Контакт

Актуелно

ДПМ објави повик за апликации за членство

Објавено пред

Во текот на март Друштвото на писателите на Македонија ќе прима апликации за членство. Пожелно е апликантите да се творци на дела со забележлив критички одглас во јавноста и да се личности посветени на развојот и афирмацијата на литературата во современото општество. Особено се поттикнуваат помладите автори на возраст до 35 години, како и книжевните творци што пишуваат на јазиците на националностите.

Апликациите за членство се упатуваат до претседателството на ДПМ заедно со:
– примероци од најмалку три и најмногу четири авторски книги (доколку имаат повеќе објавени дела);
– био-библиграфија во која ќе се потенцираат сите постигнати успеси на книжевен план (критички осврти и награди, застапеност во списанија, антологии и избори, учества на книжевни фестивали и други манифестации, преводи и препеви на други јазици) и
– две препораки од истакнати писатели.

Апликациите, книгите и преостанатата документација може да се достават лично или по пошта во просториите на ДПМ на улица Максим Горки бр.18 (секој работен ден во периодот од 9 до 12 часот) или да се испратат во електронска форма (ќе се уважат и скенирани препораки со потписи и книги во ПДФ) на адресата [email protected]

Претседателството на својата редовна седница во април ќе ги разгледа пристигнатите апликации и по пат на гласање ќе ги избере кандидатите што ги задоволуваат критериумите за избор. Појдовна точка за решенијата ќе бидат уметничките квалитети на понудените авторски дела и степенот на нивна препознатливост и потврденост во релевантните книжевни кругови.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Венко Андоновски на Саемот на книгата во Санкт Петербург

Објавено пред

Македонскиот писател Венко Андоновски на 24 и 25 мај ќе учествува како специјален гостин на Саемот (салонот) на книгата во Санкт Петербург.

На 24 мај ќе учествува на меѓународна тркалезна маса со повеќемина странски писатели, на тема „Перспективите на книжевноста денес“, а на 25 мај е предвиден разговор за делото на нашиот писател, што ќе води во моментот најпопуларниот руски писател Евгениј Водолазкин, припадник на истата книжевна генерација како и Андоновски.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Тони Зен со нов албум „Од изворот на изборот“

Објавено пред

Познатиот хип-хоп артист Тони Зен го издаде својот шести по ред соло-албум со наслов „Од изворот на изборот“. Албумот е независно издаден со поддршка на СТ Продукција како дистрибуција и изработка на ЦД и обвивка.

„Сниман е во студиото ‘Knobs Keys ‘n Stuff’ заедно со Бојан Филиповски ‘Gloomie’, додека миксот и мастерингот го изработи Мите Димовски во Тралала студио. Албумот има 8 песни, сите јас ги напишав, а музиката ја создававме заедно со Кирил Бабамов (гитара) и Ратко Даутовски (перкусии), потоа се приклучија и останатите музичари со своите инструменти и мелодиски линии, бас-гитара свири Мартин Јосифовски, саксофон и флејта – Борислав Веселинов, клавијатури – Борче Кузмановски и Бојан Филиповски, Александар Пешевски Сале – усна хармоника и пратечки вокали – Весна Малинова Бабамова и Бојан Филиповски“, вели Тони Петковски.

Албумот е акустичен, мирен и сниман во 432Hz, со цел да се задржи природната фреквенција. Сите песни се инспирирани од неговите лични искуства во изминативе пет години.

„Музиката на албумот е посветена на вистината, љубовта, просветлението, повеќето текстови се напишани како последица од духовните практики и искуства, стекнати во Институтот за хармоничен развој на човекот. Спознавањето КОЈ СУМ ЈАС, средбите со мајсторот, сјаењето и созревањето низ духовната патека, се апсолутната инспирација за создавањето на овој албум. Целта ми е сите да спознаат КОИ се и да преземат одговорност за сопственото постоење. Насловот ‘Од изворот на изборот’ е стекнување свесност, за тоа дека ЈАС СУМ, односно секој е одговорен за сопствените искуства, одлуки и избори во животот. Чистината на душата е изворот, а изборот е дејствување од чистината“, објаснува Петковски.

Албумот е отпечатен во 1.000 копии и ќе го има во продажба од 23 мај.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Фестивал за обнова на Домот на културата во Ченто

Објавено пред

Еднодневен културно-едукативен фестивал ќе се одржи в недела, 19 мај, со почеток во 10.30 часот, во населбата Ченто, со цел да направи иницијатива за обнова на напуштенот Дом на културата во оваа населба.

Населбата Ченто порано имаше прекрасен дом на културата што го посетуваа илјадници луѓе во трекот на годините. На површина од 2.800 квадратниметри, бина од 85 м2 и сала со 328 седишта, овој простор беше како културно срце на населбата. На огромна штета на илјадници граѓани на Скопје веќе 25 години Домот на културата е мрачно, руинирано, неупотребливо место.

„По примерот на многу европски метрополи, на Скопје и на другите градови во Македонија потребна им е стратегија за решавање на сложениот проблем со руинираните објекти, во чии просторни капацитети може да се направи соодветна интервенција и да се оспособат за нова функционална програма според потребите на граѓаните“, велат од здружението „Културно ехо“, кое е организатор на настанот.

Локацијата е паркот „Методија Андонов-Ченто“, кој се наоѓа помеѓу булеварите Ченто и Маџари. До местото може да се стигне со автобусите 23, 45 и 65. Доколку не ви е позната оваа област, предлагаме да ја видите точната локација ОВДЕ.

