Контакт

Култура

„Доаѓаме со поклон“ – изложба на Шејла Камериќ

Објавено пред

Во вторник, (27 септември), во Чифте амам, со почеток во 19 часот ќе се одржи изложбата на познатата уметница Шејла Камериќ.

dobivaj vesti na viber

Разговорот ќе го води кураторот, историчар и теоретичар на уметност и култура од Белград, Бранислав Димитријевиќ.

Во пријателска соработка помеѓу КРИК – фестивал за критичка култура и Фестивалот за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО, за првпат во Северна Македонија имаме чест и радост да ја претставиме Шејла Камериќ, една од најзначајните уметници со огромен број меѓународни референци, со изложбата насловена „Доаѓаме со поклон“. Изложбата е во соработка со Националната галерија „Чифте Амам“, кои како и секогаш го промовираат современиот концепт на отворени јавни институции. Кураторка на изложбата е Наталија Пауниќ. Воедно, во рамки на изложбата ќе имаме ретка можност да го проследиме разговорот и претставувањето на Шејла Камериќ, низ кој ќе имаме привилегија да ги слушнеме мноштвото родови, политички, уметнички, естетски и социо-културни перспективи на уметницата. Низ разговорот ќе нѐ води кураторот, историчар и теоретичар на уметност и култура од Белград, Бранислав Димитријевиќ, но секако Камериќ ќе биде отворена и за прашања и коментари од посетителите на изложбата, вели организаторот.

КРИК – фестивал за критичка култура и Фестивалот за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО, со оваа изложба имаат цел да отворат критичка дебата за влијанијата, дијалогот и полемичките перспективи на современата уметност и нејзината одговорност во преиспитувањето на важните општествени прашања кои ги засегаат плуралните идентитетски стереотипи преку кои културата има опресивна и маргинализирачка улога, особено кога станува збор за читањето на родовиот, женски наратив.

Претставувањето на делото на Шејла Камериќ во Скопје го разгледува долгогодишното портретирање на жените како вештерки и/или предмети. Алудирајќи на добро познатите тематски интереси на радикалниот феминизам, социјалистичкиот феминизам и пост-структуралистичките гледишта, изложбата исто така има за цел да расветли обични, домашни и познати секојденвни елементи и да им даде нагласок на проблемите на кои обично не им обрнуваме многу внимание. Оваа намера е внимателно внесена во новата измена на централното дело на изложбата „Доаѓаме со поклон“, коешто прикажува необично долга, тенка црвена ткаенина што почнува како типичен украс-панделка од женската долна облека и завршува така што ја заплеткува публиката со својата сопствена материјалност. Овој гест – претераното издолжување на панделката – си поигрува со идејата за предмет што и не е веќе предмет, туку има свој сопствен живот, своја сопствена волја и моќ.

Изложбата ќе вклучува и дела пренесени од нејзината последна соло изложба во Белград, „Мајката е кучка“, други фотографски дела („Емабаразада“ и „Непознато“) како и дела од сериите „Мажена “, „Исчезната“ и „Дигитални актови“. Исто така ќе содржи и едно ново дело, „Градина со рози“, коешто продолжува со истражувањето на формалната линија што ни е веќе позната од „Мажена“, истовремено носејќи ја заробеноста на женското тело во различна насока, појаснува организаторот на изложбата.

Култура

Промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски

Објавено пред

Денес (четврток), 1.12.2022, во 12 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски, во изложбениот салон Галерија ’22 при Центарот за култура „Ацо Шопов“ Штип.

dobivaj vesti na viber

„Идентитетот е приказна“ е прва книга во која детаљно се анализира и вреднува есеистичкото творештво на Стефановски и се оценува како исклучително проучување и на полето на современата македонска книжевна наука и на полето на македонската култура.

Инаку, книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски, според оцените на универзитетскиот професор, писател и книжевен критичар Венко Андоновски, е не само пионерско, туку и професионално, методолошки точно поставено проучување на есеистиката на Горан Стефановски.

Прикажи повеќе...

