Контакт

концерти

Годишен концерт на Мандолинскиот оркестар Скопје

Објавено пред

Годишниот традиционален концерт на мандолинскиот оркестар „Скопје“ ќе се одржи на 12 декември, в среда, со почеток во 20 часот, во фоајето на Македонската опера и балет.

Младите мандолинсти ќе настапат под диригентската палка на диригентите Рамадан и Ерхан Шукри, а дел од програмата ќе бидат безвремените оригинални композиции, напишани наменски за мандолински оркестар од К. Мандонико, Д. Крајдлер, Д. Хакнет, С. Рахмањинов, А. Карас, И. Ордуљ и Љ. Бранѓолица.

Мандолинскиот оркестар „Скопје“ во своите 17 години постоење секогаш на годишните концерти се претставувал со неоспорна виртуозност и музикалност, а репертоарот бил исполнет со најрепрезентативните дела од оперската, балетската и симфониската музика од светското музичко наследство. Инструменталистите од овој оркестар исполнуваат и популарна забавна музика, стилизиран и обработен фолклор, дела посебно напишани за мандолински оркестри, композиции од македонски автори, како и композиции за деца. Оркестарот е добитник на многу први, специјални награди на престижни фестивали и натпревари надвор од Македонија, како и на гран при освоени во Имотски и Москва.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

„Младите доаѓаат“, настап на талентирани ученици со Филхармонијата

Објавено пред

„Младите доаѓаат“ е насловот на претстојниот концерт на Филхармонијата, кој ќе се одржи овој четврток, 23 мај, во 20 часот.
Следејќи ја традицијата, и оваа година со Филхармонијата ќе настапат млади, талентирани музички уметници, ученици од државните музички училишта во земјава, кои се избрани по пат на аудиција.

Под диригентство на маестро Сашо Татарчевски ќе бидат изведени дела од Крајслер, Виењавски, Дворжак, Бетовен, Монти, Маскањи, Штраус, Рахманинов…

На годинешниот концерт „Младите доаѓаат“ како солисти ќе се претстават: Иван Милосов – виолина (VI основно, ОМУ „Ристо Јуруков“, Кочани), класа: проф. Петар Поповски; Наоми Георгиевска – виолина (III средно, ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје), класа: проф. Олег Кондратенко; Танер Мачев – кларинет (I средно, ДМУЦ „Сергеј Михајов“, Штип), класа: проф. Игор Димов; Ева Живковска – соло пеење (III средно, ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје), класа: проф. Имери Мустафа; Леонардо Димоски – виолина (IX основно, ООМУ„Ордан Михајлоски-Оцка“, Прилеп), класа: проф. Љупчо Трајаноски; Дани Жоговска – пијано (III средно, ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје), класа: проф. Огненка Герасимовска-Димитровска; Сања Димова – соло пеење (IV средно, ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, Штип), класа: проф. Ѓорги Димитров; Хелена Мочевиќ – соло пеење (III средно, ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје), класа: проф. Гонца Богоромова; Александра Гическа – пијано (III средно, ДМУ, Битола), класа: проф. Маја Божиновска.

Прикажи повеќе...

концерти

Солистички концерт на обоистот Васил Атанасов во Полска

Објавено пред

Утре, на 18 мај, обоистот Васил Атанасов ќе настапи на 26. Меѓународен музички фестивал Tarnow 2019 во Полска.

Атанасов ќе одржи целовечерен солистички настап заедно со неговиот колега Тодор Светиев, кој ќе го придружува на пијано.

На програмата ќе бидат изведени дела од Скарлати, Сен Санс, Жан Филип Рамо, Бонзон, Колин, како и композиција од македонскиот композитор Стојан Стојков.

Атанасов е мaкедонски врвен и познат уметник кој со својата обоа ги пренесе високите уметнички вредности од македонската култура и уметност во Европа и светот.  Добитник е на голем број награди и признанија како: Златна лира – највисоко признание на Сојузот на музичките уметници на Македонија, награда „13 Ноември“, највисоко признание на Град Скопје за врвни дострели, наградата „Феникс“ на општина Центар во 2003 година за врвни достигнувања во музиката, годишната награда на градот Струмица „Светите петнаесет тивериополски свештеномаченици“ за 2008 година – за особени остварувања во областа на музиката, грамота и златен медал од Министерството за култура на Република Бугарија во 2012 година за развојот, популаризацијата и соработката на полето на културата.

Во еден мандат 1995-1999 година беше и директор на Македонската филхармонија со која оствари успешни концерти, премиерни изведби и неколку записи на компакт-дискови со светска музика, но и македонски автори: Б.Ивановски, Т.Прокопиев, Г.Смокварски двоен компакт-диск, турнеи во Романија, Бугарија и се смета за еден од најуспешните периоди на Македонска филхармонија.

Атанасов има настапувано во Италија, Шведска, Франција, Австрија, Германија, Полска, Португалија, Бугарија, Романија, Турција, Русија, САД, Мексико, Австралија, Северен Кипар, Јужна Кореја, Виетнам, Израел, Албанија, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово.

Неговите изведби трајно се запишани на една ЛП-плоча, седум солистички компакт-диска и три со камерна музика со Камерен оркестар „Скопски солисти“ и два компакт-диска со Скопски дувачки квинтет.

