Контакт

Култура

Деветто издание на фестивалот за феминистичка култура „Прво па женско“

Објавено пред

Деветтото издание на фестивалот за феминистичка култура „ПРВО ПА ЖЕНСКО #9“ ќе се одржи од 10 до 16 јуни, со тоа што годинава, во рамките на младинската програма, се одржуваат делови од програмата кои се отворени само за одбраните учеснички кои се пријавиле.

„Прво па женско“ е фестивал за феминистичка култура и акција, чиј фокус е оградување и обезбедување простор и платформа за сите оние кои активно се занимаваат со преиспитување и напуштање на доминантната и обременувачка патријархална култура. Фестивалот нуди алтернативни мрежи и погледи кон идни начини на здружување на сите оние кои системски истуркани, а експлоатирани.

Годинава „Прво па женско #9“ отвора дискусија и го преиспитува концептот на ‘јавно’, во контекст на светската пандемија, но и локално. Во време на екстремно видлива родова, класна и расна поделеност, просторот помеѓу нас освен што стана визуелен симбол на пандемијата, дотолку појасно ја откри и тензичната сопоставеност на јавните и приватните добра.

Овогодишната програма на „Прво па женско #9“ ја проблематизира и ѝ доделува централност на идејата за пристапност до она што се смета за јавно и за она што се гледа како приватно; го анализира јавниот дискурс во однос на она што се перципира како јавно и расположливо средство за користење; ги разгледува јавните простори како оски за потенцијални алтернативни здружувања. Во прашање се доведува и безбедноста на сите жени и небинарни родови малцинства, еднакво под закана во и надвор од  системите кои би требало да би требало да пружат заштита и грижа.

Програмата ќе се обиде да отвори и дискусии и погледи кон нови алтернативни начини на заедничарење и колективни пракси кои свесно ќе оставаат простор за пробивање на потребите на заедницата, а ќе ги истиснуваат и ќе се борат против исклучувачките и насилничките политики на привилегираните.

Годинешната програма на Прво па женско е реализирана како дел од Women on Women (WoW) проектот. Проектот е кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската комисија, што Тиииит! Инк. го спроведува заедно со Mesto Žensk од Љубљана, К-Zona од Загреб и Outlandish Theatre Platform од Даблин.

Култура

Изложба „Монодрамите и дуо-драмите на МНТ“

Објавено пред

Во Македонскиот народен театар е отворена изложба „Монодрамите и дуо-драмите на МНТ“.

Присуството и силата на актерот, сите негови умеења и вештини, посветеност и сигурност се неизоставен дел и носечки елемент на она што ја прави монодрамата и/или дуо-драмата.

На репертоарот на МНТ во текот на годините, почнувајќи од 1974 и „Дневникот на лудиот“ со Владимир Светиев, па сѐ до последните „Последната лента на Крап“ на Ѓорѓи Јолевски и „Само глас“ со Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, реализирани се 20-ина монодрами и дуо драми, кои се центарот на истоимената изложба поставена во фоајето на театарот.

Преку фотографиите, костимите и плакатите во „Монодрамите и дуо-драмите на МНТ“ забележливи се два аспекта.

Од една страна, тоа се монодрамите, каде што е видлива посветеноста на актерот, кој кога е сам на сцената, се развива, менува, остварува и/или зацврстува, и од друга, тоа се дуо-драмите, каде што се видливи комуникацијата и врската што ги создаваат двајца актери, кои на сцената зависат еден од друг, и атмосферата кога при интерпретацијата на ликовите се надополнуваат еден со друг. Изложбата го прикажува актерот кој е сам на сцената или со уште еден актер, борбите што ги водат сами со себе или со другиот, како и впечатокот што го оставаат кај гледачот. Тоа се секоја емоција, мимика, гестикулација и движење.

Изложбата е отворена за публиката што присуствува на тековните претстави на репертоарот на МНТ и онлајн, на страницата на МНТ (www.mnt.mk) и на фејсбук-страницата на театарот.

Прикажи повеќе...

Култура

Стефоска и Гир ја најавија новата програма „Креативна Европа 2021 – 2027 година“

Објавено пред

Со тркалезна маса на тема „Креативна Европа – Перспективите на Западен Балкан“, денеска заврши тридневниот циклус на јавни настани на Министерството за култура и канцеларијата на „Креативна Европа – Култура“ – „Креативна Европа – Дома“, посветени на поддржаните проекти во периодот 2014-2020 година, како и нивната рефлексија на национално и на регионално ниво.

