Контакт

Култура

Директорката на „Охридско лето“ одликувана со орден „Витез на редот на ѕвезда на Италија“

Објавено пред

Претседателот на Република Италија, Серџо Матарела, ја одликува директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ со орден „Витез  на редот  ѕвезда на Италија“ . Одликувањето ѝ го додели амбасадорот на Италија во земјава, Андреа Силвестри, кој синоќа во катедралната црква „Света Софија“ потенцира дека ваквото високо признание е за нејзиниот исклучителен придонес во промоцијата на италијанската култура  на сцената на фестивалот „Охридско лето“.

Одликувањето ѝ го додели амбасадорот на Италија во земјава, Андреа Силвестри

„Од  2019 година таа е успешна директорка на еден од најпрестижните уметнички фестивали во земјава, меѓународниот фестивал „Охридско лето“ и почесен делегат на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА). Во сите овие години, сигурен сум дека Наташа ја заслужи довербата на властите и почитта на граѓаните, колегите и пријателите, ставајќи ги своите професионални вештини во служба на својата земја, но и на пошироката меѓународна заедница, внимателно избирајќи ги различните уметнички предлози кои доаѓаат од странство. Потврдувам дека таа многу ја заслужи почитта од Италија, бидејќи имав задоволство тесно да соработувам со неа во изминатите години. Таа организираше неколку извонредни италијански вечери, носејќи го пред локалната публика „Кремот на  кремот“ на италијанската музика и музичари, диригенти и оперски пејачи“, кажа амбасадорот Силвестри.

Тој  потенцира дека е особено задоволен што претседателот на Италија, Серџо Матарела го прифатил неговиот предлог, да го додели ова признание со кое се стекнуваат личности значајни за унапредување на односите меѓу двете земји.

„Витез на редот ѕвезда на Италија“ е одликување воведено во 1947 година како „Ред на ѕвездата на италијанската солидарност“

Директорката Поповиќ, заблагодарувајќи се за ова признание кажа дека е голема честа да се добие ваков значаен Орден како признание за успесите на „Охридско лето“, но и потврда за залагањата и посветеноста на целиот тим кој го подготвува и реализира фестивалот.

„Овој Орден го споделувам со мојот тим без кој не може да се постигнат успесите по кои нѐ препознаваат како дома, така и надвор од нашата држава. Навистина е огромна радост кога ќе ви ги препознаат успесите и во иднина продолжуваме да испишуваме уште многу успешни фестивалски изданија“, рече  Поповиќ.

„Витез на редот ѕвезда на Италија“ е одликување воведено во 1947 година како „Ред на ѕвездата на италијанската солидарност“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Вивалдијада 2026 – фестивал за млади музички таленти во Националната опера и балет

Објавено пред

Петтото издание на фестивалот за млади таленти „ВИВАЛДИЈАДА 2026“ ќе се одржи на 7 јуни 2026 година во Националната опера и балет во Скопје, со почеток во 20:00 часот, во организација на уметничкиот центар „ПОЛИФОНИЈА“.

„ВИВАЛДИЈАДА“ е уникатен проект-фестивал чија главна цел е промоција на македонската култура и уметност, во синергија со европското музичко наследство. Фокусот е насочен кон младите инструменталисти кои преку работилници и концертен настап ќе добијат можност за сценско искуство, соработка со професионални музички уметници и стекнување нови знаења и контакти.

Од самиот почеток во 2022 година, „Вивалдијада“ — со оркестарот на „ПОЛИФОНИЈА“ и концертмајсторот, како и уметнички директор Сања Шуплевска-Боирал — бележи големи успеси во своите примарни цели и презентација пред домашната сцена. Тоа го потврдуваат концертите пред преполни сали со публика од сите генерации, како и сè поголемиот интерес како кај солистите, така и кај љубителите на класичната музика.

Оваа година „ВИВАЛДИЈАДА 2026“ за првпат се реализира со меѓународен предзнак, во соработка со гости од европски држави. Како специјален гостин доаѓа едно од најзначајните имиња на сцената за класична музика во Малта, диригентот Кристофер Мускат — раководител на Академијата за сакрална музика „Francesco Azopardi“, визитинг-предавач на „University of Malta“ и актуелен директор на „Pjazza Teatru Rjal“. Тој е еден од најистакнатите современи малтешки композитори и диригенти, роден во 1977 година во Малта, а неговиот уметнички опус го карактеризира длабока посветеност на духовната и современата класична музика.

Учесници на ова издание се десетина млади солисти од Македонија: Илина Ристова, Теона Павлова, Михаела Васковска, Илија Богоев, Теодор Трајковски, Уна Трајковска, Сиена Ангеловска Витли, Бисера Кировска и Јована Јанкуловска, а на концертот ќе се претстават и гости студенти од Малта, Србија и Русија.

Музиката на славниот Вивалди е секогаш посакувана, истовремено и за свирење и за слушање. Антонио Вивалди постојано пишувал нова солистичка музика со што им давал смисла и надеж во животот на своите ученици, од кои повеќето биле сираци. По неговиот пример, фестивалот „ВИВАЛДИЈАДА“ е создаден за младите музички инструменталисти како поддршка и можност за настап со современици, како и со професионални музички уметници и педагози. Оваа пракса воедно е и најбрзиот интерактивен начин за стекнување сценски вештини и искуство.

Зад проектот стојат: Наташа Стојановска и Даниела Неделковска – проект-координатори од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Кристофер Мускат – диригент, и тимот на „Полифонија“: Јанинка Невчева, Орце Ицковски – раководител на проект, продуцент-организатор, и Сања Шуплевска – концертмајстор и уметнички директор.

Прикажи повеќе...

