Контакт

Култура

Драмски аматерски фестивал од 27 мај до 1 јуни во Кочани

Објавено пред

Од 27 мај до 1 јуни во Кочани ќе се одржи по 60. пат познатиот Драмски аматерски фестивал – ДАФ. Фестивалот се фокусира на македонските аматерски театарски групи, но во последните години, стана препознатлив и надвор од границите на земјава, па пријавите за учество на фестивалот расте.

Приоритетот на домашната продукција останува, но ќе има и гостувања од САД, Србија, Грција, Бугарија… А фактот дека фестивалот годинава одбележува голем јубилеј покрај театарската програма, предвидени се и настапи на акробатски музичари, физички театар, предавања, концертни настапи, изложби и промоции на книги.

Во официјална конкуренција се 16 селектирани театарски претстави од Македонија и странство. Оваа година по втор пат селекцијата ја направи актерката Јасмина Билаловиќ. Од големиот број пристигнати пријави, кој годинава ја надмина бројката од 40 претстави таа направи избор од 16 претстави, кои ќе бидат изведени во рамките на шест фестивалски денови.

На првиот фестивалски ден публиката ќе може да види две професионални претстави (вон конкуренција), кои имаат за цел да го поткренат ендрофинот на кочанчани, едната е „Човекот“ пантомима на Трајче Ѓеоргиев, актер од МНТ и хит претставата „Вардарски Пастуви“ во режија на Синиша Евтимов, а во продукција на Театар Комедија. Во следните фестивалски денови на програмата се претстави, кои ќе се борат за награди меѓу кои: „Театар Чекори“ од Скопје со претставата „Ние“, АТ „Колектив ветерница“ од Скопје со „Робоград“, гимназијата „Св. Климент Охридски“ од Охрид со „Странци“, аматерскиот театар „Репетициона 04“ од Штип со „Недоразбирање“, театар „Дунек“ од Гостивар со „Бенг бенг и мртов си“ и уште многу други…

Предвидени се и гостувања од странство. Од Република Србија, гостува Аматерско позориште „Хранислав Драгутиновиќ“ – Прокупље, а на затворањето гостува ДАХ театар од Белград со дипломирани студенти од белградската академија, под менторство на Мирјана Карановиќ (го играат ММЕ од Дејан Дуковски). Истиот ден на последниот ден од фестивалот гостува Македонскиот културен центар во Софија и монодрамата „Страстите на Илија“ со Игор Дамјанов.

Покрај драмската програма ќе има настапи и на акробатски музичари, физички театар, предавања, концертни настапи, изложби, промоции на книги…

Последната вечер ќе бидат доделни наградите. Тричлена комисија на фестивалот доделува награда за главна машка и женска улога, споредна машка и женска улога, Награда за уметничка иновација и истражување во аматерскот драмски израз, награда за најдобра режија и за најдобра претстава „Васил Ќортошев“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Маестрална изведба на „Одисеј“ за крај на 59. Охридско лето

Објавено пред

Годинешното издание на Охридско лето заврши синоќа со маестрална изведба на театарската претстава „Одисеј“ на Античкиот театар во Охрид, така како што му прилега на еден фестивал кој е нависок ранг во семејствотоо европски фестивали и кој секоја година ги носи најдобрите проекти од областа на класичната музика и театарската уметност.

Претставата чиј текст беше напишан од големиот македонски драмски писател Горан Стефановски, извонредно режирана од извонредниот режисер Александар Поповски, остави силен впечаток врз преполниот амфитеатар. Актерите во овој копродукциски проект од театрите „Гавела“ од Загреб, „Улисис“ од Бриони, Српскиот народен театар од Нови Сад, „Драма“ од Марибор, „Ателје 212“ од Белград, Стериин театар и Театар „Навигатор“ од Скопје ги откажаа нивните театарски ангажмани во изминатиот период, само за да бидат дел од оваа претстава и синоќа на сцената покажаа врвна актерска игра, позитивна енергија и донесоа силни пораки.

„Одисеј“ е претстава што го долови враќањето дома на еден човек во својата татковина, во својот двор, под својата маслинка.

