Контакт

концерти

Детскиот фестивал „Поточиња“ се одложува поради коронавирусот

Објавено пред

Поради настанатата ситуација со коронавирусот и согласно мерките од надлежните институции, детскиот фестивал „Поточиња 2020“, закажан за 21 и 22 март во Македонска опера и балет се одложува.

„Со оглед на природата на настанатата ситуација, информираме дека новиот термин за одржување на фестивалот ќе биде дополнително утврден и објавен, согласно состојбата во државата, во период кој ќе биде апсолутно безбеден за децата и граѓаните“, се вели во соопштението.

Сите кои набавиле билети ќе можат да извршат повраток на средствата на истото продажно место на кое ги купиле билетите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Откажани сите концерти на Филхармонија до крајот на март

Објавено пред

Согласно новонастанатата ситуација во нашата земја и водејќи се од најновата препорака од Владата, која беше донесена на 10 март 2020 година, а истата се однесува за одложување на јавните собири и настани, НУ Филхармонија ги одлага сите концерти заклучно со крајот на месец март.

„Средствата за билетите што нашата публика веќе ги има купено на билетарница ќе им бидат вратени, а доколку билетите се купени онлајн, тогаш купувачите треба да испратат електронска порака на [email protected] Во неа треба да го наведат бројот на нарачката, датумот и терминот кога е иницирано плаќањето и средствата ќе им бидат рефундирани по електронски пат“, информираат од Филхармонија.

Билетарницата на Филхармонија ќе работи од понеделник до петок со скратено работно време од 10 до 14 часот.

За понатамошната реализација на програмата, Филхармонија дополнително ќе ја информира јавноста.

Прикажи повеќе...

концерти

Одложени концертите на „Авалон продукција“

Објавено пред

Со оглед на новонастанатата ситуација, препораките и мерките донесени од Владата коишто се однесуваат на коронавирусот, „Авалон продукција“ соопшти дека мартовските концерти на BOND, Жељко Бебек и „Електрични оргазам“ се одложуваат.

Од „Авалон„ велат дека континуирано работат за да обезбедат нови датуми за концерти во мај.

Новите датуми ќе бидат објавени в понеделник во 21 часот.

Прикажи повеќе...

концерти

Светската ѕвезда Андре Риу повторно во Скопје

Објавено пред

Андре Риу, холандскиот крал на валцерот и човекот кој овозможи класичната музика да е достапна за сите, заедно со својот оркестар „Јохан Штраус“, на 27 ноемвриповторно ќе настапи во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ како дел од својата светска турнеја, најави продукцијата „Пасворд“.

„Јас и мојот оркестар сме многу радосни за повторното гостување во Скопје во склоп на нашата светска турнеја”, вели Андре Риу.

„Концертот во 2019 беше навистина емотивен и незаборавен, а прекрасната публика нè пречека со огромен ентузијазам. Со нашето враќање во ноември ја прославуваме љубовта, животот и, секако, музиката“, додава тој.

Андре Риу верува дека класичната музика е создадена за сечие уживање, па преку својата умешност, на забавен начин, ја приближува до сите возрасти. Токму поради таа причина Андре е еден од најдобрите изведувачи на нашето време.

Неговите настапи се многу повеќе од само музика – раскошни фустани, романтични светла и пространи платна зад оркестарот, заедно со бројни интернационални солисти и сето тоа зачинето со добар хумор. Таму е дозволено да се смее, плаче, игра, танцува… перфектен спој за одлична забава.

Билетите ќе бидат достапни во продажба од среда, 11 март, од 10 часот на www.andrerieu.com , mktickets.mk и на www.karti.com.mk.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија10 минути

Спасовски: Со уредба ќе ги замрзнеме кредитите ако банките го гледаат само својот интерес

По понудените решенија за одложување на кредитите, техничкиот премиер Оливер Спасовски вели дека чекаат да видат какви ќе бидат ефектите....

