Контакт

концерти

Даниел Милер-Шот, виртуозот на виолончелото, солист со Македонската филхармонија

Објавено пред

Македонската филхармонија повторно го носи виртуозот на виолончелото, Даниел Милер-Шот, од Германија.

На претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија со наслов „Морски бранови“, кој ќе се одржи на 6 декември, в четврток, во 20 часот, како солист ќе настапи Даниел Милер-Шот, еден од најславните виолончелисти на новата генерација. Овој амбасадор на музиката на 21 век за македонската публика ќе го изведе Концертот за виолончело и оркестар бр. 1 од Дмитриј Шостакович.

Диригент на концертот првпат во Македонија е маестро Румон Гамба од Велика Британија, а оваа вечер ќе бидат изведени и импресивните дела: Четири морски интерлудии од операта „Питер Грајмс“ од Бенџамин Бритн, како и „Море“ и „Потонатата катедрала“ (која ќе ја доживее македонската премира) од Клод Дебиси.

Британскиот диригент Румон Гамба во својата досегашна кариера бил на неколку значајни позиција, меѓу нив и шеф-диригент и музички директор на Шведската оперска компанија Норланд опера (2008–2015), шеф-диригент на Алборг симфонискиот оркестар (2011–2015), како и шеф-диригент и музички директор на Симфонискиот оркестар на Исланд (2002–2010). Маестро Гамба особено се фокусира на современата музика и неговото име стои зад светските премиери на „Две момчиња“ на Нико Мулеј во Англиската национална опера, Концертот за виола на Брет Дин со Би-би-си симфонискиот оркестар, националните премиери на „Танцувач во ноќта“ на Пол Рудерс, „Крв на подот“ од Марк Ентони или „Скерцоид“ со Норланд опера, како и австралиската премиера на оригиналната верзија на Симфонија бр. 5 од Сибелиус… Неговото име е запишано и на голем број аудиоизданија на кои се наоѓаат современи творби. Во 2017 година маестро Гамба се враќа на Би-би-си промс диригирајќи со врвниот џез-ансамбл Bang on a Can All-Stars заедно со Младинскиот ансамбл. Покрај современата музика, тој е активен и како диригент на железниот оперски репертоар, како што се „Кармен“, „Боеми“, „Отело“, „Кандид“, „Риголето“.

Германскиот виртуоз на виолончелото, Даниел Милер-Шот, се смета за еден од најистаканите претставници на овој инструмент на својата генерација и повеќе од две децении ја воодушевува публиката во светот. Овој амбасадор на музиката во 21 век, кој „Њујорк тајмс“ го нарече бестрашен интерпретатор со извонредна техника, е роден во 1976 година во Минхен. Студирал со видни имиња – германскиот виолончелист Волтер Нотас, австрискиот виолончелист Хајнрих Шиф, како и со британскиот виолончелист Стивен Исерлис, а преку фондацијата на славната виолинистка Ана-Софи Мутер, на нејзино лично инсистирање поминал една година студии со прочуениот Мстислав Ростропович. На 15 години Даниел Милер-Шот ја добил првата награда на интернационалниот натпревар за млади музичари „Чајковски“ во Москва во 1992 година и оттогаш неговата кариера рапидно почнала да расте. Неговото име е запишано на сите светски концертни репертоари. Ја воодушевува публиката со својата виртуозност, со нескриено енергичната интерпретација, со совршената комбинација на техничка, интелектуална и емотивна зрелост. Даниел Милер соработува со голем број водечки оркестри на САД, Европа и од Азија, со врвни диригентски имиња, како што се Ашкенази, Мазур, Орамо или Превин, а неговиот репертоар е составен од најпознатите дела напишани за виолончело. Во новата концертна сезона тој настапува и ќе настапува со оркестарот „Тонхале“ во Цирих, Кралскиот филхармониски оркестар, Далас симфонискиот оркестар… но е закажана и светска турнеја со рецитали и камерни концерти. За Денот на германското единство во Берлин во 2018 и во знак на сеќавање на неговиот починат учител Ростропович, Даниел Милер, свиреше пред Бранденбуршката порта дела од Јохан Себастијан Бах пред речиси 500 илјади слушатели.

Добитник е на значајни награди и признанија и реализирал голем број снимки за познатите издавачки куќи „Орфеј“, „Дојче грамофон“, „ЕМИ класикс“. Со Ана-Софи Мутер и Андре Превин тој ги сними Моцартовите трија за пијано, а со познатата канадска пијанистка Анџела Хјувит ги сними сите дела на Бетовен за виолончело и пијано. Милер-Шот свири на инструмент од 1727 година од најпознатиот венециски изработувач на виолончела, Матео Гофрилер.

концерти

Музичка „Бајка“ со оркестарот на Филхармонијата

Објавено пред

„Бајка“ е наслов на концертот што оркестарот на Филхармонијата ќе го одржи овој четврток во 20 часот. Како солистка ќе настапи исклучителната американска виолинистка Естер Ју, а диригент е Чарлс Оливиери Мунро од Малта. На програмата се Концертот за виолина и оркестар од А. Глазунов, симфониската поема „Кампот на Валенштајн“ од Б. Сметана и симфониската суита „Бајка“ од Ј. Сук.

