Контакт

Култура

(Видео) Кои се најверојатните кандидати за Оскар

Објавено пред

Иако добитниците во многу, а особено актерски, категории на овогодинешните Оскари водат мртва трка, некои имиња и наслови на филмови се издвојуваат како фаворити.

dobivaj vesti na viber

Критичарот на Њујорк Тајмс објави список на најверојатните победници меѓу номинираните оваа година. Вака изгледаат неговите предвидувања во најинтересните категории.

Најдобар филм

All Quiet On The Western Front
Avatar: The Way Of Water
The Banshees of Inisherin
Elvis
Everything Everywhere All At Once
The Fabelmans
Tar
Top Gun: Maverick
Triangle of Sadness
Women Talking

Најдобар режисер

Мартин Мекдона, The Banshees of Inisherin
Даниел Кван и Даниел Шајнерт, Everything Everywhere all at Once
Стивен Спилберг, The Fabelmans
Тод Филд, Tar
Рубен Остлунд, Triangle of Sadness

Најдобар актер

Остин Батлер, Elvis
Колин Фарел, The Banshees of Inisherin
Брендан Фрејзер, The Whale
Пол Мескел, Aftersun
Бил Најти, Living

Најдобра актерка

Кејт Бланшет, Tar
Ана де Армас, Blonde
Андреа Рајзенборо, To Leslie
Мишел Вилијамс, The Fabelmans
Мишел Јео, Everything Everywhere All at Once

Најдобар спореден актер

Брендан Глисон, The Banshees of Inisherin
Брајан Т. Хенри, Causeway
Џад Хирш, The Fabelmans
Бери Кеган, The Banshees of Inisherin
Ке Хуј Кван, Everything Everywhere All at Once

Најдобра споредна актерка

Анџела Басет, Wakanda Forever
Хонг Чау, The Whale
Кери Кондон, The Banshees of Inisherin
Џејми Ли Кертис, Everything Everywhere All At Once
Стефани Хсу, Everything Everywhere All At Once

Најдобро оригинално сценарио

The Banshees of Inisherin
Everything Everywhere All at Once
The Fabelmans
Tár
Triangle of Sadness

Најдобро адаптирано сценарио

All Quiet on the Western Front
Glass Onion: A Knives Out Mystery
Living
Top Gun: Maverick
Women Talking

Најдобра оригинална песна

Applause (Tell It Like a Woman)
Hold My Hand (Top Gun: Maverick)
Lift Me Up (Black Panther: Wakanda Forever)
Naatu Naatu (RRR)
This Is a Life (Everything Everywhere All at Once)

Култура

Трибина „Македонскиот драмски автор на сцената на МНТ“

Објавено пред

РСМ НУ Македонски народен театар – Скопје има чест да ве покани на трибината „Македонскиот драмски автор на сцената на МНТ“.

dobivaj vesti na viber

Настанот ќе се одржи на 3 април 2023, понеделник, во 12 часот, на малата сцена на Македонскиот народен театар – Скопје по повод 78 години од првата премиера на театарот.

Модератор на трибината е проф. д-р Ана Стојаноска, а за значењето на драмскиот автор ќе говорат и самите автори Јордан Плевнеш, Русомир Богдановски, Дејан Дуковски и Сашо Димоски, чии драмски текстови се поставени во МНТ, како и Бранко Ставрев, кој е режисер на најмногу претстави од македонски автори во МНТ.

На сцената на МНТ од самите почетоци (третата поставена претстава е „Чорбаџи Теодос“, премиера: 16.8.1945 година) до денес постојано се поставуваат дела од македонски автори. Од досега над 400 поставени/обновени претстави, повеќе од 100 се дела на македонски автори од разни генерации.

Целта на оваа трибина е да се прикажат авторите од разни генерации, чии дела во континуитет постојано се прикажуваат на сцената на театарот.

Тоа се, меѓу другите, Војдан Чернодрински, Антон Панов, Ристо Крле, Васил Иљоски, Живко Чинго, Коле Чашуле, Богомил Ѓузел, Русомир Богдановски, Горан Стефановски и други.

