Контакт

Култура

(Видео) Почнува фестивалот на комедијата „Гола месечина“, седум претстави од Македонија, БиХ и од Србија

Објавено пред

Со урнебесната повеќенаградувана босанска претстава „Једваносимсобоакамоломистобо“ од Нејра Бабиќ и Алеш Курт, вечерва на сцената на Театар „Комедија“ ќе биде отворен меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“. Фестивалот традиционално се одржува на отворена сцена во спортскиот центар „Ново Лисиче“, но поради временските услови, отворањето е поместено на сценатата на театарот.

Во наредните денови до 24 јуни ќе бидат изведени седум претстави, од кои 4 од Македонија и 3 од Босна и Херцеговина и Србија. Организаторите на фестивалот најавуваат дека секојдневно ќе известуваат во зависност од временските услови дали публиката ќе може да ги гледа претставите во Театар „Комедија“ или во спорсткиот центар.

Овој фестивал традиционално се одржува во соработка со Општина Аеродром, која годинава издвои еден милион денари за негова поддршка. Градоначалникот Златко Марин на денешната прес-конференција изјави дека ова е уникатна можност за сите љубители на театарот да проследат квалитетни претстави од македонската и меѓународната сцена.

„Фестивалот ‘Гола месечина’ игра важна улога во развојот на културниот живот во општина Аеродром. Ги поканувам сите граѓани вечерва заедно да го отвориме фестивалот и да ја проследиме годинашната програма. Влезот за сите претстави ќе биде бесплатен, а фестивалот ќе има натпреварувачки карактер, со тричлено жири“, изјави Марин.

Претставите ќе се играат секој ден од 21 часот. Покрај претставата за отворањето, публиката следниве денови ќе има можност да ги гледа „Синиот портокал“ од Џо Пенхол на тетарот „Џинот“ од Велес, „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ на Народниот театар од Ниш, Србија, „Умри машки“ на Народниот театар од Штип, „Кидај из моје кухиње“ на шабачкиот театар од Србија, „Дванаесеттата ноќ спроти Водици“ на Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица и „Тоби“ (претстава за деца) на Театарот за деца и младинци од Скопје. По оваа претстава, ќе следува и стендап-комедија со Марјан Ѓорѓиевски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Агенцијата за филм го објави партнерството со Less Is More

Објавено пред

Од

Агенцијата за филм на Република Македонија, денеска во рамки фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола објави едногодишно партнерство со обуката за развој Less Is More креирана од страна на Le Groupe Ouest, Франција.

Целта на програмата е да им помогне на филмските професионалци во интеграцијата на реализација на филмови со лимитиран буџет уште од самиот почеток , односно развојот на проектот.

„Во рамките на оваа тренинг програма ќе се одржат бројни активности кои ќе бидат реализирани како дел од ова партнерство, а како особено важна ја истакнуваме организацијата на работилницата за локалните филмски професионалци наловена како ‘Pre-Writing Workshop’.“, соопштија од Агенцијата за филм и додадоа дека целата на работилницата е да се приберат идеите за филмови од сите учесници, зајакнувајќи и усмерувајќи ги да склопат силни проекти за идни филмови уште пред да влезат во процес на развој.

Ова е прва работилница од ваков тип која ќе се организира во Македонија и која е наменета единствено за македонските филмски професионалци кои ќе се стекнат со знаења од меѓународно истакнати скрипт доктори.

Агенцијата за филм вели дека присутните млади филмски професионалци пројавиле интерес за работилницата и оттука очекуваат дека ќе се роди нов филмски бран на покреативни, пооригинални и покомуникативни проекти, што е нивна стратешка цел.

Повеќе за оваа тренинг програма може да се најде на следниов линк.

Прикажи повеќе...

Култура

Почнува Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“

Објавено пред

Од

Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје го најавуваат 27. Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ – симбол на пријателство меѓу децата, што ќе трае од утре до 30 септември.

Централниот настан ќе се одржи на 29 септември в сабота на плоштадот Македонија од 19.30 часот.

