Контакт

Култура

Во Битола и Скопје се снима првиот македонски филм на турски јазик „Најтешкото нешто“

Објавено пред

Деновиве на локации во Битола и Скопје се одвива снимањето на првиот македонски филм снимен на турски јазик со работен наслов „Најтешкото нешто“, во режија на познатиот турски режисер Сердар Акар, а во продукција на „Сектор филм “од Скопје во кој играат турски актерски ѕвезди.

На локации во Битола, нејзината околината, како и во Скопје, од 28 јули годинава се одвива снимањето на филмот со работен наслов „Најтешкото нешто“ во режија на познатиот турски режисер Сердар Акар. Станува збор за прв македонски филм снимен на турски јазик. Кастингот во оваа современа филмска приказна го сочинуваат турски актерски ѕвезди и познати и успешни македонски македонски актери. Сценариото е на Оливер Ромевски, познат по романите со интригантни трилер и криминалистички приказни.

Режисерот Сердар Акар, меѓу останатото, ги потпиша сериите со голема гледаност „Долина на волците“, „Збогум Румелија“, „Бехзат Ч.“, како и филмовите Татковина“, „Долина на волците: Ирак“, „На бродот“.

Во главните улоги се турските актерски ѕвезди: Ердал Бешикчиоглу, во чија филмографија се впишуваат и главна улога во култната серија „Бехзат Ч.“, во филмот „Мед“, што беше добитник на „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал, и многу други; Белчим Билгин позната по филмовите „Сонот на пеперутката“, „Љубовта ги сака случајностите“, „Сезона на носорогот“ серијата „Сети се сакана“; нашиот актер Ертан Шабан, кој се прослави во Турција, Халил Ерѓун, познат на нашите гледачи како Али Риза од серијата „Кога лисјата паѓаат “ и наши познати и успешни актери и актерки: Луран Ахмети, Бедиа Бегова, Сара Климоска, Сузан Акбелге, Џенап Самет, Дениз Абдула, Ивана Павлаковиќ, Ерман Шабан, Неат Али, Осман Али и многу други.
Кинематографер на филмот е Дејан Димески (добитник на „Сребрена камера 300“ на ИФФК „Браќа Манаки“), костимограф е Емилија И. Атанасовска, сценографијата е на Кирил Спасески.
Продуцентите на филмот Владимир Анастасов и Ангела Несторовска од „Сектор филм“, го реализираат проектoт како македонско-турска копродукција во соработка со турската продуцентска куќа„Ен-те-џе медиа“ (NTC Medya). Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.
Дејствието на филмот, кое се одвива во актиелно време, прикажува неколку испреплетени животни судбини чии патишта се вкрстуваат во определен миг.

Забава

„ИМДБ“ објави листа на најпопуларните 10 филмови за оваа година

Објавено пред

Една од најпопуларните веб-страници за љубителите на филмот, „ИМДБ“ (IMDB), објави листа на најпопуларни филмови за оваа година, врз основа на тоа колку биле пребарувани од страна на корисниците.

Судејќи според листата, филмовите со суперхерои се особено популарни годинава. Еве ги филмовите кои ги зафатија првите 10 места.

10. Us

9. Aladdin

8. Alita: Battle Angel

7. Spider-Man: Far From Home

6. The Lion King

5. It Chapter Two

4. Captain Marvel

3. Avengers: Endgame

2. Once Upon A Time In Hollywood

1. Joker

Прикажи повеќе...

Култура

Откривање на спомен-биста на сликарот Никола Мартиноски во Букурешт

Објавено пред

Министерот во Владата задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, денес во Букурешт, во името на Владата, ја откри спомен=бистата на реномираниот македонски сликар Никола Мартиноски.

Во својот говор пред бројните претставници на Владата на Романија, градот Букурешт, дипломатскиот кор и претставниците на македонската заедница во оваа држава, министерот Адеми зборуваше за ликот и делото на Мартиноски и неговиот придонес за развојот на македонската модерна ликовна уметност во 20 век.

