Контакт

Култура

Документарен филм за легендарниот хотел „Југославија“ во Белград во домашните кина

Објавено пред

Од 13 септември (четврток) во Кинотеката на Македонија (20 ч), Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга (19 ч) и Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино (19.30 ч.) се прикажува филмот „Хотел Југославија“ во режија на Никола Вањиер.

Изграден во Белград во 1969 година, хотел „Југославија“ беше митско место. Тој беше најголемиот хотел на Балканот и симбол и сведок на разни моменти што ја обликуваа поранешна Југославија: Од Тито до Милошевиќ; од социјализам во национализам; од бомбашките напади на НАТО до корумпиран економски либерализам. Југославија повеќе не постои, но хотелот сè уште го прогонува белградскиот пејзаж како одраз на српското општество во потрага по нови пресвртници. Со разгледување на разните простори и епохи на зградата, со собирање на сеќавањата на оние што живееле во него, режисерот – со југословенско потекло преку мајка му, но роден и израснат во Швајцарија – создава единствен простор – време во кое на површина испливува колективното несвесно како и дел од неговиот идентитет.

За швајцарскиот режисер, документарниот филм е еден вид потрага за изгубеното кралство. Откриваме и дознаваме за ова место кое е симбол на една ера преку долга листа негови привремени познати и непознати посетители и гледаме од далечина како една зграда може да воспоставува идеологии и национални идентитети, но исто така да стои исправено пред колапсот на колективната меморија.

Филмот беше прикажан во програмата „Панорама“ на Берлинскиот филмски фестивал, а беше и во главната натпреварувачка програма на Документарниот филмски фестивал во Солун. Филмот продолжува со прикажување на 26 септември во Гостивар, а од таму и во другите градови во Македонија.

Дистрибутер за Македонија е „Катавеј“, а дистрибуцијата е поддржана од „Свис филмс“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

15 музичари од регионот со заедничка музика ќе настапат во МКЦ

Објавено пред

15 музичари од Македонија, Косово, Албанија, Србија и од Хрватска својата заедничка музика ќе ја претстават пред македонската публика во МКЦ.

OneBeat Balkans е програма за културна размена и за соработка на 15 музичари од регионот, односно од Албанија, Хрватска, Косово, Македонија и од Србија, како и од САД. Музичарите соработуваат создавајќи музика, а истовремено се вклучени во мултидисциплинарни активности, организираат јавни работилници, а преку уметноста сакаат да го променат општеството на подобро, на пример, да охрабрат подобар економски развој во овој регион. Оваа 24-дневна програма вклучува 14-дневен престој на планините Ругова во Косово, проследена со 10-дневна турнеја во Тирана (Албанија), Приштина (Косово), Скопје (Македонија), Нови Сад (Србија) и Загреб (Хрватска).

Веќе сите 15 музичари се наоѓаат во резиденцијата на OneBeat во Пеја, што е првата фаза од програмата. За време на овој период учесниците ги споделуваат своите размислувања за културата преку музичките ноти. Овие ноти на музиката ќе патуваат во сите земји од регионот – Албанија, Косово, Македонија, Србија и Хрватска.

OneBeat доаѓа во Скопје на 17 февруари 2019 во Младинскиот културен центар со почеток од 20 часот. Во киното „Фросина“ заедно со музичарите на OneBeat ќе настапи и Вера Милошевска-Јосифовска.

OneBeat е иницијатива на Стејт департментот на САД, Канцеларијата за едукација и култура, во продукција на Bang on a Can’s Found Sound Nation и Balkan Art Zone, а се остварува во партнерство со амбасадите на САД во Албанија, Косово, Македонија и во Србија.

Прикажи повеќе...

Култура

Петрунија со две престижни награди на Берлинале

Објавено пред

На денешната церемонија за доделување награди од независни жири комисии во рамки на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, беше соопштено дека престижната награда од жири комисијата “Ecumenical” ја добива нашиот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска.

Нашиот филм дополнително се закити и со уште една фантастична награда специфична за берлинскиот фестивал; наградата “Guild Film Prize”.