Култура

Почнува Европскиот филмски предизвик кој победникот го носи на Интернационалниот филмски фестивал во Берлин

Објавено пред

Трета година по ред во земјава се организира Европскиот филмски предизвик (European Film Challenge) кој трае од 21 ноември до 29 јануари и на кој најпосветениот гледач на европски филмови ќе биде награден со патување на реномираниот филмски фестивал „Берлинале“. Предизвикот е во тек на 10 недели да се погледнат 10 европски кинематографски остварувања на фестивали, во кино сали, телевизија или на легални онлајн платформи за што се добиваат различен број на поени. Овогодинешниот предизвик е и поддршка на македонските филмови кои од оваа есен се на репертоарите во кината, па затоа во предизвикот сите тие ќе се вреднуваат со дополнителни 10 поени кои на филмофилите им носат поголеми шанси за победа во предизвикот, соопшти организаторот.

dobivaj vesti na viber

Првиот чекор за да се учествува на натпреварот е секој заинтересиран да се регистрира на официјалната веб-страница https://europeanfilmchallenge.eu/mk/login за што е потребно да има најмалку 18 години. Понатаму учесникот треба да изгледа 10 филмови кои ќе ги внесе на својот профил и за секој филм да го „прикачи“ насловот заедно со фотографија што докажува дека го гледал филмот и да го наведе местото или платформата на која го гледал. Проектот во земјава го имплементира Центарот за социјални иновации „Блинк 42 – 21“ заедно со европски партнери во 13 држави преку поддршка на програмата на МЕДИА – Креативна Европа и Европската филмска индустрија.

– Проектите низ кои ги шириме гледиштата, се едуцираме и излегуваме од сопствените граници се од исклучително значење за нас како организација. Ова е веќе трета година како го реализираме Европскиот филмски предизвик и семејството на посветени филмофили и ентузијасти околу европската кинематографија исто така полека, стабилно и сигурно се зголемува. Културата и културните навики на граѓаните се одраз и за еманципираноста на една земја, но сето тоа е континуиран процес. Само еден од нашите проекти во таа насока е предизвикот и се надеваме дека како и досега ќе продолжи да расте – велат од „Блинк 42-21“, вели организаторот.

European Film Challenge е млада филмофилска заедница на вљубениците во европскиот филм желни да го доживеат киното од првите редови преку содржини од зад сцената, препораки и ексклузивен пристап до филмови и фестивали.

Сите детали околу бодувањето и правилата може да се прочитаат на следниот линк https://europeanfilmchallenge.eu/mk/terms

Прикажи повеќе...

Култура

Промоција на романот „Засолниште во времето“

Објавено пред

На 1 декември во киното Фросина во МКЦ од 21 часот ќе се одржи промоција на романот „Засолниште во времето“ со гостување на авторот, прославениот бугарски писател, Георги Господинов.

dobivaj vesti na viber

Романот од бугарски на македонски го преведе Душко Крстевски. Објавувањето на романот и промоцијата се дел од проектот „Европска литература: зачувување на солидарноста во заканувачки контексти“.

Модератор на промоцијата ќе биде Дарин Ангеловски а промоторки на романот Оливера Ќорвезироска и Калина Малеска.

Во својот роман „Засолниште во времето“, бугарскиот автор го претставува светот во којшто луѓето го бараат засолништето во минатото. Она што првично било замислено како терапија за луѓето со алцхајмер и деменција, станува дистопија: во секоја европска земја се одржува референдум за изборот на деценијата во која би сакале да се вратат.

„Моќен и брилијантен роман: јасен, претчувствителен, енигматичен. Роман во кој иднината попушта како скапана греда, а минатото надоаѓа како поплава“. (Сандро Веронези,, двоен добитник на Премио Стрега)

„Бугарскиот романсиер напишал екстравагантен роман, сочинет од варијации на темите на минатото, сеќавањето и заборавот. Маестрално“. (Ле Фигаро)

„Георги Господинов е единствен во многу работи…Никој не може да ги спои интригантниот концепт, прекрасната фантазија и совршената техника на пишување како што тоа го прави тој“. (Олга Токарчук, Нобеловка)

„Роман со стотици приказни во себе. Роман на еден континент и во десеттина земји, стотици градови и со илјадници луѓе. Милиони приказни им се случиле, или не“. (Литературен гид)

Георги Господинов (1968) е поет, романсиер и сценарист. Тој е најпреведуваниот бугарски современ писател, чии книги досега се преведени на повеќе од дваесетина јазици.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 часа

Дојави за бомби во осум училишта во Скопје

Попладнево, во полицијата било пријавено дека на електронски адреси на осум училишта во Скопје им е упатена закана за поставена...

