Контакт

Култура

Доајенот Петре Арсовски добитник на државната награда „11 Октомври“

Објавено пред

Актерот Петре Арсовски, доајен на македонското актерство и на Македонскиот народен театар, ја доби државната награда „11 Октомври“ во 2018 година како највисоко признание за животно дело во областа на културата и уметноста од јавен интерес на Република Македонија.

Наградата му беше врачена во Собранието на Република Македонија.

Петре Арсовски (1945) во НУ Македонски народен театар – Скопје се вработил во 1974 година кога дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности – Скопје, во првата класа под водство на проф. Илија Милчин.
Во Македонскиот народен театар останува сè до пензионирањето во 2009 година. И по официјалното заминување во пензија, тој е од оние актери што го потврдуваат сознанието дека за добриот актер сцената секогаш е отворена, го чека – сè додека може. Арсовски и сега, речиси една деценија по заминувањето во пензија, постојано игра ликови во претстави, без разлика дали се тие дел од редовниот репертоар на МНТ или на други сцени, во независни продукции, во долгометражни и краткометражни филмови, во филмови и ТВ-серии во Македонија и надвор од Македонија. Пред неколку дена Арсовски се врати од Русија, каде што „Разговори во четири очи“ ја освои главната награда на жирито за најдобра претстава на фестивалот „Московски ноќи“.

Првата улога Петре Арсовски ја остварува во 1968 година во претставата „Венецијански близнаци“, чија премиера е одржана на 12 декември 1968 година. Токму оваа 2018 година се навршуваат 50 години од неговиот живот на сцената на МНТ – Скопје.

Во творечкиот/актерски опус на Петре Арсовски досега се запишани импозантен број креирани и одиграни ликови. Искажано низ бројки, за тој опус сведочат ликовите во 52 претстави на сцената на МНТ, 15 на други сцени, 77 лика во македонски филмови и ТВ-сериии, филмови во некогашната југословенска продукција, во европските продукции и во повеќе држави на Балканот.

концерти

„Точно на полноќ“ – новогодишен концерт на Македонската филхармонија со „Дуо Гурфинкел“

Објавено пред

„Точно на полноќ“ е насловот на гала-новогодишниот концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи во понеделник, на 24 декември, во 20 часот.

Диригент е маестро Јерухам Шаровски од Израел, а солисти на кларинети на концертот се браќата близнаци од Израел – Даниел и Александар Гурфинкел, познати како „Дуо кларинети Гурфинкел“, кои веќе се етаблираа како едни од најзначајните уметници на денешнината.

„На програмата се популарни дела од класичната музика, кои ќе нè поведат низ пределите на студената Русија до топлиот Бразил, ќе ни ја покажат виенската галантност, но и унгарскиот уникатен фолклор, или израелската звучна специфичност и волшебна музичка синтеза, па американската џез-култура, францускиот уметнички шмек или англиската префинетост, до македонската традиционалност…, дела од Глинка, Бизе, Сен-Санс, Гершвин, Штраус, Лист, Глишиќ…“, велат од Македонската филхармонија.

Прикажи повеќе...

Култура

Едночасовен „Волшебен свет“ пред полната сала во МНТ

Објавено пред

Едночасовна уметничка целина од современ танц, музика и визуелни уметности беше прикажана вчера, на големата сцена на Македонскиот народен театар. Во продукција и изведба на млади уметници, мултимедијалниот перформанс „Волшебен свет“ го заокружи вториот циклус од Инкубатор програмата за култура во организација на КЦ Интерарт, поддржана од Амбасадата на Швајцарија во Македонија. „Волшебен свет“ е резултат на тримесечната работа на младите уметници во работилниците на Инкубатор во три категории – танц, музика и вузелни уметности, под менторство на Рисима Рисимкин, Тони Китановски и Лидија Георгиева.

„Премиерата на „Волшебен свет“ во Скопје помина одлично и исклучително сум задоволна од сѐ она што ни го донесе Инкубатор програмата за култура. Создавањето на оригинални дела од еден нов бран на млади ентузијасти и уметници, со погледи на светот кои се вистинско богатство, ни покажа дека како општество имаме иднина со голем културен потенцијал. Со овие два циклуси на Инкубатор добиваме сериозен број на нови уметници кои со сработеното докажуваат дека се подготвени да носат и создаваат големи проекти. Среќни сме што со поддршка од Амбасадата на Швајцарија, успеавме да обезбедиме комплетен циклус на обука, целосна едукација, продукција и искуство на настапи и патувања за младите креативци. Јас, а се надевам и пошироката јавност, со нетрпение ги очекуваме идните дела на овој нов бран на младинската уметничка сцена”, вели Рисима Рисимкин, ментор и уметнички директор на проектот.

