Контакт

Култура

„Година на мајмунот“ на Шангајскиот меѓународен филмски фестивал

Објавено пред

Mакедонската комедија „Година на мајмунот“, по режија и сценарио на Владимир Блажевски, ќе се прикажува на Шангајскиот меѓународен филмски фестивал, фестивал од А-категорија, кој ќе се одржува од 16 до 25 јуни годинава. Филмот ќе биде дел од панорамската програма на фестивалот, кој е еден од најголемите и најпознати филмски фестивали во источна Азија.

Ова не е прво интернационално прикажување на „Година на мајмунот“ на фестивал од А-категорија. Филмот ја имаше својата светска премиера на Московскиот меѓународен филмски фестивал, еден од најреномираните и најстари филмски фестивали од А-листата.

„Година на мајмунот“, чија домашна премиера беше на отворањето на 21. издание на Скопскиот филмски фестивал, го следи уникатното пријателство меѓу мајмунот Коко и чуварот на Зоолошката градина, Цобе, и нивната авантура во превртениот транзициски свет.

Се снимаше во 2016 година како копродукција меѓу Македонија, Србија, Словенија и Косово, поддржан од „Еуримаж“, на 80-ина локации во Македонија. Главната улога ја игра Игор Ангелов, а во екипата се појавуваат актери од Македонија, Србија, Словенија и од Хрватска.

„Година на мајмунот“ е на редовен репертоар во киното „Милениум“.

Култура

Клаудија Кардинале: Не останав во Америка, зашто Холивуд многу манипулира

Објавено пред

Малата сала на Центарот на култура во Битола беше претесна да ги прими сите заинтересирани новинари, фоторепортери и обожаватели на филмската дива Клаудија Кардинале, кои присуствуваа на денешниот разговор што го водеше Микеле де Анџелис, режисер и продуцент од Италија.

Клаудија Кардинале како млада девојка и немала некоја посебна желба да стане актерка. Сестра и’ имала сини очи, и сите гледале идна актерка во неа, додека, пак, Клаудија, студирала педагогија и сакала да биде учителка. Како 19-годишна девојка победила на натпреварот „Најубава Италијанка во Тунис“ м(земјата каде што е родена и одраснала), освоила наградно патување на филмскиот фестивал во Венеција. Таму го добила првиот филмски ангажман.

,,Сите ми велеа дека треба да станам актерка, па на крајот го послушав татко ми, кој силно ме наговараше, и станав актерка, раскажуваше Кардинале на почетокот на разговорот.
Иако Кардинале станала позната актерка во Италија со филмот „Роко и неговите браќа“ (1960) на Лукино Висконти, нејзиниот глас бил нахсинхронизиран, како и во останатите улоги од тоа време, бидејќи Кардинале во родниот Тунис се школувала на француски јазик. Практично со улогата во филмот „8 ½“ (1963) на Федерико Фелини, Кардинале започнива да снима со нејзиниот глас.

Во 1963 таа го снимила и вториот важен филм на почетокот на нејзината кариера, „Леопард“ на Лукино Висконти.

,,Со Висконти снимов четири филмови, тој обично не сакаше жени, но ми рече дека јас сум невообичаена жена, па затоа снимаше со мене, вели Кардинале. Фелини, пак, сакал да ја види како русокоса жена за потребите на филмот, па затоа Кардинале, која имала долга и бујна црна коса, морала да се бојадисува на секои две недели.

,,Иако Висконти и Фелини беа доста различни карактери како луѓе и во пристапот на филмот, со нив ги снимив најзначајните филмови во тој период. Додека го снимавме „8 ½“, Фелини секој ден ме земаше од дома со автомобил, велејќи ми дека јас сум неговата муза, се сеќава Кардинале, истакнувајќи и италијанскиот режисер Пјетро Џерми („Факти за убиството“) како мошне значаен за автор во почетоците на нејзината актерска кариера.

,,Најсилното чувство во снимањето филмови е да се транформираш во друга личност, а по завршување на филмот, да и се вратиш на сопствената личност, објаснува Кардинале.
Кардинале доби громогласен аплауз од публиката на нејзината изјава дека секогаш одбвивала да се соблекува гола во филмовите.

