Контакт

Култура

Гарванлиев, кој се прослави со „Марионка“, ќе настапи во операта „Дидо и Енеј“ во Филхармонија

Објавено пред

Македонскиот исклучителен баритон Васил Гарванлиев, кој кариерата успешно ја гради на меѓународните сцени (Чикаго, Милано, Торонто, Лондон) во сферата на класичната музика, но и во водите на поп-музиката, ќе настапи во улогата на Енеј на премиерата на барокната опера „Дидо и Енеј“, која ќе се случи во Камерната сала на Филхармонија на 20 септември во 20 часот.

Во најпознатата опера од британскиот композитор Хенри Персл, „Дидо и Енеј“, ќе настапи и канадската оперска дива, сопранот Криста де Силва како Дидо, која моментно пее во престижните оперски куќи на Едмонтон и Монтреал, потоа еден од најбараните барокни ансамбли – „Г.А.П.“ од Германија, како и ансамблот „ИН МЕДИАС РЕС“ на „Полифонија“.

Станува збор за автентична, концертна изведба на љубовната приказна преточена во опера, во организација на Уметничкиот центар „Полифонија“.

Васил Гарванлиев, кој зад себе веќе има реализирано неколку улоги на светските сцени, вели дека настапот во оваа опера и неговото враќање во Македонија за таа цел, го доживува мошне возбудено. „На едно од првите интервјуа што ги дадов кога бев мал водителката ме праша: ‘Што сака да биде Васил кога ќе порасне?’. Без да размислам кажав дека сакам да бидам оперски пејач. Ниту знаев што е тоа опера, но не бадијала велам и сега: ‘Внимавај што ќе посакаш!’ Се чувствувам среќен и благодарен што ќе настапам во Скопје. Среќен сум всушност, поради тоа што станува збор за барокна опера каде што слободно можеш да си ‘играш’ со гласот, со емоциите, со интерпретацијата… И секако, затоа што ова ми е прва оперска улога дома. One night only!

За неговиот порив да учествува токму во ова дело на Персл, Гарванлиев вели: „Навистина голем мотив е пред сè да настапам во опера дома. Пред неколку години, одлучив да се повлечам од операта и да се фокусирам во креирање на оригинална поп-музика. Овој настап е исклучок. Не можев да ги одбијам ‘Полифонија’ и виолинистката Сања Шуплевска, која стои зад организација за ваква соработка. Со Сања се запознавме многу одамна на настапот на Моцартовата ‘Така прават сите’ каде таа свиреше прва виолина, а јас ја пеев главната улога. Интересно е што двајцата сега вратени во родната земја се трудиме да креираме и да придонесеме за нашата музичка сцена. Ништо не е случајно што повторно се споивме и ќе соработуваме на многу проекти заедно во блиска иднина.“

Инаку, еден од последните ангажмани на Гарванлиев врзани за класичната музика беше премиерата на една современа опера во Лондон, каде што, како што вели, тој имал чест да креира улога од почеток. „Бев дел и од престижниот ‘Марлборо фестивал’ во САД две години по ред, каде што настапив со најдобрите музичари од цел свет. Аудиции не се пракса на овој фестивал, и организаторите сами избираат и ги покануваат уметниците да бидат дел од групата“, вели извонредниот вкалист.

За него најголем предизвик во креирање на една улога е да сподели искрена емотивна приказна преку неговиот глас. „Единаесет години музички се образував за да ги научам сите правила. Иако знаев многу одамна дека сакам да бидам универзален пејач, операта ми помогна да ги научам правилата, и сега е време да се ‘скршат’ истите. Моите планови за иднина се врзани со домашната сцена, се вратив со новиот сингл „Ѓердан“, снимивме акустичен збир на песни со Горан Алич (Дом. Патување. Љубов), и бев дел од евровизискиот тим годинава со Тамара. Во моментов сум навлезен во креативна фаза на пишување музика која многу скоро ќе биде објавена.“

Дел од македонската публика го памети Гарванлиев уште како дете, кога ја испеа познатата „Марионка“ на фестивалот „Златно славејче“. Вели дека токму „Марионка“ го одбележала неговото детство и воедно, на некој начин, тој настап му ‘укажал’ што сака да биде во иднина.

„Благословен сум што толку рано го препознаа мојот талент. По заминувањето во САД, имав јасна визија дека музиката ќе биде дел од мене засекогаш. И ете, приказната уште се гради“, вели Гарванлиев.

Култура

Лауретатот на Златна камера 300 за животно дело, Јоргос Арванитис пристигна во Битола

Објавено пред

Вториот лаурет на 40. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера, Јоргос Арванитис, вечерва пристигна во Битола.

Јоргос Арванитис, еден од најважните европски кинематографери на сите времиња, чија работа ги обликувала филмските визии на генерации синеасти од целиот свет, е добитник на Златна камера 300 за животно дело.

Тој вечерва пристигна во Битола, го пречека директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска. Арванитис уште еднаш се заблагодари за топлиот пречек и за честа да биде лауреат на оваа престижна награда.

