Контакт

Актуелно

Град Скопје 28. пат домаќин на детскиот фолколорен фестивал „Оро без граници“

Објавено пред

Детскиот културен центар – „Карпош“, од 19 до 22 септември, 28. пат, го организира најмасовниот и најстар меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници 2019“, кој важи за симбол на пријателство меѓу децата.

Како што информираат од ДКЦ, во досегашното одржување на фестивалот Град Скопје и земајва биле домаќини на повеќе илјади странски и исто толку домашни деца фолклористи.

„На фестивалот се поканети гости од Србија, Јагодина, Грција, Словачка и од Турција, а покрај гостите од странство, ќе учествуваат и македонски ансамбли“, се наведува во соопштението за „Оро без граници 2019“.

Централниот настан ќе се одржи на 21 септември (сабота) на плоштадот Македонија од 18.30 часот, а фестивалот ќе го отвори директорката на ДКЦ „Карпош“, Билјана Лалчевска-Серафимовска.

Фестивалот ќе почне со најпознатите македонски игри и ора, кои ќе ги изведат членовите на игроорната секција од ДКЦ „Карпош“.

Децата игроорци преку шаренолкоста на костимите и оригиналноста во кореографските движења ќе ја претстават традицијата и културата на својата земја и 28. пат ќе формираат едно големо оро без граници.

Покрај официјалниот дел, на странските гости ќе им бидат претставени и атрактивни локации во Скопје: Зоолошката градина, Музејот на илузиите, Старата скопска чаршија и знаменитостите на градот.

Актуелно

Град Скопје додели награда за фотографија на тема „#СкопјеДома“, победници ќе се објавуваат секој ден

Објавено пред

Фотографија на скопјанката Јехона Спахиу е победник на конкурсот на Град Скопје за избор на автентични фотографии, видеа или гифови од домовите на граѓаните, кои го минуваат времето во изолација сами, со своите семејства или со милениците.

Како што информираат од Градот, фотографијата на Спахиу е избрана во конкуренција од повеќе од 100 фотографии.

Воедно, градските власти ги покануват граѓаните да продолжат да испраќаат фотографии/видеа/гифови како го поминуваат денот дома.

„Своите фотографија, видео или гиф граѓаните едноставно треба да ги постават на фејсбук-страницата ‘СкопјеДома’ користејќи ги назнаките #СкопјеДома и #ShkupiNëShtëpi“, се наведува во соопштението.

Победниците ќе се објавуваат секој ден на истата фејсбук-страница. За најкреативните, Градот доделува награди во висина до 100 евра.

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Единаесетто издание на „Вечерите на женски права“

Објавено пред

Единаесеттото издание на „Вечерите на женски права“ годинава ќе се одржи во знак на глобалната тема за одбележување на Меѓународниот ден на жената – 8 Март: „Јас сум генерација еднаквост – остварување на женските права за еднаква иднина!“, од 6 до 12 март.

„Вечери на женски права“ е настан што традиционално се организира од 2010 година и нуди културна алтернатива на прославувањето на Меѓународниот ден на жената.

Настанот е во организација на Град Скопје, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА, Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет од Скопје и телото на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените – UN Women.

Поздравни обраќања на манифестацијата ќе имаат претседателот на државата, Стево Пендаровски, и резидентната координаторка на ОН во земјата, Росана Дуџак.

Потоа, ќе следуваат разговорите со Ана Јовковска и нејзините соговорници Ленче Здравкин, Бојан Јовановски, Лулета Адеми и Ана Голејшка-Џикова.

На отворањето на „Вечерите на женски права“ ќе се прикаже хрватскиот документарен филм „Дневникот на Дијана Будисављевиќ“ (2019) од режисерката Дана Будисављевиќ, која ја доби наградата за најдобар филм и најдобра режија на Пулскиот филмски фестивал во 2019 година.

Дополнително, манифестацијата е збогатена со отворањето две изложби – меѓународната ликовна изложба: „Будење“, која вклучува 11 ликовни уметнички од земјава и странство (кураторка Шќипе Мехмети) и изложбата на студентска фотографија „Кршење на обрасците“, изработена од студентите од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА и Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет од Скопје.

Детаљната програма за настанот може да ја најде на следниов линк.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Објавено пред

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за неколку нови проекти, пишува ексклузивно „Варајати“.

Котевска добила финасиска поддршка за својот дебитански игран филм со работен наслов „Човек против јато“. Станува збор за приказна која говори за меѓугенерациски конфликт, односно контрастот на старите вредности и брзото темпо на современиот живот. Филмот ќе го снима во соработка со Стефанов и се надева дека ќе почне со снимањето идната година.

