам за „Маѓар телеком”

Дејан Мицковиќ, професорот од Правниот факултет во Скопје, сведочеше на денешното рочиште за случајот „Маѓар телеком”, како поранешен претседател на...

Топ4 часа

Двајца мотоциклисти загинаа во сообраќајни несреќи

Дваесет и едногодишен гостиварец вчера загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток, додека возел мотоцикл...

Свет5 часа

Австралиската полиција ги претресе куќите на сестрата и мајката на Брентон Тарант

Австралиската полиција извршила претрес во две куќи на подрачјето на Нов Јужен Велс во потрагата по материјал што би можел...

Регион6 часа

Вучиќ: Мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците на Косово бидејќи, како што...

Свет6 часа

Владата на Нов Зеланд поддржа построги закони за оружје

Премиерот на Нов Зеланд, Јакинда Ардерн, изјави дека владиниот кабинет ги поддржал измените на законот за оружје, по терористичкиот напад...

Регион18 часа

Грчката полиција: Брентон Тарант престојувал на Крит и Санторини

Грчката полиција соопшти дека осомничениот за нападите во двете џамии во Нов Зеланд, Брентон Харисон Тарант престојувал на грчките острови...

Избори 201919 часа

Силјановска: Да ја спречиме еколошката катастрофа во Охрид и Струга

„Македонијо, време е да ја спречиме оваа еколошка катастрофа што се случува во Охрид и Струга“, порача кандидатката за претседател, Гордана...

Свет20 часа

Масовен погреб за жртвите од авионската несреќа, во земјата спуштени празни ковчези

Илјадници граѓани и членови на семејствата се собраа на заедничкиот погреб за жртвите на настраданите во недамнешната авионска несреќа во...

Избори 201921 час

Пендаровски: Мојот концепт е за напред, а на Силјановска е за назад

Заедничкиот кандидат за претседател на нашата држава Стево Пендаровски по посетата на Охрид, попладнево се сретна и со граѓаните во...

Крвав четврток1 ден

Првпат во Македонија притворот се гарантира со гаранција, реагираат адвокатите на обвинетите за 27 април

Адвокатите на обвинетите за настаните од 27 април реагираат на определувањето притвор за нивните клиенти, бидејќи, како што пишуваат, судот...

Македонија1 ден

(Видео) Арсовски: Шилегов ќе ги труе скопјани со опасен отров од странство

Петре Шилегов нема намера да се откаже од труењето на скопјани, истакна денеска на прес-конференција Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој...

Регион1 ден

Вучиќ за упадот во РТС: Нема да дозволиме насилство, наидоа на тврд орев

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска напладне се обрати пред српската јавност во однос на вчерашните случувања, кога дел од демонстрантите...

Топ1 ден

Петмина млади повредени во тешка сообраќајка на влезот на Скопје

На влезот од Скопје, поточно на булеварот „Александар Македонски“, во вечерните часови на 16 март се случила сообраќајна незгода меѓу...

Бегството на Груевски1 ден

Груевски барал да му биде укинат притворот

Експремиерот Никола Груевски, бегалецот во Будимпешта, преку неговите адвокати изминатите 4 месеци го затрупал Апелацискиот суд во Скопје со жалби...

Свет1 ден

Почина 50 жртва во Нов Зеланд, од „Фејсбук“ отстраниле милион и пол снимки од нападот на џамиите

Комесарот на полицијата во Нов Зеланд, Мајк Буш, соопшти дека починала и 50-та жртва од нападот врз две џамии во...

Регион2 дена

(Видео) Почит кон загинатите во нападот: Стариот мост во Мостар осветлен во боите на Нов Зеланд

Во организација на Центарот за мир и мултиетничка соработка, вечерва Стариот мост во Мостар е осветлен со боите на знамето...

Досие