Министерката за култура, Ирена Стефоска, и амбасадорот на Европската Унија во нашата држава, Дејвид Гир, на денешната тркалезна маса посветена на предизвиците и рефлексијата на програмата „Креативна Европа – Култура на ЕУ“, во своите обраќања се осврнаа на резултатите од претходниот програмски циклус, а го најавија и почетокот на новата програма „Креативна Европа 2021 – 2027 година“, која на крајот од минатиот месец беше усвоена од страна на Европскиот парламент.

Стефоска, истакнувајќи ги досегашните резултати на нашата држава, потврди дека Министерството за култура веќе изрази интерес за учество во новата програма, како и подготвеност за потпишување грант-договор со Европската комисија.

„Во текот на овој циклус поддржани се 79 проекти на невладини организации, издавачки куќи, национални и локални установи од областа на културата, а поддршката на ЕУ за овие македонски организации изнесува 4,5 милиони евра. Издвачкиот сектор во нашата држава уште еднаш ги потврди исклучителната посветеност и успехот во рамките на оваа програма на европско ниво, а Министрството за култура, секако, продолжува со кофинансирање на поддржаните проекти“, рече Стефоска.

Таа додаде дека како координативно тело за спроведување на програмата на национално ниво, Министерството, и во иднина ќе продолжи преку конкретни мерки да одговори на предизвиците базирани на досегашните искуства од спроведувањето на програмата на национално и на локално ниво, а сѐ со цел олеснување на пристапот во новата програма до што поголем број корисници од културните и креативните сектори.

Амбасадорот на Европската Унија во нашата држава, Дејвид Гир, на тркалезната маса истакна дека културниот и креативниот сектор секогаш играле главна улога во животот на Европа и ги ширеле европските вредности. Тој истакна дека културниот и креативниот сектор претствуваат 4,2 проценти од европскиот вкупен БДП и 3,8 проценти од работната сила во ЕУ и се меѓу најдинамичните сектори во Европа. Повикувајќи се на информации од Евростат, Гир рече дека во културата и во креативниот сектор се вработени 8,7 милиони луѓе во ЕУ.

„Програмата ‘Креативна Европа’ на некој начин е консолидирана форма на поддршката на ЕУ за овие индустрии. Во периодот од 2014 до 2020 преку оваа програма се доделени над 13.000 гранта, а ги искористиле 41 земја. Кофинансирани се речиси 16.500 културни проекти за соработка во Европа“, рече Гир.

Прикажи повеќе...

Култура

Почнува летната филмска програма во Музејот на современата уметност во Скопје

Објавено пред

В четврток, 17 јуни, во 21 часот, почнува Летното кино со својата редовна филмска програма под отворено небо на тремот на Музејот на современата уметност – Скопје, информираат од оваа институција.

Во наредните четири месеци во рамките на Летното кино на Музејот под отворено небо над градот публиката ќе има можност да проследи десет креативни документарни филма. „Станува збор за внимателно избрани филмови, кои во себе не носат само дидактичка нишка, туку на повеќе нивоа ги отвораат прашањата поврзани со животот и делата на уметниците, општествените и егзистенцијалните теми, како и предизвиците на создавањата на делата и раководењето на музеите во 21 век“, вели Дарко Набаков, одговорен за филмската програма и дел од стручниот тим на МСУ.

Летното кино на Музејот ќе биде отворено со кинеско-американскиот документарен филм „Нашата временска машина“ (2019) од режисерите Yang Sun и S. Leo Chiang, филм што го следи создавањето на проектот на влијателниот кинески уметник Малеон. Филмот прикажува повеќеслојна медитативна уметност на агонијата на загубата и љубовта, како и кругот на животот. https://www.youtube.com/watch?v=SEREJDupsZs

Филмот трае 81 минута.

Сценариото е на S. Leo Chiang и Bob Lee, а музиката на Paul Brill.

Филмот е досега прикажан на повеќе значајни светски филмски фестивали и добитник е на многу награди, меѓу кои: гран при за најдобар документарен на Меѓународниот фестивал во Минск, Белорусија, во 2019 година, награда за најдобар интернационален режисер во рамките на „Хот докс во Канада во 2019 година. Награда за најдобар документарно-игран филм на фестивалот во Мелбурн во 2019 година. Награда за најдобра кинематографија на „Трибека филмскиот фестивал“ во САД, 2019 година. Гран при од жири-комисијата на Азискиот филмски фестивал во Лос Анџелес, во САД, 2019 година и други.

Сите проекции на Летното кино на МСУ ќе се одвиваат на отворениот трем на Музејот со почеток од 21 часот, влезот е слободен, а капацитетот е ограничен на 50 седишта.

Проекциите ќе се одвиваат според пропишаните мерки во услови на пандемија.