Во моментов маестро Атанасов е прв обоист солист на Македонската филхармонија.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на АКУД „Мирче Ацев“ во АРМ по повод 70 години постоење

Објавено пред

Aкадемското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“, на 20 мај, во Домот на АРМ, ќе одржи целовечерен свечен концерт по повод одбележувањето на 70-годишнината од своето постоење.

На концертот ќе настапат фолклорниот и хорскиот ансамбл на друштвото, како и неговиот народен оркестар. Солистка ќе биде пејачката Елена Петреска.

Во текот на следниот период се предвидени голем број настапи и концерти, а во летниот период, пак, во план е и одржување на 40. издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал.

Концертот е закажанн со почеток во 19.30 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Заев за изјавата на Груби: Рашомонијадата од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината

Премиерот Зоран Заев и натаму не открива колку лица ќе бидат сменети од функциите, ниту, пак, нивните имиња. Тој вели...

Македонија3 часа

Кривични за експретседателот на Регулаторна и тројца членови, со парното ги оштетиле скопјани за 6,6 милиони евра

Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како претседател и член на ...

Македонија5 часа

Анкета на „Макфакс“: Павле Богоевски треба да поднесе оставка

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“ на прашањето каков епилог треба да има аферата за пратеникот Павле...

Македонија6 часа

Антикорупциската бара кривично да се гони Владимир Панчевски

Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива за кривично гонење одговорни и службени лица во Основниот суд Скопје 1, меѓу кои и...

Македонија6 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ повторно бара надзорна расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ повторно побара надзорна расправа за да се расветли скандалот со милионските суми за адвокати ангажирани од јавните претпријатија и...

Македонија7 часа

Оливера Трајковска, Орце Камчев и Иво Котески ќе сведочат за апсењето на Бошкоски

Новинарката Оливера Трајковска, бизнисменот кој важеше близок до поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, и поранешниот портпарол на МВР,...

Македонија7 часа

Вработени во МВР што работеле на случајот на Бошкоски не знаат кој ја дал наредбата за негово апсење

Судењето за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, продолжи со испрашување...

Македонија8 часа

Прекршочна пријава за директорката на Хематологија – не поднела анкетен лист за имотната состојба

Антикорупциската комисија поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска-Ставридис, за неподнесување анкетен лист за имотната состојба....

Свет9 часа

(Видео) Торнадa беснеат во Америка, куќите останаа без покрив

Невреме и торнадо го погодија северниот дел на САД, а во близина на аеродромот во Тулса, Оклахома, најмалку едно лице...

Европа9 часа

Пресметка со шверцери на дрога во Европа, уапсени 22 лица

Во координирана операција против шверц со дрога во Европа, 22 лица беа уапсени, соопшти Европол. Осомничениот водач на синџирот шверцери,...

Свет10 часа

САД ѝ дадоа рок на Турција да се откаже од купувањето руски противракетен систем

САД ѝ дадоа рок на Турција од две недели да се откаже од купувањето руски противракетен систем „С-400“ во корист...

Европа11 час

Меј: Парламентот ќе одлучи за нов референдум за брегзит

Британската премиерка, Тереза Меј, синоќа изјави дека на Парламентот ќе му биде дадена можност да гласа за тоа дали ќе...

Македонија1 ден

Прво внатрешни консултации во СДСМ и ДУИ, па ќе продолжат разговорите за нови кадри во Владата

Премиерот Зоран Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, остварија средба со која започнаа разговорите за детектирање одредени слабости кај...

Македонија1 ден

Влада: Препораката Охрид да стане загрозено светско наследство е стимул за зголемена работа и акција

Владата пристапува со внимание и сериозност кон комплексните состојби со кои се соочува светското природно и културно наследство во Охридскиот...

Забава1 ден

Копров ѝ се извини на Србија: Жирито беше составено од анонимуси, а не од еминентни автори

Композиторот Григор Копров преку социјалната мрежа „Фејсбук“ ѝ се извини на српската нација поради тоа што од нашето жири не...

Македонија1 ден

Претседателот ги потпиша указите за 21 закон

Претседателот Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување 21 закон, кои не беа потпишани од поранешниот претседателел Ѓорге Иванов. Меѓу потпишаните...

Македонија1 ден

Владата бара од Судскиот совет да го прифати решението за надомест на штетата на судските службеници од 2016 година

Владата бара од Судскиот совет да го прифати решението за надомест на штетата на вработените во судската служба од 2016...

Свет1 ден

САД привремено ја укинаа забраната за „Хуавеј“ за 90 дена

По одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја стави компанијата „Хуавеј“ на црната листа за тргување со американските компании,...

Македонија1 ден

(Видео) Независните од ВМРО-ДПМНЕ не кажуваат дали ќе гласаат за одземање на мандатот на Груевски

Независната група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ не кажува како ќе гласа на седницата за одземање на мандатот на експремиерот и пратеник,...

Регион1 ден

Србија воведе доживотна затворска казна

Српските пратеници ги усвоија измените на Кривичниот законик, со кои се укинува затворската казна од 30 до 40 години и...

Досие