„Презадоволни сме од досега постигнатиот успех со овие две престижни награди, а задоволството е уште поголемо кога ја гледаме публиката како реагира на приказната за Петрунија во текот на овие фестивалски денови. Независно од исходот на главното доделување на Златната мечка, овие две награди, како и овациите, аплаузите и одличните рецензии од врвните филмски критичари, за нас се најголемото признание и сведоштво дека навистина успеавме да направиме филм кој испраќа силна порака“, изјави режисерката Теона Стругар Митевска.

Инаку, “Ecumenical Award” е независна филмска награда која се доделува на филмови на големи меѓународни филмски фестивали уште од 1973 година, како Кан, Берлин, Локарно, Монтреал и Карлови Вари, а целта на наградата е да се оддаде почит на уметничките дела што сведочат за моќта на филмот во откривањето на мистериозните длабочини на човекот.

Во Берлин оваа награда се доделува од 1992 г., а “Ecumenical” жири комисијата ја претставуваат меѓународните филмски организации на протестантските и католичките цркви, “INTERFILM” и “SIGNIS”. Сочинета е од 6-члена жири комисија, а главната награда се доделува на филм од главната конкуренција на Берлинале за режисери кои успеале да ги претстават дејствијата или човечките искуства кои се во согласност со Евангелијата или да ги поттикнат гледачите на духовни, човекови или општествени вредности.

Низ историјата, почнувајќи од 1974 во Кан, бројни реномирани и звучни филмски имиња се имаат закитено со наградата на “Ecumenical” жири комисијата, меѓу кои и Андреи Траковски, Вим Вендерс, Кристоф Кишловски, Мајкл Винтерботом, Браќата Тавијани, Михаел Ханеке и многу други, а оваа 2019 година престижната награда оди во рацете на Теона Стругар Митевска, за „Господ постои, името ѝ е Петрунија“.

Наградата “Guild Film Prize”, пак, ја доделува тричлена жири комисија, чии членови се управители на арт кина, а се исто така членови на Асоцијацијата на германската уметничка кинематографија “AG Kino – Gilde e.V.”. Оваа Асоцијација денес брои повеќе од 300 независни филмски арт кино сали ширум Германија. Истата е поддржана од повеќе од 40 дистрибутери, здруженија и компании, а Асоцијацијата е дел и од европската кино мрежа “CICAE”.

Жири комисијата на “Guild Film Prize” наградата ја доделува исто така на филмови од главната компетиција на Берлинале и е огромна препорака за гледачите и дистрибутерите, што ќе помогне за уште подобра дистрибуција на филмот кој наиде на неверојатен прием кај фестивалската публика.

Инаку гала церемонијата за доделување на главните награди на 69-тото издание на Берлинале се одржува вечерва со почеток од 19 часот, на што претходи церемонијата на црвениот тепих, а пак околу 20.30 часот се одржува и последната прес-конференција на која ќе се соопштат добитниците на „мечките“ во повеќе категории.

Прикажи повеќе...

Култура

Балетската претстава „Ана Каренина“ на 22 февруари во МОБ

Објавено пред

Балетот во два чина „Ана Каренина“ со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски ќе биде прикажан на сцената на МОБ на 22 февруари 2019, со почеток во 20 часот.

Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичка, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, на сцената на Македонската опера и балет ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој.

Во повеќе од два часа балетските уметници на МОБ, на чело со впечатливиот и емотивен до исцрпување танц и со инспиративните движења на Марија Кичевска-Шокаровска како Ана Каренина, Бобан Ковачевски како Вронски, Васил Чичијашвили од Грузија како гроф Каренин, Христина Накевска како Кити, ќе ги пренесат сите емоции што го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка…
Моќна, динамична, емотивна…!

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Заев и Ципрас: Договорот им го посветуваме на младите генерации и нивната иднина

Премиерот Зоран Заев заедно со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас, денеска зедоа учество на панелот „Разговор со добитниците на наградата...

Македонија12 часа

Силјановска е претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија многу ми даде, сега е ред јас да вратам

Гордана Силјановска и официјално е избрана за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ од страна на делегатите на партијата на денешната конвенција...