Деновиве, Инкубатор продукцијата е на караван во повеќе градови ширум земјата.
„Среќна сум што вечерва заеднички и во толку голем број ја проследивме презентацијата на делата од втората фаза на Културната програма Инкубатор. Интересот кој е уште поголем од првиот циклус, за Амбасадата на Швајцарија како донатор е јасен знак дека сме донеле добра одлука да промовираме алатка за поддршка на локалната уметност и култура. Искрено се надеваме дека преку нашата културна програма ќе придонесеме кон создавање една самокритична, општествено одговорна и инклузивна културна и општествена клима. Нашата цел и понатаму е независен, силен и разновиден културен сектор, фокусиран на промоција на професионализам, креативност и слободен уметнички израз. Се надеваме дека ова е еден убав почеток на што повеќе вакви активности, за Интерарт културниот центар, но и за други ентитети кои делуваат во овој домен“, истакна амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Сибил Сутер Техада.

Финалната продукција на Инкубатор програмата за култура поддржана од Амбасадата на Швајцарија во Македонија е дел од Инкубатор деновите на младинска уметничка сцена, кои се реализираат со поддршка од Министерството за култура, во рамки на проектот Млади Европејци.

Прикажи повеќе...

Изложби

Во Скопје изложба на уметнички дела од ликовната колонија „Вевчански видувања“ 2018

Објавено пред

Во НЛБ Галерија во Скопје, денеска (17 декември) свечено ќе биде отворена изложбата на уметнички дела на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ 2018.

„Мозаик од бои“ е насловот на каталогот кој оваа колонија го изготвува традиционално пред изложбата во Скопје и истиот ќе можете да го погледнете токму на отворањето на изложбата. Во него има воведно обраќање на организаторот, самите дела кои се насликани на овогодишната Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“ 2018, како и информации за уметниците. Истиот се издава на македонски и англиски јазик.

Инспирацијата за творење во Вевчани и оформување на своите врвни уметнички дела таму годинава ја најдоа уметниците Ацо Станкоски, Ефтим Ристов, Никола Пијанманов, Ставре Димитров Стадим, Ниче Василев, Станко Георѓиески, Доне Милјаноски, Живко Попоски Цветин, Дамјан Затуроски, Цветанка Јованова и Петар Попчев од Република Македонија, како и уметниците Драгана Кнежевиќ (Србија), Светислав Савковиќ (Србија), Хо Ми Ан (Франција), Герард Гален (Франција), Златка Пентова (Бугарија), Анже Скалжунски (Полска), Јелена Савиќ (Србија), Бојан Савиќ (Србија), Јенс Линдвквист (Шведска), Осијан Теселиус (Шведска), Маркус Јохансон (Шведска), Петар Белишки (Бугарија) и Јуре Самец (Словенија).

Веќе 9. година на крајот на месецот јуни, во ресторанот „Виа Игнација“ во Вевчани се организира Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. На оваа реномирана културно-уметничка манифестација имаат земено учество над 300 еминентни ликовни уметници од Република Македонија и од странство. Делата на оваа колонија до сега беа изложувани во светските уметнички центри како Њујорк, Москва и Париз.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Викиликс афера: Димитров се брани на „Фејсбук“, му извадиле стари инфомации

Објавата на тајните документи од страна на Викиликс дека министерот за надворешни работи, Никола Димитров два пати бил заштитен извор...

Македонија4 часа

(Видео) Сексуалните работници бараат декриминализација на нивната работа

Сите знаат каде можат да купат љубов, но молчат иако тоа е основно човеково право, велат сексуaлните работнички кои денеска...

Македонија6 часа

Српски медиуми: Возачот на автобусот што се преврте кај Лесковац возел со 100 километри на час

Возачот на автобусот што се преврте во Лесковац при што загинаа тројца македонски државјани е приведен, објавија српските медиуми. „Курир.рс“,...

