Контакт

Култура

Во Кинотеката филмот „Превртено“ на Игор Иванов-Изи

Објавено пред

На 20 октомври, четврток, со почеток во 20 ч, во Кинотеката ќе биде прикажан филмот „Превртено“ на Игор Иванов-Изи по повод 15 години од неговата премиера.

dobivaj vesti na viber

Кога во 2007 година на Интернационалниот филмски фестивал во Карлови Вари, Чешка, премиерно беше прикажан дебитантскиот долгометражен игран филм „Превртено“ (Upside Down) на Игор Иванов-Изи, каде што овој филм беше во конкуренција за наградата East of West Award; тој момент беше и своевидна потврда за сета претходна работа на овој наш филмски автор. Иванов тогаш на некој начин ја завери таа потврда кога со својот филм „Превртено“ малку подоцна ја освои наградата за најдобра режија на фестивалот во Валенсија (Шпанија) – Mostra de València-Cinema del Mediterrani; потоа Иванов таа нагорна линија ја продолжи и со своите подоцнежни остварувања, пред сè, со долгометражните играни наслови СОБА СО ПИЈАНО (2013) и ХОМО (2020), потоа со долгометражниот документарен КОБРА (2018), како и со ангажманот како режисер/креативен директор во ТВ-сериите ПРЕСПАВ, ИНСАЈДЕР, СЕНКИ НА БАЛКАНОТ (една епизода од првата сезона). Денес, Иванов е веќе едно од водечките режисерски имиња на македонската кинематографија, со десетици награди и признанија на светските филмски фестивали.

„Превртено“ ја имаше македонската премиера на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола во 2007 година и е еден од последните македонски играни филмови снимени на 35 мм лента. Филмот е работен според романот „Папокот на светот“ на Венко Андоновски (кој е и косценарист). ПРЕВРТЕНО е приказна за Јан Лудвик, млад човек кој ѝ припаѓа на загубената транзициска генерација во нашето општество – генерација родена во социјализмот, но живее и е сведок на рудиментарниот капитализам. Неговиот анархичен став кон животот го доведува до безизлезни ситуации, во кои не може да се реализира себеси. Меѓутоа, додека вистинските анархисти дејствуваат и ја менуваат свеста на својата околина преку акции, Јан можеби знае што не сака, но не знае што сака – момент што го става во позиција на „изгубен лик од нашата околина“…

„Превртено“ е урбана приказна раскажана преку колоквијален говор за животот на младите луѓе во Скопје на почетокот на деведесеттите години на XX век, во периодот на почетокот на транзицијата, во која се вклучени повеќе елементи кои се симбол на поп-културата: рок-музика, стрипови, употреба на лесни дроги итн. Приказната, со интересно имплементирани фантастични елементи, е раскажана преку гледната точка на главниот лик Јан, во еден вид реминисценција – сеќавање на неговото минато додека тој патува дома со воз, а всушност – тоа духот на Јан, односно неговата душа, која го придружува неговото мртво тело на патот кон дома – се сеќава на својот живот: средношколецот Јан, кој живее со татка си, нема некои конкретни, цврсти, помали или поголеми амбиции во животот; Павел, неговиот другар, е нешто повеќе заинтересиран да успее во животот, а Луција, нивната соученичка, е мистериозна девојка со која Јан се обидува да оствари врска. Тоталитарното влијание на политиката врз животот на младите луѓе е претставено преку инсистирањето за зачленување во владејачката Партија на националниот дух, што Јан го одбива, а Павел и Луција се зачленуваат. Поради одбивањето да се вклопи во доминантната матрица, Јан е санкциониран од невидливите општествени темни сили, прво со ќотек, а потоа и со обид да биде обвинет за убиство по што тој ја напушта земјата и заминува со циркусот што престојува во неговиот град…

Главните улоги ги толкуваат Милан Тоциновски, Сања Трајковиќ, Славиша Кајевски, Никола Ристановски, Јовица Михајловски, Марија Кондовска, Елена Серафимовиќ, Јордан Симонов, Ѓорѓи Јолевски и Инес Бојаниќ, а во споредните ролји се Силвија Јовановска-Стојановска, Петар Мирчевски, Лабина Митевска, Камка Тоциновски итн…

Директор на фотографија е Томи Салковски; монтажер е Игор Андреевски; сценографијата е на Иван Бартлинг и Игор Тошевски, костимите на Бланка Будак, а музиката е на Зоран Спасовски.

Филмот е продуциран со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, Министерството за култура на Република Хрватска, Министерството за култура на Република Србија, The Global Film Initiative и Македонската радио-телевизија. Продуценти се „Сектор филм“ – Скопје, Mainframe Production и Cinears.

