Контакт

концерти

„Виолински класици“ со Александар Димчевски

Објавено пред

„Виолински класици“ е насловот на концертот на оркестарот на Филхармонијата кој ќе се одржи на 30 јануари во 20 часот.

Како солист ќе настапи виолинистот Александар Димчевски, кој ќе го изведе возбудлвиот Концертот за виолина и оркестар број 1 од Макс Брух. На програмата се и структурно најамбициозната Симфонија бр. 7 од Дворжак и архетипската шкотска увертира „Земја на планина и поплава“ од Хамиш Мекан.

Виолинистот Александар Димчевски се етаблира како сестран уметник настапувајќи како солист, камерен музичар, како концерт-мајстор, но и како педагог. Од 2016 година Димчевски е концерт-мајстор во Унгарската државна опера, а од 2018 година го води и камерниот оркестар Hohenems Arpeggione. Гостин концерт-мајстор е и во оркестри во Франција, Германија и во Данска, каде што, како и во Унгарија, постојано држи мастер-часови. Александар Димчевски во моментот свири на виолина од 1754 гдина, изработена од Карло Фердинандо Ландолфи.

Британскиот диригент Румон Гамба во својата досегашна кариера бил на неколку значајни позиции, меѓу нив и шеф-диригент и музички директор на шведската оперска компанија „Норланд опера“ (2008-2015), шеф-диригент на симфонискиот оркестар „Алборг“ (2011-2015), како и шеф-диригент и музички директор на Симфонискиот оркестар на Исланд (2002-2010). Во 2017 година маестро Гамба се враќа на „Би-би-си промс“ диригирајќи со врвниот џез-ансамбл Bang on a Can All-Stars заедно со младинскиот ансамбл. Покрај современата музика, тој е активен и како диригент на железниот оперски репертоар, како што се „Кармен“, „Боеми“, „Отело“, „Кандид“, „Риголетo“.

 

концерти

Откажани сите концерти на Филхармонија до крајот на март

Објавено пред

Согласно новонастанатата ситуација во нашата земја и водејќи се од најновата препорака од Владата, која беше донесена на 10 март 2020 година, а истата се однесува за одложување на јавните собири и настани, НУ Филхармонија ги одлага сите концерти заклучно со крајот на месец март.

„Средствата за билетите што нашата публика веќе ги има купено на билетарница ќе им бидат вратени, а доколку билетите се купени онлајн, тогаш купувачите треба да испратат електронска порака на [email protected] Во неа треба да го наведат бројот на нарачката, датумот и терминот кога е иницирано плаќањето и средствата ќе им бидат рефундирани по електронски пат“, информираат од Филхармонија.

Билетарницата на Филхармонија ќе работи од понеделник до петок со скратено работно време од 10 до 14 часот.

За понатамошната реализација на програмата, Филхармонија дополнително ќе ја информира јавноста.

Прикажи повеќе...

концерти

Одложени концертите на „Авалон продукција“

Објавено пред

Со оглед на новонастанатата ситуација, препораките и мерките донесени од Владата коишто се однесуваат на коронавирусот, „Авалон продукција“ соопшти дека мартовските концерти на BOND, Жељко Бебек и „Електрични оргазам“ се одложуваат.

Од „Авалон„ велат дека континуирано работат за да обезбедат нови датуми за концерти во мај.

Новите датуми ќе бидат објавени в понеделник во 21 часот.

Прикажи повеќе...

концерти

Детскиот фестивал „Поточиња“ се одложува поради коронавирусот

Објавено пред

Поради настанатата ситуација со коронавирусот и согласно мерките од надлежните институции, детскиот фестивал „Поточиња 2020“, закажан за 21 и 22 март во Македонска опера и балет се одложува.

„Со оглед на природата на настанатата ситуација, информираме дека новиот термин за одржување на фестивалот ќе биде дополнително утврден и објавен, согласно состојбата во државата, во период кој ќе биде апсолутно безбеден за децата и граѓаните“, се вели во соопштението.

Сите кои набавиле билети ќе можат да извршат повраток на средствата на истото продажно место на кое ги купиле билетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

МЗ: Земјава има 4.500 тестови за коронавирус, а резервите секојдневно се надополнуваат

Анализите покажуваат дека сме втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на еден милион жители, соопшти...