,,Не сакав да го продавам моето тело, истакна Кардинале, која е позната и како борец и активист за женските права, а од 2000 година е Амбасадор на добрата волја на УНЕСКО.
На прашањето од публиката каков е нејзиниот коментар на актуелното женско движење „Me Too“ во Холивуд, кое се бори против сексуалната злоупотреба на актерките, Кардинале истакна дека таа секогаш се борела и ќе се бори за женските права.

Иако нема снимено многу комедии, многумина во неа препознавале голем комичен потенцијал. Токму со улогата во комедијата „Пинк Пантер“ на Блејк Едвардс, снимен во за неа судбински успешната 1963 година, Кардинале го освојува Холивуд. Подоцна не добивала ангажмани во комедии, но вечерашната проекција на фестивалот во чест на Кардинале – нејзиниот најнов филм „Благородни лаги“ (во режија на Антонио Пису) – е токму комедија, која го истакнува нејзиниот талент за овој жанр до максимум. Инаку, фестивалски гостин е продуцентот на филмот Паоло Роси.

Додека за време на разговорот одеа инсерти од „Пинк Пантер“, кардинале се смееше радосно како мало дете, а потоа сподели една мала тајна од снимањето на овој филм.

,,До „Пинк Пантер“ не пушев цигари, па на снимањето ми дадоа да запалам цигара, но тоа всушност беше марихуана, раскажува Кардинале. Иако имала огромна шанса за успешна холивудска кариера, Кардинале на понудите им одговорила дека таа е Европејка и се вратила во Италија.

,,Не сакав да останам во Америка, бидејќи Холивуд многу манипулира”, изјави Кардинале и повторно доби силен аплауз. Сепак, повремено снимала и холивудски филмови, како легендарниот „Професионалци“ (1966) на Ричард Брукс, како единствена женска ѕвезда меѓу величините како Берт Ланкастер, Ли Марвин, Џек Паланс, Роберт Рајан…

Кардинале е единствената женска ѕвезда и во култниот италијанско-американски епски „шпагети“ вестерн на Серџо Леоне, „Беше еднаш на Западот“ (1968), покрај Џејсон Робардс, Чарлс Бронсон и Хенри Фонда.

,,За мене секогаш било најважно сценариото, но и добриот режисер. Многу добро се сложував и со Брукс и со Леоне, но Леоне некако повеќе ми одговараше на карактерот заради заедничката италијанска нишка. Сепак, и „Професионалци“ е меѓу моите најзначајни филмови”, истакна Кардинале.

Иако играла со познати актери кои важеле за големи заводници, Кардинале нагласи дека никогаш немала љубовна афера на снимањата со ниту еден партнер. А покрај гореспоменатите, нејзини филмски партнери биле и Ален Делон, Марчело Мастројани…

,,Во 1960-та година го снимавме „Bell’ Antonio“ („Убавиот Антонио“) на Мауро Болоњини, со Мастројани во главната машка улога. Во филмот тој ја игра улогата на маж, Сицилијанец, кој е многу убав, но не може да води љубов со мене, па пред хотелот се собраа Сицилијанци кои тврдеа дека нема импотентни мажи кај нив, низ смеа раскажува згода од снимањето на филмот.
Кардинале ја истакна и соработката со мајсторот на филмската фотографија Џузепе Ротуно, еден од лауреатите на „Браќа Манаки“, во „Леопард“ на Висконти (1963). Сцената со балот ја снимале цели три недели.

,,Ротуно беше голем уметник”, истакна Кардинале. Таа раскажуваше и за искуството со режисерот Пасквале Сквитиери. За време на снимањето на филмот „Луција“ се вљубиле еден во друг, се венчале, а потоа снимиле уште 10 филмови. Нивната ќерка Клаудија Сквитиери ја придружува мајка си во Битола.

,,Татко ми често велеше дека филмот беше добар, но со текот на снимањето мајка ми станувала се поубава во неговите очи, бидејќи му го сменила животот”, раскажа Клаудија и заработи голем аплауз. На тоа одговори мајка и, која спомена дека таа го одбрала Пасквале за сопруг.

Во периодот на нејзината голема слава медиумите вештачки подгревале „натпревар“ меѓу тогаш најпопуларните актерки – Кардинале и Брижит Бардо, кој често го насловувале како „Војна на иницијалите – Б.Б. против К.К.“. По завршетокот на разговорот публиката направи вистинска медитеранска процесија со Клаудија Кардинале, пеејќи ја со неа популарната италијанска песна „Марина“, и ја испрати до хотелот „Епинал“.