ПР

Прикажи повеќе...

Култура

Премиера на „Кајмак“ на Манчевски во Италија, од 7 април и во кината во Бугарија

Објавено пред

Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски ја имаше и италијанската премиера во селекцијата на Меѓународниот филмски фестивал во Бари.

dobivaj vesti na viber

Овој фестивал е еден од најголемите во Италија и е поврзан со две легендарни имиња на италијанската кинематографија – директорот Феличе Лаудадио, кој во богатата кариера беше на чело и на Венецискиот фестивал и на низа значајни филмски институции, како и филмскиот критичар Енрико Марџели, кој го претстави „Кајмак“ пред премиерната проекција и го водеше разговорот со авторот Манчевски.

„Кајмак“ беше проследен со бурен аплауз во историското кино „Петруцели“ старо 120 години и прогласено за споменик на културата во Италија.

Италијанскиот печат го најави „Кајмак“ како „храбар филм“, а фестивалот вели дека е „Смело и современо дело… Приказна за чувства и привлечност, која не се плаши да се занимава со непријатни теми, како што се трговијата со луѓе и сурогат-мајчинството“.

На прес-конференцијата со Манчевски филмскиот критичар Енрико Марџели даде голем фокус на работата со глумци, со пофалби за изедначеноста на глумата и за одлично одиграните ролји. Тој забележа дека иако филмот е комедија и се занимава со навидум секојдневни ситуации, барањата од актерите биле длабоки, со влегување во суштината на ликовите, а за кастингот рече дека, иако се работи за секојдневни ситуации во филмот, Манчевски им задавал сцени од класиците. Развивајќи интересна дискусија на тема еротика во сериозни филмови, Марџели рече дека му е жал што ја има помалку на филм денес, на што Манчевски коментира дека делумно тоа е причина на неопуританизмот, како што тој го нарекува, „а бизарно е што неопуританизмот произлегува од диктатурата на размислување од левицата, која би требало да биде слободарска и либерална авангарда“.

Манчевски во Бари дојде од Софија, Бугарија, каде што беше на чело на жирито на фестивалот, а истовремено се одржа и ретроспектива на неговото творештво, во која беше вклучена и бугарската премиера на „Кајмак“. Присуството на Манчевски во Бугарија беше проследено со голем публицитет и многубројни интервјуа за бугарските медиуми.

Од 7 април „Кајмак“ ќе се прикажува и во редовната програма во кината во Бугарија.

Пишувајќи за опусот на Манчевски, еден од најистакнатите бугарски новинари од културата, Цветан Цветанов, во списанието „Култура“ вели:

„Милчо Манчевски е визионерски волшебник… Мајстор на геометријата на голото човечко тело, без тоа да е основа на неговите филмови, Манчевски создава некои од најубавите еротски сцени во современата европска кинематографија – било да се во молски клуч на духови во ‘Сенки’ или на речиси комично рамниште во ‘Кајмак’… Не е ни важно затоа што зборуваме за апсолутни вредности… ‘Кајмак’ е речиси анаграм на ‘Мајки’…“.

На почетокот на месецот „Кајмак“ ја освои специјалната награда на жирито во престижната програма Недела на режисерите на фестивалот „Фантаспорто“ во Порто, Португалија.

Во исто време „Кајмак“ беше прикажан и на „Фест“ во Белград, каде што сите три проекции однапред беа распоредени, а актерката екипа од филмот, која присуствуваше на премиерата, доживеа огромен аплауз.

„Кајмак“ е седми филм на Манчевски и е црна комедија и критика на малограѓанскиот морал и на илибералните тенденции во општеството. Беше најгледан филм во Македонија во 2022, а светската премиера ја имаше на филмскиот фестивал во Токио.