„Откривањето на бистата се случува три дена по 8 Декември, Денот на македонскиот јазик во Романија, кој, благодарение на истрајноста на македонската дијаспора во оваа земја и одлуката на романскиот парламент, претставува значаен датум за зачувување на традициите, културата и јазикот на македонското етничко малцинство во Романија“, додаде министерот Адеми.

Овој проект, според Адеми, дополнително ги зацврстува односите и врските меѓу двете култури, македонската и романската, и показател е за одличните односи меѓу двете земји.

„Нашиот голем сликар и академик Мартиноски ни создаде дела кои ни го осветлуваат минатото, светол пример ни е во сегашноста, но и го осветлува патоказот кон иднината. Му припаѓа на првата генерација на македонски академски уметници. Школуван е во Националната школа за убави уметности во Букурешт, далечната 1927 година, а со враќањето од Букурешт и Париз, еден е од основачите и прв директор на Училиштето за применета уметност во Скопје, на Уметничката галерија во македонскиот главен град (од која подоцна ќе никне Националната галерија на Македонија) и еден од основачите на Македонската академија на науките и уметностите“, истакна меѓу другото министерот Адеми.

Toj изрази голема благодарност до почесниот конзул на Романија во земјава, Штерјо Наков, кој материјално ја помогна изработката на бистата.

Мартиноски студирал во Букурешт, а бистата е поставена во познатиот парк Михаел I, заедно со спомениците на „врвни имиња од светот на уметноста, книжевноста, филозофијата, политиката и други реномирани личности на човечкото наследство“.

Прикажи повеќе...

Култура

Прва награда за Кокан Димушевски на биеналето Тактонс

Објавено пред

На седумнаесеттото по ред културно меѓународно биенале Тактонс, најважниот настан за тон-мајсторите од регионот, македонскиот композитор, продуцент и клавијатурист Кокан Димушевски повторно е добитник на првата награда, во конкуренција од преку 120 врвни изведувачи.

Во организација на Радио-телевизизија Војводина, од 6 до 9 ноември учествуваа најзначајните РТВ-центри од Европа, најдобрите тон-мајстори со своите тонски снимки. Кокан Димушевски го покажа своето повеќедимензионално творештво како тон-мајстор, автор на дело и изведувач.

Оваа награда за него е петта по ред, односно во изминатите 10 години тој во континуитет е добитник на прва награда или гранд при на ова значајно музичко случување. Тактонс се одржува од 1983 година. На секои две години им овозможува на најуспешните тон-мајстори од Европа професионално вреднување на техничкиот квалитет на звучните записи врз основа на однапред единствено дефинираните субјективни и објективни параметри.

Како најнаградуван продуцент, Димушевски беше поканет да одржи работилница и да ги презентира своите достигнувања на полето на креативната примена на современите технологии во областа на радиото и телевизијата. Успехот на овој сестран музичар го вреднуваа и Би-би-си и Радио Франција, кои му доделија плакети за неговите заслуги на полето на радиофонското обликување.

Претходно, годинава Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ на Кокан Димушевски му ја додели и наградата за животно дело „Трајко Прокопиев“. Истата претставува највисоко професионално признание кое СОКОМ го доделува на музички творци и музички писатели за долгогодишни значајни остварувања во областа на музичкото творештво и музикологијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Девет членки на ЕУ предложија нова методологија за проширување

Девет земји членки на ЕУ излегоа со заеднички предлог за нова методологија за проширување на членството во ЕУ, за што...

Македонија4 часа

Се укинува законот за зелените пазари

Со 50 гласа пратениците го подржаа предлогот на министерот за економија, Крешник Бектеши, кој побара по скратена постапка да престане...

Македонија4 часа

Манчевски: Префрлањето на администрацијата во приватниот сектор нема да биде политички отстрел

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, најави дека до крајот на годината ќе ги предложи пакет-мерките за префрлање...

