Контакт

Култура

(Видео) Одбележан значаен јубилеј: 45 години изучување на македонскиот јазик на московскиот универзитет „Ломоносов“

Објавено пред

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со свечен настан го одбележа значајниот јубилеј 45 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“ – јубилеј којшто е исклучително значаен за македонистиката.

„Овде и денес се присутни дел од луѓето – лектори, некогашни и сегашни, предавачи и професори, коишто вистински се вградиле во работата на лекторатот по македонски јазик на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет ‘М. В. Ломоносов’, пред сè како кадри што излегоа од Филолошкиот факултет ‘Блаже Конески’. Секако не смееме да ги заборавиме оние без кои ова немаше да се случи, а тоа се пред сè, академик Рина Павловна-Усикова и нејзиниот руски ментор, професорот Самуил Борисович Бернштејн, како и нејзиниот македонски ментор, професорот Блаже Конески.

Овде и денес се присутни луѓето кои покажуваат дека мостот помеѓу двата универзитета, меѓу „Св. Кирил и Методиј“ и „М. В. Ломоносов“, меѓу Скопје и Москва, меѓу двете земји и двата народа, одлично функционира и до ден денес. Овде и денес се присутни луѓето кои се гаранција дека оваа врска ќе функцонира уште долго и дека ќе поврзува нови и нови генерации македонисти и слависти од двете земји“ – истакна ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, во своето поздравно обраќање со коешто ја отвори свеченоста.

Н. Е. Сергеј Александрович Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во РС Македонија го повтори ставот дека за руската научна мисла не постои никаква дилема околу постоењето, односно автентичноста и посебноста на македонскиот јазик како рамноправен јазик во големото семејство на (јужнословенски јазици. И тој како и Н. Е. Оливера Чаушевска-Димовска, в.д. амбасадор на РС Македонија во Руската Федерација, изрази големо задоволство од ова одбележување. Имено, во рамките на овој јубилеј – 45 години од изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура на „Ломоносов“, како дел од големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Конески, се случува и најновата генерација студенти, идни македонисти, и тоа десетта по ред.

На настанот се обратија и деканите на филолошките факултети од на МГУ „М. В. Ломоносов“и УКИМ, проф. д-р Андреј Александрович Липгарт и проф. д-р Анета Дучевска, а работниот дел на настанот го отвори директорката на МСМЈЛК, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

„Емил Бенвенист во вториот том од својата „Општа лингвистика“ пишува дека човек се раѓа двапати: еднаш од своите родители и еднаш во јазикот (…) а јазикот е култура и културата е – јазик! Во името на македонскиот јазик како култура денес се радуваме на еден исклучителен јубилеј – 45 години македонистика на Филолошкиот факултет при МГУ Ломоносов.

Она што го започна академик Рина Павловна Усикова, инаку долгогодишна учесничка и на летните школи и на меѓународните научни коференции одржани во рамките на МСМЈЛК во Охрид и авторка на повеќе од 100 научни публикации и уметнички преводи од македонски на руски јазик, успешно го допишуваат и академик Ала Шешкен и проф. д-р Елена Верижникова, заедно со лекторите избрани од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како што тоа некогаш беа: проф. д-р Кирил Конески, проф. д-р Лилјана Минова-Ѓуркова, проф. д-р Илија Чашуле, проф. д-р Кита Бицевска, проф. д-р Красимира Илиевска, проф. д-р Максим Каранфиловски, проф. д-р Емилија Црвенковска, д-р Емил Ниами, Роза Тасевска…, и како што е сегашниот лектор м-р Марија Пандева. Денес сме исправени пред убавиот јубилеј на успешната приказна – 45 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“, која ќе ја допишуваат студентите на најновата генерација македонисти, како и студентите на постдипломските и докторските студии кои се одлучиле својата надградба да ја остварат преку истражувања и пишувања на магистерски и докторски тези на теми од македонскиот јазик и литература“ – истакна Мојсова-Чепишевска.

Со свои излагања, во работниот дел на настанот учествуваа: академик Ала Шешкен, проф. д-р Максим Каранфиловски, д-р Елена Верижникова, Роза Тасевска, м-р Марија Пандева и студентите по македонистика на Катедрата за словенска филологија на Московскиот државен универзитет – на сите нивоа, додипломски, постдипломски и докторски студии.

