Контакт

Култура

Деветтото издание на фестивалот за анимирани филмови „Анимакс“ од 20 до 22 декември

Објавено пред

Под мотото „Од дел до цел“ ќе се одржи деветтото издание на меѓународниот филмски фестивал за анимирани филмови „Анимакс Скопје фест.“ На него ќе бидат прикажани 40 анимирани филмови во официјалната програма, a 10 анимирани филмови се наменети за детската публика. Настанот ќе се одржува од 20 до 22 декември во Кинотека на Македонија.

Филмовите во официјална конкуренција се избрани од пријавениот рекорден број анимации, меѓу кои најголем број од Франција, Англија, Германија, Шпанија, Русија и Бразил…

Овогодишната жири комисија ја сочинуваат португалскиот аниматор Фернандо Гарлито, бугарската аниматорка Радостина Нејкова и македонскиот уметник Горан Трифуновски – Пајак.

Голем дел од филмовите кои се борат за наградата Златна тула се носители на престижни награди, победници на филмски фестивали од А категорија.

„Официјалната програма на фестивалот со прикажување на филмовите ќе почне во 20:00 часот. Проекциите на филмови за деца ќе се одржат на 21 и 22 декември (сабота и недела) со почеток во 14:00 и 16:00 часот в сабота и 12:00 часот в недела. Публиката ќе има можност да гласа за најдобриот филм за деца и да го одбере победникот“, информираат организаторите од каде додаваат дека проекциите за деца се бесплатни.

Во рамки на фестивалот ќе биде организирана работилница за анимација наменета за деца „Џвакај и анимирај“ во која група деца под менторство на искусни едукатори и аниматори со помош на мастиките Чунга Лунга ќе изработат цртан филм во техниката стоп-анимација со необичен материјал – гуми за џвакање.

!Анимакс Скопје фест“ е прв и единствен фестивал на анимиран филм во Македонија. Цел на фестивалот е подигање и градење на културата во поглед на изработка на анимирани филмови за возрасни и деца, кои презентираат различни аспекти од секојдневниот живот.

Фестивалот е во организација на продуцентската куќа „Аурипигмент“, во соработка со филмското училиште „Тинтири-минтири“ од Скопје, со поддршка од Агенција за филм на Република Македонија и Град Скопје и во соработка со Кинотека на Македонија.

 

 

 

 

 

Култура

„Болеро“ – балет под маски, без допир и на дистанца

Објавено пред

Спектакуларна изведба на балетската премиера „Болеро“ од Морис Равел и гала-концерт донесоа вчеравечер солистите, женскиот балетски ансамбл и Оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска, на сцената Долни Сарај во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Според генералниот директор на Националната опера и балет, Васо Ристов, програмата со која НОБ настапува на фестивалот е специјално конципирана и прилагодена на условите во пандемијата од ковид-19.

„И покрај пандемијата предизвикана од ковид-19, НОБ е дел од програмата на најреномираниот фестивал во нашата земја, „Охридско лето“. Програмата е специјално конципирана за да може да се изведе во овие специфични услови. „Болеро“ е една нова авантура во балетската уметност и еден нов балетски израз во кореографија на Саша Ефтимова. Подготвивме нова премиера на „Болеро“ која е во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести. Тоа е балет под маски, без допир и на дистанца. Сите учесници ги почитуваа здравствените мерки и протоколи уште на самиот почеток кога почнавме да се подготвуваме за учество на фестивалот“, изјави Ристов.

Кореографката на балетската претстава, Саша Ефтимова, додаде дека проектот е прилагоден за условите во коишто се наоѓаме, и ќе може да се изведува додека не се смири ситуацијата предизвикана од ковид-19.

„Херојски е што сите уметници прифатија да учествуваат во еден ваков проект зашто мерките се тие и знаеме дека не смееме да избегаме од реалноста во која моментално се наоѓаме. Сметам дека ако успееме со една ваква претстава, нашата иднина како национална куќа, може да опстои со тоа што ќе имаме нови уметнички креации и дела со кои може понатака да работиме додека не се смири ситуацијата“, рече Ефтимова.

Пред балетскиот спектакл „Болеро“, НОБ одржа Гала-концерт на сцената „Долни Сарај“. Публиката имаше можност да ужива во прекрасните оперски арии што ги изведуваа сопранистките Сандра Митровска и Катерина Стојановска, на тенорот Ѓорѓи Цуцковски, како и на Владимир Саздовски-бас кои беа придружувани од Оркестарот на Операта и Балетот под диригентство на Бисера Чадловска.

„Морам да истакнам дека годинешното „Охридско лето“ и поканата за нас како уметници е навистина еден фасцинантен мотив за повторно да се вратиме во уметничка форма. Минатата година имавме спектакуларен концерт на фестивалот со оперската пејачка Инва Мула и тоа е момент за паметење, меѓутоа во овие услови на корона вирус, сигурен сум дека на нашата публика ѝ ги стопливме срцата и им ја вративме волјата за живеење и љубовта кон уметноста“, рече првенецот на Националната Опера и Балет, тенорот Ѓорѓи Цуцковски кој ги изведе најпознатите арии од оперите „Кармен“ и „Турандот“ а настапи и во дует од Адријано Лекуврер со неговата колешка, сопранистката Сандра Митровска.

