Контакт

Култура

„Викенд на мртовци“ премиерно во Театар „Комедија“

Објавено пред

Вечерва, со почеток од 20 часот, актерите од Театар „Комедија“ премиерно пред скопската публика ќе ја изведат претставата „Викенд на мртовци“ во режија на Ѓорги Ризески.

По текстот на Миле Поповски, триесетина години од првата изведба во Драмскиот театар, сега публиката ќе може да ужива во современа верзија на „Викенд на мртовци“ збогатена со мултимедијални елементи и модерни реплики адаптирани на актуелното време во кое живееме.
На денешната прес-конференција, која се одржа во фоајето на Театар „Комедија“, свое излагање имаа директорот на Театар „Комедија“ и дел од актерите и режисерот.

„Оваа претстава е од поголеми размери со голема група актери: Роберт Ристов; Магдалена Ризова; Жаклина Стевковска; Миа Кантарџиева; Столе Мицов; Едмонд Сотир; Жарко Димоски; Александар Вељановски; Сашо Ристовски; Мирјана Ристов;  Дритон Вејсели и Кристина Ласовска. Сценограф е Сергеј Светозарев, костимограф – Андреј Папаз Ѓоргиевски, кореограф – Саша Ефтимова

Пресреќен сум што во овој процес на работа дојдовме до овој производ, а на вчерашната претпремиера публиката си го кажа својот суд. Ова е мошне квалитетна претстава, која лесно допира до публиката и се надеваме дека уште многу години ќе биде на нашиот репертоар“, рече Сашо Ристовски, директор на Театар „Комедија“.

„Она што ме прави особено среќна е тоа што по филмот и по повеќе од 25 години од првата изведба во Драмски театар на претставата ‘Викенд на мртовци’, конечно, оваа култна комедија се наоѓа во нашиот театар. Вчера на претпремиерата целата екипа го вложи својот максимум и добивме продукт поради кој на секои десетина секунди се слушаше смеење во театарот иако ова беше мал ризик дали ќе биде подобра, дали барем ќе биде на истото ниво зашто публиката често знае да суди по гледаното и веќе има оформен став. Оваа екипа направи современа тематика во која сигурно ќе уживате“, изјави Мирјана Ристов, уметнички раководител на Театар „Комедија“.

„Ова е претстава за живите што се справуваат со смртта. Тргнавме од тоа дека претставата не е поставена долго време, дека денес живееме во друго време, дека тематиката е вечно присутна и трае, но едноставно идејата беше како ние денес гледаме на таа тема и како денешните ликови се справуваат со оваа тема која постоела и постои“, образложи во своето излагање режисерот на претставата, Ѓорги Ризески.
По вчерашната претпремиера и денешната премиера, претставата „Викенд на мртовци“ на репертоарот на Театар „Комедија“ ќе се најде на 3 декември.

Култура

Работна средба на министерот за култура, Адеми, со амбасадорката на Австрија во Македонија, Коблер

Објавено пред

Министерот за култура, Асаф Адеми, во просториите на Министерството за култура оствари работна средба со амбасадорката на Австрија во Република Македонија, Ренате Коблер.

На средбата стана збор за досегашната соработка во областа на културата, како и за идните активности преку кои ќе се унапредува културната размена на проекти и уметници меѓу двете земји.

Двајцата соговорници се согласија дека соработка постои во сите дејности од културата. „Австриски уметници редовно се покануваат на меѓународните културни манифестации што се одржуваат во земјава, како Струшките вечери на поезијата, Охридско лето, Мајски оперски вечери, а постои и континуитет во претставувањето на македонските уметници во Австрија“, соопштија од Министерството за култура.

На средбата, исто така стана збор и за реализацијата на традиционалниот Виенски бал во Скопје, кој ќе се одржи по 19-пат. На средбата, на која присуствуваше и Оливер Арсовски од организацијата на оваа манифестација, беше оценето дека Виенскиот бал во Скопје е манифестација што ја потврдува македонско-австриската соработка на полето на културата и уметноста.

Прикажи повеќе...

Култура

„Новогодишна бајка“ – манифестација на Детскиот културен центар „Карпош“

Објавено пред

Детскиот културен центар „Карпош“  ќе одржи новогодишна, полугодишна завршна, ликовна и етнолошка изложба, како и балетска претстава, наречена „Новогодишна бајка“. Настанот ќе се случува во кино-салата „Фросина“ во Младински културен центар –МКЦ на 24 декември, со почеток во 18 часот.

