Контакт

Култура

Висар Вишка ќе го отвори фестивалот „Лица без маски“

Објавено пред

Во име на театарските работници и почитувачи на фестивалот, утревечер во Домот на АРМ, пред почетокот на првата од седумтте претстави на ИТФ „Лица без маски“, фестивалот ќе го отвори актерот Висар Вишка.

dobivaj vesti na viber

Со претставата за најстарата нација на светот „Јами дистрикт“, со почеток од 20 часот ќе биде отворено 11. издание на Интернационалниот театарски фестивал, посветен на независната професионална театарска продукција. Под мотото „Најди начин“, во периодот од 12 до 16 април ќе бидат изведени вкупно седум претстави и тоа три од домашната независна продукција и четири претстави од гостувачките театри од Србија, Грција, Косово и Шпанија.

„За првпат на фестивалот ќе имаме уникатна можност да уживаме во т.н. ‘Сензорна’ претстава. Станува збор за проектот ‘Арктик’ на шпанскиот театар ‘Понтен пие’, кои во периодот од 13 до 15 април, по трипати дневно ќе ја изведат оваа несекојдневна претстава. Како фестивал што се обидува да промовира нови естетики, нови методи во современиот истражувачки театар, годинава сме среќни што имаме навистина квалитетни продукции кои ги нудат таквите начела кои се приоритет на фестивалот“, вели Миодраг Костиќ, директор на „Лица без маски“.

Во официјалната програма се и политички ангажираните претстави „55 нијански геј“, во режија на Блерта Незирај, а во изведба на „Ќендра мултимедија“ од Косово, кои ќе настапат на 14 април, на малата сцена во МНТ, „Дримвил“ на театарот „92. Артскул“ од Атина, кои ќе гостуваат на малата сцена на МОБ на 15 април, а на репертоарот се и претставите од македонската независна продуцкија и тоа: „Три прави, три опачни“, на „Интимен театар“ од Битола, кои ќе настапат на 13 април, во 22 часот на „Малата сцена“ во Универзална сала, „Ужегнатост“ во режија на Владимир Милчин, кои ќе настапат на 16 април, во ДТЦ-Чаршија, од 20 часот и независниот проект на Саша Евтимова „ЛА ЛА ЛА“, истиот ден на малата сцена на МОБ, со почеток од 22 часот. За трите фестивалски награди: Гранд при, Награда за најдобра режија и Награда за најдобро актерско остварување, ќе одлучува тричлено жири во состав: Дарја Ризова (актерка), Нина Николиќ (театарски режисер) и Драгана Лукан Николоски (драматург).



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Сетстат“ во проширен состав ќе настапат вечерва на „Крај Вардарот Џез“

Објавено пред

Втората фестивалска вечер на „Крај Вардарот Џез“ ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во камерната сала на Македонската филхармонија.

dobivaj vesti na viber

Настапуваат култните „Сетстат“, кои одбележуваат 30 години јубилеј од своето постоење како џез формација. Оваа вечер, публиката ќе има уникатна можност да ги слушне во невидено издание досега, во проширен состав-оркестар. Сетстат ќе се претстават со специјална селекција на музички материјал од својот три децениски опус, кој ќе биде наново аранжиран за ваков состав. Ова ќе биде единствен и прв настап од ваков тип поставен во Филхармонија. Сетстат имаат издадено 9 студиски албуми, а во очи на фестивалот ќе се појави нивниот нов, 10ти албум, насловен како „Соба 107“.

„Ние не сакаме да зборуваме за некаков „јубилеј“. Едноставно не се чувствуваме „престарени“ за оваа работа. Се уште сме деца. Наталоженото искуство од годините, па ако сакате и од децениите, ни дава можност само поинаку да ги гледаме работите. Го завршивме нашиот нов албум „Соба 107“ кој светлината на денот ќе ја дочека вечерва на концертот. Во настапот на Сетстат интегриравме четворица млади македонски џез музичари, кои најдоа свој израз при снимањето на новиот албум на „Соба 107“. Многу логично за нас беше да ги поканиме на заеднички настап. Морам да признаам дека енергијата со која тие ни пристапија за нас е исклучително инспиративна“, вели Владан Дробицки, лидер на џез формацијата Сетстат.