Прикажи повеќе...

Култура

Филмските работници барале репарација на камерата на Манаки, но немало средства

Објавено пред

Од

Фестивалскиот ден во Битола денеска започна со прес-конференција на тимот кој го работеше филмот „Љубовникот“ што беше прикажан синоќа на свеченото отворање на фестивалот.

„Одличното мало филмче со голема идеја – „Љубовникот“ имаше светска и македонска премиера, но после ова секако ќе биде претставен и на други фестивали. Денеска фестивалската атмосфера ја исполни добро чувството дека имавме светска премиера на убав филм, кој неговите продуценти во најскоро време ќе го пласираат на некој од светските фестивали, бидејќи тој секако ќе допре со својата универзалност и јазик до срцата на пошироката публика бидејќи навистина има едно и носталгично, омажовско свртување кон она што бил некогаш стариот добар филм и она што значи сегашно некакво видување на филмот, со технолошките спојувања на процесите за да се направи едно вакво дело“, рече Благоја Куновски – Доре, претставувајќи го филмот.

На средбата со новинарите присуствуваа режисерот и сценарист, Игор Иванов – Изи, кинематограферите Дејан Димески и Томи Салковски и актерите Наталија Теодосиева и Сашо Петровски.

За идејата за снимање на „Љубовникот“ говореше режисерот и сценарист Игор Иванов.
„Ова е една постара идеја. Овој филм сакавме да го направиме поодамна. Сценариото е напишано уште во 2009 година. Го напишав во еден здив, ми дојде од некаде оваа идеја и размислувавме со Томи дека е најдобро да се реализира со камерата на браќата Манаки. Тоа што сакавме да го направиме е да направиме еден постмодерен акт и да не биде само филм по себе, туку да биде нешто што на филмот му е прикачено дополнително како ПР случување, нешто што има врска со јавноста и на тој начин да функционира тоа како дело. За таа замисла да биде целосна сакавме да ја репарираме камерата на браќата Манаки, дури доаѓавме овде во Битола со Томи и со почитуваниот Драган Салковски, кој правеше инспекција на камерата, проверуваше дали е во ред, какви се запчаниците, објективот 16 милиметарски…итн. Сакавме сето тоа да го направиме и со таа камера да го снимиме филмот, но тоа не се случи поради буџетски ограничувања. Бидејќи тој процес навистина не може да влезе во буџетот за еден краткометражен филм и потоа размислувавме што и како понатаму, Томи ме праша дали би аплицирале со овој филм повторно, јас се согласив, Агенцијата за филм овозможи средства и ете го снимивме овој филм со стандардна техника од денешно време, со „ари алекса“ камера. Сакавме да направиме едно, испадна друго, но се разбира дека дестинацијата на овој филм беше секогаш „Манаки“. Секогаш имавме идеја да го промовираме овде и многу ми е драго што се случи вчера, девет години по иницијалната идеја“, рече Иванов Изи.

Кинематограферот и продуцент на филмот, Томи Салковски говореше за соработката со Драган Салковски и идејата да се снима со камерата на браќата Манаки.

„Целата идеја филмот да се снима со камерата на браќата Манки беше изводлива, но сепак многу скапа. Имавме доста разговори со „Маџар филм“, добивме многу поволни услови, но во моментов во светот се помалку се работи на филмска лента. Целиот процес е доста поскап, поготово за овие мали филмови, кои се еден вид на егзибиција. Ние сакавме да работиме со нешто што е старо, што стои во архива. Овде за време на Фестивалот камерата е изложена како експонат, а ние сакавме да ја репарираме, а тоа не е лесно и повлекува дополнителни трошоци, но мислам дека тоа треба да се направи во иднина, еве ова нека биде една иницијатива оваа камера да се репарира и да се врати во функција, бидејќи таа не е само наша македонска, туку и балканска историја за почетоците на кинематографијата“, истакна Томи Салковски.

„Бидејќи снимавме со камера „Ари алекса“, се решивме сето тоа да го направиме како една игра, да направиме заеднички проект со Изи, со Дејан и Салко. Беше многу интересно и многу лесно од аспект на кинематографер, во споредба со онаа првичната идеја и задача што ја имаве замислено, заклучи Томи Салковски.