Култура

Збирка од 31.000 примероци на монети ковани од злато, сребро и бронза изложени во Археолошкиот музеј

Објавено пред

Од

По повод Меѓународниот ден на музеите, вчера во Националниот археолошки музеј се одржa свечено отворање на Нумизматичката збирка, како и инклузивниот моден настан „Модата низ минатото“.

Нумизматичката збирка опфаќа повеќе од 31.000 примероци на монети ковани од злато, сребро и бронза, пронајдени како поединечни наоди или во остави, откриени на различни локалитети низ целата држава.

Во постојаната нумизматичка поставка изложени се околу 2.500 монети, кои датираат од почетоците на монетоковањето на овие простори, од VI век пр.н.е., па сè до XIX век.

Во поставката се претставени монети откриени преку археолошки истражувања од целата територија на државата. Меѓу позначајните наоди се издвојуваат: оставата со тетрадрахми од Прилепец, Прилеп од III век пр.н.е.; оставата со тетрадрахми од Првата македонска област од Богданци, датирана околу 120–100 г. пр.н.е.; оставите со римски републикански денари од Глишиќ, Кавадарци и Пирава, Валандово од I век; како и оставата со антонинијани од Римскиот форум во Стоби од III век.

Од средновековниот период особено значајни се: депото со византиски солиди и тремизи од Секулица, Кратово од VI век; оставата со солиди и хистаменони од Виничко Кале, Виница од X век; депото со никејски хиперпирони и венецијански грошеви од Скопско Кале од XIII век; депото со српски денари од Кривогаштани, Прилеп од XIV век; како и оставата со османлиски монети од Орта Џамија, Струмица од XVII век.

Проектот „Модата низ минатото“ се реализираше во организација на Националниот археолошки музеј, во соработка со Модниот институт „Изет Цури“, професорот Никола Ефтимов и млади студенти кои активно учествуваа во процесот на изработка на моделите.

Во рамки на проектот беа изработени 12 костими, преку кои посетителите симболично патуваат низ различни историски периоди согледани низ призмата на модата. Костимите беа поделени во четири временски целини: праисторија, антика, византиски и отомански период.

Целта на проектот е преку реконструкции на историски костими да се доближи модниот стил и начинот на облекување на луѓето во минатото.

На настанот беа вклучени и здруженија за поддршка на лица со попреченост, со што симболично се заокружи овогодишната тема на Меѓународниот ден на музеите – „Музеите обединуваат поделен свет“.

Прикажи повеќе...

Култура

Васил Хаџиманов и неговиот бенд специјални гости на големиот концерт на Архангел

Објавено пред

Регионално признатиот виртуоз, пијанист и композитор Васил Хаџиманов, заедно со неговиот бенд, ќе бидат специјални гости на големиот самостоен концерт на Архангел, насловен „Срцевина“, закажан за 13 јуни на стадионот на АРМ во Скопје.

Ова концертно гостување е резултат на новата студиска соработка меѓу фронтменот на Архангел, Ристо Вртев и Хаџиманов.

Отворајќи го сопствениот креативен процес кон други врвни музичари, Вртев истакнува дека ова е ново и возбудливо искуство за него како автор. Зборувајќи за музиката што се создава во Белград, тој открива дека наскоро публиката ќе има можност да чуе дел од новиот материјал.

Соработката со Васил Хаџиманов претставува уште едно ексклузивно изненадување за публиката пред средбата на стадионот на АРМ. Влезниците за „Срцевина“ се достапни онлајн на karti.com.mk и низ целата продажна мрежа во Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Црна хроника11 минути

Тешко повреден мотоциклист по судир со возило во Скопско

Вчера околу 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Јурумлери, скопско, на крстосница од регионален пат Скопје-Велес и...

Македонија24 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Каков блам, следно е Филипче да држи прес за колекционерство на салфетки и за нумизматика

Тешка срамота е во што се претвори некогаш важната СДС. Од партија што барем глумеше сериозност, денес остана политичка група...

Македонија30 минути

Филков за протестите за полагање на правосуден испит: Македонскиот јазик не е пречка, тој е обврска

Најостро реагирам на обидот, полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Правосудниот...

Црна хроника34 минути

17-годишнo девојче нападнато од нејзин соученик во Карпош: подолг период психички ја малтретирал

Синоќа во 19:15 часот во СВР Скопје, О.С.(45) од Скопје пријавил дека околу 14:30 часот во средно училиште на подрачјето...

Црна хроника42 минути

Татко се обидел да ја спаси малолетната ќерка која ја држеле за врат: бил нападнат со кундак од пиштол

Утрово во 01:45 часот во СВР Скопје, Н.Ш.(41) од с.Кондово, скопско, пријавил дека на 18.05.2026 околу 21:30 часот пред неговиот...

Спорт42 минути

Аморим ќе го наследи Мурињо во Бенфика

Рубен Аморим е првиот кандидат да го замени Жозе Мурињо на клупата на Бенфика, пишуваат португалските медиуми. Поранешниот играч на...

Свет51 минута

Воен авион на НАТО собори дрон на границата со Русија

Воен авион на НАТО денес собори дрон во Естонија, за кој се верува дека е лансиран од Украина, изјави естонскиот...

Спорт1 час

Силекс и Шкендија утре ќе се борат за трофејот во Купот

Екипите на ФК Силекс и ФК Шкендија утре од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочат во...

Македонија1 час

Муцунски на затворањето на македонското претседателство со AII/EUSAIR: „Напредокот од ова претседателство покажа дека кога дејствуваме заедно, можеме да испорачаме резултати“

Со одржувањето на 11-от Форум на Јадранско-јонската иницијатива (AII) и Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR), што се одржа...