Следната проекција овој месец е закажана за 24 јуни (четврток) и ќе биде прикажан филмот „Музејски град“ (Museum Town) на режисерката Џенифер Треинер, една од основачките на Музејот за современата уметност во Масачусетс/ MASS MoCA.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ46 минути

Двајца браќа истепале полицајци во Струга

Двајца браќа со тупаници и шлаканици нападнале полицајци во Струга.  Поради опасност од бегство, судот им определи притвор на напаѓачите....

Спорт50 минути

Против Украина одиме на победа

Македонската фудбалска репрезентација, попладнево во Букурешт, ќе го одигра еден од најзначајните натпревари во својата историја. Македонија, во второто коло...

Македонија2 часа

(Видео) Запленети над 2.000 стебла марихуана во Виена во заедничка акција на македонската и австриската полиција

Во заедничка акција на македонската и австриската полиција запленети се над 2.000 стебла марихуана во околината на Виена, а приведени...

Македонија2 часа

(Видео) Борисов на средбата со Заев: Убеден сум дека Радев ќе ви каже дека ништо не може да се направи

Поранешниот премиер на Бугарија и актуелен претседател на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, на средбата со премиерот, Зоран Заев, рече дека...

Спорт2 часа

Ангеловски: Наша цел е пласман во втората фаза

Македонија е подготвена за најважниот натпревар на ЕП. Македонија од 15 чадот ќе игра против Украина. Ова е дуел на...

Македонија3 часа

(Видео) Заев од Софија: Решението е околу нас, мора да го најдеме

Два пријателски и братски народа секогаш мора да разговараат и да бараат решение, изјави премиерот Зоран Заев на почетокот на...

Свет16 часа

Путин и Бајден согласни дека никогаш не смее да дојде до нукеарна војна во светот

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден, излегоа со заедничка изјава за прашањата на стратешката стабилност....

Свет16 часа

(Видео) Бајден: Мојата агенда не е против Русија, туку за американскиот народ

Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата агенда не е против...

Свет17 часа

(Видео) Путин: Преговорите беа добри, амбасадорите се враќаат

Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференцијата по самитот со неговиот американски колега Џозеф Бајден рече дека преговорите биле „добри“. Toj...

Европа18 часа

EMA даде позитивна оценка на клиничките испитувања на „спутник В“

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави позитивен извештај за резултатите од клиничките испитувања на руската вакцина „спутник В“ против коронавирус,...

Македонија21 час

Заев: Изгубен е Мицкоски, ако некој го најде, нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Зоран Заев реагира на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека македонскиот идентитет е изгубен и дека утре...

Македонија21 час

Регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.802 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на...

Македонија22 часа

Отфрлена пријавата за Џафери и за пратениците што се појавија во Собрание заболени од коронавирус

Основното јавно обвинителство Скопје ги отфрли кривичните пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и Левицата против претседателот на Собранието, Талат Џафери, и...

Македонија1 ден

ЕУ ја стави Македонија на листата безбедни земји за патување

Европската Унија одлучи да ја стави Република Северна Македонија на списокот на земји што се безбедни за патување, пренесуват европските...

Свет1 ден

Борел: Три принципи во новата стратегија на ЕУ кон Русија

Новата надворешнополитичка стратегија на ЕУ кон Русија ќе се заснова на три принципи: одбивање, воздржаност и соработка, изјави високиот претставник...

Регион1 ден

Нови мерки во Србија – дозволени се матурски прослави, угостителите може да работат и на затворено

Поради постабилната епидемиолошка состојба во Србија, од денес во сила се нови мерки, од кои повеќето се однесуваат на угостителските...

Македонија1 ден

Од денеска нема полициски час, дозволени се веселби и настани на отворено

Од ноќеска на полноќ престана да важи одлуката за полициски час, а се укина и ограничувањето на работното време на...

Свет1 ден

Средбата Путин – Бајден во Женева под строго засилени мерки

Денеска, во Женева, американскиот претседател, Џо Бајден, ќе се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин, и тоа ќе биде нивна...

Економија1 ден

Денеска се затвора јавниот повик за ваучери за одмор на работници со ниски приходи

Министерството за економија ги известува граѓаните дека заклучно со денешниот ден, 16 јуни (среда), се затвора јавниот повик за издавање...

Свет1 ден

(Видео) Израел бомбардира позиции на Хамас, прекршено примирјето во Појасот Газа

Израел синоќа ги бомбардира позициите на Хамас, со тоа беше прекршено примирјето во Појасот Газа, јавуваат светските агенции. Израелската страна...

Досие