Контакт

Изложби

„Дали и ти си мигрант“ – изложба на Дарко Талески

Објавено пред

Денеска во 20:00 часот во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Дали и ти си мигрант“ од прилепскиот уметник Дарко Талески.

Изложбата е составена од 5 портрети на локални прилепски уметници. Портретирањето е колаж од лични фотографии, фотографии од случувањата во дадениот период, лични текстуални изјави, текстуални факти за случувањата во тој период, цртежи. Започнувајќи од колажниот портрет на авторот на изложбата Дарко Талески со неговите најрани корени за бегањето од родното место на неговите предци во крајот на 19, почетокот на 20 век во Бугарија, преку портретот на ликовниот уметник Васко Костов, кој ја пренесува личната приказна за неговото семејно заминување од Егејска Македонија по Втората светска војна т.е. за време на граѓанската војна во Грција, следува портретот на Ферди Булут, кој го портретира масовното заминување на Турското население од тогашна Југославија во Република Турција во периодот на 50-тите години на минатиот век. За да се заврши со портетите на Јасмина Руневска и Лепа Милошеска кои ни ја доловуваат сликата на економските мигранти кон крајот на 20 век и почетокот на 21 век.

Дарко Талески роден во Прилеп, Македонија. Завршил Факултет за ликовна уметност во В. Трново, Бугарија каде што и магистрирал на тема медиум и реклама во 2006 година. Од 2005 година работи како наставник по ликовно образование. Има учествувано на повеќе изложби во Македонија, Бугарија, Англија, Мозамбиг, Германија, БиХ, САД, Канада, Австрија, Тајван, Франција. Има интерес кон стоп-моушн анимацијата и истата ја имплементира во работата со своите ученици.

Неговиот едноминутен фил „Носталгија за уметност“ е прикажан на берлинскиот институт за уметност во 2013 г., на Торонто урбан филм фестивал 2013 г. и во Музејот на современа уметност во Тајпеј 2015 г. Неодамна ја открива неговата состојба на кожата т.н. skin writing (пишување на кожа) и започнува да го користи сопственото тело како медиум за ликовно изразување цртајќи на сопствената кожа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Тони Китановски со предавање ќе ја збогати изложбата „Духовите на Африка“ во Музејот на Македонија

Објавено пред

Музичарот Тони Китановски ќе одржи предавање за џезот, утре (21 ноември) во киносалата на Музејот на Македонија со почеток од 12 часот.

Предавањето е во рамките на изложбата „Духовите на Африка“, поставена во Музејот на Македонија, а е со наслов „Африканските корени на џезот: влијанијата на африканските ритми и мелодии врз северноамериканската, јужноамериканската и балканската музика“.

Како што информираат од Музејот, предавањето ќе се концентрира на значењето на музиката во Африка врз развојот на современата музика и разните музички форми актуелни во 20 и 21 век.

Истото се темели врз истражувањата и личните искуства на Китановски со африканската музика и нејзиното влијание врз неговите композиции со повеќето состави со кои твори во последните 30 години. По предавањето, ќе следува водење низ изложбата „Духовите на Африка“.

Прикажи повеќе...

Изложби

Годишната изложба на основните училишта „Дада и јас“ во Даутпашиниот амам

Објавено пред

Годишната изложба на основните училишта е традиционална изложба организирана од страна на Националната галерија на Македонија. Од досегашните искуства таа преставува одлична можност учениците да ги усовршат своите творечки способности, да го развијат визуелното помнење, да ја ослободат својата фантазија на најдобар можен начин.

„Изложбата ќе биде отворена на 21 ноември во 13 часот во Даутпашиниот амам, а ќе биде презентирана до 24 ноември“, информира Маја Димитрова, едукатор.

Годишната изложба на основните училишта секоја година третира како тема еден од нашите најголеми македонски ликовни автори. На таквиот начин учениците имаат можностда ги прошират знаењата за нашето уметничко богатсво, да ги запознаат уметниците и нивните уметнички дела на најдобар можен начин. Преку делата на еминентните уметници тие учат и за разните ликовни правци, материјали и ликовни техники. По организираните посети на изложбите, кратките предавања за уметникот, како и прикажување документарен филм, учениците се подготвени да учествуваат во креативните работилници создавајќи креации што личат на оние на уметниците. Понекогаш тие се со сосема нов израз, детски, наивен, давајќи секогаш позитивна слика за животот. Така, оваа година учениците од различна возраст својата инспирација ја црпеа од творештвото на Драган Попоски – Дада. Преку забава и игра тие со глината моделираа и создаваа креации многу слични на оние од големиот уметник. Освен со глина, тие свои креации изработија и со стиропор, направија и голем број цртежи, а од сите изработени творби произлезе изложбата со наслов „Дада и јас“.

Ваквите проекти се корисни бидејќи учениците на едноставен начин учат за сите оние вредности што ние како држава ги поседуваме и тие треба да ги негуваме и почитуваме. Отворајќи им ги портите на уметноста, придонесуваме за развој на децата за подобри наши идни генерации.