Регион5 часа

Во Словенија 934 заболени од коронавирус и 22 починати, направени се 25. 921 тестови

Еден месец од првиот потврден случај и 21 ден по првиот смртен случај, во Словенија бројот на заболени од коронавирус...

Европа6 часа

Шпанија ја продолжи вонредната состојба

Владата на Шпанија објави продолжување на вонредната состојба за дополнителни 21 дена откако бројот на заразени со коронавирус достигна околу...

Македонија9 часа

ДСЗИ спроведува вонреден инспекциски надзор за смртта на починатиот велешанец

Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор во однос на причината за велешкиот пациент кој почина пред неколку дена,...

Македонија10 часа

Потврдени нови 53 случаи на коронавирус, вкупниот број на починати се искачи на 17

Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483...

Свет11 час

Излекуван најмладиот пациент со коронавирус во Италија

Најмладиот пациент заразен со вирусот Ковид-19 во Италија, едногодишно дете, е излекуван. Момчето од местото Понтеј, во близина на италијанската...

Свет13 часа

Шојбле против заедничко задолжување во ЕУ поради коронавирусот

Претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле изјави дека е против заедничко задолжување на европското семејство во борбата против последиците од...

Свет14 часа

Во Франција коронавирусот се шири во старските домови, во Белгија нови 140 починати

Бројот на заболени од коронавирус во светот надмина еден милион. Утрово бројот изнесува 1.099.711. Ситуацијата е се полоша во Франција,...

Македонија15 часа

Чулев: Досега на 2.405 луѓе им се издадени решенија за изолација, а 9.793 потпишале изјава за самоизолација

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев преку Фејсбук информираше дека 1322 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето,...

Свет16 часа

(Видео) Мртви тела на улиците во Еквадор, мртовечниците преполни

Улиците во градот Гвајакил, Еквадор се пусти, можат да се видат малку луѓе, а се полни со тела од мртви...

Македонија16 часа

Филипче: Мицкоски лаже за количината на тестови за коронавирус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски свесно ја лаже јавноста за количината на тестови за коронавирус, а со тоа предизвикува паника...

Свет17 часа

Ден на жалост во Кина за жртвите од коронавирусот

Триминутно молчење за повеќе од 3,300 луѓе кои починаа од коронавирус во Кина. Точно во 10 часот по локално време,...

Свет17 часа

Трамп советува да се носат маски, но и самиот не носи

Американската влада им советува на граѓаните да носат заштитни маски за лице за да спречат ширење на заразата со коронавирус,...

Македонија1 ден

Починатиот пациент од Куманово за кој се чекаа резултати е позитивен на коронавирус

Министерството за здравство информира дека пациентот од Куманово кој доцна синоќа почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби...

Свет1 ден

(Видео) САД го сменија капетанот на носачот на авиони кој молеше за помош поради ширењето на вирусот

Американската морнарица го смени капетанот на носачот на авиони „УСС Теодор Рузвелт“, откако медиумите го објавија неговиот апел до властите...

Свет1 ден

Најсмртоносен ден во Њујорк, за 24 часа починале 562 лица

Во Њујорк во последните 24 часа починале уште 562 луѓе од коронавирус, а ова стана најсмртоносниот ден во оваа сојузна...

Македонија1 ден

Двајца доктори од Скопје и Штип ќе ја организираат работата на Инфективното одделение во Куманово

Двајца доктори од Штип и Скопје ќе работат на Инфективното одделение во Куманово, откако 11 доктори заболеа од коронавирусот, посочи...

Македонија1 ден

Целосна забрана за движење во Куманово за време на викендот

Владата донесе одлука за забрана и посебен полициски час во Општина Куманово, односно целосна забрана за движење за време на...

Топ1 ден

Притвор за двајцата насилници што тепаа девојче во Штип

Судот определи притвор за тепачите што малтретираа девојче во Штип. Тие ќе останат во притвор осум дена додека Овинителството да...

Македонија1 ден

Почина уште еден пациент од коронавирус, бројот на новозаразени е 46, а на излекувани три

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст...

Досие