„Кајмак“ е македонско-данско-холандско-хрватска копродукција во соработка со МТВ, а поддржана од „Еуримаж“. Главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Продуцент е Јане Ќортошев, директор на фотографија Улрик Боел Бенцен, дизајнер Дејвид Манс, монтажер Емил Нунинга, музиката е на „Дејниш стринг квартет“ и Игор Василев-Новоградска, кастингот е на Милка Анчевска, а маската на Марио Микисанти.

Прикажи повеќе...

Култура

Јубилејно петто издание на „Златна рамка“, кое ќе се одржи од 20 до 23 април

Објавено пред

Како иницијатор, основач и организатор на филмската ревија „Златна рамка“, која претставува увид и приказ на реализираните македонски филмови во една календарска година, финансирани од буџетот на државата и поддржани од Агенцијата за филм, ДФРМ годинава го подготвува јубилејното петто издание на манифестацијата, кое ќе се одржи од 20 до 23 април. „Златна рамка“ е единствена можност на едно место да се видат сите остварувања на домашната кинематографија од една календарска година.

dobivaj vesti na viber

„Златна рамка“ веќе четири години успешно ја промовира нашата актуелна кинематографија и претставува единствен настан посветен на македонскиот филм.

„Токму годинава се одбележува еден мини јубилеј од пет години и со големо задоволство може да констатираме дека ‘Златна рамка’ ги исполни очекувањата што беа забележани во иницијативата за нејзиното почнување. Транспарентното прикажување на годишната продукција го подобрува квалитетот на проектите од година на година, нашата кинематографија предизвикува интерес кај домашната публика, медиумите покажуваат интерес за македонскиот филм, а филмските професионалци имаат можност да ги стават во фокус прашањата што ги засегаат и да ги афирмираат своите остварувања со еднаков третман на сите што се вклучени во филмските екипи. Ваков ревијален приказ претставува и своевиден отчет, што им го должиме на публиката и на критиката, кои на едно место може да добијат целосна слика за сработеното во македонскиот филм во една тековна година“, велат од ДФРМ.

Во рамките на „Златна рамка“ на 20 април ќе се одржи и годишното собрание на друштвото, на кое оваа година ќе се изврши избор на директор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ за период од две години. ДФРМ е иницијатор, основач и организатор на фестивалот „Браќа Манаки“, кој, почнувајќи од 1979 година, е првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери. Оваа година, во септември, планирано е да се одржи 44. издание на „Браќа Манаки“.

Друштвото на филмските работници на Македонија е задолжено и за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“. ДФРМ е единствената македонска овластена институција, препознаена од Американската академија за подвижни слики, за комуникација, селекција и кандидатура на македонски претставник за наградата. Годинава, изборот на македонски кандидат за „Оскар“ ќе се одржи во октомври, при што ќе се формира комисија од филмаџии за што ќе бидат организирани затворени проекции за филмовите кандидати по што членовите на комисијата ќе ги прегледаат филмовите и потоа ќе се состанат за одлучување. Минатата година за македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“ беше избран „Најсреќниот човек на светот“ во режија на Теона С. Митевска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Ковачевски стигна во Белград, со Вучиќ и Брнабиќ излезе на прошетка покрај Сава

Премиерот, Димитар Ковачевски, стигна во официјална посета на Србија и заедно со неговата српска колешка, Ана Брнабиќ и српскиот претседател,...

Македонија8 часа

(Видео) Ги снема бомбите, одекнаа лажни вести за киднапирање и труење ученици, казните споро патуваат

Стивнаа бомбите во училиштата, но почнаа да одекнуваат лажни вести, кои еднакво ги вознемирија учениците, наставниците, родителите и јавноста. Казните...

Македонија11 часа

Русковска најави борба по предлогот за да ја разрешат: Не сум поразена, не се каам

Вилма Русковска смета дека не е поразена со одлуката на дисциплинската комисија со која се бара нејзино разрешување од обвинителската...

Македонија12 часа

Министерот за правда жали што се дозволило да застари предметот против Мијалков

Жалам што се дозволи да застари уште еден предмет,, Титаник 2” и тоа за ист обвинет. Ваква е реакцијата на...