Утре, во рамки на фестивалската програма, Арванитис ќе одржи мастер класа која ќе биде отворена за публика.

Злтанта камера 300 свечено ќе му биде доделена на затварањето на фестивалот „Браќа Манаки“ во сабота на 21 септември.

Прикажи повеќе...

Култура

„Привремени фигури“ и „Злосторство на 21 век“ утре на МОТ

Објавено пред

Програмата на 44. МОТ утре, 19 септември, продолжува во МКЦ и театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес со „Привремени фигури“ од Романија и домашната „Злосторство на 21 век“.

Седмата фестивалска вечер почнува во 20 часот во МКЦ. Режисерот Марко Мартинс ја поставува „Привремени фигури“. Називот употребен во статистички истражувања за да се класифицираат сите мигранти, чија положба и статус се недефинирани или привремени, а кои во тој момент работат во Велика Британија.

„Привремени фигури“ е кулминацијата на двегодишен проект работен со португалската Great Yarmouth заедница, повеќето од нив доселени во градот во периодот од 2009 до 2014 година, за да работат на плантажи за производство на храна во Норфолк. Искористувајќи ја влошената состојба на овој крајбрежен град, поранешен омилен ресорт за одмор, користат хотели и полунапуштени каравани за да ги сместат своите нови работници. По неколку месеци работа во Great Yarmouth со девет жители од различни националности, Мартинс ни носи приказна базирана на индивидуални сведоштва на луѓето, кои лично го искусуваат периодот на несигурност и прилагодување.

Во исто време на сцената на театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес, Владимир Милчин ќе ја постави претставата „Злосторство на 21 век“. Претставата е македонска праизведба на третиот драмски текст од антивоената трилогија Едвард Бонд, еден од највлијателните и најконтроверзните драмски автори во модерната драматургија.
Поаѓање со организираниот превоз е во 19 часот пред МКЦ.

Во склоп на придружната програма со почеток од 18 часот во Кино Култура ќе се одржи предавање и дискусија со претседателот на Африканската мрежа за принципи во културата – Мајк ван Гран.

По претставите следува концерт на бендот „Шумски“ со почеток од 22 часот во МКЦ. Групата е основана во 1991 година од Корнел Шепер и Марин Јурага, а статусот на култен загребски бенд им го донесе нивниот поинаков и сосема единствен звук, настанат под влијание на цела низа музички стилови, од афро, краут, new wave, авант-поп, прог-рок па сè до музика од цртани филмови.

Прикажи повеќе...

Култура

Промовирана аудиокнигата „Ова не е крај“ посветена на Тоше Проески

Објавено пред

Националниот сојуз на слепите на Република Северна Македонија денеска ја промовираше аудиокнигата „Ова не е крај“ посветена на Тоше Проески, како и звучното месечно списание „Панорама“, кое е гласник на Сојузот за информирање на слепите и слабовидните лица од земјава и од регионот.

На промоцијата се обрати министерот за култура, Хусни Исмаили, кој меѓу другото рече:

„Министерството за култура со години ја поддржува издавачката дејност на Националниот сојуз на слепите на Република Северна Македонија зашто посветено работиме на спроведување на нашите политики за надминување на различностите, за кршење на бариерите, на намалување на границите и на разликите помеѓу луѓето од каков било вид“.

На свеченоста во Националниот сојуз на слепите, организирана по повод 15 Октомври, Светскиот ден на Белиот стап, се обрати претседателот на Сојузот, Жарко Селковски, а беа промовирани и последните броеви од списанието „Панорама“.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт10 часа

Македонец станува селектор на светските шампиони САД?

Македонецот Влатко Андоновски, тренерот на НВСЛ тимот Рејн ФЦ е главен кандидат да стане нов тренер на светските шампиони во...

Македонија13 часа

Продолжен притворот на Катица Јанева

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно...

Македонија13 часа

Со лажна диплома од Приштина работел како професор по математика во Куманово

Педесет и едногодишен маж со фалсификувана диплома од универзитет во Приштина, Косово, се вработил како професор по математика во основно училиште во...

Македонија16 часа

Ексминистерот за правда, Беџети, одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да го потпише барањето за екстрадиција за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм...

Македонија17 часа

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија17 часа

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Македонија18 часа

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализантите и младите лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот центар по повод...

Топ19 часа

Воз прегази маж кај надвозникот на булеварот Србија

Триесет и едногодишен скопјанец загина кога во него удри воз на железничката пруга, пред надвозникот на булеварот Србија. Според информациите,...

Свет20 часа

Би-би-си: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз...

Свет21 час

Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија...

Свет21 час

САД бараат конфискација на приходите од продажбата на книгата на Сноуден

Министерството за правда на САД соопшти дека поднеле тужба против Едвард Сноуден и бараат конфискација на сите приходи од продажбата...

Свет1 ден

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Спорт1 ден

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев,...

Регион1 ден

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч...

Македонија1 ден

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија2 дена

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија2 дена

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија2 дена

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија2 дена

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Досие