Контакт

Изложби

„Во духовниот храм“ – изложба на Ерол Сулејмановски

Објавено пред

„Во духовниот храм“е насловот на првата самостојна изложба на македонскиот сликар Ерол Сулејмановски, која ќе биде отворена од денеска и ќе трае до 19 ноември во Скопје.

Отворањето на изложбата ќе почне во 19 часот во Музејот на македонската борба за државност и самостојност.

Преку неговите дела кои ќе бидат изложени, посетителите на изложбата ќе имаат можност да го видат специфичниот пристап на уметникот за сублимирање од традиционалното кон модерното, преку виртуелна магична визуелизација.
Самите наслови алудираат на темата од македонскиот живот. Дел од нив се „Македонка“, „Жетварки“, „Старо Скопје“, „Молитва“, „Три генерации“.

Познатиот македонски поет Мирче Нешовски за делата на Сулејмановски ќе рече дека тие имаат свој специфичен печат и код на магична илуминарна композициска поставеност.

„Сликарот со видот од неговото вешто изострено око и со бистрината во целата композиција не пропушта од вид ниеден пластично насликан детаљ. Но, и кога има преливи на колоритот во широки рефлексии, сликарот не дозволува превид, стрпливо и чисто ги дава наносите на преливите на боите и колоритот и ни ја дава целосната грандиозност на рафинирана вонвременска слика врз длабочината на пречистената рафинирана плоха“, се вели во критиката на Нешовски.

Сулејмановски по професија е дипломиран инженер по безбедност и здравје при работа, во сликарството е вљубен од своите најмлади денови, а на своите слики посветил 30 години од животот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Годишната изложба на основните училишта „Дада и јас“ во Даутпашиниот амам

Објавено пред

Годишната изложба на основните училишта е традиционална изложба организирана од страна на Националната галерија на Македонија. Од досегашните искуства таа преставува одлична можност учениците да ги усовршат своите творечки способности, да го развијат визуелното помнење, да ја ослободат својата фантазија на најдобар можен начин.

„Изложбата ќе биде отворена на 21 ноември во 13 часот во Даутпашиниот амам, а ќе биде презентирана до 24 ноември“, информира Маја Димитрова, едукатор.

Годишната изложба на основните училишта секоја година третира како тема еден од нашите најголеми македонски ликовни автори. На таквиот начин учениците имаат можностда ги прошират знаењата за нашето уметничко богатсво, да ги запознаат уметниците и нивните уметнички дела на најдобар можен начин. Преку делата на еминентните уметници тие учат и за разните ликовни правци, материјали и ликовни техники. По организираните посети на изложбите, кратките предавања за уметникот, како и прикажување документарен филм, учениците се подготвени да учествуваат во креативните работилници создавајќи креации што личат на оние на уметниците. Понекогаш тие се со сосема нов израз, детски, наивен, давајќи секогаш позитивна слика за животот. Така, оваа година учениците од различна возраст својата инспирација ја црпеа од творештвото на Драган Попоски – Дада. Преку забава и игра тие со глината моделираа и создаваа креации многу слични на оние од големиот уметник. Освен со глина, тие свои креации изработија и со стиропор, направија и голем број цртежи, а од сите изработени творби произлезе изложбата со наслов „Дада и јас“.

Ваквите проекти се корисни бидејќи учениците на едноставен начин учат за сите оние вредности што ние како држава ги поседуваме и тие треба да ги негуваме и почитуваме. Отворајќи им ги портите на уметноста, придонесуваме за развој на децата за подобри наши идни генерации.

Прикажи повеќе...

Изложби

Самостојна изложба на Стефан Димовски во МКЦ

Објавено пред

Денеска, со почеток во 20 часот ќе биде отворена шестата самостојна изложба на Стефан Димовски во галерискиот простор на МКЦ. На изложбата авторот ќе се претстави со триесетина дела во комбинирана техника.

Стефан Димовски е роден 1983 во Скопје, во уметничко семејство. Сериозно започнува да се занимава со акварел во 1995 г. Долгогодишниот престој во Франција му увозможува да воспостави контакти со познати акварелисти и да ја усоврши акварелната техника до перфекција. Досега има учествувано на повеќе групни изложби во Сан Рафаел, а исто така своите дела ги изложувал во повеќе галерии на југот на Франција.

Во 2010/2011 година дел од неговите акварели се селектирани во 11-тото издание на Интернационалниот каталог за модерна уметност (Италија, Рим). Во 2011 добива награда за акварел во конкуренција на 60 сликари и акварелисти на 12. саем за сликари и акварелисти во Сан Рафаел, Франција. Во 2011 година исто така добива втора награда за скулптура изработена од отпад за рециклирање, во организација на „Пакомак“. Во 2015 година станува член на ДЛУМ и учествува на сите изложби во организација на ДЛУМ во земјава како и во странство.

