Контакт

Култура

Георги Шарески со концерт „Дуети“ во Филхармонијата

Објавено пред

Оваа сабота, во камерната сала на Македонската филхармонија, ќе се одржи концерт, во кој во интимна атмосфера ќе биде претставена жанровски неограничената и автентична музика на еден од нашите најплодни и најнеобични композитори.

dobivaj vesti na viber

Концертот „Дуети“ на Георги Шарески, на кој ќе бидат изведени авторски композиции на овој наш музичар, кој дипломирал на „Беркли“ и е со светска кариера, аранжирани се за две дуо-формации. Дуети за клавијатури и контрабас, во изведба на Џијан Емин и Оливер Јосифовски, двајца најдолгогодишни и најблиски соработници на Шарески и интернационално етаблирани и реномирани македонски музичари. А во вториот дел се дуети за усна хармоника и гитара во изведба на Марко Јовановиќ, кој е еден од најпознатите европски мајстори на усната хармоника.

На овој концерт ќе биде и македонска премиера за музиката од новиот албум на дуото Шарески – Јовановиќ со наслов Big Love, кој ќе биде објавен во февруари 2023.

Георги Шарески е врвен џез-музичар и композитор, кој особено внимание посветува на бојата на звукот и на аранжманите, каде што тој балансира музички помеѓу традициите во овој жанр, но и на иновациите. Зад себе има десетина албуми, настапувал на многубројни светски џез-сцени во разни формации… трио, квартет, квинтет.

Но, процесот на компонирање и оркестрирање е можеби местото каде што тој најмногу е свој.

„Тоа е поинаков процес од настапи и концерти поради тоа што тогаш сум сам, а кога сум сам, сè зависи од мене и ми е многу полесно да немам сомнежи. Во однос на настапите, исто така ми е најубаво кога не постои сомнеж и поради тоа, во последните неколку години многу внимавам на тоа со кого соработувам. Најмногу сакам да работам со музичари со кои имаме сличен сензибилитет и силна жед за нова и уникатна креација“, изјави Шарески пред најавата за овој посебен концерт, кој почнува во 20 ч, а билетите се веќе во продажба по цена од 350 денари на билетарницата на Филхармонијата.

Култура

Изведба на балетот „Дон Кихот“ на 10 декември во НОБ

Објавено пред

На 10 декември 2022 со почеток во 20 часот на големата сцена на Националната опера и балет ќе се изведе балетската претстава во два чина „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина.

dobivaj vesti na viber

Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Сценограф е Андреј Злобин, додека под костимографијата се потпишува Гана Ипатиева од Украина.

За првпат во улогите на Китри и Базил ќе настапат Христина Наќевска и Балаж Лочеи (Унгарија).

Во улогата на Еспадо ќе настапи Бобан Ковачевски, а во улогата на Улична, Ивана Коцевска. Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет заедно со деца од балетскиот оддел на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.

Прикажи повеќе...

Култура

Премиера на филмот „Фениксот од Кавадарци“

Објавено пред

Во Кинотека на Македонија, денеска, со почеток во 12 часот премиерно ќе биде прикажан документарно-играниот филм „Фениксот од Кавадарци“ реализиран со финансиска поддршка на Филмскиот фонд.

dobivaj vesti na viber

Филмот е сниман на повеќе локации во Скопје и Кавадарци. Сценарист и режисер е Мишо Нетков, главен продуцент и монтажер Миле Петковски, актер наратор Гоце Ристовски, костимограф Живко Трајчевски, аниматор Бојан Секуловски, камермани Кристијан Теодоров и Георге Трајковски.

Филмот говори за Васил Хаџиманов, фармацевт по диплома но музички образован, го владеел нотното писмо, свирел пијано и гитара и бил несекојдневен интерпретатор на изворни македонски народни песни. Благодарение на неговата дејност како собирач на народни песни зачуван е огромен фонд од македонското народно творештво со нотен и текстуален запис. Васил Хаџиманов бил и златоуст пеач кој уште на почетокот на минатиот век бил особено популарен на многу балкански радиостаници изведувајќи македонски песни на македонски јазик.

Прикажи повеќе...

Култура

Расказ од Иван Додовски објавен во американското списание „Туркославија“ на Универзитетот во Ајова

Објавено пред

Во првиот број на новото американско специјализирано списание за преводна литература Туркославија, кое се издава на англиски јазик во соработка со Универзитетот во Ајова од САД, објавен е краткиот расказ „Средување на куќата“ на македонскиот писател Иван Додовски, во превод на Вил Фирт.

dobivaj vesti na viber

„Средување на куќата“ е дел од книгата раскази Големиот куфер (изд. Темплум, 2005) на Иван Додовски, која доживеа издание на германски јазик и беше претставена на Саемот на книгата во Лајпциг во 2008 година.

Иван Додовски е македонски писател, поет и професор по критичка теорија и литература на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Објавил четири збирки поезија: Седенка со ликот (1991), Луда луна (1995), Света лудост (1999) и Тревога (2020), збирката раскази Големиот куфер (2005) и повеќе академски книжевни и театролошки студии.