Култура

Расказ од Иван Додовски објавен во американското списание „Туркославија“ на Универзитетот во Ајова

Објавено пред

Во првиот број на новото американско специјализирано списание за преводна литература Туркославија, кое се издава на англиски јазик во соработка со Универзитетот во Ајова од САД, објавен е краткиот расказ „Средување на куќата“ на македонскиот писател Иван Додовски, во превод на Вил Фирт.

dobivaj vesti na viber

„Средување на куќата“ е дел од книгата раскази Големиот куфер (изд. Темплум, 2005) на Иван Додовски, која доживеа издание на германски јазик и беше претставена на Саемот на книгата во Лајпциг во 2008 година.

Иван Додовски е македонски писател, поет и професор по критичка теорија и литература на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Објавил четири збирки поезија: Седенка со ликот (1991), Луда луна (1995), Света лудост (1999) и Тревога (2020), збирката раскази Големиот куфер (2005) и повеќе академски книжевни и театролошки студии.

Вил Фирт е книжевен преведувач, кој живее и работи во Берлин. Студирал германски, руски и словенски јазици на Националниот универзитет на Австралија во Канбера и завршил постдипломски студии по јужнословенска филологија во Загреб и на Институтот Пушкин во Москва. Преведува од руски, македонски и сите варијанти на српско-хрватскиот јазик на англиски, како и на германски. Превел дела од М. Крлежа, М. Црњански, од современи хрватски и босански автори, како и дела од македонските писатели Петре М. Андреевски, Луан Старова, Румена Бужаровска, Иван Додовски и други.

Првиот број на списанието Туркославија е достапно онлајн.

Прикажи повеќе...

Култура

Обид за кражба на муралот на Бенкси во Украина

Објавено пред

Група луѓе се обиделе да украдат – исечат дел од фасадата на која се наоѓал еден од муралите насликани во Украина од уличниот уметник Бенкси. Тие се фатени на дело.

dobivaj vesti na viber

Крадците успеале да отсечат дел од гипсот на кој била насликана жена со гас-маска додека во раката држи противпожарен апарат.

Гувернерот на Киевската област изјави дека групата била забележана на местото на настанот во Хостомел, во близина на главниот град на Украина, и дека муралот бил пронајден.

„Тоа се приказни за поддршката и солидарноста на целиот цивилизиран свет со Украина. Ќе направиме се’ за да ги зачуваме овие дела од уличната уметност како симбол на нашата победа“, напиша Олексиј Кулеба на Телеграм и додаде дека муралот сега е под полициска заштита.

Бенкси, чии дела се продаваат за милиони евра, потврди дека минатиот месец насликал седум мурали во Украина на места кои биле тешко погодени од борбите.

На еден од муралите е прикажана гимнастичарка која изведува стој на раце врз урнатини. Друг покажува старец како се бања.

Прикажи повеќе...

Култура

„TorinoFilmLab“ – Филмот на Андреј Волкашин доби 20.000 евра за постпродукција

Објавено пред

Филмскиот проект „Слатката горчина на зрелите калинки“ во режија на Андреј Волкашин, а во продукција на „Веда Филм Продакшнс“ ја освои наградата од 20.000 евра за постпродукција на звук и слика доделена од страна на APostLab, на овогодинешната TorinoFilmLab работилница, информираа од Агенцијата за филм.

dobivaj vesti na viber

За наградата се натпреваруваа сите проекти од Torino Feature Lab и Torino Script Lab, од претходните години.

Исто така, како дел од наградата е и обука на продуцентот Елена Станишева за време на работилницата за пост-продукција која ќе се одржува во Јуни 2023 година во Амстердам.

„Ви благодариме TorinoFilmLab и APostLab за ова неверојатно признание и поддршка за нашиот дебитантски игран филм“, се заблагодари режисерот Волкашин за наградата.

Жири комисијата оценила дека „овој убав и чувствителен филмски проект е во рацете на смел тим за нови таленти, кои се желни да научат како постпродукцијата најдобро може да послужи за раскажувањето на нивната приказна“.

Филмот ја раскажува приказната за Дора, пензионирана медицинска сестра, која одгледува калинки во оддалечено македонско село. По трагичната смрт на нејзината помлада сестра, единствената смисла што ја наоѓа во животот е грижата за синот-тинејџер и мајка си. Сепак, нејзиниот живот се менува кога патиштата ќе и’ се вкрстат со Бендида – млада жена што сопругот на Дора ја наоѓа повредена покрај патот…

Филмот ќе се снима во текот на следната година, со финансиска поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Утре ќе бидат блокирани клучните крстосници во Скопје поради протест на превозниците

Поради протестот на приватните автобуски превозници утре во Скопје почнувајќи од раните утрински часови ќе има посебен сообраќаен режим потврди...