Директорката на Детскиот културен центар „Карпош“, Билјана Лалчевска-Серафимовска, ги поканува сите љубители на орото и песната да дојдат на централниот настан, каде што, освен гостите од Србија, Бугарија и од Словенија, учество ќе земат и нашите ансамбли „Орце Николов“, „Јени Јол“ и „Каршијака“, сите од Скопје, и преку шаренолкоста на костимите и оригиналноста во кореографските движења ќе нè запознаат со својата традиција и култура.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба и филмски проекции за 60- годишнината од премиерата на „Мис Стон“

Објавено пред

Од

Во рамки на ИФФК „Браќа Манаки“, Кинотека на Македонија, вечерва со почеток во 19 часот во битолскиот културен центар „Магаза“ ќе приреди изложба и филмски проекции со кои се одбележува 60- годишнината од премиерата на македонскиот игран филм „Мис Стон“ под насловот „Мис Стон: Некаде помеѓу Елен и Автономија“. Ќе бидат изложени фотографии, документи, преписки, сценарија, прес-клипинзи, книги на снимање, сценографски скици, пропаганден материјал и друга архивска граѓа.

По повод јубилејот, пред македонската јавност и филмската публика, ќе биде презентиран значаен дел од сочуваните материјали кои денес се дел од збирката на пишувана документација на архивот на Кинотеката на Македонија. Своевремено, „Мис Стон“ беше меѓу најскапите и најамбициозни југословенски продукции, прв македонски филм во боја, но и во тоталскоп техника (италијанската верзија на холивудскиот „синемаскоп“) – како што тогаш ги снимаа костимираните историски епопеи во Чинечита. Инспириран од настан што навистина се случил во 1901 година, кога четата на Јане Сандански ја грабнува американската мисионерка Елен Стон, со цел да изнуди откуп и со тие пари да го финансира востанието и борбата за независна Македонија, филмот „Мис Стон“ во режија на Живорад Жика Митровиќ требаше да задоволи и оправда многу очекувања. Требаше да ја најави новосоздадената македонска кинематографија и да ја промовира вон границите на Југославија; да ја промовира и претстави македонската култура и историја; да биде забава за филмската публика, но и психолошка драма истовремено. Требаше да му биде отскочна штица на „Вардар филм“, за продуцентската куќа во формирање да се докаже пред останатите поискусни и подобро екипирани конкурентни имиња на југословенскиот филмски пазар. Требаше да даде официјален, научно поткрепен став кон дел од историското минато за кое дотогаш малку се истражуваше и јавно пишуваше…

Пред сè, требаше да биде добар филм. Веднаш по својата премиера во ноември 1958 година, „Мис Стон“ стана еден од најгледаните филмови во тогашна Југославија, подобро прифатен од публиката отколку од филмската критика. Следната година доби три Златни арени на престижниот Пулски фестивал – Петре Прличко беше награден за улогата на Манданата, Олга Спиридоновиќ за улогата на Елен Стон, и Василије Поповиќ-Цицо беше награден за сценографијата во филмот. Следуваа и други фестивали и награди, а започна и доста амбициозно планираната дистрибуција вон границите на земјата. Но „Мис Стон“ не го освои светот. Четири години по премиерата, во 1962 година, за време на големите поплави во Скопје, беа оштетени изворните филмски материјали, негативите од филмот и во тоа време не можеше да се направи квалитетна позитив-копија за прикажување и дистрибуција. Во децениите што следуваа „Мис Стон“ беше прикажуван на малите екрани, на ТВ, и поретко во рамките на некоја манифестација, филмска програма, или јубилеен настан, но во доста компромитирачка состојба – од премногу употребувани и оштетени ролни, копии на копии на копии на копии… Во декември 1990 година, Кинотеката на Македонија организираше научен симпозиум за филмот, на кој присуствуваше добар дел од актерската и филмската екипа, филмски критичари, историчари, режисери, драматурзи, културни дејци и љубопитна публика.

Се читаа реферати, анализи, се дискутираше, се оживуваа спомени, се конфронтираа мислења и ставови. „Мис Стон“ повторно беше прикажан, во скромната сала на Клубот на пратениците, а Петре Прличко, видно возбуден и со силен емотивен набој, пред самата проекција и пред публиката, го реплицираше својот монолог од познатата сцена по раѓањето на малата Елена, којашто за малку ќе добиеше име Автономија. Изложбата „Мис Стон: Некаде помеѓу Елен и Автономија“ преку изложената пишувана документација ја раскажува приказната за филмот. Од развојот на идејата во тогашното општествено-историско милје дефинирано од јасни политички стратегии, преку неколкуте верзии на сценарија, формирањето на екипата и почетоците и текот на снимањето, па сè до премиерата на филмот и приемот кај публиката, реакциите во медиумите и филмската критика, неговата дистрибуција во странство и, најпосле, трајното врежување во колективната културна меморија на генерациите што го гледале. Поставена во сосем соодветниот амбиент на „Магазата“ во Битола, која, хипотетички, би можела да биде и дел од сценографијата на „Мис Стон“, изложбата ќе биде придружена со проекција на филмот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

(Видео) Стаменковска: Нема притисок врз пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што не се изјаснија против уставни измени

Нема притисок врз пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не се изјаснија дека ќе гласаат против уставни измени, вели пратеничката Невенка Стаменковска,...

