Култура
Доделени наградите на МТФ Денови на комедијата Куманово 2023
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово беа доделени наградите на 26. по ред МТФ Денови на комедијата Куманово 2023. На свеченото доделување присуствуваа актерите и добитниците од театрите од Македонија и гостите од Србија и Бугарија.

Жирито на 26. МТФ Денови на комедија 2023 Куманово, во состав на претседателка Магдалена Ризова-Черних, и членовите Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски, ги донесе следниве одлуки за награди на фестивалот:
Најдобра претстава „Чекајќи го лекарот“ Театар Лесковац, Србија;
Најдобра режија Дамјан Тенев „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
Најдобра актерка Наталија Теодосиева „Илуминати“ Театар комедија – Скопје;
Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
Најдобра сценографија Радостина Тодорова „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