Здравствените протоколи пропишани за вакви настани максимално ги испочитуваа и членовите на Оркестарот на Националната опера и балет кои седеа на соодветна далечина и со заштитни маски, освен уметниците на дувачки инструменти кои е невозможно да музицираат со маски.

Прикажи повеќе...

концерти

Гудачкиот квартет „Дисонанс“ вечерва на Охридско лето

Објавено пред

Фестивалската програма на 60-тото јубилејно издание на фестивалот Охридско лето продолжува вечерва со концерт на словенечкиот гудачки квартет „Дисонанс“, што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Членовите на овој музички состав „Дисонанс“ првпат се собрале поради изведба на гудачки квартет од словенечкиот композитор Лојзе Лебич во 2014 година, премиера на делото што било напишано 30 години порано. Изведбата на квартетот била одлично примена од стручната публика, а музичкиот критичар д-р Грегор Помпе за дневниот весник „Дневник“ ќе напише: „Овој адхок составен квартет за изведба на делото од Лебич беше вистинско изненадување. Станува збор за дело што е бескомпромисно модерно поради што веројатно досега не се нашле домашни музичари што би го извеле, но затоа детерминираноста на младите музичари од Словенечката филхармонија длабоко навлезе во звучните каскади и придонесе кон возбудлива изведба. Би било навистина одлично кога овие музичари би креирале постојан ансамбл“. По ваквиот прием, членовите на „Дисонанс“ навистина одлучиле да останат присутни на класичната музичка сцена именувајќи го ансамблот со името на Моцартовиот гудачки квартет во Це-дур – KV 465.

Од основањето, па до денес, квартетот „Дисонанс“ настапува во концертното ателје на Сојузот на словенечките композитори, на Светските музички денови во 2015, на фестивалот Собошки денови во 2016, на фестивалот во Марибор, на интернационалното биенале за современа музика во Копер и др. Во соработка со италијанскиот кларинетист Микеле Марели квартетот настапува на летниот фестивал во Акви Терме, „Алесандрија“, во 2015 година, а го реализира и проектот„Деконструиран Моцарт“ во рамките на интернационалниот циклус „Симфониски гласови“ во Копер. Според членовите на ансамблот, името на квартетот ја отсликува нивната тенденција покрај класичната музичка литература, посветено да изведуваат и современа музика, особено напишана од словенечки композитори.

Прикажи повеќе...

Култура

Целиот опус на „Васил Хаџиманов бенд“ достапен на дигиталните платформи

Објавено пред

Комплетната дискографија на Васил Хаџиманов и неговиот бенд сега е достапна на сите дигитални платформи објавени од „Кроација рекордс“. Станува збор за осум албуми, кои сега се достапни за луѓето од светот.

Станува збор за албуми што секогаш ги поместуваат границите на прогресивната музика, кои музичките критичари во светот ги препознаваат и наградуваат со највисоките оценки. Албуми што добиваат одлични критики, кои публиката со голем интерес ги следи во секоја нова изведба.
Во последните 20 години Васил Хаџиманов и неговиот бенд со голем успех ја изведуваат својата музика на концерти и музички фестивали во регионот и во целиот свет. Сите нивни изданија и нивната музика се прогласени за уметнички дела од културно значење.
Оваа година Васил Хаџиманов ја освои наградата за најдобар џез-пијанист на електричното пијано на 41. Annual Jazz Station Awards, а бендот го зазеде второто место во категоријата најдобра џез-група.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ21 минута

Уапсен тетовец кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата ЕВН Македонија, на две одвоени...

Македонија53 минути

СДСМ: Продолжуваат сериозни разговори за формирање одговорна Влада

„СДСМ, како предводник на коалицијата „Можеме“, со освоени најмногу пратенички места во Собранието го доби мандатот за состав на нова...

Свет1 час

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати казна од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена на 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет1 час

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет4 часа

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет12 часа

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет13 часа

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа14 часа

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија15 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија16 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ17 часа

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија18 часа

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Економија20 часа

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека...

Македонија20 часа

141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија21 час

(Видео) Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Албанец не би бил премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на брифинг за новинарите денеска рече дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ,...

Македонија21 час

Заев: Подготвен сум да бидам премиер во наредните четири години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е уверен дека ќе успее да состави влада во следните 20 дена, а веќе денеска...

Македонија21 час

(Видео) Лидерите од албанскиот блок не дојдоа, Ахмети остана сам на средбата во хотелот „Парк”

На закажаната средба на партиите од албанскиот блок на иницијатива на ДУИ се појави само Али Ахмети. Како што рече...

Македонија22 часа

Браќа од Битола обвинети за ширење детска порнографија, собирале интимни снимки од малолетнички

Битолското Јавно обвинителство поднесе обвинение против двајца браќа од Битола на возраст од 51 и 52 години, од кои едниот...

Досие