„Желба ми беше, поради Горан, оваа претстава да ја играме во Охрид и тука на своевиден начин тој да ја најде својата Итака . Охридско лето е нов почеток на едно ново Одисеево патување“, вели режисерот Поповски.
Режисерот Поповски и драматургот Дора Делбијанко препознаа во тектот на Стефановски простор за иронично отстапување од митот, за пародијата, фарсата, па дури и бурлеската. „Одисеј“ е еден вид потсмев на Одисеј, кој го иронизиратрагичниот писедестал, а истовремено ја задржува и драмската тензија полемизирајќи притоа за темите на војната, геноцидот, силувањата жени во војна, поствоениот хаос и цивилизациската пропаст како последица на воените пустошења.

Годинешната драмска програма на фестивалот Охридско лето беше посветена на големиот драмски писател Горан Стефановски, кој почина во ноември минатата година, но остави силен печат врз македонската драма. Неговите драми имаа нешто заедничко – преку трагедијата на едно семејство авторот ни ја предава историјата на македонскиот народ, со своите болки и рани, со социјалните неправди, политичките разидувања, стремежот за подобро утре.

Прикажи повеќе...

Култура

Со филмовите „Мизерикордија“ и „И сѐ стана песна“ ќе биде отворен фестивалот „Македокс“

Објавено пред

Со проекцијата на документарните филмови „Мизерикордија“ (Шпанија, Бразил/2019/22 мин.) на Ксавиер Марадес и „И сѐ стана песна“ (Ирска, Велика Британија/2019/92 мин.) на режисерот Шејмус Марфи во Куршумли ан ќе биде отворено 10. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“.

Краткиот документарец „Мизерикордија“ открива портрет на една заедница насликан со сништата на нејзините жители. Режисерот поминува три месеци на островот Итапарика во државата Бахија, Бразил, собирајќи соништа од луѓе чии животи ги снима секојдневно. Спојот на сонот и документарното создава уште една реалност што му припаѓа на магичното: сон на соништата, филм што ги опишува волшепствата и наследството од Бахија, африканското срце на Бразил.

Документарецот „И сѐ стана песна“ (Ирска, Велика Британија/2019/92 мин.) на режисерот Шејмус Марфи се прикажува во селекцијата „Нови автори“. Станува збор за автентично интимно патување низ инспирацијата, пишувањето и снимањето на албумот The Hope Six на познатата музичарка Пи Џеј Харви.

Харви, писателка и музичарка, и наградуваниот фотограф Шејмус Марфи ги сплотуваат/здружуваат своите креативни потенцијали и тргнуваат на пат минувајќи низ Авганистан, Косово и Вашингтон. Харви собира зборови, а Марфи слики. Кога ќе се вратат дома, зборовите стануваат поезија, па песни, па албум кој е снимен како неповторлив уметнички експеримент во Сомерсет Хаус, Лондон.
По проекцијата на филмот, ќе се одржи концерт на Џон Периш и Марта Колика, со Џорџа Поли како специјална гостинка.

Претходница на филмската програма е фотоизложбата „Македокс временска машина“.

„На десеттото патувачко кино на ’Македокс‘, продолжувајќи ја традицијата на првите киноприкажувачи, правевме фотографии со една прастара технологија. Ги ставивме современите лица во една постара рамка и најчесто во рамките се засекогаш овековечени љубезните домаќини и љубопитните гости во еден кадар. Магијата што настана можеби и не е достапна за сите и не е зависна од техничкиот, ами од човечкиот квалитет кој е внесен во секоја фотографија. Секоја прашинка и лоша експозиција на стаклените плочи носат дополнителна информација за речиси неверојатните услови за правење фотографии на ваков начин, како и за неизмерната стрпливост и убава енергија на сите фотографирани. Затоа нивната вредност е непроценлива. Скенирани, овие фотографии имаат многу изгубено од својата убавина, но, секако, ќе можете да ги видите во Куршимли ан, во оригинал“, открива авторот на изложбата, Сашо Н. Алушевски.

Фестивалот „Македокс“ од 21 до 28 август ќе се одвива со мотото „Десет лета Македокс“.

Јубилејното издание на „Македокс“ е поддржано од Агенција за филм на Република Северна Македонија, „Креативна Европа – медија“, Националната фондација за демократија од Вашингтон (НЕД), Институт „Јунус Емре“, Музејот на РСМ, Археолошкиот музеј на РСМ, Националната галерија, МНТ, Гете-институтот, Францускиот институт во Скопје, Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија, италијанска амбасада во Скопје, Амбасадата на Република Чешка во Скопје, Чешкиот центар Софија, Град Скопје, Амбасадата на Република Словенија во Скопје, Current Time TV.
Партнери на „Македокс“ се „Петра Пан“, киното „Култура“, МКЦ и Кинотеката на РСМ.
Медиумски покровители на фестивалот се „Слободен печат“, „Нова Македонија“, „Плус инфо“, „Сакам да кажам.мк“, „МКД.мк“, „Окно“, „Е-магазин“, „Плагиј.ат“, „Его“, радио МОФ, радио „Антена 5“, „Канал 103“, радио „Џез ФМ“, радио „Бубамара“, „Лајф радио“, „Види вака“, „Гледај.мк“ и PopUp.

