Контакт

Книги

ДПМ за бугарските барања: Ударот врз јазикот е удар врз творештвото на македонските писатели

Објавено пред

Претседателката на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), Соња Стојменска-Елзесер, упати соопштение по повод актуелните политички превирања за кое вели дека ги одразува ставовите на мнозинството членови на писателската асоцијација.

„Проблематизацијата на македонскиот јазик, идентитетот и историјата од страна на бугарската политика искажана деновиве како уцена во процесот на нашата европска интеграција за македонските писатели е особено загрижувачка. За неколку стотици активни писатели и неколку стотици починати писатели, врежани во македонскиот книжевен канон, евентуалната повреда на нивното основно изразно средство – јазикот, би претставувала директен удар врз суштинскиот градбен елемент на нивната уметност и воопшто удар врз нивниот творечки интегритет“, се наведува во соопштението.

Во него се нагласува дека јазикот на кој пишувале и пишуваат македонските творци е македонски и не може да биде никаков друг.

„Книжевниот систем, на кој му припаѓаат, кој ги опфаќа сите варијации на оригинална и преводна литература, е македонски и никаков друг. Екстремните ставови на бугарските националисти, познати на македонската јавност од многу одамна, во овој миг како официјални државни ставови на Бугарија, како никогаш досега се закануваат да прераснат во жртвена клада, на која, според нив, би требало да се изгорат илјадници и илјадници книги, кои не само со јазикот, туку и со тематиката, јасно го манифестираат својот македонски идентитет“, додава претседателката на ДПМ, која запрашува дали навистина ќе дозволат европските, македонските и бугарските политичари да се случи антицивилизациски чин од невидени размери во 21 век.

Стојменска-Елзесер изразува увереност и дека бугарските колеги писатели, или барем некои од нив, ќе имаат разбирање за ваквата загриженост и ќе дадат поддршка во одбивањето на, како што вели, погубните политики кои не водат кон ништо добро.

Книги

Нова книга на Славчо Ковилоски

Објавено пред

Неодамна, во издание на Книгоиздателството „Ми-Ан“, излезе од печат збирката поезија „Компјутерска поезија“ на Славчо Ковилоски.

Во книгата авторот ги зема добро познатите симболички, митски, фолклорни елементи, стварите од секојдневието, малите парчиња од културата и културното наследство и ги преработува, си поигрува со нив, често ги разложува на значенско ниво, за да ги организира во сопствениот поетски дискурс добивајќи притоа сосема нови ставови, светогледи, па и нови означители и означувачи. Овој пристап не секогаш е веднаш препознатлив и директен. На тој начин Ковилоски ги маскира/трансформира нормите, што неговата поезија ја прави динамична, понекогаш цинична, но секогаш читлива и провокативна. Од перформативноста на поезијата до слемот е само еден чекор.

Мотивите, инспирацијата, цитатите во оваа книга се земени од широкото подрачје на интереси на Ковилоски. Од популарната култура, преку фолклорот и секојдневниот живот, до љубовта и митот. Разградувајќи ги и повторно (поинаку) вградувајќи ги во својата поезија на иновативен и креативен начин, Ковилоски се оддалечува, значајно се оддалечува од формалноста и шаблонизирањето на стихот, создава нова, современа поезија, која бара нови изразни средства, нови форми, но, секако, и нови содржини.

Славчо Ковилоски (Скопје, 1978) е македонски поет, прозаист, книжевен историчар и културолог. Автор е на една збирка раскази („Лоша тетка и други раскази“), една книга критика и есеистика („Отворени страници“), две монодрами („Синот на Волкашин“ и „На Ножот“), три збирки поезија („Сонцето повторно ќе изгрее“, „Поезија во движење“ и „Барутна поезија“), три романи („Опасен сум“, „Сонување“ и „Синот на Кралот“) и неколку монографии од областа на книжевноста, историјата и културологијата.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на Хрватското книжевно друштво, на Здружението на историчарите на Република Македонија и на Друштвото за наука, култура и уметност од Прилеп. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и: награда за наука („3 Ноември“), за проза („Прозни мајстори“) и за поезија („Григор Прличев“ и „Јован Котески“). Во 2018 година го добил најголемото државно признание, наградата „Гоце Делчев“, за особено значајно остварување од интерес на Република Македнија од областа на науката.