ПРОГРАМА:

од 10.30 до 12.30 – Екоакција за расчистување на внатрешноста на руинираниот Дом на културата „11 Октомври“ во Ченто и симболично метење на театарската сцена.

13 часот – парк „Методија Адонов-Ченто“
ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈА:
Како од напуштен објект до мултифункционален и самоодржлив културно-едукативен простор надвор од центарот на градот?
(учесниците ќе бидат објавени набргу)

МУЗИЧКА ПРОГРАМА – парк „Методија Адонов-Ченто“
15 ч – Drums & Percussion Дамјан Грујо
16 ч – Man In a Suit – Куманово
17.30 ч – DJ-сет на Ненад Стефановски од Foolish Green – Скопје

Во склоп на музичката програма ќе се одржи работилница за перкусија за сите заинтересирани.

Настанот е бесплатен и е поддржан од Град Скопје и Општина Гази Баба.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Трамп ја одобри продажбата на оружје на Саудиска Арабија

Американскиот претседател Доналд Трамп ја одобри продажбата на, осум милијарди долари вредното, оружје на Саудиска Арабија, наведувајќи ги иранските закани...

Свет5 часа

Меѓународниот суд ѝ нареди на Русија да ги ослободи украинските морнари

Меѓународниот трибунал ѝ нареди на Русија веднаш да ги ослободи 24-те украински морнари и трите бородови, кои ги заплени на...

Македонија6 часа

Момчето кое се повреди од струен удар ќе се лекува во Софија

Министерството за здравство информира дека момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар е испратено на лекување во...

Македонија9 часа

(Видео) Протест на жители на Гази Баба: Градоначалникот да даде оставка, а не да ни носи центар за зависници

Имаме кучкарник, канта пазар, кванташки пазар, сточен пазар, депонија, уште центар за зависници треба да ни донесат да бидеме комплетни....

Македонија11 час

Владата: Управниот суд пресуди дека раскинувањето на договорот за „Казандол“ е законито

Владата информира дека Управниот суд донел пресуда дека едностраното раскинување на договорот за изградба на рудникот „Казандол“ од страната на...

Вести11 час

Судот ја блокира изградбата на ѕидот на Трамп

Федералниот суд во Калифорнија ѝ нареди на администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, да престане да ги користи средствата од...

Европа12 часа

ОН изгласа: Велика Британија да го врати островот од кој го протера населението

Генералното собрание на Обединетите нации побара од Велика Британија во рок од шест месеци на Маурициус да му го врати...

Спорт12 часа

„Златната копачка“ по шести пат за Лионел Меси

Лионел Меси е првиот фудбалер кој ја освоил „златната копачка“ во Европа три години во низа, откако Килијан Мбапе, неговиот...

Македонија12 часа

Земјотрес во Пехчево и Берово

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала вчеравечер бил почувствуван во Пехчево, Берово и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Европа1 ден

(Видео) Експлодираше бомба во Лион, најмалку осум лица се повредени

Најмалку осум лица се повредени при бомбашки напад во централен Лион, соопштија француски официјални лица. Explosion in pedestrian street in...

Свет1 ден

(Вознемирувачко видео) Дваесет ученици загинаа скокајќи од запалена зграда во Индија

Најмалку дваесет ученици загинаа, а дваесетина  се повредени скокајќи од запалена зграда во Индија, каде што посетувале настава. Massive tragedy...

Свет1 ден

Штрахе тужи три лица за скандалот поради кој падна австриската влада

Лидерот на десничарската партија и досегашен вицеканцелар, Хајнц Кристијан Штрахе поднел тужба против три лица, откако падна во замка со...

Македонија1 ден

(Видео) Македонска делегација на молебен и на аудиенција кај папата во Рим

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, заедно со сопругата, е дел од официјалната државна делегација,...

Топ1 ден

Го погодило струја при обид за кражба на железничката станица во Трубарево

Момче на возраст од 20 до 25 години се здобило со висок степен на изгореници по телото при обид за...

Свет1 ден

Харви Вајнштајн постигна вонсудска спогодба со жртвите од 44 милиони долари

Холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн, кој повеќе жени го обвинија за сексуално злоставување, постигна привремена спогодба вредна 44 милиони долари со...

Европа1 ден

(Видео) Британската премиерка Тереза Меј даде оставка

Британската премиерка Тереза Меј денеска објави дека на 7 јуни ќе ја напушти функцијата. За оставката ја информирала и британската...

Македонија1 ден

(Видео) Изгаснат пожарот во Карпош 4, едно лице пренесено во болница

Пожарот кој избувна пред околу еден час во една од кулите во скопската населба Карпош 4 е изгаснат. Во пожарот...

Спорт1 ден

Лоциран домот на Роналдо, ќе добие судски повик за „случајот Мајорга“

Звучи бизарно дека потргата по Кристијано Роналдо, една од најголемите спортски ѕвезди, може да трае цели шест месеци. Толку време...

Економија1 ден

Трамп: Случајот со „Хуавеј“ би можел да биде дел од трговските преговори со Кина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, првпат навести дека случајот со кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“ би можел да биде вклучен во...

Свет2 дена

Украинскиот претседател предлага анкета за тоа како да се преговара со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да ја праша јавноста како неговата земја би требала да преговара со Русија за војната...

Досие