Контакт

Култура

Гевгелиски доктори со акустичен концерт ги поддржаа своите колеги

Објавено пред

Стиховите „Чукни во дрво, вистина е, надвор е пролет, живи сме“ е метафорична порака со која сакаме да изразиме поддршка и благодарност до нашите колеги доктори кои во моментот се во првите борбени редови против коронавирусот. Вака гласаа зборовите на младите гевгелиски стоматолози Александар Петковски и Томе Каркалашев, кои со гитарите в раце и добро стокмена листа од исклучиво македонска музика во текот на саботниот полициски час им приредија едночасовно уживање на гевгеличани под отворено небо.

„Можеби ноќните излегувањата сè уште не се дозволени, а не знаеме ни кога ќе се врати животот во нормала, но затоа знаеме дека гелгеличани уживаа на своите балкони. Се надеваме дека пораката што ја испративме до јавноста ќе биде прифатена од сите“, вели Александар.
„Караорман“ е место од каде што се гледа целиот град, а исто така е и местото од каде што настапуваа тие двајца. Нивното дуо е познато како ChillOut. Поддршка можете да им дадете на нивниот инстаграм-профил потпишан како chill_out.official.

„Преку пораката немаме цел да селектираме професии. Многу професии се исто така изложени на ризик од вирусот. Доставувачите на храна, вработените во маркетите, полицијата, војската, лицата ангажирани за оддржување хигиена, возачите и уште многу други. Сите заслужуваат огромен аплауз“, вели Томе.

Настанот беше поддржан од градоначалникот на општина Гевгелија и кафулето „Пикасо“, кој го пренесуваше настапот на социјалните мрежи.

Книги

И монографијата „Манаки“ на Игор Старделов достапна онлајн

Објавено пред

Кинотеката на својата веб-страница продолжи да додава дел од своите изданија, со што тие се достапни за пошироката јавност, кинотечната публика и сите оние што сакаат да дознаат нешто повеќе за домашната и странската кинематографија. По сите досегашни броеви на „Кинопис“, списанието за теорија и историја на филм, од денес достапна за читателите е и монографијата „Манаки“ од авторот Игор Старделов, издание на Кинотеката од 2003 година. Тука можете да ја преземете монографијата.

Монографијата е еден заокружен научен труд за дејноста, значењето и активноста на првите сниматели на Балканот – браќата Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964) Манаки – и донесува нови сознанија за нивната фотографска, филмска и киноприкажувачка дејност. Низ шест поглавја авторот ги разгледува не само биографските моменти и творечкиот опус на браќата Манаки туку и критички демистифицира одредени историски факти и тврдења за нивниот живот и дело, ги анализира содржината и структурата на нивните филмови и изразните елементи, како монтажа, структура и хронотопичност на кадар, семиотика на филмска слика, кинестетски карактеристики на масовните сцени итн. На крајот, со посебен прилог Старделов се осврнува кон предизвиците на реставраторските и конзерваторски хемиски процеси со кои се заштитени филмските ленти на Манакиевци.

Во 2014 година монографијата „Манаки“ беше преведена и на турски јазик за заедничкото издание на Кинотеката и ESR Film Yapim од Истанбул.

Игор Старделов (1963) е раководител на Одделението на заштита на филмови и филмски материјали (Филмскиот архив) на Кинотеката. Објавил повеќе научни трудови од областа на историјата и теоријата на филмот во домашни и странски списанија, а меѓу другото, раководел и со проектите за заштитна реставрација на филмските ленти и дигитализација на филмовите на браќата Манки, финансирани од Министерсвото за култура.

Кинотеката филмовите на браќата Манаки, реставрирани и дигитализирани, ги издаде на ДВД во 2014 година.

Прикажи повеќе...