Членовите од ликовната секција ќе имаат изложба со цртежи од малите ликовни уметници, додека танцово-ритмичката секција со малите и големите балеринчиња преку игра ќе ја претстават новогодишната бајка со која ќе го најават доаѓањето на новата година. Нивните родители и останатата публика ќе можат да уживаат во сето она што го сработиле двете секции во првото полугодие. Исто така, на влезот покрај изложбата од малите ликовни уметници ќе има и етнолошко катче со македонски носии со кои играат нашите фолклорци.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Пијанистот Арчиули ќе одржи концерт за зимската програма на „Охридско лето“

Објавено пред

Пијанистот Емануеле Арчиули, еден од најоригиналните и интересни изведувачи на денешната класична музичка сцена, ќе настапи во рамките на зимскиот дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“ . Концертот што е поддржан од Италијанската амбасада во Република Македонија на чело со Неговата Екселенција амбасадорот Карло Ромео, ќе се одржи на 18 декември, во фоајето на Македонска опера и балет во Скопје, со почеток во 19 часот.
Репертоарот на Арчиули е огромен, од музиката на Бах до современата музика, со силен афинитет кон композиторите од САД.

Овој исклучително талентиран и виртуозен пијанист постојано развива нови проекти и ги следи новите идеи и иновативните програми во светот на музиката. „Кружни полноќни варијации“, збир од 16 композиции кои експресивно биле напишани за Арчиули од композитори како Крамб, Бабит, Кернис, Ржевски, Торке, Даугерти, Болком и Харбисон, неодамна го предизвикаа интересот на меѓународните критичари. Варијациите, кои беа издадени од Страдивариус на цеде под наслов „Околу полноќ – Омаж на монахот Телониус“ во мај 2011 година, се прославени од страна намеѓународната стручна критика.

Неговите бројни снимки (Чандос, Страдивариус, Иннова, Ваи, Бриџ, Верго итн.) го вклучуваат насловот „Врати до секаде“, со музика на Карла Блеј, Фред Херш и Чик Кореа, комплетните дела за пијано на Берг и Вебер, светската премиера на концертот за пијано и оркестар на Бруно Мадерна, како и многу американска музика.
Компакт-дискот на Аричули посветен на Џорџ Крамб беше номиниран за награда „Греми“, а неговото цеде со дела на Адамс и Ржевски ја доби наградата на италијанските критичари за најдобра снимка во 2006 година. Неодамна „ВАИ рекордс„ издаде ДВД со музика од Ивес Конкорд Соната. „Прошетка во убавина“ со две цеде-плочи тукушто издадено од Иннова, содржи музички композиции од американски композитори како ЈЛ Адамс, Бресник, Доерти, Ган, Гарланд, Хајдон, Балард и други.

Емануеле Арчиули редовно настапува во големите концертни сали и фестивали, како што се Берлинскиот фестивал, Виен Модерн, Ла Скала Милано, Биеналето на Венеција, Фестивалот за пијано во Мајами, Милерб театарот во Њујорк, Маџо Музикале Фиорентино, Фестивалот на камерна музика „Санта Фе“, како и на Меѓународните фестивали за пијано во Бреша и Бергамо.
Во мај 2011 година Емануеле Арчиули беше награден со најважната награда на италијанската критика „ Премио Франко Аббати“. Во освојувањето на оваа награда, Емануеле Арчиули ги следи стапките на Маурицио Полини, Раду Лупу и Зубин Мехта. „Овој пијанист од Бари беше авторитативна фигура на повеќеслојниот хоризонт на сите нешта кои се модерни веќе со години, додека истовремено се зачувува поврзаноста со традицијата“, изјави стручното жири.
Арчиули предава современа музика на Академија ди Пинероло, професор е на конзерваториумот во Бари, а исто така е чест визитинг-професор на многу американски универзитети.

Неговиот концерт во Скопје, како што велат од дирекцијата на фестивалот „Охридско лето“, е дел од зимската понуда за љубителите на класичната музика, а тенденцијата е светски познати уметници да ја збогатуваат културната понуда на фестивалот не само во стандардниот фестивалски термин, од 12 јули до 20 август, туку и во текот на останатиот дел од годината. Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ , претходниот месец во црквата „Света Софија“ се одржа концерт на исклучително талентираните млади руски музичари, пијанистот Александар Синчук и флејтистот Артем Науменко.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Штрајкот прекинат, затворениците ќе преговараат со Владата за амнестија

Затворениците што издржуваат казна во затворот „Идризово“ од утрово го прекинаа штрајкот со глад. Директорот на „Идризово“, Боби Мојсоски, вели...