Естер Ју го привлече вниманието на музичката јавност во 2010 година кога стана најмлад добитник на интернационалниот виолински натпревар „Сибелиус“. Во 2012 година беше една од најмладите лауреати на натпреварот „Кралицата Елизабета“. Од 2014 до 2106 година беше уметник на новата генерација на Би-би-си и првиот резидент уметник во Кралскиот филхармониски оркестар. Критиката ја опишува нејзината изведба како неверојатно моќна и драматична.

Естер Ју е исклучителна американска виолинистка која го привлече вниманието на музичката јавност во 2010 година кога стана најмлад добитник на интернационалниот виолински натпревар „Сибелиус“. Во 2012 година беше една од најмладите лауреати на натпреварот „Кралицата Елизабета“. Од 2014 до 2106 година беше уметник на новата генерација на Би-би-си и првиот резидент уметник во Кралскиот филхармониски оркестар. Критиката ја опишува нејзината изведба како неверојатно моќна и драматична. Естер Ју е исклучително софистицирана и интелигентна виолинистка со препознатлив стил на изведба. Почнала да свири виолина на пет години.

„Мојата баба беше пијанистка, но и целото мое семејство сакаше класична музика. Израснав слушајќи секаков тип музика уште од бебе. Раните години од детството ги поминав во Њу Џерси, во дел кој е многу блиску до Њујорк, а моите родители ме носеа на извонредни концерти во ‘Карнеги хол’ и ‘Линколн центарот’ уште кога имав три години.

Седев мирна на овие концерти, маѓепсана од музиката и од она што се случуваше на сцена. Првиот инструмент на кој почнав да свирам беше пијано кога имав четири години, но набргу потоа посакав да свирам виолина инспирирана од виолинистите што ги слушав на концертите на кои одев како дете. Бев многу срамежлива како мала, а свирењето виолина ми помагаше да изразам емоции во сигурна зона“, вели Естер Ју.

Оваа значајна виолинистка вели дека маестро Лорин Мазел бил една од нејзините најголеми инспирации.

„Имав среќа да запознам и да работам со легендарни музичари, кои ми беа најголема инспирација. Маестро Лорин Мазел ми беше голем ментор, тој ме запозна и ме научи како да се справам со предизвиците што одат рака под рака со музичкиот живот. Маестро Владимир Ашкенази, со кого имав можност да снимам два албума и да свирам на неколку концерти, ме научи како да создавам музика и да бидам позитивна и да се забавувам на сцената. Маестро Еса-Пека Салонен е исто така важен во развивањето на мојата музичка визија. Со него имав турнеја и тој ми покажа нови патишта на звукот за кои не бев свесна дека постојат. Генерално, најмногу се инспирирам кога директно контактирам со луѓе – без разлика дали разменувам идеи со некој голем диригент, свирам камерна музика со исклучителни колеги или влегувам во страсни дискусии со луѓе што немаат допирна точка со музиката“, вели Ју.

Прикажи повеќе...

концерти

Женскиот квартет „Фрајле“ настапува во Битола

Објавено пред

Концертната сезона во Центарот за култура во Битола годинава почна со двата концерта на Камерниот оркестар за кои се бараат билети плус, а крајот на февруари, поточно на 29, сабота, од 20 часот, ќе го означи концертот на познатиот новосадски женски квартет „Фрајле“.

Четирите дами – Невена, Јелена, Марија и Наташа, познати по својата појава и музички стил, кој се толкува како „Војводинско танго“, во 11-годишното музичко патување пропатувале половина свет со својата музикa. На листата со настапи се бројат и оние на 10.000 метри во авион, во Европскиот парламент, но и редица бесплатни концерти во болници и детски градинки.

На 29 февруари Битола е на календарот.

Сите оние што барем еднаш гледале нивен настап, добро знаат каква енергија и какво музичко доживување ги очекува.

Овие четири вокално моќни, спонтани и шармантни дами секогаш одново ја изненадуваат својата публика со стихови, ноти и емоции, кои го допираат срцето, и тоа трае од 2009 година.

Зад себе имаат неколку студиски албуми, а покрај одличните авторски песни, членките на „Фрајле“ се исклучителни и во обработките.

Деновиве, својот концерт во Битола преку социјалните медиуми го најавија со симпатични видеа, во кои ја пеат „Битола, мој роден крај“, а сите оние што сакаат да ги чујат четирите дами во едно шоу, на 29 февруари може да дојдат во Битола.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од 19 февруари, од 16 часот, на билетарницата во Центарот за култира во Битола.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на „Ана Кап трио“ во Филхармонија

Објавено пред

Неконевенционалниот музички состав од Франција „Ана Кап трио“ в сабота, на 15 февруари, во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија премиерно пред македонската публика ќе го претстави своето возбуливо „Траума шоу“.

Во ова трио свират Пјер Миле – труба, Мануел Декок – виолина и Жан Мишел Трото – хармоника.