Работи во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавени пет книги од најпродаваниот кинески писател за деца и млади, Шен Шиси

Објавено пред

„Македоника литера“ деновиве објави серија од пет книги за деца и млади од Шен Шиси, најпродаваниот кинески писател за деца и млади и еден од најпродаваните современи писатели во светот.

Петте книги: „Непослушната мајмунка“, „Последниот слон воин“, „Крвавооката мечка“, „Волчицата невеста“ и „Горалите скокачи“ ги содржат најпопуларните и најуспешни новели на овој автор. Шен Шиси пишува за животните и во Кина е познат како кралот на приказните за животни. Во новелите на Шиси се возвишува филозофијата на животот. Животинскиот свет е ист како човечкиот. Љубовта и омразата, тагите и радостите, раздвојувањата и обединувањата во животинскиот свет преку имагинацијата на писателот ја отсликуваат човечката природа.

„Македоника литера“ оваа серија ја објавува во копродукција со издавачот „Делфин книги“ од Пекинг, Народна Република Кина, со кого веќе заеднички објавија и 13 тома од серијата „Најдобрата кинеска литература за деца“. Преводите на оваа серија се на Елена Саздовска, Анета Пауновска, Сибел Ајдинова и Славчо Пеев.

Шен Шиси е роден 1952 година, во Шангај, Кина. Со пишување почнал во 80-тите години. Автор е на повеќе од 40 книги со приказни за деца и млади. Во своите дела тој пишува за хармоничната врска меѓу човекот и природата, а неговите дела се искрени, реалистични и трогателни приказни за животните. Поточно, тој го опишува суровиот и непредвидлив живот на животните и затоа неговите книги се еднакво популарни и кај возрасните читатели.

Само во Кина делата на Шен Шиси се продадени во повеќе од 60 милиони примероци. Добитник е на многу награди за литература за деца, меѓу кои наградата на Здружението на писателите на Кина за извонредни дела во литературата за деца, добиена во три последователни години, наградата „Кинеска книга“, наградата за нови дела за литература за деца „Бингсин“ и наградата за литература за деца на Тајван, „Јанг Хуан“.

Многу од делата на Шен се вклучени во кинеските учебници за основното и средното образование. Негови дела се преведени на повеќе јазици и има висока популарност на глобално ниво. Неговиот прв роман за животни „Долината на слоновите“ е објавен во 1980 година. Неговото дело „Последниот воен слон“ е исто така адаптирано во сценска претстава.

До декември 2019 година, според проекцијата на пазарот на OpenBook, книгите за животни на Шен Шиси се продадени во над 60 милиони примероци веднаш по објавувањето на секое дело, од кои бестселерот „Сонувајќи да се биде крал на волците“ е продадено во речиси 15 милиони примероци. „Сонувајќи да се биде крал на волците“, исто така се најде на првото место во најпродаваната оригинална литература за деца во 2018 година. Покрај тоа, продажбата на пазарот на „Седмиот загар“, „Последниот слон воин“ и „Горалите скокачи“ надмина над четири милиони примероци од книга.

Шен Шиси имал нераскинлива врска со животните уште пред неговата писателска кариера. На 16-годишна возраст, во 1968 година, во време кога многу млади луѓе од кинеските градови биле испраќани во оддалечените рурални области, Шен побарал да замине во Сишуангбана, тропски регион во провинцијата Јунан во југозападна Кина. Тој живеел на границата на Јунан 18 години. Работел како работник во хидроцентрала и учител во планинско село, акумулирајќи искуство во оваа област. Единствената причина што Шен Шиси го избрал Јунан е тоа што имал слушано за многуте животни таму и можел да има куче за лов. Кога пристигнал таму, тој не само што добил куче, туку отишол да живее во куќа на ловџија, кој се однесувал спрема него како син и го водел на лов во целата Сишуангбана. Во повеќето негови дела за животни се присутни ликот на локалниот ловец и пределите на Сишуангбана. Уникатниот пејзаж во Сишуангбана, му дал на Шен обилен простор за создавање, како и материјал за оригинален вкус на животот во шумата. Опасноста за животните од нивните непријатели, борбата меѓу видовите, недостигот од храна и суровата страна на ловот од луѓето се тематските пунктови за кои Шен Шиси отворено пишува.