Тој се заблагодари на Агенцијата за филм на Република Македонија, на Фестивалот „Браќа Манаки“ што го прикажа овој филм на отворањето и истакна дека се надева оти филмот, иако е специфичен сам по себе, ќе има интернационале живот.

Дејан Димески, минатата година освори „Бронзена камера 300“ за филмот „Жаба“, а годинава е дел од тројцата кинематографери на филмот „Љубовникот“. Тој се осврна на соработката со Драган Салковски, ветеран во македонската кинематографија, кој со задоволство го пренесува своето искуство на помладите и за процесот на снимање.

„Драган Салковски седеше зад мониторот заедно со Изи и секогаш ни кажуваше идеи, имаше постојано свои коментари во однос на композицијата, на структурата, затоа што филмот се снимаше на „ари алекса“, но сите монитори беа завртени на црно-бело. Инаку, јас во својот окулар гледав во колор. И така се случуваше да има интеракција, па се враќавме да видиме како изгледа снимениот материјал. Претходно ги избравме сите тоналитети за да може да ја доловиме таа фотографија на тој штимунг на таа црно-бела фотографија и соработката беше прекрасна. Инаку, со Томи заедно дипломиравме, а со Драган Салковски се знаеме од кога се занимавам со оваа професија така што сето ова беше едно прекрасно искуство“, рече Димески.
На прес конференцијата присуствуваа и актерите Наталија Теодосиева и Сашо Петровски, а општ беше заклучокот дека тој е одличен како идеја дека сепак љубовта победува.
Наталија Теодосиева рече дека ова било прекрасно искуство.

,,Досега немам работено такви сцени, Не сме имале прилика така да работиме. Со Сашо имавме неколку проби, две до три проби со акробациите, лесно се работи со него бидејќи тој е професионалец и мислам дека многу добро се снајдовме како изведувачка и актерска двојка”, рече Наталија.

Сашо Петровски е професионален акробат. „Имав неколку сцени во кои направив точно тоа што ми го кажаа и мислам дека испадна добро. На прашањето во каква состојба ја затекнале камерата на браќата Манаки и колку би чинела нејзината репарација, Томи Салковски истакна дека камерата има проблем со објективот.

„Објективот е фиксиран, но механизмот функционира беспрекорно. Оставена е во добра состојба. Требаше да се направат мали интервенции и проби. Да не се направеа тие проби теоретски ние не можевме да дојдеме до точна пресметка. Се прават проби, се снима материјал се носат во лабораторија и после тоа стручни лица врз основа на снимениот, експонираниот материјал проценуваат што треба точно да се направи. Немавме некои точни пресметки, само апроксимации кои беа поголеми од буџетот кој беше доделен од Агенцијата за филм, така што одлучивме да не навлегуваме во посериозни елаборати во поглед на репарацијата. Инаку објективот е своевиден камкордер и за него е потребна репарација, треба да се прати во „Цајс“.

Прикажи повеќе...

Култура

(Галерија) Почна ,,Браќа Манаки” – Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Објавено пред

Со перформанс во режија на Срѓан Јаниќијевиќ беше отворен 39 интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

На отворањето ќе бидат прикажани краткиот филм „Љубовникот“ во режија на Игор Иванов-Изи и „Истребувач 2049“ во чест на оскаровецот Роџер Дикинс, лауреат на наградата „Златна камера 300“.

Главна ѕвезда на фестивалот е Клаудија Кардинале, легендарната италијанска актерка која ја доби специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност. Таа продефилира на црвениот тепих и се фотографираше со дел од присутните. Со неа се фотографираше и министерот Никола Димитров.

Актерката Милица Стојанова ја доби наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, која ја доделува Друштвото на филмските професионалци на Македонија. Фестивалот ќе биде затворен со филмот „Црниот кју-кју клановец“ во режија на Спајк Ли и со краткиот филм „Скаут“ на Алекс Цветков, режисер од македонско потекло кој живее во САД. Фестивалот ќе трае до 29 септември, а публиката ќе може да види 95 филмови поделени во повеќе филмски програми. Ќе бидат прикажани филмови од големи продукции селектирани на најпознатите светски фестивали.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам, порача Мицкоски од Охрид

Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски, заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и...