Култура

Повик за уметници, илустратори и дизајнери за картите FIERCE WOMEN WOW

Објавено пред

Проектот „Жени за жени“ (Women on Women), кој во моментот Здружението за промоција на женската активност „Тиииит! Инк.“ го имплементира заедно со партнерите Prostor rodne i medijske kulture K-zona од Хрватска, Mesto Žensk од Словенија и Outlandish Theatre Platform од Ирска, има цел да даде видливост на значајните и инспиративни жени што нашето општество го менувале на подобро.

Во 2018 година партнерите од Хрватска развија иновативна игра со карти Fierce Women, која ги запознава нејзините играчи со достигнувањата на жените во сферите на културата, политиката, науката, феминизмот, човековите права и уметноста. Ова е забавен, едукативен и општествено ангажиран производ, кој ја нуди можноста да го отвори прашањето за родовата еднаквост во нашите општествени кругови.

Во рамките на овој проект во план е изработка на дополнителен шпил со 30 нови значајни или, како што ги нарекуваат нашите партнери од Хрватска, страшни жени, од Хрватска, Словенија, Ирска и од Северна Македонија. Вкупно 7 жени од ова поднебје се наоѓаат во селекцијата, и тоа: Роса Плавева, Накие Бајрам, Лилјана Дирјан, Вера Весковиќ-Вангели, Искра Грабул, Мимоза Несторова-Томиќ и Рајна Алексова за кои едвај чекаме да видиме интересни илустрации што ќе ги претстават нивните ликови и достигнувања. Апликант(к)ите треба да изберат од една до три од листата на триесетте избрани жени, од кои не се бара завршена илустрација, туку доволно е само скица.

За таа цел, објавен е повик отворен за уметници, илустратор(к)и и дизајнер(к) од цела Европа! Ги повикуваме креативците од нашата земја да се пријават најдоцна до среда, 24 јуни 2020. Оние автор(к)и чии илустрации ќе бидат избрани да бидат дел од овој шпил, ќе добијат награда од 160 евра (бруто) од илустрација и нивното уметничко дело како дел на овој шпил ќе биде промовирано преку разни канали на проектните партнери, како социјални мрежи, фестивали и други настани. Исто така, победничките и победниците ќе добијат шпил од картите Fierce Women WOW и еден од оригиналниот шпил Fierce Women. Повеќе информации за правилата и можностите што ги нуди овој повик можете да најдете на веб-страницата на „Тиииит! Инк.“ (tiiiitinc.com).

Прикажи повеќе...

Култура

Друштвото на филмските работници на Македонија одбележува 70-годишнина

Објавено пред

Друштвото на филмските работници на Македонија одбележува 70 години од своето постоење.

Друштвотото на филмските работници на Македонија е основано на 21 мај 1950. Тоа е формирано како општествена организација што ги опфаќа филмските работници од сите профили. За прв претседател на ДФРМ беше избран Јован Бошковски, а Милтон Манаки, првиот снимател на Балканот, беше избран за прв почесен член на Друштвото.

Во него членувале и членуваат водечките авторски имиња што стојат зад македонските филмски остварувања.

Друштвото е иницијатор, основач и организатор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери.

ДФРМ членува во Европската федерација на режисерите, Меѓународната асоцијација на кинематограферите и во Европскиот продуцентски клуб. Друштвото го врши изборот на национален кандидат за наградата „Оскар“ на Aкадемијата за подвижни слики, уметност и науки, во категоријата најдобар интернационален филм.

Во Друштвото моментно членуваат над 100 филмски професионалци.

Големиот јубилеј на ДФРМ ќе биде свечено одбележан во септември оваа година.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

САД ѝ се заканија на Кина поради ситуацијата во Хонгконг

Aмериканскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан се закани дека Вашингтон ќе воведе санкции за Кина и Хонгконг доколку Пекинг...

Регион7 часа

Во Црна Гора веќе нема заразени од Ковид-19

Во Црна Гора воопшто нема пациенти заразени со новиот коронавирус, по 68 дена од првиот регистриран случај, објави денеска Институтот...

