Контакт

Култура

Врачување на наградата на Аница Добра и свечено отворање на фестивалот „Киненова“

Објавено пред

Во кино „Милениум“ вечерва свечено ќе биде отворено третото издание на фестивалот на дебитантски филм, „Киненова“. На отворањето ќе присуствува ѕвездата на фестивалот, српската актерка Аница Добра, на која ќе ѝ биде врачена наградата за особен придонес во светската филмска уметност, а потоа следува проекцијата на филмот „Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи.

Свеченоста почнува во 20 часот. Билетите по цена од 100 денари се продаваат на билетарницата на „Милениум“.

Од програмата „Фокус на Норвешка“, денеска, во 18 часот, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар ќе биде прикажан филмот „Кон-Тики“ на режисерот Јоаким Ронинг и Еспер Сандберг.

Сценарио (Written by): Питер Скавлан (Petter Skavlan)
Улоги (Cast): Пал Свер Хаген (Pål Sverre Hagen), Андерс Басмо Кристиансен (Anders Baasmo Christiansen), Густаф Скарзгард (Gustaf Skarsgård)
Продуценти (Produced by): Аге Аберге (Aage Aaberge), Џереми Томас (Jeremy Thomas)

Синопсис (Synopsis)
Во 1947 светот е обземен со возбуда кога младиот норвешки авантурист Тор Хејердал ја почнува неверојатната експедиција – патување од 4300 водни милји преку Тихиот Океан на неговото Кон-Тики бротче. Уште од неговите денови живот во Маркизот со неговата жена Лив, Тор се сомнева дека островите на Јужниот Океан се населени од древни Јужноамериканци дојдени илјадници милји од истокот. Независно од неговата неможност да плива и неговиот страв од вода, Тор се одлучува да ја докаже својата теорија преку пловење на легендарото патешествие патувајќи сам.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Почина актерот од легендарниот филм „Кум“

Објавено пред

Актерот Дени Ајело, кој имапе номинација за Оскар за најдобра споредна улога во филмот „Направи вистинска работа“, почина на 86 години во Њу Џерси.

Ајело почина по кусо боледување, потврди неговиот портпарол Трејси Милер за „Л.А. Тајмс“.

Со длабоко жалење известувам дека Дени Ајело, воениот сопруг, татко, дедо, глумец и музичар, почина синоќа по кусо боледување. Семејството бара приватност во овие моменти“, соопшти Милер.

Даниел Луис Ајело Џуниор глумеше во голем број филмови, „Еднаш во Америка“, „Пурпурната роза од Каиро“, „Леон: професионалец“, „Среќен број Слевин“ и многу други. Често глумеше италијанско „тврдо“ момче, а неговата кариера траеше од раните 1970-тите до денеска.

Прикажи повеќе...

Култура

Агенцијата за филм: Годинава светот го освоија инспиративни македонски филмови

Објавено пред

Домашната кинематографија ќе ја испрати 2019 година како исклучително успешна година во која инспиративните македонски филмови го освоија светот, беше пораката од годинешниот настан „Во наша режија“, организиран од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија заедно со „Креативна Европа медија деск МК“ и Друштвото на филмските работници.

Пред присутните филмски работници и актери, директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, истакна дека годинава е навистина многу ретка по огромниот филмски бум што го создадоа и креираа, како што рече, нашите филмски мајстори.

„Во прилог на овој факт сведочат и бројките од премиери на 29 филма, учество на над 200 фестивали и добиени над 60 награди. Во оваа пригода да потсетиме само дека македонскиот кандидат за ‘Оскар’, ‘Медена земја’, ги собра аплаузите на три континента. Притоа, овој магичен филм, кој рапидно го зголемува бројот на свои фанови, се закити со голем број престижни награди од реномирани филмски фестивали, како што се ‘Санденс’, Интернационалниот фестивал во Сао Пауло и многу други. Со наградата ‘Лукс’, пак, Европскиот парламент му се поклони на македонскиот филм ‘Господ постои, името ѝ е Петрунија“, рече Тозија.

Тој ги спомена и другите проекти, како најновиот филм на Милчо Манчевски „Врба“, кој беше прикажан на етаблираниот филмски фестивал во Рим. Потоа, „Извидник“ на Алекс Цветков и „Незаборавна пролет во заборавено село“ на Куртим Бектеши, кои имаа свои проекции на важни филмски фестивали.

На вчерашниот настан Агенцијата за филм првпат ја промовира публикацијата за постигнатите резултати, настани и активности за измината година со наслов „Факти и бројки“.

Оваа публикација директорот Горјан Тозија ја најави како редовна тековна активност истакнувајќи дека нејзиното издавање претставува тотално скенирање на целокупната годишна работа на институцијата.

На крајот беше порачано дека со голема возбуда се чекаат новите подвизи на македонската кинематографија, на која светските филмски хоризонти ѝ се широко отворени.

Настанот „Во наша режија“ имаше и хуманитарен карактер преку иницијативата „Топол дом за сите“. Собраните финасиски средства ќе бидат донирани за реновирање на живеалиштата за деца што живеат во тешки услови.