Во оваа специјална вечер, пред Сетстат Оркестар ќе настапи „Toka Shitet“ (ака Идриз Амети), фронтмен на групата Blla Blla Blla со соло изведба на авторска музика на шаркија.

Toka Shitet е уметничко име на Идриз Амети, кој има 4 студиски албуми зад себе. Како соло уметник свири на шаркија (традиционален балкански инструмент). Амети е присутен на музичката сцена од 1986 година и работи со различни бендови и уметници.

Прикажи повеќе...

Култура

„Најсреќниот човек на светот“ е македонски кандидат за Оскар

Објавено пред

Македонскиот филм „Најсреќниот човек на светот“ во режија на Теона С. Митевска е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“.

dobivaj vesti na viber

Одлуката денеска ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на Комисијата, Бранко Петровски – продуцент, Марија Димитрова – продуцент, Куштрим Бектеши – режисер, Милка Анчевска – кастинг-директор, Милан Тоциновски – монтажер, Сандра Чевреска – сценограф и Валдета Исмаили – актерка.

Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Снежана на крајот умира“ во режија на Кристијан Ристески, „Кајмак“ во режија на Милчо Манчевски и „Мими“ во режија на Даријан Пејовски.

Членовите на Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм”, според Статутот на Друштвото на филмските работници на Македонија ги избира претседателот на друштвото, Игор Иванов, а изборот на членови го одобрува американската Академија за подвижни слики, уметност и наука (Academy of Motion Picture Arts and Sciences – AMPAS). Во Комисијата е дозволено да членуваат филмски професионалци кои се активно вклучени во производство на филмови како што се: режисери, актери, монтажери, филмски композитори, сценографи и други филмски работници. Според AMPAS, членови на Комисијата не можат да бидат професионалци кои немаат директно учество во производството на филм, како што се филмски критичари и други професионалци.

Друштвото на филмските работници на Македонија е задолжено за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм” од самото осамостојување на Република Македонија, кога од американската Академија за подвижни слики (AMPAS) беше препознаено како единствена релевантна институција за комуникација, селекција и кандидатура на македонски претставник за наградата.

95-та церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи в недела, 12 март 2023 година, во Dolby Theatre, Лос Анџелес.

Прикажи повеќе...

Култура

Неделно детско театарско попладне во Битола

Објавено пред

Две детски театарски претстави во Офицерскиот дом, на ЈОУ КИЦ – Битола, ќе бидат одржани в недела на 25 септември, со наслов „Неделно детско театарско попладне“.

dobivaj vesti na viber

„Почнуваме во 12.30 часот со детската претстава ‘Песната на царевата ќерка’, на текст на Ана Жежовска, драматург – Никола Ристевски, играат учениците од ЕД ‘Едусфера’“, најавува организаторот.

За вљубениците на театарот на сенки, веднаш по завршувањето на првата претстава, во 13.30 ч е најавена претставата „Флудо“ – духот на водата на Театар „Сенки и облаци“ и „Екосвест“,- Скопје, соопшти организаторот на настанот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Членови на ДУИ: Арогантното и дилетантско однесување на извршната власт на чело со Груби предизвика револт

Бараме од претседателот на партијата, Али Ахмети, да го искористи својот политички и статутарен авторитет, за да најде решение за...

Европа12 часа

Шолц: Гладот ​​е голема опасност, Русија нема да победи

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во својата неделна порака до граѓаните истакна дека Русија нема да победи во војната во...

Македонија13 часа

(Видео) Ковачевски во ОН: Немаме друга алтернатива за подобар животен стандард од членство во ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски се обрати на Генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Тема на годинешната...