Европа7 часа

Австрискиот претседател го прекршил полицискиот час, полицијата го нашла во ресторан по полноќ

Австрискиот претседател, Александер Ван дер Белен, се извини денеска откако полицијата во друштво на неговата сопруга Дорис Шмидауер, по полноќ...

Европа8 часа

На миса во Франкфурт се заразиле 107 лица

Најмалку 107 лица се заразиле со коронавирус на миса на Баптистичката црква во Франкфурт, објави денеска локалниот министер за здравство....

Свет13 часа

„Њујорк Тајмс“ на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19

Весникот Њујорк Тајмс на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19. Вообичаени текстови, фотографии и цртежи се заменети...

Македонија14 часа

Нови 37 случаи на коронавирус во земјава, нема починати

Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус и тоа: – Скопје...

Спорт14 часа

Мечот Ливерпул-Атлетико е „одговорен“ за 41 починат од коронавирусот

Анализата на податоците на Британската здравствена служба (НХС) открива дека мечот од осминафиналето од Лигата на шампионите на Ливерпул против...

Свет14 часа

Десетдневна жалост поради жртвите на коронавирусот во Шпанија

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека во јули ќе се отворат граници за странските туристи и најави дека ќе се...

Македонија14 часа

Филипче: Иван е добар, следува најважниот период од неговото закрепнување

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово во Клиниката за Државна Кардиохирургија го посети пациентот на кого му беше...

Регион16 часа

Хрватска од идната недела ја отвора летната туристичка сезона

Откако хрватскиот министер за туризам го претстави планот за отворање на летната туристичка сезона, во кој се предвидува дека до...

Европа17 часа

Португалски град ќе ги тестира сите жители за коронавирус

Крајбрежниот град Каскаис во близина на Лисабон планира да биде првиот во Португалија којшто ќе ги тестира сите 200 000...

Спорт17 часа

Тајсон: Сите ќе бидете шокирани од името на мојот прв противник (видео)

Мајк Тајсон тврди дека договорот за неговиот камбек во боксерскиот ринг ќе се потпише следната недела и додава дека мистериозниот...

Регион18 часа

Бугарски новинар пронајден мртов во езерото Варна

Бугарскиот новинар Георги Александров бил пронајден мртов, удавен во езерото Варна во езерскиот канал близу Аспарухово, додека работел на сторија...

Свет1 ден

И Амазонската дождовна шума погодена од коронавирусот

И, Амазонската дождовна шума, значајна за балансирање на климата во светот и борбата против климатските промени, страда од пандемија на...

Спорт1 ден

Маса: Знам, но нема да откријам во каква состојба е Шумахер

Фелипе Маса поранешниот тимски колега на Михаел Шумахер тврди дека има информации за состојбата во која се наоѓа легендарниот возач...

Европа1 ден

(Видео) Поради коронавирусот илјадници Шпанци излегоа на улиците

Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Шпанија на повик на десничарската партија Вокс, барајќи оставка на владата на премиерот Педро...

Топ1 ден

Од две возила со автоматски пушки пукано кон скопјанец во населбата Бутел

Скопјанец пријавил дека попладнево од две возила биле испукани стотина куршуми кон него. Престрелката се случила во скопски Бутел 2....

Македонија1 ден

Васил Огњановски: Му благодарам на семејството што спаси три животи, од кои едниот е татко ми

„Операцијата се направи. Полека го будат. Очекувањата се големи. Еднаш докторите го спасија, го вратија меѓу живите, сега тоа го...

Македонија1 ден

Филипче: Бевме немоќни да го спасиме Иван – сега тој доби шанса за втор живот

„Сите ние, а и самиот пациент Иван Огњановски бевме свесни дека тој ги живее последните недели од својот живот, бидејќи...

Свет1 ден

(Видео) Американската морнарица претстави моќно ласерско оружје кое може да уништи авион во лет

Американската морнарица успешно тестираше ново оружје на воен брод. Станува збор за високо-енергетски ласер што може да сруши борбен авион...

Досие