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Серија предавања на Скопското астрономско друштво во Планетариумот на МКЦ

Објавено пред

Скопското астрономско друштво преку предавачот Радан Митровиќ во Планетариумот на МКЦ ќе одржи две предавања за најинтересните и најважни соѕвездија и објекти, како и за календарите и нивната поврзаност со ноќното небо.

„Централна улога има Планетариумот и неговата волшебна способност да ни го долови ноќното небо со преубав приказ на ѕвездите да ни покаже како тоа се менува кога се наоѓаме на разни позиции на Земјината топка, но и да го забрза текот на времето, а со тоа и движењето на ѕвезденото небо над нас“, порачуваат од Скопското астрономско друштво во најавата за предавањата.

Двете предавања ќе се одржат на 17 и 18 декември, со почеток во 20.30, односно 20 часот. Билетите се во ограничен број, а може да се набават во билетарницата на МКЦ за цена од 150 денари.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 часа

Изгласани одредбите за импичмент на Трамп

Одборот на американскиот Претставнички дом, каде мнозинство се демократите, одобри обвинение за злоупотреба на власта и попречување, против претседателот на...

Македонија15 часа

(Видео) Морачанин: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се вадат дека не биле информирани, од септември зборуваме за една изборна единица

По тензичниот ден во Собранието каде што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со поднесување на илјадници амандмани ја блокираа расправата за измени...

Топ15 часа

Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Скопје

Управата за финансиска полиција  поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Е.А., поранешна директорка на средното училиште „Браќа...

Македонија16 часа

Поднесено обвинение против Јанакиески и уште 10 лица за предметот „Шпански скали“

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција  достави обвинение до кривичниот суд против 11 лица за предметот популарно наречен „Шпански...

Топ17 часа

Ексамбасадорот Томислав Димитровски репетирал пушка и ја вперил кон соседот додека се расправале во зградата

Поранешниот амбасадор во Љубљана, Томислав Димитровски вчера репетирал пушка и ја вперил кон сосед, за време на расправија во зграда...

Македонија19 часа

(Видео) Поповска: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амандманите за да се откочи можноста за една изборна единица

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, една од 17-те иницијатори за законот за една изборна едниница од собраниската прес-сала, рече дека...

Македонија21 час

Пендаровски за „Шпигел“: Стравуваме дека ќе станеме втора Турција

Макрон ми рече дека помалку станува збор за нас, а повеќе за ЕУ, на која ѝ треба време за реформа на...

Македонија22 часа

Илија Димовски бара одлагање на „Талир“, две поротнички имаат по 60 години

Обвинетиот Илија Димивски во предметот „Талир“ на почетокот на судењето рече дека две од поротничките навршувале 60 години старост и...

Свет23 часа

Американскиот Сенат одобри резолуција, убиствата на Турците врз Ерменците ги призна за геноцид

Американскиот Сенат денеска одобри резолуција со која убиствата на Ерменците извршени од османлиските Турци пред повеќе од еден век ги...

Свет24 часа

Борис Џонсон прогласи победа на конзервативците

Британскиот премиер, Борис Џонсон, прогласи победа на својата Конзервативна партија, која освои убедливо мнозинство на изборите што се одржаа вчера....

Свет24 часа

Зеленски: Нема да се случи втора Сребреница

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, изјави дека во Донбас нема да се случи Сребреница, затоа што Украина, како што вели,...

Македонија1 ден

Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да...

Свет1 ден

Џон Саливен именуван за нов амбасадор на САД во Русија

Нов американски амбасадор во Русија ќе биде Џон Саливен, актуелен заменик на американскиот државен секретар. За него гласале 70 сенатори,...

Свет1 ден

Уапсени неколкумина осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет

Украинската полиција уапси неколку лица кои се осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет во 2016 година, но сè уште...

Европа2 дена

Белгија ќе прими 10 деца на припадници на Исламска држава

Судот во Брисел ѝ нареди на белгиската Влада да бидат примени 10 деца родени во Сирија, на припаднички на Исламска...

Свет2 дена

Русија нареди депортирање на вработени во американски универзитет

Судот во Русија нареди депортирање на пет лица вработени на Универзитетот во Бафало во САД поради прекршување на условите за...

Спорт2 дена

Тројца шпански фудбалери добија по 38 години затвор за силување на 15-годишно девојче

Фудбалерите на шпанскиот третолигаш Арандина, Раул Калво (21 година), Карлос Квадрадо (26 години) и Виктор Родригез (24 години) добија по...

Економија2 дена

Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог-законот за данок на моторни возила е во собраниска...

Европа2 дена

Трамп: „Грета – личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го...

Македонија2 дена

(Видео) Костадинов: Апелирам амандманите да се повлечат, со дебата да го смениме изборниот модел

СДСМ апелира амандманите што ги поднесе ДУИ да се повлечат. „Да влеземе во суштинска дебата и, конечно, да го промениме...

Досие