„Човек против јато “ е приказна за еден стар, тврдоглав селанец кој е горд на своите корени и земја, неговата модерна, независна ќерка која се обидува да ја избегне традиционалната улога и еден млад блогер зависен од адреналин кој сака да ги открие своите корени, но, преку низа недоразбирања, создава хаос на патот.

Во моментот Стефанов работи на анимиран проект што говори за климатските промени, со работен наслов „Швајцарско перење“.
„За мене, правењето филмови не е само раскажување различни приказни.Мојата почетна точка е дека има прашања што ме интересираат и што мислам дека знам како да ги преведам тие прашања на јазик што е универзално разбирлив“, изјавил Стефанов за Варајати.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Приведени се 102 лица кои вчера не го почитувале полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на државата вкупно 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето,...

Свет1 час

Во Кина 45 новозаразени од коронавирус, само еден не е од странство

Кина објави 45 нови случаи на коронавирус, од кои 44 заразени доаѓаат од странство. Според Националната здравствена комисија, уште петмина...

Свет1 час

Њујорк нема да биде ставен во карантин, одлучи Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, сепак, ја отфрли идејата за воведување на карантин во Њујорк заради пандемијата на коронавирусот, откако доби...

Македонија13 часа

Обвинителството ќе ја истражува смртта на стружанката, не била примена во болница и покрај препораката од матичниот

Основното јавно обвинителство Охрид отвори предмет по допрен глас за смртта на 66-годишната жена од Струга, која денеска почина од...

Европа14 часа

Франција ќе увезе милијарда маски од Кина

Францускиот министер за здравство објави дека земјата ќе увезе милијарда маски од Кина. Според здравствените власти, Франција може да произведе...

Македонија17 часа

Стапи на сила полицискиот час за време на викендите, улиците се празни

Со одлука на Владата, од денеска за време на викендите е забрането движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Македонија21 час

Полиција ќе ги доставува на домашна адреса готовите лични карти и возачки дозволи

За да се намали метежот во Управните служби на Министерството за внатрешни работи од понеделник граѓаните чии лични карти и...

Македонија21 час

Нови 22 случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Свет22 часа

Вухан е отворен по два месеца изолација

Кинескиот град Вухан, каде првично избувна пандемијата на коронавирусот, денеска почна да ги укинува карантинските мерки по два месеца, возобновувајќи...

Европа22 часа

Во Шпанија за една ноќ починаа 832 лица

Бројот на починати од коронавирус во Шпанија се зголеми за рекордни 832 лица во текот на ноќта и сега изнесува...

Македонија23 часа

Хотелот „Молика“ на Пелистер од денеска е државен карантин за 90 лица

Хотелот ,,Молика” на Пелистер, кој е во сопственост на АД ЕСМ, од денеска ќе биде државен карантин за 90 лица...

Македонија1 ден

Влада: Граѓаните сместени во државните карантини не се закана за никого

Владата апелира до граѓаните на земјата да бидат уверени дека сите мерки што се преземени за прифаќање на нашите државјани...

Економија1 ден

НБРМ: Денарот е и ќе остане стабилен

Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво, велат од НБРМ. „Во повеќе наврати истакнавме дека...

Македонија1 ден

Летното сметање на времето почнува од 2 часот по полноќ

Летното сметање на времето ќе почне в недела, на 29 март, во 2 часот наутро, со тоа што часовникот ќе...

Македонија1 ден

Забрана за движење за викенд за сите граѓани од 16 до 5 часот

Со одлука на Владата од денеска за време на викендите се забранува движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Македонија1 ден

Од скопските општини најмногу заболени има во Карпош

Во Скопје најголем број заболени со коронавирус се пријавени во десет општини, од кои најмногу во  Карпош – 27, потоа...

Македонија2 дена

И официјално станавме 30-та членка на НАТО, македонското знаме во понеделник ќе биде подигнато во Брисел

Денеска, преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Вашингтон, во Стејт департментот во САД беше депониран инструментот за пристапување кон...

Македонија2 дена

Седум пациенти на Клиниката за инфективни болести се во потешка состојба

Седум лица заболени од коронавирус кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Скопје се во потешка состојба, соопшти...

Македонија2 дена

Симптоми на коронавирус забележани кај вработен на Кардиологија

Вработен на Клиниката за кардиологија пројавил симптоми на коронавирус, информираше на попладневната прес-конференција, министерот за здравство, Венко Филипче. Вработениот немал...

Македонија2 дена

Тестирани 18 вработени во Заводот за рехабилитација – Козле, откако пациент заболи од коронавирус

Се чекаат резултати од 18 тестови направени од вработените во Заводот за рехабилитација во Козле. Таму сè уште течат и...

Досие