 

Во 2017 добива награда „Златна четка“ од ДЛУМ на МиниАРТура во НЛБ галерија. Во 2018 година заедно со Ангел Димовски Чауш, Трајче Чатмов и Љупчо Илиевски ја претставува Македонија на „Ворлд арт Дубаи“ во организација на Matchboox gallery Skopje, каде што истата галерија е номинирана во 10 најдобри галерии во конкуренција од 42 галерии и 157 уметници. Негови дела се наоѓаат во повеќе институции и приватни колекции во земјава и странство. Во неговите дела покрај чистиот акварел, присутна е и комбинирана техника (акварел, колаж, акрилик, сепиа, пастел).

 

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на фотографии за проектот ,,Во моите чевли/In my shoes”

Објавено пред

Во рамки на годинешната програма поддржана од Министерство за култура на Република Македонија, на 17 ноември (сабота) 2018 година, во Mултимедијалниот центар „Мала станица” (19 часот) ќе се отвори изложба на модни фотографии, како завршна фаза од проектот со наслов „Во моите чевли”.

Проектот имаше за цел да ги истражи потребите на лица со попрeчен вид, церебрална парализа и Даунов синдром, при процесот на селекција и купување облека. Посетителите на овој настан ќе имаат можност да се запознаат со индивидуалните потреби на секој од учесниците и различни начини како може да се воведат нови инклузивни решенија во текстилната индустрија во Македонија, со фокус на малопродажните канали.

„Инспирацијата за создавање на овој проект дојде од предизвикот со кој се соочуваат лицата со попреченост во процесот на селекција, купување и користење на облеката, времeто што им е потребно да се облечат и подготват наутро, помошта што им е неопходна за селекција на облеката или облекување на истата, информациите за одржување на облеката, постојаната потреба за корекција и адаптација на облеката, како мал дел од предизвиците на лицата со попреченост“ – велат авторите на проектот: Маја Ѓуреска (моден дизајнер), Антонија Гугинска Јорданова (моден дизајнер) и Росица Колева (специјален едукатор).

Благодарение на професионалноста и соработката на учесниците: Јулијана Петковска, Никола Колев, Ема Ананиевска, Игор Петров и Искра Донева, како и соработниците и поддржувачите на овој проект: Fashion Group – Скопје, Музеј на современа уметност, Елена Бојаџиева (автор на фотографија), Мартина Димовска (комуникации), Гораст Цветковски, Ирена Сенокозлиоска (шминка), Јована Соколоски (фризура), Винарница Картал, Винарница Камник, Пиварница – Скопје и сите останати пријатели, овој проект в сабота ќе ги отвори вратите за сите заинтересирани. Изложбата ќе биде поставена за посетители до 20 ноември  2018 г., а влезот е слободен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

Скајп, МСН и е-маил комуникациите на обвинетите меѓу доказите за „Монструм“

Како што изјави Катерина Јовановска, началник на Одделението за дигитална форензика во МВР, по наредба од судот на 1 мај...

Европа1 час

Гласањето за доверба на Тереза Меј зависи од уште шест писма

Шест писма ќе одлучат дали довербата во Тереза Меј ќе биде ставена на тест. На противниците на британската премиерка, Тереза...

Македонија1 час

Анѓушев, наместо Заев, на работниот појадок кај Курц

Во Виена почна официјалниот работен појадок за премиерите од Западен Балкан, организиран од австрискиот канцелар Себастијан Курц. На местото на...

Регион1 час

Студен бран го погоди Балканот, најмногу снег на Маврово

Студен бран пристигна во земјите од Западен Балкан. Во целиот регион најмногу снег во изминатите 24 часа наврна на Маврово,...

Економија2 часа

Мисијата на ММФ за Македонија: Економската активност закрепнува, но невработеноста сѐ уште е висока

Враќањето на политичката стабилност и напредокот во решавањето на спорот за името со Грција конкретно ги зголеми шансите за отворање...

Економија3 часа

Фирмите со блокирани сметки уште 1 година ќе може да плаќаат сметки со цесија и преземање долг

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за платниот промет, е објавено на Единствениот национален регистар на прописи на РМ....

Македонија4 часа

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при...

Македонија4 часа

Во Маврово 25 сантиметри снежна покривка

Најмногу снег наврна во Маврови Анови и Лазарополе. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Маврoви Анови има снежна покривка...

Македонија16 часа

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт16 часа

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа19 часа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести20 часа

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија20 часа

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет22 часа

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија23 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски1 ден

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет1 ден

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион1 ден

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Свет1 ден

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Досие