Топ57 минути

Фотографирале девојки на плажа во Охрид, сликите ги објавиле на веб-страница за интимни средби

Две лица од Свети Николе и од Охрид фотографирале девојки на плажа во Охрид и ги лажеле дека сликите ќе...

Економија2 часа

Плати од 97.000 денари и за новиот состав на Регулаторната комисија за енергетика

Плати од 97.000 денари ќе добива и новиот состав на Регулаторната комисија за енергетика. Тие неодамна на веб-страницата објавија колкави...

Свет3 часа

(Видео) Највисоко ниво на заштита, Трамп во ОН пристигна со „ѕверот“ и со ладилник полн со крв

Американскиот претседател, коj вчера имаше говор во Обединетите нации, во Њујорк пристигна со највисоко ниво на обезбедување – се возеше...

Економија4 часа

НБРМ: Денарот е стабилен, не постои опасност за евентуална девалвација

Народната банка на Република Македонија информира дека како институција надлежна за конципирање и спроведување на монетарната политика цврсто стои на...

Регион5 часа

(Видео) Четворица пожарникари повредени во ноќната битка со пожарот на Пелешац

Апокалипса на Пелешац по пожарот што дивееше изминатото деноноќие, јавуваат хрватските медиуми. Огнената стихија на хрватскиот полуостров во текот на...

дијамант дијамант
Забава5 часа

Најскапиот дијамант во светот проценет на 50 милиони долари на аукција во Женева

Розовиот дијамант од скоро 19 карати тргнува на светска турнеја пред да биде понуден на аукција во Женева, а се...

Свет5 часа

(Видео) Макрон ја критикуваше политиката на Трамп и доби аплауз

Францускиот претседател, Емануел Макрон остро ги критикуваше во Њујорк светските лидери кои ги гледаат исклучиво своите интереси и порача дека...

Регион6 часа

Брутално убиство на 33-годишен геј активист ја бранува Атина

Геј активист почина во Атина откако брутално беше претепан. Зак Костопулос, 33-годишен активист на грчкиот ЛГБТИ, почина по брутален напад...

Свет18 часа

Бил Козби осуден на 3 до 10 години затвор за сексуален напад

Познатиот комичар Бил Козби е осуден на три до 10 години во државен затвор за дрога и сексуално малтретирање на...

Регион20 часа

(Видео) Пожар на Пељешац, гори борова шума – жителите ги бранат куќите

Во пожар што избувна кај местото Мокало на хрватскиот полуостров Пељешац гори густа букова шума. Според последните информации, огнот го...

Македонија21 час

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

На предлог на Министерството за правда, Владата ги прифати предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за извршување и на...

Македонија22 часа

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат, порача премиерот Заев пет дена...

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok
Крвав четврток23 часа

Чавков наредил да им ја отворам вратата на колегите од УБК, сведочеше собраниска полицајка за oдзмените харддискови

По наредба на директорот на БЈБ, обвинетиот Митко Чавков, било одземањето на дисковите со снимките од безбедносните камери во Собранието, потврди собраниската...

Крвав четврток23 часа

Судот им ги одби гаранциите на Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов да се бранат од слобода

Обвинетите пратеници Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и активистот Богдан Илиевски и обезбедувачот Оливер Радулов, и натаму остануваат во...

Топ1 ден

Градоначалникот на Куманово добивал закани, поднесена кривична пријава против едно лице

Градоначалникот на Куманово до СВР Куманово пријавил дека во два наврата му биле испратени СМС-пораки со заканувачки содржини кон него...

Крвав четврток1 ден

Се надевам дека ќе одговараат нарачателите за 27 април, рече обвинителката Русковска

По првиот дел од судењето во кривичниот суд за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска, на новинарско прашање, рече...

Investigative story1 ден

Антикорупциската комисија се сомнева во злоупотреби со монографии на Филозофскиот факултет

Антикорупциската комисија има доставено иницијатива за поведување постапка за кривично гонење поранешен декан на Филозофскиот факултет до Јавното обвинителство,поради сомневања...

Крвав четврток1 ден

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не нè напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

(Фото: Ацо Ангеловски во средина) „Лево од мене слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не...

Регион1 ден

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Досие