Во ова лудо и поетско шоу, „Ана Кап“ свири, пее, танцува и „распарчува“ и ништо не е оставено на случајноста.

Слушаме наизменични трогателни и хумористични моменти, со прецизност на швајцарски часовник.

„Траума шоу“ на француското трио „Ана Кап“ е вистинско камелеонско, инспиративно патување во кое се комбинираат виртуозна музика, чудесна комедија и дадаистички песни.

Тоа се тројца извонредни музичари: фасцинантен трубач кој по секоја цена покажува неизвесност, среќен хармоничар со биполарна тенденција и срамежлив и измачуван виолинист, кој се обидува, најдобро што може, да ја спаси фарсата.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион7 часа

Србинка почина од свински грип во Бахреин

Дваесет и шестгодишна државјанка на Србија починала од свински грип ( H1N1), по тринеделно лекување во болница во Бахреин. Амбасадата...

Свет8 часа

Деветиот најбогат човек на светот се вклучува во трката за претседател на САД

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг утре ќе учествува во неговата прва телевизиска дебата во кампањата за претседател, соопшти неговиот тим. Директорот...

Македонија11 час

Ѓонул Бајрактар ќе ја замени Рашела Мизрахи

Ѓонул Бајрактар, кој пред формирањето на техничката Влада беше заменик-министер за труд и социјална политика, ги презема овластувањата и одговорностите во...

Македонија12 часа

Брисел го потврди ставот дека преговори со Северна Македонија и Албанија треба да има пред самитот во Загреб

Европската комисија (ЕК) го повтори ставот дека пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија треба да почнат што е можно...

Македонија13 часа

(Видео) Поради недостиг на обрасци, можно е МВР да забрани поднесување барања за пасоши

Во Министерството за внатрешни работи размислуваат да забранат поднесување барања за пасоши поради недостигот од обрасци за кој техничкиот министер...

Регион13 часа

Милановиќ даде заклетва – ќе ја обединува Хрватска и ќе гради добри односи со соседите

Зоран Милановиќ денеска напладне и официјално стана новиот, петти по ред, претседател на Хрватска по давањето на свечената заклетва и...

Свет14 часа

Објавен таен документ на холандските разузнавачи за падот на малезискиот авион во Украина

Во јавноста е објавен таен документ од холандската разузнавачка служба за истрагата на падот на малезискиот авион на летот „МХ17“,...

Македонија14 часа

(Видео) Чулев: Спасовски набавил полициски чизми што не ги задоволувале критериумите за квалитет

Поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одобрил набавка на 3.000 чифта полициски чизми што не исполнувале четири од предвидените...

Македонија14 часа

Мицкоски пак го кани Заев на ТВ-дуел за да ги соочат аргументите

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повторно го повика лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на ТВ-дуел за да ги соочат...

Македонија16 часа

(Видео) Судот ја исклучи јавноста од судењето за „Рекет“, Јовановски и Јанева беа против

Обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева се побунија на барањето од обвинителката Вилма Русковска јавноста да не ги слуша снимките...

Регион16 часа

Вучиќ најави дека парламентарните избори ќе ги распише на почетокот на март

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, најави дека ќе ги распише парламентарните избори во Србија на почетокот на март. „На почетокот на...

Свет18 часа

Три жртви во невремето во Велика Британија

Бројот на загинатите во невремето Денис, кое ја зафати Велика Британија, се искачи на три лица кога е пронајдено телото...

Регион18 часа

Рама: Помошта од донаторите ги надмина сите очекувања

Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека сумата собрана на донаторската конференција во Брисел за обнова на неговата земја по разорниот...

Економија18 часа

Поскапеа цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет18 часа

Бројот на смртни случаи од коронавирус порасна на 1.868 лица, почина и директорот на болницата во Вухан

Бројката на смртни случаи од коронавирус во континентална Кина порасна на 1.868 лица, што е 98 повеќе во однос на...

Македонија1 ден

Николоски: Бараме да се прикажат целосните снимки каде што Јанева се среќава со Заев

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Александар Николоски, вечерва одржа вонредна прес-конференција во врска со објавените ПИ-мерки за случајот „Рекет“, за кој тој вели...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Судии, обвинители, поротници – ослободете се, ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ не ви можат ништо

„Сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и траспарентни постапки. На обвинетите ќе им се суди врз...

Македонија1 ден

(Видео) Спасовски – Лајен: Напредoкот на Северна Македонија е импресивен и ги исполни високите очекувања

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во рамките на програмата за учество на донаторската конференција „Заедно за Албанија“, што ја организира Европската...

Македонија1 ден

Јанева пред апсењето одела во СЈО, салони за убавина и адвокатски канцеларии

Во кривичниот суд на судењето за случајот „Рекет“ беше презентиран извештајот за тоа каде се се движела ексшефицата на СЈО...

Топ1 ден

Пронајдено безживотно машко тело на Шар Планина

Планинар од тетовско планинарско друштво, кој се движел на тој терен со група планинари, пријавил дека над тетовското с. Вејце,...

Досие