Европа13 часа

Путин потпиша нов закон, строги казни за одбивање на мобилизација и за дезертерство

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша пакет измени на Кривичниот законик поврзани со воената служба, пишуваат руските агенции. Со пакетот...

Топ14 часа

Скопјанка измамена за над 7.200 евра, и кажале дека ќерка и усмртила дете во сообраќајкa и ќе ја спасат од затвор

Вчера во 11.05 часот во СВР Скопје, 69-годишна жена од Скопје пријавила дека на 22.09.2022 била измамена од едно лице...

Европа14 часа

Кина: САД испраќаат многу погрешни и опасни сигнали

Кина ги обвинува Соединетите Држави дека испраќаат „многу погрешни и опасни сигнали“ до Тајван, откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен...

Европа17 часа

Кадиров: Огромен број припадници на државните служби се вешти со оружје, нема да требаат резервисти

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров денеска предложи да се мобилизираат половина од припадниците на федералните сили за таканаречената, како што ја...

Македонија18 часа

(Видео) Каевски: Мицкоски се уште молчи за неговата улога во спорниот тендер, институциите да го расчистат случајот

„Додека Христијан Мицкоски молчи, јавноста очекува одговори за неговата улога во сомнителниот тендер од 136 милиони евра наменети за пречистителната...

Македонија19 часа

(Видео) Трипуновски: Исчезнати се голем дел од документите од архивата на МЗШВ

„Официјалната страница за МЗШВ веќе десетина дена не е во функција, а од министерството се правдаат дека се под хакерски...

Европа19 часа

Путин не блефира за нуклеарното оружје, велат од ЕУ

Европската унија мора сериозно да ги сфати заканите на Владимир Путин за да може да користи нуклеарно оружје во војната...

Регион21 час

(Видео) Грабар-Китаровиќ: Путин повеќе би сакал да умре отколку да признае пораз

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ на Глобалната сцена одржана во седиштето на ОН пред неколку дена одговори на прашањето...

Свет22 часа

Бајден: Вашингтон никогаш нема да ги признае украинските територии

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека референдумите за анексија на четири региони во Украина кои се под контрола на проруските...

Европа23 часа

Сијарто: Нема да поддржиме антируски санкции во енергетскиот сектор

Будимпешта нема да поддржи антируски санкции во енергетскиот сектор, вклучително и во областа на нуклеарната енергија, бидејќи тоа може да...

Македонија23 часа

Османи на состанок на министрите за надворешни работи на ПСЈИЕ

На маргините на 77 – та сесија на генералното собрание на ОН, министерот Бујар Османи учествуваше на традиционалниот состанок на...

Свет23 часа

(Видео) Тајфун во Јапонија, едно лице загина, неколку се повредени

Јапонската метеоролошка агенција предупреди дека високи бранови, обилни дождови, лизгање на земјиштето и поплави може да ја погодат централна, источна...

Македонија2 дена

(Видео) Ковачевски-Шоле: Го зајакнуваме партнерството со САД за обновливите извори на енергија

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на учеството на 77. Генерално Собрание на Обединетите нации во Њујорк, денеска одржа средба со...

Македонија2 дена

Полицијата упадна во златарници низ Македонија, одземени 10 килограми злато поради незаконско работење

Полицијата во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи извршија контроли во повеќе златарници на подрачјето на...

Европа2 дена

Трамп: Конфликтот во Украина може да се претвори во трета светска војна

Конфликтот во Украина може да ескалира во трета светска војна, предупредил поранешниот американски претседател Доналд Трамп кога рускиот претседател Владимир...

Топ2 дена

Во тепачка во автобус на ЈСП малолетник со остар предмет повредил друг малолетник за место за седење

Синоќа, во 19.33 часот, во СВР Скопје било пријавено дека полициски службеник задржал две лица, кои кај Стара Рампа, во...

Македонија2 дена

ЕУ испрати покана до 44 земји за самитот во Прага, меѓу нив и за Македонија

Европската Унија ги покани шефовите на 44 држави и влади да присуствуваат на самитот во Прага по повод формирањето на...