Контакт

Изложби

„Во духовниот храм“ – изложба на Ерол Сулејмановски

Објавено пред

„Во духовниот храм“ е насловот на првата самостојна изложба на македонскиот сликар Ерол Сулејмановски, која ќе биде отворена од утре и ќе трае до 19 ноември во Скопје.

Отворањето на изложбата ќе почне во 19 часот во Музејот на Македонската борба за државност и самостојност.

Преку неговите дела кои ќе бидат изложени, посетителите на изложбата ќе имаат можност да го видат специфичниот пристап на уметникот за сублимирање од традиционалното кон модерното, преку виртуелна магична визуелизација.
Самите наслови алудираат на темата од македонскиот живот. Дел од нив се „Македонка“, „Жетварки“, „Старо Скопје“, „Молитва“, „Три генерации“.

Познатиот македонски поет Мирче Нешовски за делата на Сулејмановски ќе рече дека тие имаат свој специфичен печат и код на магична илуминарна композициска поставеност.

„Сликарот со видот од неговото вешто изострено око и со бистрината во целата композиција, не пропушта од вид ниеден пластично насликан детаљ. Но, и кога има преливи на колоритот во широки рефлексии, сликарот не дозволува превид, стрпливо и чисто ги дава наносите на преливите на боите и колоритот и ни ја дава целосната грандиозност на рафинирана вонвременска слика врз длабочината на пречистената рафинирана плоха“, се вели во критиката на Нешовски.

Сулејмановски по професија е дипломиран инженер по безбедност и здравје при работа, во сликарството е вљубен од своите најмлади денови, а на своите слики посветил 30 години од животот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Меѓународна ликовна колонија „Де Ниро“ во Битола

Објавено пред

Петнаесеттата меѓународна ликовна колонија „Де Ниро“ оваа година се одржува од 15 до 25 јуни во Битола, во просториите на хотелот „Де Ниро“. Во текот на овие 15 години на колонијата учествувале над 180 уметници, кои направиле околу 450 дела.

Оваа година на колонијата ќе учествуваат уметници од Бразил, Италија, Индија, Шпанија, Германија, Србија, Бугарија, Украина, Турција, Велс и од Северна Македонија.

Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“ во изминатиот период има организирано над 40 изложби во Македонија и надвор од државата.

Оваа година се одбележуваат и 10 години од збратимувањето со ликовната колонија „Буљарица арт“ од Црна Гора.

На 24 јуни, во 19 часот, во склоп на колонијата ќе се одржи изложба со дела од минатогодишните учесници.

Од наредната година меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“ се сели во потпелистерието… Станува еколошки ориентирано здружение, кое ќе промовира зголемување на свеста кај населението за чиста и здрава животна средина и почитување на мотото: „Користи повторно, намали, рециклирај“.

Прикажи повеќе...

Изложби

Ново издание на „Сквер арт“ во Ресен

Објавено пред

На плоштадот во Ресен денеска се одржува традиционалната манифестација „Сквер арт“. 20-тина ученици од ликовната секција при Домот на културата „Драги Тозија“ на отворен простор имаат можност да ги претстават своите ликовни креации, цртајќи на хартија, но и да ја покажат ликовната умешност, цртајќи на подните плочки на плоштадот „Цар Самуил“.

Директорот на јавната установа Дом на култура „Драги Тозија“, Васко Василевски, истакна дека оваа манифестација е многу важна за нив како организатори, затоа што ја побудува креативноста кај младите, истовремено мотивирајќи ги да креираат и заеднички да се дружат.

„Членовите на нашата ликовна секција преку овој настан се мотивирани јавно да ја покажат својата умешност на дело и да остават белег во однос на ликовната уметност во Преспа. Наша задача е да ги мотивираме, а воедно и да им даваме постојана можност да се усовршуваат. Кој знае, можеби еден ден некој од денешните учесници ќе биде голем ликовен уметник“, рече Василевски.

Покрај учениците, и случајните минувачи имаа можност да нацртаат нешто и да учествуваат во манифестацијата. Организатори на овој настан се Домот на култура „Драги Тозија“ и Општина Ресен. Ликовната работилница „Сквер арт“ е поддржана од Министерството за култура во годишната програма за проекти од национален интерес од областа на културата за 2019 година.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на графики од Илија Пенушлиски во „Акантус“

Објавено пред

Изложбата со наслов „Градот“ од уметникот Илија Пенушлиски ќе биде отворена на 7 јуни во галеријата „Акантус“.

Станува збор за изложба на графики инспирирана од мотиви на градовите. Изложбата ќе биде отворена до 26 јуни.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет16 минути

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ2 часа

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија3 часа

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа4 часа

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија6 часа

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија7 часа

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет7 часа

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион8 часа

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Македонија9 часа

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Спорт10 часа

Мишел Платини уапсен за доделување на СП во 2022 на Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини, е уапсен во Нантер, предградие на Париз, поради одлуката...

Свет10 часа

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреса во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет11 час

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА-лигата на Торонто репторс на плоштадот „Нејтан...

Македонија11 час

Судир во ЕУ за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија,...

Македонија11 час

Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата

Необезбедена јама веќе неколку месеци стои без заштитна ограда во дворот на основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром (општина...

Hitech13 часа

„Хуавеј“ со загуба од 30 милијади долари

Основачот и директор на „Хуавеј“, Рен Женгфеи, потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат 30 милијарди долари помали...

Крвав четврток1 ден

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија1 ден

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија1 ден

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија1 ден

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Македонија1 ден

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави комесарот за проширување, Јоханес Хан, во пресрет на...

Досие