„45 години лекторатот по македонскиот jазик на Катедрата по славистика на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитете е значаен повод да им искажеме почит на лекторите, на тие несебично предани на професиjата луѓе, професори доjдени на нашиот факултет со длабоки знаења од областа на македонскиот jазик, на македонската литература, на раскошниот фолклор и култура на македонскиот народ. Во плодна соработка со нашите професори, пред сè со истакнатиот македонист Рина Усикова, лекторите по македонски јазик дадоа врвен придонес во успешниот развоjот на македонистиката на нашиот факултет и во нашата земjа. Нашите студенти (македонисти) вработени во различити државни структури, во Руската академија на науките (РАН), во Министерство за надворешни работи, на другите универзитети во Руската федерација покажаа исклучително солидна подготовка и направија многу успешна кариера. Секако, искажувам и голема благодарност до Меѓународниот семинар за македонскиот jазик, литература и култура за соработката и помошта.

Во сегашните сложени услови на пандемиjата младата лекторка Мариjа Пандева успешно ја продолжува традициjата и е многу вешта во изнаоѓањето на новите аспекти во методиката на наставата по македонски јазик и книжевност“ – истакна академик Шешкен во своето излагање.

По одбележувањето на овој јубилеј – 45 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“ во наредниот период ќе се случи и одбележувањето на уште еден јубилеј – 35 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Истанбулскиот универзитет, а се планира и промоција на Зборникот од Првата зимска школа на МСМЈЛК – „Конески на 11 јазици“.

Сите настани се дел од годишната програма на МСМЈЛК при УКИМ, а се остваруваат во рамките на богатата програма посветена на големиот јубилеј на великанот Блаже Конески, како дел од Програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, а во координација на Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука.

концерти

Концерти „Musica Viva на отворено“

Објавено пред

Концертите „Musica Viva на отворено“ во организација на Факултетот за музичка уметност во Скопје, ќе се одржат на 26, 27 и 28 јуни.

На програмата се дела од светската музичка литература во изведба на студентите од класите на проф. м-р Марија Муратовска Наумовска, проф. м-р Михаило Куфојанакис, проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. д-р Нина Костова Јаневска, проф. д-р Горан Начевски, проф. м-р Зорица Каракутовска, проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова, доц. д-р Елена Атанасовска Ивановска, м-р Бисера Чадловска, м-р Александар Поп Христов, м-р Димче Белчовски.

Концертите ќе се одржат по следниот распоред:

26 јуни: Вокален мозаик, Тераса на Музеј на македонската борба
27 јуни: Камерно-солистички мозаик, Тераса на Музеј на македонската
борба
28 јуни: Сонатен мозаик, Фоаје на НУ Национална опера и балет

Почеток на сите концерти е во 19 часот.

Влезот е слободен. Заради ограничениот број на седишта потребна е резервација на тел. 071 912 555 или на [email protected]

Настаните се одржуваат според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска во затворен простор.

Прикажи повеќе...

Култура

„Европско патувачко кино под отворено небо“ на филмскиот фестивал „Синедејс“

Објавено пред

Фестивалот на европски филм CINEDAYS, по повод 20-годишното постоење, воведува нова програма „Cinedays загревање – Европско патувачко кино под отворено небо“, како заеднички проект на Делегацијата на Европската Унија и Младинскиот културен центар, со цел претставување на нови европски филмови на отворено пред публиката во целата земја.

Европското патувачко кино под отворено небо е новата програма со која ќе се збогати јубилејното славење на Фестивалот на eвропски филм CINEDAYS. Станува збор за годишно прикажување на нови европски филмови, признати од критиката и сакани од европската публика, кое секоја година ќе патува во три различни градови.

На денешната прес-конференција на која се обратија Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ и координаторот на CINEDAYS, Маргарита Арсова го истакнаа заедничкото задоволство од овогодишната прва патувачка селекција.

„CINEDAYS започна пред дваесет години, како проект на ЕУ, кога тогашната комесарка за култура Вивиан Рединг создава иницијатива за славење на европскиот филм во сите поголеми европски градови. Особено ми е драго што од тогаш до сега, тогашната идеја за CINEDAYS само во Скопје еволуираше во вистински филмски фестивал“, истакна Арсова.

Радоста за добар филм летово ќе стигне во Крива Паланка, Струмица и Струга.

„Ние го поддржуваме CINEDAYS од првиот ден и со претставување на оваа програма сакаме CINEDAYS да стигне до нова публика надвор од Скопје. Киното има огромен потенцијал да ги комуницира приказните на Европа и нејзините вредности, како што се еднаквоста, слободата на изразување, демократијата, животната средина и социјалниот момент на ЕУ. Овогодишната селекција на филмови ја рефлектира европската креативност и разновидност и ќе има филм за сечиј вкус“, истакна амбасадорот Гир.

Европското патувачко кино под отворено небо, оваа година ќе прикаже 12 филма: 6 европски филмови продуцирани во последните години, кои ја одразуваат европската креативност и разноликост и кои нудат по нешто за сечиј вкус и 6 македонски кратки филмови, дел од нив наградувани на различни филмски фестивали и добро примени од вљубениците во филмот.