Македонија52 минути

Потврдени 30 нови случаи на коронавирус, вкупниот број се искачи на 384

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Топ2 часа

Уапсени насилниците што тепаа девојче во влез на зграда во Штип

Во врска со видеото со насилство врз девојче, кое од утрово се споделува на социјалните мрежи, штипската полиција информира дека...

Свет3 часа

Австралија почна со тестирање на две потенцијални вакцини против коронавирусот

Научници од Австралија почнаа со тестирање на две потенцијални вакцини против новиот коронавирус, што може да биде голема пресвртница која...

Свет3 часа

Новите процени покажуваат дека од 25 до 50 проценти од носителите на вирусот се без симптоми

Податоците од Исланд покажуваат дека 50 проценти од позитивните на коронавирусот биле без симптоми, а САД проценуваат дека до 25...

Македонија4 часа

Скопјанец знаел дека има коронавирус, шетал низ Охрид и дома примил вработени кај еден оператор

Четириесет и четиригодишен скопјанец, кој се вратил од странство и кој бил позитивен на коронавирусот, наместо да биде во строга...

Македонија4 часа

Министерството за здравство: На располагање има повеќе од 1.000 кревети за хоспитализирање пациенти со коронавирус

Здравствениот систем е подготвен да апсорбира поголем број пациенти, кој се очекува со пикот на коронавирусот кон крајот на април,...

Македонија5 часа

Во болницата „Плодност“ во Битола двајца доктори и една медицинска сестра позитивни на Ковид-19

Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гинеколог, и една медицинска сестра од приватната болница „Плодност“ во Битола се позитивни на...

Регион5 часа

Србија ја укина одлуката со која се цензурираа информации за коронавирусот

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, објави дека ја повлекува одлуката за информирање во време на пандемијата на коронавирусот, со која...

Свет6 часа

ЕУ: Во Западен Балкан пандемијата се користи за промоција на антиевропски ставови

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) оцени дека кризата во врска со пандемијата на коронавирусот во Западен Балкан се користи...

Македонија6 часа

Во Битола 55 сантиметри снег, во Крушево 47

Снежната покривка во Битола достигна до 55 сантиметри, а во Крушево има 47 сантиметри снег. Во Маврови Анови има 40...

Свет6 часа

Руски воен транспортер со медицинска опрема пристигна во САД

Руски воен транспортен авион пристигна во Њујорк носејќи медицинска опрема и маски како помош за САД во борбата против коронавирусот....

Забава6 часа

Во НАСА пристигнале 12.000 апликации за идни астронаути

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека примила 12.000 апликации за идната генерација астронаути за десетина слободни места, а резултатите од...

Свет8 часа

„Ламборгини“ ќе произведе хируршки маски за да помогне во борбата против Ковид-19

Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ламборгини“ претвори некои оддели во својата фабрика „Сант’Агата болоњезе“ во погони за производство на хируршки...

Македонија19 часа

Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело,...

Македонија20 часа

Починатата родилка од Охрид немала коронавирус

Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на битолчанецот кој беше пронајден починат во својот стан и кај родилката...

Македонија22 часа

Бројот на излекувани пациенти со коронавирус во Македонија се искачи на 17

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска се испишани пет пациенти....

Македонија23 часа

ЕУ дозволи пристап за земјава до Европскиот солидарен фонд

Северна Македонија доби пристап и до Европскиот солидарен фонд, од каде заедно со земјите – членки на ЕУ ќе бидат...

Македонија24 часа

Се продолжува породилното отсуство додека трае вонредната состојба

Родилките чие породилно отсуство од работа истекува за време на вонредната состојба, ќе може да останат дома цело време додека...

Македонија1 ден

Со Ковид-19 заразена медицинска сестра од Клиниката за пулмологија

Во Куманово медицинска сестра, вработена на Клиниката за пулмологија, дошла на работа без симптоми, но вчера ѝ се појавила зголемена температура...

Досие