Регион13 часа

Тензични протести во Тирана: Приврзаниците на опозицијата се судрија со полицијата

Повеќе од илјада приврзаници на опозицијата се судрија денеска со полицијата на антивладините протести во Тирана, барајќи оставка на премиерот...

Македонија16 часа

Неколкумина повредени кај Ласкарци сѐ уште се борат за живот

Во Градската општа болница „8-ми Септември“ од повредените од тешката сообраќајна несреќа, во моментов се лекуваат 19 пациенти. Од нив,...

Македонија17 часа

Мицкоски: Да се обединиме и да му дадеме црвен картон на Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на конвенцијата во Струга, на која партијата избира кандидат за претседател, повика на обединување на...

Свет18 часа

(Видео) Работник кој добил отказ застрела петмина колеги во Чикаго

Пет лица се убиени и пет полицајци се повредени во предградието на Чикаго, кога 45-годишн маж пукал во индустриско складиште...

Македонија19 часа

Притвор за 11 членови на криминална група, разработиле шема за шверц на мигранти од Грција кон Србија

Единаесет членови на криминална група кои што разработиле шема за шверц на мигранти од Грција, преку земјава, кон Србија, завршија...

Македонија20 часа

Почина уште еден повреден во несреќата кај Ласкарци, бројот на жртви се искачи на 15

Изутринава почина уште еден од повредените во тешката сообраќајна несреќа која што се случи на патот Скопје – Тетово, со...

Свет21 час

Трамп прогласи вонредна состојба

Претседателот Доналд Трамп прогласи национална вонредна состојба на границата Мексико, во обид да обезбеди повеќе пари за ѕидот кој планира...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ на конвенција во Струга избира партиски кандидат за претседател

ВМРО-ДПМНЕ денеска на Конвенција под слоганот „За честита Македонија“ во Струга го избира партискиот кандидат за претседател на претстојните претседателски...

Македонија1 ден

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од пат, лани го извлекувале на Косово

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од патот. Косовските медиуми лани известиле за автобус  на оваа компанија...

Македонија1 ден

Само претседателот Иванов не го промени името на државата на веб-страницата

Сите министерства и државни институции на своите веб-страници го сменија името на државата во Република Северна Македонија, освен претседателот Ѓорге...

Македонија1 ден

МВР: Не е спорно ако сопственикот на „Дурмо турс“ вршел технички преглед преку друга своја фирма

За Министерството за внатрешни работи законски нема ништо спорно во тоа што сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, во исто...

Македонија1 ден

„Специјал“ им подели крофни со рок до утре на учениците во „Димитар Миладинов“  

Принцес-крофни со рок на траење до утре им биле поделени денеска како ужинка  на учениците во ООУ „Димитар Миладинов“ во...

Македонија1 ден

МВР: Преземени мерки за спречување терористички напад на ИСИС

Министерството за внатрешни работи соопшти дека презело мерки за спречување терористички напад во земјата. „По претходно разменети оперативни сознанија со...

Свет2 дена

Трамп прогласи вонредна состојба

Претседателот на САД, Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба на национално ниво, истакнувајќи дека треба да се искористат вонредните овластувања за...

Македонија2 дена

САД почнуваат да го користат новото име Република Северна Македонија

Од Амбасадата на САД во Скопје попладнево информираа дека владата на Соединетите Американски Држави добила официјално известување за промената на името....

Македонија2 дена

(Видео) Манчев: Автопатот Скопје – Тетово не е црна точка

Ристо Манчев од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот за „Макфакс“ изјави дека автопатот Скопје – Тетово не се смета...

Македонија2 дена

„Дурмо турс“ сам на себе си вршел технички преглед – двете фирми со ист сопственик

Исправноста на автобусите на туристичката агенција „Дурмо турс“ се проверувала во фирмата „АМЗ Гостивар“, која има ист сопственик. МВР за...

Македонија2 дена

И во МВР ќе се седи на фотелји од телешка кожа

Министерството за внатрешни работи во четири одделни јавни набавки нарачува мебел за над 150 илјади евра. Бироа, фиокари, ормани, клуб-маси,...

Досие