Оваа година, фестивалот започнува во Крива Паланка на 25 и 26 јуни (на градскиот плоштад пред општинската зграда), потоа продолжува во Струмица на 3 и 4 јули (градскиот парк, Домот на Армијата) и во Струга, на 9 и 10 јули (Центар на култура, летна сцена).

Проекциите почнуваат во во 21:00 часот, со исклучок на завршната вечер во Струга, која започнува од 20:30 часот и ќе бидат проследени со сесии разговори со познатиот филмски критичар Влатко Галевски и неговите гости, експерти за темите опфатени во филмовите.

Годинешната селекција на играни филмови ги вклучува: „Хакер“ (Данска), „Патешествието на Принцот“ (Франција), „Брат ми брка диносауруси (Италија), „Рока го спасува светот“ (Германија), „Слава“ (Бугарија) и „Кожурец“ (Германија). Филмовите третираат теми што ги засегаат сите луѓе, но посебно младите денес – од темната страна на дигиталната технологија, до прифаќањето и разноликоста, животот на луѓето со посебни потреби, насилството и предрасудите, корупцијата и слабостите на граѓанското општество, сексуалната ориентација и родовиот идентитет, итн.

Влезот на проекциите е бесплатен.

20. CINEDAYS Warm-up распоред и програма: https://www.euhouse.mk/cinedays-warm-up/

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на книгата „Видеологија“ од Златко Ѓелески

Објавено пред

На 29 јуни, на платото пред Младинскиот културен центар во Скопје, со почеток во 20 часот ќе се одржи промоција на збирката филмски рецензии и есеи „Видеологија“ од Златко Ѓелески, издание на ПНВ Публикации од Скопје.

Книгата ќе биде претставена низ разговор со авторот, а разговорот ќе го води Јулијана Величковска, главен уредник и основач на ПНВ Публикации.

Настанот ќе се одржи на отворено, почитувајќи ги препораките за заштита од корона-вирусот.

„Видеологија“ претставува збир филмски рецензии и есеи за филмовите што се појавија и во домашната продукција и во светски рамки во 2019 и во 2020 година. Книгата е поделена на два дела, од кои првиот дел содржи анализа на долгите и на кратките играни и документарни филмови што беа продуцирани и снимени во нашата земја, авториот дел од книгата содржи избор на дваесетте најквалитетни долги играни и документарни филмови што се појавија во 2019 и во 2020 година во светски рамки. Оваа книга е наменета да претставува еден вид огледало и на домашната и на светската филмска сцена, да се воочат начелата според кои е препознаен стилскиот израз на домашните филмски автори, наспроти визуелниот маниризам на реномираните светски филмски автори и младите гласови што пирово се пробиваат во рамките на квантитативната понуда на филмски дела. Оваа книгана читателот му ги доближува значајните актуелни остварувања, со тенденција да прерасне во книжевен серијал, со цел објективно да ги истакне високите естетски вредности на модерниот филм.

Златко Ѓелески е писател, филмски, музички и книжевен критичар, роден во 1986 година во Битола. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Факултетот „Блаже Конески“ во Скопје.

Активно се занимава со филмска критика од 2008 година, како уредник и издавач на списанието „Кошмар“. Дигиталните филмски рецензии ги објавува на веб-страницата „Мувис.мк“, музичките на „Плагијат“, а пишува филмски рецензии објавени во печатена форма во: „Граѓански“, „Кинопис“, „Филм плус“, „ТВ и филмски печат“ и други магазини и дневни весници. Од 2011 година до ден-денес е водител на филмската радиоемисија “Danse Macabre”, што брои 12 сезони на „Канал 103“, како и специјализираната емисија за ТВ-серии „ТВ 103“ од 2020 година, што брои две сезони. Добитник е на наградата за најдобра филмска критика на 12-то издание на филмскиот фестивал „Синедејс“ во 2013 година. Режисер е на краткометражните филмови „Од другата страна“ и „Мемоари“, организатор на ревијата на хорор филмови „Мрак Фест“, одговорен е и за музичките изданија на „Мрак“. Член беше на жири-комисии на филмските фестивали: „Синедејс“, „Филмај“, „Мобил филм фест“, „Филозофски филмски фестивал“ и други. Од 2017 и 2018 година е водител на Јутјуб-емисиите „Видеологија“ и „Ревизија“, а организира и мултимедијални забави со „Доминион евентс“.

