Контакт

Култура

Во МНТ проекција на филмот „Иднината започнува денес“

Објавено пред

На 19 октомври во 19 часот, на големата сцена во Македонскиот народен театар, ќе се прикаже документарниот филм „Иднината започнува денес“.

Филмот претставува ретроспектива на седумнаесетте изминати изданија на Меѓународниот театарски фестивал во Бутринти, Албанија, од 2003 година наваму, а воедно и најава за неговото следно издание, кое ќе се одржи во јуни в година. Фестивалот се одржува на локалитетот Бутринти, кој е на листата на светските културни наследства на УНЕСКО. Сместен во јужна Албанија недалеку од Саранда, Бутринти зрачи со медитеранска убавина – мешавина на археологија, култура, архитектура и природа.

Поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, оваа година фестивалот беше откажан, а селектираната програма, во која е и театарската претстава „Отело“ во копродукција на „Перипетија продукција“, МНТ и БНП, е префрлена за в година. Преку прикажување на филмот за богатата фестивалска долгогодишна историја во Скопје, Белград, Тирана и во Ѓаково, но и преку истакнување дека театарските професионалци се стремат кон нова посветла иднина, која почнува денес, симболично се означува дека и покрај сите пречки, театарот повторно како феникс ќе се издигне од пепелта.

Проектот е финансиски поддржан од WBF – Western Balkans Fund, а билетите за настанот се бесплатни и се со ограничен број, може да се подигнат на билетарницата на МНТ.

Култура

Театарската претстава „Кожурец“ вечерва и утре во МКЦ

Објавено пред

Денеска и утре со почеток од 21 часот во МКЦ (сала 25 мај) ќе се изведе новата театарска претстава „Кожурец“, во продукција на независното здружение Артопија.

Работена според вистинска приказна, претставата Кожурец го отвора просторот на комплексните односи помеѓу премолчувањето и прозборувањето, барајќи го во театарскиот контекст јазикот да прозбори за внатрешните и надворешни механизми на сексуалната злоупотреба на деца. Претставата претставува своевиден емотивен пејсаж на една траума, преиспитување на репрезентацијата во театарот, збир на сцени, слики и песни, добиени како материјал од истражувачкиот процес.

Текстот и драматургијата се на Билјана Радиноска и Верица Недеска. Улогите ги толкуваат Душица Настова, Кристина Леловац, Симона Спировска, Наташа Петровиќ.

Претставата е во режија на Билјана Радиноска, а продуцент е Филип Николовски.

Настаните ќе бидат организирани согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Билетите по цена од 300 денари се достани на билетарница во МКЦ.

Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан.

Прикажи повеќе...

Култура

Доделени наградите на „Литера“

Објавено пред

Сликовницата „Бел“, по текст на Ника Гавровска и илустрации на Ристо Аврамовски ја доби наградата за најдобро илустрираното дело во изминатата година на Меѓународниот фестивал за литература и илустрации за деца „Литера“ од Скопје. Оваа награда на пиедестал го става визуелното решение на делото. Три награди фестивалот додели за најдобри сликовници или книги за деца, вреднувајќи го текстот во делата. На конкурсот учествуваа нешто помалку од 30 изданија.

За најдобра сликовница за предучилишна возраст е прогласена „Ежето Снеже“ од Неше Рамовиќ, а илустрации на Иванка Нива, во издание на „Art & Art studio Batev“. Во категоријата литература за деца од 6 до 13 години, за најдобра книга е прогласена „Брзоплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи“ од Катерина Трајановска (илустрации на Калиопи Трпчева) во издание на „Арс ламина“, а во категоријата книги за млади – наградена е авторката Билјана С.Црвенковска за „Ѕвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“ со илустрации на Нита Муча, како книга-нопак (книга што се чита одзади) издание на „Чудна шума“.

Фестивалот „Литера“ прва година доделува награди за најдобрите изданија. Идејата е да се поттикне и да се поддржи литературата и илустрацијата за деца.

За наградата за најдобро илустрирано дело одлучи жирито во состав: Ване Костуранов, Софија Семенпеева-Трајановска и Емилија Ќипроска.

За книжевните награди одлучи жирито во состав: Весна Мојсова-Чепишевска, Александра Јуруковска и Ангела Трајковска.

Во рамките на „Литера“ беше доделена и награда за најдобро дете-автор на 11-годишната Јана Ѓорѓијевска од Скопје.

Третото издание на „Литера“ ќе се одржи на 3 јуни 2021 година. Организатор на фестивалот е Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски

Објавено пред

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје известува дека во рамките на Фестивалот на европската литература „BookStar“ в среда (21 октомври) со почеток во 19 часот во Кинотека на Северна Македонија ќе биде промовиран романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски.