Прикажи повеќе...

Култура

Јавен повик за учество на јубилејната „Бела ноќ“

Објавено пред

Оваа година 15-ти јубилејен пат, во организација на Град Скопје и ЈУ Универзална сала – Скопје, се одржува културната манифестација „Бела ноќ“.

За таа цел, распишан е отворен јавен повик, на кој заинтересираните уметници до 6 септември ќе може да се пријавуваат и со тоа да бидат дел од годинешната „Бела ноќ“.

Визуелните уметности, применетите уметности, музиката, филмот, јавната уметност, како и урбаните изведби и перформанси се областите што ќе бидат опфатени и кои скопјани ќе може да ги видат на „Белата ноќ“ в сабота, 5 октомври.

Заинтересираните уметници апликацијата ќе може да ја симнат од веб-страницата http://belanok.mk/, а пополнета ќе може да ја достават на адресата на ЈУ Универзална сала, булевар Партизански одреди бр. 45, 1000 Скопје, со назнака „За ‘Бела ноќ’“ или по електронски пат на [email protected]

По завршувањето на повикот, учесниците ќе бидат оценети врз основ на квалитетот на делото, иновацијата, како и карактерот во опсег на предложениот концепт, а конечната селекција ќе биде извршена од страна на организаторот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Катица Јанева од гаражата на СЈО однесена во нејзиниот дом во Козле

По еден и пол час минат во просториите на СЈО, откако претходно беше приведена во нејзиниот дом во Козле, специјалната...

Македонија57 минути

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија1 час

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Македонија2 часа

Полицијата ја изнесе Катица Јанева од дома

Полицијата ја изнесе специјалната обвинителка Катица Јанева од нејзиниот дом во Козлe и ја спроведоа до СЈО да извршат претрес...

Топ4 часа

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион5 часа

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Свет6 часа

Преродба на големата осумка, Трамп и Макрон ја поканија Русија на Г7

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлогот на Емануел Макрон да ја покани Русија на самитот Г7 во САД в...

Македонија6 часа

Сончево и топло време со температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Регион7 часа

Помпео ѝ се закани на Атина со санкции поради иранскиот танкер

САД ќе преземат сѐ што е можно за да спречат иранскиот танкер да достави нафта во Сирија, изјави американскиот државен...

Македонија7 часа

На Богородица и Табановце се чека до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини...

Hitech18 часа

„Фејсбук“ ќе престане да ве следи на интернет, но ќе мора да го побарате тоа

Социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека ќе ја промени својата досегашна политика и ќе им овозможи на корисниците да ги гледаат...

Македонија1 ден

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”. Таа најави дека...

Македонија1 ден

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Македонија1 ден

Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале...

Македонија1 ден

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординации по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска може да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации...

Македонија1 ден

Изгаснати пожарите кај селата Љубин и Кондово

Локализирани се пожарите што избувнаа вчера кај селата Љубин и Кондово, соопшти полицијата. До пожарот на потегот помеѓу селата Љубин и...

Свет1 ден

Епстејн потпишал тестамент два дена пред самоубиството

Новите судски податоци покажуваат дека милионерот Џефри Епстејн, кој беше вклучен во педофилија, потпишал тестамент само два дена пред самоубиството...

Свет1 ден

Макрон по средбата со Путин: Иднината на Русија е врзана за Европа

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во тврдината Брегансон, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека иднината на Русија е...

Свет1 ден

Коалициската влада на Џузепе Конте пред распаѓање

Италијанскиот премиер Џузепе Конте се очекува, денеска, во 15 часот, по локално време, да поднесе оставка пред Сенатот. Доколку Конте...

Свет1 ден

Британија најави укинување на слободата на движење

Во случај на тврд брегзит или брегзит без договор, на 31 октомври, Велика Британија најави дека ќе ја укине слободата...

Досие