Пред неколку месеци „Македоника литера“ објави две ремек-дела на Шиси – „Мајката чакал Скарфејс“ (роман) и „Лисицата трговец“ (новели и раскази).

Прикажи повеќе...

Книги

„Антево слово“ – меѓународен конкурс за поезија во Италија

Објавено пред

Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“, во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“, годинава четврти пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот утврдена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

На конкурсот може да учествуваат поети од Македонија кои ќе испратат една своја необјавена песна на електронската адреса: [email protected] на македонски и италијански или англиски јазик.

Со учеството на овој конкурс тие автоматски учествуваат и за носечката награда на манифестацијата „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“. Поезијата може да се испраќа до 10 јануари 2021 година.

Специјалната награда „Антево слово“ ќе ја координира интернационална жири-комисија, со која ќе претседава поетот од Македонија, Митко Гогов, претставник на Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“.

Претставниците на манифестацијата велат дека конкурсот за поезија е создаден со цел преку возвишена поезија да се прослават и овековечат духот, душата, суштината и есенцијата на животот.

Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко.
Специјалната награда „Антево слово“ официјално ќе се додели на 28 март 2021 во Каникати, Сицилија, како дел од програмата на меѓународната поетска манифестација „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура3 часа

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа4 часа

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет4 часа

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија4 часа

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица...

Македонија4 часа

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Регион5 часа

Од денес стапува во сила полициски час во Црна Гора

Во Црна Гора од денес угостителските и услужните објекти ќе работат од 7 до 18 часот, а забраната за напуштање...

Европа5 часа

Финцитe мајстори во борбата против коронавирусот

Финска, со население од нешто помалку од 6 милиони жители, е една од земјите што најдобро се справуваат со пандемијата...

Свет5 часа

Трамп ќе го помилува поранешниот советник за безбедност, кој го лажеше ФБИ

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој во 2017 година призна...

Свет6 часа

Бајден: Сè уште не сум разговарал со Трамп

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, изјави дека сè уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп. Бајден во првото интервју...

Свет6 часа

Макрон најави попуштање на мерките

Франција следниот викенд ќе почне со олабавување на мерките против ширењето на коронавирусот за до Божик продавниците, театрите и кината...

Свет6 часа

Австралија ги ублажува мерките, со денови нема нови заразени

Австралиската федерална држава Нов Јужен Велс ќе ги олесни ограничувањата за физичка дистанца и ќе ги отстрани условите за компаниите...

Свет6 часа

Голем метеж на аеродромите и во центрите за тестирање во САД во пресрет на Денот на благодарноста

Метежот на аеродромите и редиците пред центрите за тестирање покажуваат дека многу Американци планираат да го прослават Денот на благодарноста...

Македонија18 часа

Регистрирани се 1039 нови случаи на Ковид-19, починаа 15 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на...

Свет19 часа

Зошто Путин досега не се вакцинирал?

Рускиот претседател Владимир Путин не може да биде меѓу доброволците кои ќе бидат вакцинирани против коронавирусот до крајот на клиничките...

Свет19 часа

(Видео) Маж со секира држеше во заложништво шест деца во Русија

Маж кој држеше шест деца како заложници во стан во Санкт Петербург, се предаде на полицијата.Во стан во предградијата на...

Македонија20 часа

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Поранешниот пратеник Мухамед Зекири е избран за нов генерален секретар во Владата.Одлуката e донесена на последната владина седница одржана денеска....

Европа20 часа

Старските домови во Шпанија први ќе бидат вакцинирани против Ковид-19

Штитениците и персоналот на домовите за стари лица ќе бидат први вакцинирани против коронавирус во Шпанија, изјави министерот за здравство...

Свет21 час

САД: Повеќе од 190.000 новозаразени со Ковид-19

Во САД 1.083 лица починаа како последица на Ковид-19 во изминатите 24 часа, додека регистрирани се 190.562 нови случаи на...

Спорт21 час

Ѓоковиќ најдобар во 2020-та година

Моментно најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја завршува годинава на првата позиција на АТП листата. Тоа му појде од рака...

Досие