Македонија16 часа

Град Скопје го раскина договорот со здружението на приватните превозници „Слобода превоз“

Договорот со здружението на приватните превозници „Слобода превоз“ денес е раскинат поради неисполнување на обврските што произлегуваат од договорот. „Во...

Економија16 часа

Мицкоски: РЕК „Битола“ од вчера работи со еден блок на 75 отсто од инсталираниот капацитет

„Владата најавуваше дека ќе работат од 1 ноември до крајот на грејната сезона со трите блока во Битола, едниот блок...

Македонија17 часа

Османи: Во фокусот на нашето претседавање ќе биде враќањето на мирот и стабилноста во Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ во Лоѓ, денес оствари билатерална средба со...

Економија17 часа

Дизелот поевтинува, цените на другите горива остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Европа18 часа

Лукашенко: Украина го користи секој изговор за да го вовлече НАТО во конфликт

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека Украина го користи секој изговор за да ги вовлече силите на земјите...

Македонија19 часа

(Видео) Пендаровски: Брзината на интеграцијата во ЕУ зависи најмногу од нас

Општиот впечаток меѓу нашите граѓани, за жал, е дека некои од преземените реформи или не се одржливи на долг рок...

Свет21 час

Лавров: Западот го осакати Советот на Европа не оставајќи му никакви шанси за закрепнување

Сергеј Лавров рече дека Западот го осакати Советот на Европа, без никакви шанси за закрепнување. „Западот го осакати Советот на...

Свет22 часа

Маск најави тестирање мозочен чип на луѓе, ќе почне за шест месеци

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека очекува клиничките испитувања на безжичниот мозочен чип развиен од неговата компанија Neuralink да почнат...

Свет22 часа

Белата куќа објави нови пакет-санкции против Северна Кореја

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан објави дека САД работат на нови пакет-санкции насочени кон Северна Кореја. Саливан изјави...

Свет22 часа

Кинески амбасадор: Кина не ја снабдува Русија со оружје

Кина не ја снабдува Русија со оружје, изјави кинескиот амбасадор во Франција, Лу Ша. „Не. Мислам дека на Русија не...

Свет22 часа

Џјинпинг: Кина ги продолжува координацијата и комуникацијата со Европската Унија

Кина ќе продолжи да ги зајакнува комуникацијата и координацијата со Европската Унија, изјави денеска кинескиот претседател на средбата во Пекинг...

Свет22 часа

Пет лица пронајдени мртви во куќа во предградие на Чикаго

Пет лица се пронајдени мртви во куќа во предградие на Чикаго, соопшти полицијата. Според полицијата, во средата во 11.12 часот...

Македонија23 часа

Маричиќ во Брисел, почнува билатералниот скрининг за „Правосудство и фундаментални права“

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, денеска во Брисел ќе го...

Регион1 ден

Курти: Сакаме договор, но се чини дека Вучиќ и Белград не го сакаат

„Сакаме договор, одиме на дијалог. Се чини дека Белград и Вучиќ не сакаат договор“, изјави косовскиот премиер Албин Курти. Во...

Македонија2 дена

Атиџе и Штајнмаер си разменија тегли со мед: „Ако ги сакате пчелите, тие ќе ви возвратат“

Хероината од документарниот филм Атиџе Муратова му подари од својот мед на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер. „Ако ги сакате пчелите,...

Македонија2 дена

Адвокатите на осудените за убиството на Тот, најавија жалби: „Казните се драконски“

Сите адвокати на обвинетите и првостепено осудени за убиството на Денис Тот најавија жалби на пресудата. Незадоволни се од висината...

Свет2 дена

Писмо бомба експлодира во украинската амбасада во Мадрид

Шпанската полиција соопшти дека дошло до експлозија во украинската амбасада во Мадрид. Станува збор за писмо бомба, а еден вработен...

Економија2 дена

Потпишан договор, продолжува испораката на греење во Чаир и Бутел

АД ЕСМ го плати природниот гас наменет за АД Скопје Север за испорака на греење и потрошувачите во општините Чаир...

Македонија2 дена

Тупанчески: Некој функционер го искористил дискреционото право овозможувајќи предвремено полагање на правосудниот испит

Министерот за правда Никола Тупанчески , одговарајќи на новинарски прашања за положениот правосуден испит на Барлет Џафери во 2015 година...