Македонија13 часа

Обвинителката Трајчева за казната: Не знам како е донесена таква одлука, јас во предметот немам постапувано

Обвинителката Ивана Трајчева не ја добила одлуката со која е казнета од Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност, а поради претресот...

Македонија14 часа

Боки 13 остана речиси без желудник; Хирургот: Пациентот е во ризична состојба, опериравме повеќе од четири часа

Повеќе од четири часа траела операцијата на Бојан Јовановски-Боки 13, кој остана речиси без желудник. Тој беше опериран од тим...

Македонија15 часа

(Видео) Најтежок облик на дискриминација утврден во две основни училишта: родители испишуваат деца за да не учат со Роми

Народниот правобранител констатирал зголемување од 20 проценти на покренати претставки за повреда на човековите права и слободи во споредба со...

Македонија17 часа

Спасовски за „бомбашите“: Има група, кога ќе имаме докази, ќе има и кривична

МВР продолжува со истрагата за откривање на лицата што се закануваа со бомби. Министерот Спасовски соопшти дека за сега не...

Македонија17 часа

Арсовска: Ниту можам ниту сакам да донесам одлука за отстапување на Универзалната, тоа ќе го направи Советот

Дали Град Скопје ќе ја отстапи Универзалната сала на Владата ќе одлучи Советот на Скопје, соопшти денес градоначалничката Данела Арсовска....

Македонија18 часа

Јовески за случајот со починатата Јана: Обдукцискиот наод го немаме, работиме со другите докази

Јавното обвинителство работи на расветлување на случајот со починатото малолетно девојче во битолската болница. Јавниот обвинител на РСМ, Љубомир Јовески,...

Македонија19 часа

Нема да се преиспитува пресудата за „Јавна соба“ од Врховен суд, барањето е одбиено

Советот за казниви дела при Врховниот суд одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот познат...

Региони19 часа

СПЦ: Украина го прогонува православието

Српската православна црква објави дека владата во Украина врши притисок, насилство и прогон на Украинската православна црква, која е под...

Европа19 часа

Русите планираат да регрутираат уште 400.000 војници, кои ќе се борат во Украина

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај на своето воено разузнавање за ситуацијата поврзана со војната во Украина. Руските...

Македонија19 часа

Во тек е операцијата на Боки 13; Адвокатот Туфегџиќ: Интервенцијата е животозагрозувачка

Во тек е операција на Бојан Јовановски-Боки 13 во болницата „Св. Наум Охридски“ – Скопје, дознава „Макфакс“. Тој утринава бил...

Свет20 часа

(Видео) Страшни сцени од Филипините: се запали траект со 250 патници, најмалку 30 лица загинаа

Се запали траект со 250 патници и членови на екипажот, најмалку 30 лица загинаа, а седум се водат за исчезнати...

Свет20 часа

Се урнаа два воени хеликоптера во Америка, има жртви

Два хеликоптера на американската армија Black Hawk се урнаа за време на тренинг-инцидент вчеравечер во округот Триг, Кентаки, соопштија тамошните...

Свет20 часа

Прв смртен случај од беснило на Нов Зеланд

Здравствените власти на Нов Зеланд денеска соопштија дека посетител од странство починал од беснило, па на тој начин оваа болест...

Свет21 час

Резников: Тенковска контраофанзива е можна во април или мај

Украина може да почне офанзива во април или мај, во која ќе се користат тенковите испратени од Западот, сугерира украинскиот...

Македонија1 ден

Децата на обвинителите и судиите скришум од јавноста си ги делеа дипломите

Во Врховниот суд, од страна на Академијата за судии и јавни обвинители денеска свечено беа доделени дипломите на синовите, ќерките,...

Македонија1 ден

(Видео) „Уште колку здрави деца како Јана треба да умрат“, „Сложни доктори и во петок закопуваат“, со пароли се бараше правда во Битола

Со транспаренти „Секогаш во нашите срца Јаничка“, „Формалности ни го водат здравството“, „Какви реформи“, „Сите сме Јана“, „Купена диплома слугува...