Прикажи повеќе...

Изложби

Самостојна изложба на Стефан Димовски во МКЦ

Објавено пред

Денеска, со почеток во 20 часот ќе биде отворена шестата самостојна изложба на Стефан Димовски во галерискиот простор на МКЦ. На изложбата авторот ќе се претстави со триесетина дела во комбинирана техника.

Стефан Димовски е роден 1983 во Скопје, во уметничко семејство. Сериозно започнува да се занимава со акварел во 1995 г. Долгогодишниот престој во Франција му увозможува да воспостави контакти со познати акварелисти и да ја усоврши акварелната техника до перфекција. Досега има учествувано на повеќе групни изложби во Сан Рафаел, а исто така своите дела ги изложувал во повеќе галерии на југот на Франција.

Во 2010/2011 година дел од неговите акварели се селектирани во 11-тото издание на Интернационалниот каталог за модерна уметност (Италија, Рим). Во 2011 добива награда за акварел во конкуренција на 60 сликари и акварелисти на 12. саем за сликари и акварелисти во Сан Рафаел, Франција. Во 2011 година исто така добива втора награда за скулптура изработена од отпад за рециклирање, во организација на „Пакомак“. Во 2015 година станува член на ДЛУМ и учествува на сите изложби во организација на ДЛУМ во земјава како и во странство.

 

Во 2017 добива награда „Златна четка“ од ДЛУМ на МиниАРТура во НЛБ галерија. Во 2018 година заедно со Ангел Димовски Чауш, Трајче Чатмов и Љупчо Илиевски ја претставува Македонија на „Ворлд арт Дубаи“ во организација на Matchboox gallery Skopje, каде што истата галерија е номинирана во 10 најдобри галерии во конкуренција од 42 галерии и 157 уметници. Негови дела се наоѓаат во повеќе институции и приватни колекции во земјава и странство. Во неговите дела покрај чистиот акварел, присутна е и комбинирана техника (акварел, колаж, акрилик, сепиа, пастел).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ58 минути

В петок состанок на телото за помирување

В петок, најверојатно, ќе се одржи состанок на координативното тело за помирување и интеграција. Деталите околу новиот предлог за амнестија...

Бегството на Груевски3 часа

Рот: Правото на азил е гест на хуманост за прогонетите, но не и за пријател на премиерот

Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот, упати критики до унгарските власти кои му доделија...

Македонија3 часа

Италијански медиуми: Папата Франциско во мај ќе ја посети Македонија

Папата Франциско во мај следната година ќе ја посети Македонија, објави римокатоличкиот интернет сервис „Религион дигитал“, повикувајќи се на извори...

Свет5 часа

Турција: Не е можно ЦИА да не знае кој дал наредба за убиството на Кашоги

Турција ги обвини САД дека се обидуваат да го игнорираат убиството на новинарот Џамал Кашоги, што се случи во саудискиот...

Бегството на Груевски6 часа

Унгарскиот министер за правда: Унгарија не може да го екстрадира Груевски, тој може да добие патнички документи

Унгарскиот министер за правда, Ласло Трочањи, за телевизијата „Еко“ изјави дека Никола Груевски може да аплицира за патнички документи како...

Македонија7 часа

Сијарто: Унгарските дипломати не го шверцуваа Груевски преку границите, тој имаше документи

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска одржа прес-конференција, на која рече дека Груевски морал да премине преку три...

Македонија8 часа

(Видео) Апостолски: Недозволиво е да се одреди мерка притвор без да биде сослушан обвинетиот

Денеска, го добивме решението за мерката притвор на Сашо Мијалков. Без да се повика на сослушување, недозволиво е на обвинетиот...

Бегството на Груевски8 часа

Директорот на затворот „Скопје“: Мијалков е во ќелија со други затвореници, има право на посети и два часа прошетка

Нема наредба од судот за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, да биде спроведен на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ поврзан со...

Македонија8 часа

Хан очекува објаснување од Орбан за азилот на Груевски

Еврекомесарот за проширување, Јоханес Хан на Твитер објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски,...

Свет9 часа

(Видео) Американскиот Сенат преку писмо побара од Трамп втора истрага за Кашоги

ЦИА не успеа со сигурност 100 %, да утврди дали саудискиот престолонаследник го наредил убиство на новинарот Џамал Кашоги, изјави...

Македонија9 часа

МЗД: Да се разреши составот на Комисијата која утврди дискриминација кон Груевски

Со утврдувањето дискриминација кон Никола Груевски, Комисијата за заштита од дискриминација покажа селективно и непрофесионално работење, смета Мрежата за заштита...

Македонија19 часа

СЈО барало притвор за Мијалков поради оперативни информации дека ќе бега

Во решението на кривичниот суд за притворот на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков, пишува дека мерката му е определена...

Македонија21 час

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за...

Македонија23 часа

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат...

Македонија23 часа

Владата го одби предлог-законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. „Владата донесе негативно...

Uncategorized1 ден

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија1 ден

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски1 ден

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија1 ден

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски1 ден

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Досие