Култура3 часа

Клаудија Кардинале: Не останав во Америка, зашто Холивуд многу манипулира

Малата сала на Центарот на култура во Битола беше претесна да ги прими сите заинтересирани новинари, фоторепортери и обожаватели на...

Македонија3 часа

Видео порака на Столтенберг: Вратата е отворена, ве чекаме во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку видео порака се обрати до македонската јавност и ја повика да одлучи дали...

Македонија4 часа

16 лица се затруле од сендвичи во Виница, петмина се во болница

Од минатата сабота до денеска, околу 50 лица од Виница се затруле од храна во различни угостителски објекти во градот....

Македонија4 часа

Бујар Османи со 40 претставници од Македонија в четврток на скрининг во Брисел  

Со досега најголема делегација од над 40 претставници в четврток, главниот политички преговарач Бујар Османи заминува во Брисел. Европската комисија...

Македонија5 часа

(Видео) МВР ќе казнува и за активности на интернет за спречување на правото на глас

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во рамки на подготовките за одржување на референдумот денес соопшти дека полицијата е на...

Македонија6 часа

Трка на бизнис секторот, најбрзи и годинава Министерство за финансии

Тимот од Министерството за финансии на чело со министерот Драган Тевдовски и годинава беше најбрз на бизнис трката покрај Вардар во...

Топ7 часа

Кај Лојане за неколку дена откриени над 120 мигранти

Полицијата за неколку дена открила 13 случаи со мигранти кои се обиделе илегално да ја преминат границата кон Србија. Како...

Свет7 часа

Кина ги откажа трговските преговори со САД

Кина ги откажа планираните трговски преговори со САД и наредната недела нема да го прати вицепремиерот Лиу Хе во Вашингтон....

Европа8 часа

Протести во Полска: ,Не се живее од плата до плата. Ние гладуваме”

Неколку илјади Полјаци вработени во јавниот сектор, меѓу кои вработените во образованието и здравството, како и пожарникарите, излегоа на протест...

Македонија9 часа

(Видео) Иванов од САД: Нема да гласам на референдумот

Претседателот Ѓорге Иванов од САД порача дека дека да отстапи од својата одлука и дека на 30 септември нема да...

Забава12 часа

СЗО: Поради консумација на алкохол годишно умираат три милиони луѓе

Алкохолот годишно убива околу три милиони луѓе низ целиот свет, односно прекумерната консумација на алкохол убива повеќе луѓе отколку сидата,...

Култура21 час

(Галерија) Почна ,,Браќа Манаки” – Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Со перформанс во режија на Срѓан Јаниќијевиќ беше отворен 39 интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На...

Европа24 часа

Почна Октоберфест во Минхен, се очекуваат шест милиони посетители

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтен го отвори 185. фестивал на пивото – Октоберфест, еден од најпознатите и најголемите фестивали во...

Македонија1 ден

(Видео) Шилегов: Од Лисиче до Центар со воз се стигнува за 4 минути, од таму продолжете со велосипед

Европската недела на мобилност 2018 во Скопје заврши со комбинирање на железнички и превоз со велосипед. Активисти од здружението „Прв...

Свет1 ден

(Видео) Над 20 мртви при вооружен напад за време на воена парада во Иран

Дваесет и четири лица се убиени, а 53 повредени во утринскиот напад на вооружени луѓе за време на воена парада...

Македонија1 ден

(Видео) Платите на хирурзите покачени за 5.300 денари, повисоки плати и во школите и во градинките

На вработените во градинките, училиштата и болниците септемвриската плата ќе им биде зголемена за пет отсто. Зголемената плата ќе им...

Македонија1 ден

Следува период на пост-демократија во која главниот збор не е на избирачите, рече Иванов на предавање во САД

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на почетокот на работната посета на САД, одржа предавање на Државниот универзитет Вејн во...

Топ1 ден

Холанѓанец пронајден мртов во вила во Трпејца

Во вила во охридското село Трпејца, во текот на вчерашниот ден починат бил пронајден 79-годишен Холанѓанец. Како што информираат од...

Македонија1 ден

(Видео) Макрон со обраќање до македонските граѓани: Ниеден договор не е совршен, но се работи за иднината на земјата

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во пресрет на референдумот закажан за 30. септември преку видео-обраќање упати порака до македонсите граѓани, при...

Досие