„Скриени желби, немирни патувања“ е трет роман на Владимир Јанковски. Во него преку комбинацијата на педесетина приказни за ликови од различни географски меридијани и приказни за четири лика од Скопје, авторот се занимава со прашањата за тоа како луѓето ја гледаат „својата приказна“, колку конструкцијата на тоа што сме или што сакаме да бидеме е виртуелна имагинација, каков може да биде индивидуалниот одговор на притисокот да се биде успешен, како понекогаш потрагата по себеси и бегството од себе се поклопуваат, кој е нашиот дел, парче, фрагмент во големото шаренило на светот…

„Скриени желби, немирни патувања“ истовремено е и роман за патувањата низ надворешните и внатрешните простори, роман што ги истражува разликите, пресекувањата и поклопувањата на овие навидум различни територии. Комбинацијата од непристрасен поглед на камера и лично обоено раскажување го создава необичниот тон на книгата, кој е еден од најважните аспекти на книгата.

Промоцијата е замислена како разговор со авторот, кој ќе го води писателот Владимир Мартиновски. Во рамките на промоцијата ќе бидат претставени и две видеа со извадоци од романот, направени врз основа на фотографиите на македонскиот фотограф Дејан Колевски.
Владимир Јанковски (Скопје, 1977 година) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работел како уредник во повеќе издавачки куќи. Објавил три романи, две книги фотоесеи во соработка со фотографот Иван Блажев и книга разговори со Влада Урошевиќ. За романот „Невидливи љубови“ ја добил наградата „Рациново признание“ и бил македонски кандидат за наградата „Балканика“.

Настанот ќе биде организиран во согласност со протоколите за организирање настани во затворен простор. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан. Гостите се замолуваат да дојдат 15 минути пред почетокот на настанот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

Царовска: Екскурзии годинава нема да се организираат, учениците можат на прошетка до пет километри

Екскурзии оваа година нема да се организираат, испратени се упатства од Бирото за развој на образование, истакна министерката за образование...

Македонија1 час

Шеќеринска: И ние и Бугарија сме членки на НАТО, ова не е начин на кој треба да комуницираме

Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за...

Регион2 часа

Нов рекорд во Хрватска – 1.424 нови случаи и 11 починати

Рекордни 1.424 нови случаи на коронавирус се пријавени во последните 24 часаво Хрватска, а 11 лица починале, објави Националниот штаб...

Свет3 часа

Австралија пријави случај на повторна инфекција со коронавирус

Австралиските власти пријавија редок случај на Ковид-19 во Мелбурн, Викторија, станува збор за лице кое било позитивно тестирано во јули....

Македонија3 часа

Македонија, Албанија и Црна Гора добиваат респираторни машини од НАТО

До крајот на овој или следниот месец, НАТО ќе достави респираторни машини во нашата земја со цел да помогне во...

Свет4 часа

Приведени уште седум лица за убиството на францускиот професор

Уште седум луѓе, вклучително и двајца малолетници, ноќеска биле предадени на судијата во рамки на истрагата за минатонеделното убиство на...

Македонија4 часа

Од денеска кафулињата и рестораните ќе работат до 23 часот

Од денеска угостителските објекти ќе работат со скратено работно време. Владата на вчерашната 13. седница ги разгледа и прифати препораките...

Свет4 часа

(Видео) Трамп напушти интервју зашто новинарката не носела маска

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло го прекина интервјуто за емисијата „60 минути“ на „Си-би-ес њуз“ и не се врати на...

Свет5 часа

Коронавирусот ќе остане меѓу човечката популација како грип

Еден од најважните британски научници, Патрик Валанс, изјави дека коронавирусот веројатно ќе стане трајно заболување како грипот, доколку вакцината против...

Македонија5 часа

Администрацијата ќе работи од дома или со ротации

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на...

Регион16 часа

Рама: Мора да избегнеме затворање на земјата поради Ковид-19 по секоја цена

Во Албанија има 301 случај на новозаболени од коронавирус, а четворица пациенти починаа, соопштија здравствените власти на таа земја. Во...

Свет16 часа

Папата Франциско првпат носеше маска на молитва за мир во светот

Папата Франциско првпат носеше маска за време на вршењето на својата јавна функција кога денес присуствуваше на молитва за мир...

Македонија18 часа

Заев го прифати барањето за разрешување на Димова

Премиерот Зоран Заев ја информира Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и...

Македонија18 часа

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот

Владата, на денешната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време...

Македонија20 часа

408 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на...

Македонија21 час

Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, мора итно да се...

Македонија23 часа

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Македонија1 ден

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија1 ден

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа1 ден

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Досие