Вил Фирт е книжевен преведувач, кој живее и работи во Берлин. Студирал германски, руски и словенски јазици на Националниот универзитет на Австралија во Канбера и завршил постдипломски студии по јужнословенска филологија во Загреб и на Институтот Пушкин во Москва. Преведува од руски, македонски и сите варијанти на српско-хрватскиот јазик на англиски, како и на германски. Превел дела од М. Крлежа, М. Црњански, од современи хрватски и босански автори, како и дела од македонските писатели Петре М. Андреевски, Луан Старова, Румена Бужаровска, Иван Додовски и други.

Првиот број на списанието Туркославија е достапно онлајн.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Јовановски: Ова не е бавча на Арсовска, граѓаните треба да ѝ се лутат на неа

Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ кажа дека блокадите не само што остануваат, туку и ќе ги прошират сè додека не...

Македонија31 минута

Весна Дамева е нова претседателка на Судскиот совет

Весна Дамева е нова претседателка на Судскиот совет. Дамева беше избрана со десет гласа за и еден против. Од гласањето...

Македонија47 минути

Герасимовски поднесе оставка од функцијата директор на Академијата за судии и обвинители

Судијата Зоран Герасимовски поднесе оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и обвинители, а поради конфликт на интереси,...

Свет1 час

Меркел: Ако Путин ја нападнеше Украина во 2008 година, ќе ја прегазеше

Ангела Меркел пред околу една година ја напушти функцијата германска канцеларка како хероина на слободниот свет. На прошталната церемонија на...

Македонија2 часа

Охрид меѓу петте најпотценети градови на Балканот

Угледниот магазин „Форбс“ објави листа на петте најпотценети градови на Балканот. Балканскиот Полуостров, опремен со живописни плажи, прекрасни планини и...

Македонија2 часа

Дојави за бомби во училишта во Кавадарци

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска околу 07 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса...

Свет3 часа

(Видео) Експлозија на руски аеродром: Се запали резервоар за гориво, има загинати и повредени

Три лица загинаа во експлозија на резервоар за гориво на аеродромот во близина на рускиот град Рјазан. Шест лица се...

Европа3 часа

Макрон: Имам директен контакт со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека одржува редовни разговори и директен контакт со рускиот претседател Владимир Путин. „Секогаш одржувам редовни...

Економија3 часа

На сила стапија ограничувањето на цената на руската нафтата и забраната за увоз во ЕУ

Денеска стапи на сила ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел договорено од ЕУ, Г7 и...

Свет3 часа

Убиен чеченски блогер во Шведска, голем критичар на Кадиров

Познатиот чеченски антирежимски блогер Тумсо Абдурахманов е убиен во Шведска, потврди чеченското опозициско движење 1ADAT. Според извештаите, Абдурахманов бил убиен...

Свет4 часа

Дојава за бомба во авион за Бристол, летот пренасочен кон Прага

Летот на компанијата „Изиџет“ од Краков, Полска, до Велика Британија безбедно слета откако беше пренасочен кон Прага поради извештаи за...

Македонија4 часа

Блокирани клучните крстосници во Скопје поради протест на превозниците

Поради протестот на приватните автобуски превозници, денеска во Скопје од раните утрински часови има посебен сообраќаен режим. „Министерството за внатрешни...

Македонија22 часа

Османи смета дека уставните измени треба што побрзо да стигнат во Собранието и темата да биде затворена

Темата за уставните измени треба што побрзо да биде отворена во Парламентот вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој...

Регион23 часа

Остри реакции во Бугарија по ветото од Холандија

Најавата на Холандија дека одлучила да го блокира приемот на Бугарија во Шенген зоната без гранична контрола предизвика остри реакции...

Свет1 ден

Огромна победа за жените во Иран, укината полицијата за морал, можеби ќе падне и задолжителниот хиџаб

По неколкумесечните протести во кои загинаа повеќе од 300 луѓе, Иран одлучи да попушти и да ја укине моралната полиција....

Економија1 ден

Бо Буџетот за следната година 800 милиони евра капитални инвестиции

Капиталните инвестиции во Буџетот за 2023 се проектирани на 800 милиони евра. Владејачкиот СДСМ коментира дека буџетот за наредната година...

Економија1 ден

Бислимоски: Домаќинствата со 16,32 проценти помала потрошувачка на струја

Домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите, покажуваат...

Македонија1 ден

Најстудено на Попова Шапка, снег во Маврово

Утрово најстудено е на Попова Шапка (минус еден степен), а најтопло во Гевгелија (9 степени). Управата за хидрометеоролошки работи соопшти...

Свет1 ден

Трамп повика на укинување на американскиот устав по објавата на интерните мејлови на Твитер

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повика на укинување на Уставот на САД со цел да се сменат резултатите од претседателските...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Предложени 458 проекти низ општините, граѓаните за првпат одлучуваат за што ќе се трошат нивните пари

„Огромна заинтересираност и предложени 458 проекти од страна на граѓаните за само еден ден низ општините каде градоначалниците се од...