Македонија9 часа

Османи смета дека уставните измени треба што побрзо да стигнат во Собранието и темата да биде затворена

Темата за уставните измени треба што побрзо да биде отворена во Парламентот вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој...

Регион10 часа

Остри реакции во Бугарија по ветото од Холандија

Најавата на Холандија дека одлучила да го блокира приемот на Бугарија во Шенген зоната без гранична контрола предизвика остри реакции...

Свет11 часа

Огромна победа за жените во Иран, укината полицијата за морал, можеби ќе падне и задолжителниот хиџаб

По неколкумесечните протести во кои загинаа повеќе од 300 луѓе, Иран одлучи да попушти и да ја укине моралната полиција....

Економија13 часа

Бо Буџетот за следната година 800 милиони евра капитални инвестиции

Капиталните инвестиции во Буџетот за 2023 се проектирани на 800 милиони евра. Владејачкиот СДСМ коментира дека буџетот за наредната година...

Економија13 часа

Бислимоски: Домаќинствата со 16,32 проценти помала потрошувачка на струја

Домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите, покажуваат...

Македонија13 часа

Најстудено на Попова Шапка, снег во Маврово

Утрово најстудено е на Попова Шапка (минус еден степен), а најтопло во Гевгелија (9 степени). Управата за хидрометеоролошки работи соопшти...

Свет14 часа

Трамп повика на укинување на американскиот устав по објавата на интерните мејлови на Твитер

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повика на укинување на Уставот на САД со цел да се сменат резултатите од претседателските...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Предложени 458 проекти низ општините, граѓаните за првпат одлучуваат за што ќе се трошат нивните пари

„Огромна заинтересираност и предложени 458 проекти од страна на граѓаните за само еден ден низ општините каде градоначалниците се од...

Спорт1 ден

Австралија ги намачи, но Аргентинците закажаа дуел со Холандија

Аргентина е во четврт-финалето на Светското првенство и ќе игра против Холандија. „Гаучосите“ успеаја да ја победат Австралија со 2:1,...

Економија1 ден

Ковачевски: Повисоки пензии, повеќе пари за општините и здравството во буџетот за следната година

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими денеска, на заедничка прес-конференција, го претставија Предлог-буџетот за 2023 година, оценувајќи...

Македонија1 ден

МВР: Немало закани кон полицајци во Арачиново, случајот е целосно расчистен

МВР тврди дека никој не им се заканувал на полициски службеници во Арачиново, а случајот е целосно расчистен. „По извршени...

Македонија1 ден

Украдено возило на Итната помош во Кочани, полицијата го пронашла по пет часа

Доцна синоќа околу 03.40 часот од Општа болница Кочани било украдено службено обележано специјално возило „тојота“, сопственост на Итната медицинска...

Свет1 ден

(Видео) САД го претставија новиот стелт бомбардер, може да носи и нуклеарни бомби

САД синоќа го претставија својот нов стратешки стелт бомбардер Б-21 Рајдер, авион што може да лета без екипаж и да...

Македонија2 дена

Рашковски: Сингапур има биометрија, Србија сообраќаен софтвер, а Македонија ги има Трајчева и Русковска

Став на обвинетиот за предметот „Софтвери“ – поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашкoвски: „Жителите на Сингапур од 2022 година...

Забава2 дена

Патниците наскоро ќе можат да ги користат сите опции на своите телефони во авионите

Патниците во авионите во ЕУ наскоро ќе можат да користат мобилни телефони за време на летот без да го вклучат...

Спорт2 дена

Џака: Дресот на Јашари беше за мојот млад соиграч од Македонија

Капитенот на Швајцарија, Гранит Џака, објасни зошто по победата над Србија носеше дрес со презимето Јашари. Играчот од средниот ред...

Македонија2 дена

Османи одржа предавање на колеџ во Варшава: „Нема место за агресија во Европа во 21. век“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи одржа предавање на Колеџот на Европа во кампусот Натолин во Варшава, следствено по учеството...

Свет2 дена

Белата куќа ја објасни изјавата на Бајден: Засега не планира да се среќава во Путин

Белата куќа ја појасни изјавата што американскиот претседател Џо Бајден ја даде претходно, истакнувајќи дека американскиот претседател во моментов не...

Свет2 дена

Британскиот министер: Путин би можел да ги искористи мировните преговори за обнова на армијата

Рускиот претседател, Владимир Путин, би можел да ги искористи мировните преговори за обнова на војската пред да почне со нова...