Контакт

концерти

Влатко Стефановски по 40 години во МКЦ

Објавено пред

По точно 40 години, Влатко Стефановски се враќа во МКЦ со концерт во рамките на одбележувањето на јубилејот 50 години Младински културен центар, во организација на „Баги комуникации“ и МКЦ. Влатко Стефановски ќе одржи концерт заедно со своето трио и неколку гости.

dobivaj vesti na viber

Концертот е закажан на 8 април, со почеток во 20 часот, во салата „25 мај“.

Интересно е што последен пат Влатко настапил во МКЦ во 1982 заедно со групата „Леб и Сол“, а во последниве 40 години немал ниту еден свој концерт во оваа установа.

„Среќен сум што ќе бидам дел од прославата на значаен јубилеј и што повторно ќе одржам концерт во МКЦ. Музицирањето пред домашната публика е секогаш предизвик, но кога по 40 години се враќате на местото каде што ви биле почетоците, тогаш навистина возбудата е голема“, вели Стефановски во пресрет на овој концерт.

„Влатко Стефановски трио“, освен Влатко, го сочинуваат и Јан Стефановски на тапани и Иван Кукиќ на бас-гитара, трио што последните години е доста активно и настапува речиси во целиот свет. Спојот на искуството и младоста во ова трио се чини дека беше пресудно за одлична синергија и за огромен успех на сите настапи.

Инаку, неодамна „Кроација рекордс“ направи пресек на соло-кариерата на Влатко Стефановски и ја склопи во албум со најголемите хитови. Од „Каубојци и Индијанци“ од истоимениот албум од 1994 до „Фанки џанки“ и „Огледало“ од неговото последно студиско издание „Тафталиџе шафл“, компилацијата содржи 17 песни.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба на билетарницата на МКЦ и онлајн на bileti.mkc.mk.

концерти

75 години организиран фолклор во Вевчани

Објавено пред

Културно уметничкото друштво ,,Дримкол” од Вевчани вечерва во Домот на култура во Вевчани, ќе одржи Свечен јубилеен концерт посветен на: ,,75 години организиран фолклор во Вевчани”. На концертот ќе настапат сите ансамбли на друштвото: фолклорните, народниот оркестар, пејачката група Каданка, а гости на концертот ќе бидат членовите на КУД ,,Илинден” од Битола.

dobivaj vesti na viber

– Започнат од некогашните Вевчански скоевци и скоевки во далечната 1947 година, преку ученичките од нашата школа ,,Страшо Пинџур”, потоа преку младинската организација, прво до КУД ,,Печалбар”, а веднаш потоа до КУД ,,Дримкол” се движел и развивал фолклорот цели 75 години. Секој период низ годините – различен, секоја генерација – уште поразлична, низ времето, подеми, некогаш падови, но, ентузијазмот и љубовта кон фолклорот и кон Вевчани секогаш и кај сите била иста и непрестајна. Денес фолклорот е главно обележје на нашето место. КУД,,Дримкол” успеа да го подигне фолклорот на високо ниво со кое се гордееме сите ние кои истото го работиме, а за среќа гордоста е присутна и кај секој Вевчанец. Ова за нас е чест, но, во исто време обврска да продолжиме да ја негуваме, развиваме и презентираме фолклорната традиција во Вевчани, низ Македонија и насекаде низ светот – изјави Кирил Бебекоски, член на Управниот одбор на КУД ,,Дримкол” од Вевчани.

Поради интерес на публиката концертот ќе се прикажува во два термини, во 18,00 и во 20,00 часот. Оваа година концертот е под покровителство на Министерството за култура на Република С.Македонија кој го категоризира како проект од национален интерес за нашата држава.

Прикажи повеќе...

концерти

ТРИПТИХ – современ звук и танцов перформанс преку мислата на Горан Стефановски

Објавено пред

На 18 мај, со почеток во 20 часот, на скверот „Јас и ти“ во Дебар Маало во Скопје, ќе се реализира проектот ТРИПТИХ, кој претставува спој на три изразни видови уметност. Учесниците Дуња Иванова, Јована Зајкова и Горазд Китановски ќе ги обединат современиот звук за пијано и танцот преку мислата на единствениот Горан Стефановски.

dobivaj vesti na viber

Проектот е дел од Годишната програма за култура на Министерството за култура на РС Македонија.

Дуња Иванова е магистар по пијано, доктор на науки по филозофија, наставник и автор. Концертира со репертоар на современиот звук за пијано, музика од филмското платно, постминимализам. Остварува многубројни премиерни изведби на делата на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди, Арво Перт, Руичи Сакамото, Мајкл Најман, Тери Рајли, Стив Рајх, Микаел Сапин, Давид Федел, Бјанка Бан, Јан Тирсен, Макс Рихтер.

Јована Зајкова е танчарка и кореографка од Скопје. Дипломира при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на катедрата за современ танц. Учествува во програмата на „Скопје танцов театар“ како стажист и настапува на реномирани фестивали во Македонија и странство.

Горазд Китановски е автор, поет, гласник на позитивната вибрација. Тој е национален победник во слем-поезија за 2021 година.

Прикажи повеќе...