Тој има објавено три збирки раскази: „Морбидизам“ (Самиздат, 2013), „Колекционерот на страв“ (Литиум Рекордс, 2015) и „Понор“ (Бегемот, 2019), а

неговите раскази редовно се преведуваат и се објавуваат на српски јазик, во неколку балкански антологии. Расказите му се наградени и на неколку натпреварувачки конкурси во државата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет55 минути

Руски претставник за британскиот брод: Следниот пат бомбите ќе паднат врз целта, а не околу неа

Шефот на руската делегација во преговорите за безбедност и контрола на оружјето во Виена, Константин Гаврилов, ја предупреди Велика Британија...

Македонија3 часа

Заев: Репрезентацијата ја претставува Северна Македонија, придавката „македонска“ е за други случаи

Кога се претставува државата, како во случајот со фудбалската репрзентација, тогаш се употребува репрезентација на Северна Македонија, додека македонско, македонска,...

Македонија4 часа

Радев: Ги издржавме притисоците, патот на Северна Македонија зависи само од дијалогот со Бугарија

Забрзувањето на европската перспектива за Република Северна Македонија зависи само од ангажманот и резултатите во дијалогот со Бугарија. Ова го...

Македонија4 часа

Регистрирани се 10 нови случаи на Ковид -19, три лица се починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 2.302 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на...

Регион6 часа

Вучиќ: Не е фер што Македонија и Албанија не добија датум за преговори

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека жали што Скопје и Тирана не добија датум за почеток на преговорите со ЕУ....

Македонија8 часа

Утре ќе стигнат 100.000 вакцини на Фајзер, а в недела 500.000 на Синовак, најави Филипче

Утре пристигнува нова пратка од 100 илјади вакцини на „Фајзер“ преку ковакс системот, најави министерот за здравтство Филипче. В недела...

Македонија8 часа

Од септември на медицинските сестри и техничари ќе им биде платено високото образование

Од септември на медицинските сестри и техничари ќе им биде платено високото образование, најавија по денешниот работен состанок, министерот за...

Македонија9 часа

Над 180.000 граѓани кои се пријавиле за вакцинација а не добиле термин, ќе бидат вакцинирани во следните 20 дена

Голем број граѓани реагираат дека одамна се пријавиле на веб-страницата vakcinacija.mk, но се уште не добиле термин за вакцинација во...

Свет10 часа

(Видео) Москва со порака: Ќе има страшни последици ако некој изврши провокации како случајот со британскиот разурнувач

Руската Црноморска флота, заедно со Граничната служба на ФСБ, испукаа предупредувачки истрели за да го спречат британскиот разурнувач да ја...

Македонија10 часа

Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, повикува Министерството за труд и социјала

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа,...

Европа10 часа

Европскиот Парламент предупредува- Бројот на мигранти расте, мора итно да дејствуваме

Со доаѓањето на летните месеци на надворешните граници на ЕУ, притисокот на мигрантите расте, затоа е потребно итно и солидарно...

Свет11 час

(Видео) Се сруши мост во Вашингтон, повредени се повеќе лица

Пешачки мост се урна во североисточен Вашингтон. Според американските медиуми, најмалку шест лица биле повредени, додека еден камион останал заробен...

Економија23 часа

Владата го утврди предлогот за поскапувањето на горивата, на ред се пратениците

Предлогот за законски измени за повисока еколошка такса за нафтените деривати одат на усвојување во Собранието. Владата на денешната 82...

Свет1 ден

Европска здравствена агенција: Делта вирусот ќе доминира во Европа ова лето

Делта варијантата на коронавирусот, првпат откриена во Индија, значително ќе се прошири низ Европа во текот на летото, предупреди Европската...

Топ1 ден

Изгоре камп возило на туристи на Матка

Камп возило на туристи од Полска целосно изгоре на Матка, а уште едно возило е оштетено, соопшти МВР. „Вчера настанал...

Македонија1 ден

Пет нови случаи на Ковид-19, почина 39-годишник од Кичево

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.466 тестирања, а регистрирани се 5 нови случаи на...

Македонија1 ден

Заев: ЕУ има проблем, ние ќе бараме решение и не се откажуваме од заслужената интеграција

„Европа има проблем. Големата идеја за обединета Европа денес има проблем. А проблемот е самата ЕУ. Брисел ни порача дека...

Европа1 ден

Тензии во Црното Море: Руски истрели кон британски воен брод

Руски воен брод испукал предупредувачки истрели кон уништувач на британската кралска морнарица, ХМС Дифендер, откако влегол во руските води во...

Македонија1 ден

Утре и задутре портокалова фаза: Од работа да се ослободат бремените жени и лицата над 60 години

Во текот на следните два дена (четврток и петок), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова...

Македонија1 ден

Омбудсман: МВР да утврди одговорност кај службите за прекинот во издавањето лични документи

Народниот правобранител изразува загриженост во однос на повторниот прекин на издавање на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи...

Досие