Македонија6 часа

Обвинителството испитува кој ги објавува аудиоснимките поврзани со „Рекет“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција оформи предмет и веќе проверува кое е лицето што ги објавува...

Свет6 часа

Австралиските пожарникари сами собираат средства за квалитетни маски за дишење

Пожарникарите во Нов Јужен Велс, Австралија, поведоа итна акција за собирање средства за набавка на подобра безбедносна опрема кога открија...

Македонија8 часа

Објавени аудиоснимки поврзани со „Рекет“: „Не знам, куферот со пари не е кај Заев“

На јутјуб-каналот U6e Big се појавија нови аудиозаписи поврзани со случајот „Рекет“. На нив се слуша глас кој личи на...

Македонија9 часа

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон. Ова го потврди досегашниот организатор Пецо Неданов, кој на „Фејсбук“ објави дека...

Свет10 часа

Разбиена мрежа на педофили, снимале силување бебиња, уапсени 33 лица во 11 земји

Заедничката акција на полициските сили во дури 11 држави доведе до апсење 33 лица осомничени за малтретирање деца, прикажување, добивање...

Македонија10 часа

Речиси половина милион жители во нашата држава немаат постојан пристап до храна

Честопати Северна Македонија е ставена на листата со рекордери во загуби на храна и отпад од храна, а истовремено се...

Свет11 час

Шведска лекарка ја врати Нобеловата награда за мир како протест поради Хандке

Шведската лекарка и писателка Кристина Доктаре, која ја доби Нобеловата награда за мир во 1988 година како членка на мировните...

Свет11 час

(Видео) Најмалку шест лица загинаа во пукање во Њу Џерси

Најмалку шест лица, меѓу кои и еден полицаец и двајца осомничени вооружени лица, загинаа во повеќечасовно пукање кај гробиштата и...

Регион12 часа

Шестмина мигранти починаа од студ на грчко-турската граница

Шестмина мигранти починаа од студ на грчко-турската граница. Тие се пронајдени во регионот Еврос, на грчко-турската граница, во периодот од...

Македонија1 ден

Владата даде рок до петок – на увид ги бара сите информации за зачувувањето на статусот на УНЕСКО

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за степенот на реализација на препораките на Реактивната мисија на УНЕСКО од 2017 година,...

Македонија1 ден

Предлог-законот за висока раководна служба оди во Собрание

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, Владата го утврди текстот на предлог – законот за висока раководна...

Свет1 ден

Се подготвува масовен каталонски протест во пресрет на дербито Барселона – Реал Мадрид

Каталонската платформа „Демократско цунами“ ги повика заговорниците за независност на Каталонија за масовни протести по осум дена пред стадионот „Камп...

Регион1 ден

Хрватските возачки дозволи во иднина ќе важат и во САД, Канада, Аргентина …

Парламентарците денеска го поздравија пристапувањето на Хрватска во Конвенцијата за патен сообраќај, односно Женевската конвенција, со која ќе се овозможи...

Македонија1 ден

Благајничката на Камчеви: Со обезбедување дојдов во менувачницата, а парите ги претворив во евра

По паузата во Кривичниот суд во Скопје, продожи судењето за предметот „Рекет“, сведочеше благајничката на семејството Камчеви, Мирјана Бошковска. Таа...

Македонија1 ден

„Екосвест“: ТЕЦ „Битола“ ги надминува дозволените вредности за емисии на токсични супстанции

Државите од Западен Балкан ги надминуваат граничните вредности за емисии во воздухот од термоелектраните на јаглен договорени со Енергетската заедница...

Македонија1 ден

Руте: Албанија не е подготвена, а Северна Македонија е поблиску до почнување преговори со ЕУ

Холандија не се спротивставува на проширувањето на ЕУ, рече премиерот на Холандија, Марк Руте, кој верува дека Албанија во моментот...

Македонија1 ден

Камчева: Боки 13 беше како специјален јавен обвинител, тој знаеше сè

Во продолжението на судењето за случајот „Рекет“, сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, рече дека 350 илјади евра за рекет...

Досие