концерти

Меморијален концерт во чест на Александар Николовски

Објавено пред

Утре, во МКЦ ќе се одржи меморијален концерт во чест на Александар Николовски, истакнат македонски музичар, кој твореше и настапуваше со повеќе џез-состави. Тој остави значаен белег во македонската џез-музика со својот единствен и препознатлив лиричен звук и овој настан преставува можност да се изведе музиката што тој сакаше да ја свири.

dobivaj vesti na viber

На концертот ќе настапат групите со кои тој создаваше разни форми на џез-музика – Next to Silence, Sethstat и FIN Project, како и нивните гости Ади Имери, Сашо Гигов-Гиш, Калина Велковска, Петар Христовски, Сенад Усеин, Горан Трајковски, Зарина Првасевда и Иван Петровски. Воедно, овој настан ќе биде убава можност на едно место да се соберат неговите соработници и пријатели и со музика да се поздрави она што Александар Николовски го остави зад себе.

Влезот на концертот е бесплатен, но поради ограничените места за седење, ќе биде неопходно да се набави билет. Билети може да се набават на интернет-страницата на МКЦ, кој исто така учествува во реализацијата на овој настан (https://mkc.mk/event/memorijalen-koncert/).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

Ангел Димитров: Проблемот е што македонските историчари се трудат да не прифатат заедничка историја

Бугарија не треба да дозволи притисок. Бугарската страна мора да покаже доверба во својот став, во своите аргументи и без...

Европа4 часа

Белгија е првата земја што воведе карантин поради мајмунските сипаници

Белгија стана првата земја што воведе задолжителен 21-дневен карантин против мајмунските сипаници бидејќи 14 земји сега потврдуваат појава на вирусна...

Европа4 часа

Светски економски форум во Давос: Ќе се разговара за последиците од војната во Украина

Три месеци по почетокот на руската инвазија на Украина, војната и ризиците што таа ги носи за светската економија ќе...

Свет4 часа

Претставниците на АПЕК: Русија веднаш да ја прекине војната во Украина

Претставниците на седум земји, вклучително и оние што го напуштија состанокот на министрите за економија на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК),...

Свет5 часа

Бајден: Подготвени сме да употребиме сила за одбрана на Тајван

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе биде подготвен да употреби сила за да го одбрани Тајван. Тој рече дека...

Европа5 часа

Русија: Планираме да изградиме и распоредиме 50-ина нови ракети „Сармат“

Русија планира да изгради и распореди 50-ина нови интерконтинентални балистички ракети „Сармат“, способни за нуклеарни напади до крајот на есента,...

Европа5 часа

Зеленски: До 100 украински војници гинат секој ден во борбите на истокот на земјата

Володимир Зеленски објави дека Украина губи до 100 војници секој ден во борбите на истокот на земјата. Зборувајќи на прес-конференцијата,...

Европа5 часа

Борел: Ги исцрпивме воените резерви поради војната во Украина

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во неделата изјави дека војната во Украина тектонски го...

Свет15 часа

Генералниот директор на СЗО: Пандемијата на коронавирус сигурно не е завршена

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус денеска изјави дека пандемијата на коронавирусот сигурно не е завршена и...

Македонија20 часа

Ковачевски ќе ja предводи владината делегација во Ватикан и Рим, најавена е и средба со Петков

Премиерот Димитар Ковачевски придружуван од ќерката Тамара Ковачевска на 23 и 24 мај ќе предводи делегација на Република Северна Македонија...

Европа21 час

Француски министер: За влез на Украина во ЕУ ќе бидат потребни 15 или 20 години

За влез на Украина во Европската унија ќе бидат потребни најверојатно 15 или 20 години, рече францускиот министер за европски...

Европа1 ден

Бајден: „Епидемијата на мајмунски сипаници причина за загриженост“

„Епидемијата на сипаници е нешто за што сите треба да бидат загрижени“, изјави денеска американскиот претседател Џо Бајден. Тој додаде...

Економија1 ден

Бектеши: Трговците во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници

Министерството за економија веќе предложи до Собранието измени и дополнувања на Законот за трговија со кои се овозможува работа во...

Регион1 ден

(Видео) Тепачка меѓу навивачи на „Хајдук“ со полицијата на автопатот кај Загреб, имало и повредени

Синоќа навивачите на Хајдук се судрија со полицијата на автопатот А1 во близина на одморалиштето Дешинец, пренесуваат хрватските медиуми. Според...

Европа1 ден

Подољак: Нема да има отстапување на територија

Украина ја отфрла можноста да се согласи на прекин на огнот со Русија и порача дека Киев нема да прифати...

Европа1 ден

Велика Британија: Регионот Северен Доњецк е приоритет на Русија

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство објави неодамнешен извештај за ситуацијата во Украина. Единствената руска оперативна чета со возила за...

Економија1 ден

Западот во страв- Светот има залихи на пченица за само десет недели?

Русија и Украина сочинуваат околу една четвртина од светскиот извоз на пченица, а Западот стравува дека Путин се обидува да...

Економија1 ден

Пад на „Волстрит“ седма недела по ред, инвеститорите стравуваат од рецесија

По големите осцилации на „Волстрит“, цените на акциите паднаа минатата недела, седми пат по ред, бидејќи инвеститорите стравуваат дека поради...

Европа2 дена

Зеленски: Го скршивме ’рбетот на руската армија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата војска нанела сериозна штета на руските вооружени сили и покрај падот на клучниот...

Европа2 дена

Ди Мајо: „Потребна ни е дипломатска контраофанзива“- Италија презентира план за мир во Украина

Италија разви план за постигнување мир во Украина, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо, пренесуваат локалните медиуми....