Крвав четврток7 часа

Нинџа предложи нови докази за 27 април – 115 аудиоразговори и 20 фотографии

Обвинетиот Александар Василeвски – Нинџа на денешното рочиште за крвавиот четврток предложи дополнителни докази кои смета дека треба да бидат...

Македонија8 часа

Тунтев на комеморацијата за Стојаноски: Јован друже, не се договоривме вака

Премиерот Зоран Заев во име на Владата се обрати на комеморацијата за починатиот градоначалник на Охрид, Јован Стојаноски. „Тешко е...

Бегството на Груевски8 часа

Трајковски: Не бев да се видам со Груевски, туку да се лекувам на клиника

Обвинетиот Александар Трајковски на паузата од денешното судење за „Насилството во Центар“ на СЈО пред новинарите рече дека во Унгарија...

Македонија8 часа

Адвокатите се откажаа да го застапуваат Груевски

Тројцата адвокати Димитар Дангов, Стерјо Зиков и Боро Тасевски се откажаа да го застапуваат експремиерот Никола Груевски во предметот на...

Бегството на Груевски9 часа

Ристовски: Соседните земји низ кои поминал Груевски не смееле да го уапсат

Заменик-министерот за правда на Македонија, Оливер Ристовски, за српскиот весник „Политика“ потврди дека Србија немала обврска да го задржи или...

Европа9 часа

(Видео) Десет илјади граѓани излегоа на протестите против владата на Орбан

Околу десет илјади граѓани протестираа во Будимпешта против новиот закон за работа и, како што се наведува, „растечкото авторитарно владеење...

Европа10 часа

Премиерот на Франција за ,,Жолтите елеци”: Погрешивме, не ги слушавме доволно граѓаните

Премиерот на Франција, Едуар Филип, призна дека Владата не ги слушала доволно Французите и дека погрешила во управувањето на кризата...

Македонија10 часа

Марш на црвените чадори – ќе маршираат сексуални работнички, стриптизети, хотлајн-операторки

Првиот колектив на сексуални работници „Стар-стар“ во рамките на кампањата за одбележување на 17 Декември, Меѓународен ден за ,,стоп” на...

Свет22 часа

(Видео) Експлозија во ресторан во Јапонија, повредени 42 лица

Најмалку 42 лица се повредени во експлозија и пожар во ресторан во јапонскиот град Саппоро.На местото на експлозијата веднаш пристигнаа...

Македонија23 часа

ЛДП нема да гласа за законот за амнестија

ЛДП нема да гласа за законот за амнестија. Како што беше кажано на седмото Изборно собрание на Либералдемократите, овој владин...

Македонија1 ден

(Видео) Сведоштво од несреќата кај Лесковац: Кога се разбудив слушнав вриштење, околу мене имаше луѓе со крвави глави

,,Кога се разбудив слушнав вриштење. Видов луѓе со крвави глави и раце и слушнав некој кажа дека има и загинати”,...

Македонија1 ден

ЗНМ на тест, изборот на Чадиковски под прашалник

По којзнае кој пат новинарската фела е исправена пред нови поделби. Вчерашниот избор на Младен Чадиковски за претседател на Здружението...

Македонија1 ден

Идентификувани двајца од трите жртви во превртениот автобус – маж од Крушево и жена од Кочани

Шеесет и осумгодишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш. и 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К. се...

Македонија1 ден

МНР потврди за тројца загинати кај Лесковац, во животна опасност се четворица патници од автобусот

Маж на возраст од 68 години е првата идентификувана жртва од превртениот македонски автобус кај Лескoвац, информираат од Министерството за...

Топ1 ден

Во една вечер тројца пешаци тешко повредени во сообраќајки во Скопје, Охрид и Битола

Тројца пешаци се тешко повредени откако биле удрени од автомобили во три одделни сообраќани несреќи во Скопје, Охрид и Битола,...

Регион2 дена

Јеремиќ: Вучиќ и Тачи го имаат договорено формирањето на косовската војска

Претседателот на српската Народна партија, Вук Јеремиќ, за српските медиуми изјави дека формирањето на војската на Косово е скандалозно и...

Македонија2 дена

(Видео) Спасовски на Пониква ги посети кандидатите за полициски специјалци

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и дел од раководството на МВР денеска го посетија зимскиот рекреативен центар „Пониква“ во Кочани,...

Досие