Македонија2 часа

(Видео) Дебата: Секоја амнестија и насока за менување на обвинението е упад во правосудството

Секоја амнестија или аболиција претставува упад, односно мешање во судската власт бидејќи законите се обврзувачки за Обвинителството и за судствто,...

Македонија3 часа

(Видео) Анкета: Што ви значи датумот 27 април?

„27 април е обичен ден, мислам дека не е празник“, „ме асоцира на крв и насилство“, „фингирана партиска работа“, се...

Македонија4 часа

Тасева ќе оцени дали Ласкова влијаела за грантот на нејзината снаа

До 20 декември „Транспаренси интернешнал – Македонија“ треба да ја заврши проценката на ризик за четирите компании добитници на грантови...

Македонија5 часа

(Видео) Здравствените работници ја блокираа наплатната рампа на Клиничкиот центар

Здравствените работници ја блокираа наплатната рампа во Клиничкиот центар од 10 до 10:30 часот и не им дозволуваа да наплаќаат...

Европа6 часа

Захарова: Ќе се одмаздиме ако Киев не обезбеди сигурност за руските дипломати

Москва ќе преземе мерки и ќе се одмаздиме доколку Киев не обезбеди целосна сигурност и безбедност на руските дипломати во...

Екологија6 часа

(Видео) „О2 иницијатива“: Зошто нема казни за бурето со оган пред Собрание?

„Никогаш нема од нас да биде држава за почит со ваков однос. Се пали на отворено пред Собрание на Република...

Македонија6 часа

Папата ќе ја посети Македонија во мај

Македонската Влада и Ватикан соопштија дека папата Франциск ќе допатува во Македонија на 7 мај следната година.  Претходно, минатиот месец...

Крвав четврток7 часа

Отец Пимен: Ден по 27 април Богдан ми се исповеда дека не му била намерата да влезе во Собранието

,,Еден ден по 27 април Богдан ми се исповеда дека не било намерата да се влезе во Собранието”, рече отец...

Македонија8 часа

Во УБК билe следени телeфоните и на сопругата и братот на Мијалков

На денешното рочиште за предметот за масовното прислушување, „Таргет – Тврдина” продолжи да сведочи ексвработениот инеженер во МВР, Ѓоко Лазаревски....

Европа8 часа

Нов дипломатски скандал поради руски шпион

По одлуката на словачките власти за протерување руски дипломат од земјата, Москва реагираше со реципрочна мерка, објави „Спутник“. Минатата недела...

Европа9 часа

Меј: Ќе продолжам со мојата мисија за реализација на брегзит

Британската премиерка, Тереза Меј, по синоќешното гласање изјави дека сега ќе продолжи со својата „обновена мисија” да ја извади Велика...

Свет9 часа

Уште еден Канаѓанец исчезна во Кина

Канада соопшти дека се обидува да стапи во контакт со нејзин државјанин во Кина, кој исто така бил испитуван од...

Европа9 часа

Издадена потерница по напаѓачот од Стразбур, според полицијата, станува збор за исклучително опасна личност

Француската полиција издаде потерница по 29-годишниот Шериф Чекат, кој е осомничен за нападот на божиќниот панаѓур во Стразбур. Тој во...

Свет10 часа

(Видео) Воз излета од шините во Турција – девет мртви и 46 повредени

Деветмина патници загинаа, а 46 се повредени кога брзиот воз на линијата Анкара – Конја се судрил во машина за...

Македонија23 часа

Мицкоски до Заев: Избeри време, место и медиум, ќе дојдам таму каде што ти сакаш

Пред повеќе од 6 месеци, точно овде на платото пред Владата на Република Македонија, на 2 јуни, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата...

Свет23 часа

Три години затвор за поранешниот адвокат на Трамп

Поранешниот адвокат на американскиот претседател, Доналд Трамп, е осуден на казна затвор од 36 месеци. Мајкл Коен, адвокатот што изјави...

Бегството на Груевски24 часа

Трајковски зел боледување од работа за да го посети Груевски во Унгарија

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој вчера беше фотографиран во Будимпешта заедно со бегалецот Никола Груевски, зел боледување од работа, односно од...

Бегството на Груевски1 ден

(Видео) Груевски лоциран од новинари во скап унгарски ресторан

Екипа на унгарскиот портал „24.ху“ го лоцираше бегалецот Никола Груевски во Будимпешта како руча во познат и скап унгарски ресторан....

Македонија1 ден

(Видео)Рамчиловиќ: Најдовме правна формулација и јасна дистинкција меѓу насилниците и организаторите во предлогот за амнестија

Работната група за помирување го подготви предлогот за законско решение за амнестија за 27 април. Обвинетите ќе потпишат изјава дека...

Досие