Контакт

Култура

Драмскиот театар – Скопје гостува во Велес

Објавено пред

Со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“, Драмскиот театар гостува во Велес. Претставата ќе се игра в петок на 22 март во 20 часот на сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.

Претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ е авторска адаптација на Сајмон Стивенс, направена според мотивите од романот на Марк Хадон. Режисер е Зоја Бузалковска, aсистент на режија е Димче Николовски, a драматург на претставата е Александра Бошковска. Костимите се креирани од костимографката Елена Вангеловска и Раде Василев, а сценографијата е на Константин Трпеноски. Авторската музика е на Давид Ангеловски, а кореографијата и фри ранинг-техниката е на Симон Симоновски.

Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева-Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески и Нела Павловска.

Режисерката Зоја Бузалковска истакнува дека она што „Чудна случка со кучето во ноќта“ ја прави возбудлив материјал за работа е темата што ја отвора овој текст. Тоа е светот на Кристофер, светот на посебниот, различниот, отфрлениот, исмеаниот, потценетиот. Во време во кое многу општества, па така и нашето, се борат за инклузија на луѓето со посебни потреби, да се работи еден ваков актуелен материјал се чини исклучително важно. Во таа смисла претставата има и едукативно-воспитна функција и може да ја одреди за една од своите целни групи и младата тинејџерска публика.

Од Драмскиот театар информираат дека премиерата на „Чудна случка со кучето во ноќта“ беше во декември 2021. Интересот на публиката и во третата сезона е голем и претставата привлекува публика од сите возрасни групи. Надвор од матичната сцена гостувала на Охридско лето во 2022 додина и на театарскиот фестивал „Рута“ во Скопје во октомври 2022 и „Рута Љубљана“ во 2023 година.

Со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ aнсамблот на Драмскиот театар Скопје настапи на минатогодишниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ и доби пет високи признанија: награда за главна машка улога на актерот Дамјан Цветановски за улогата на Кристофер Бун, награда за женска епизодна улога ѝ се додели на актерката Емилија Мицевска за улогата на Џуди. Наградата за сценографија ја доби Константин Трпеноски, а наградата за костимографија им се додели на Елена Вангеловска и Раде Василев за костимите во претставата и наградата за кореографија и сценски движења му се додели на Симон Симоновски.

Претставата на гостувањето во Велес ќе ја има својата триесетта изведба.

Најново

Свет5 часа

Трамп ќе го засили економскиот притисок врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега е подготвен да го засили економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова...

Свет5 часа

Ескалира дипломатскиот судир меѓу Шпанија и Италија поради граничните контроли и мигрантите

Односите меѓу Шпанија и Италија сериозно ескалираа откако двете членки на Европската Унија меѓусебно си воведоа гранични контроли, а последиците...

Регион6 часа

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија

Холандски портал проанализира огромен број пакет-аранжмани за летување на Медитеранот. Бројките јасно ја покажаа исплатливоста на поместувањето на годишниот одмор...

Македонија6 часа

Мерџаноски: Стабилна е состојбата на момчето повредено во Турција, започната е физикална терапија

Стабилен е младиот пациент кој се здоби со сериозна повреда на рбетот во Кушадаси, изјави за медиумите директорот на Клиниката...

Црна хроника6 часа

Трагедија во Ресенско: мотоциклист излета од патот и загина

Четириесет и четиригодишен жител на селото Љубојно загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утринава во Ресенско, соопшти...

Забава6 часа

Истражување: Некои бои на облеката привлекуваат комарци повеќе од другите

Летните вечери често носат борба со комарците, а новото научно истражување од Универзитетот во Вашингтон, објавено во списанието „Нејчр Комјуникејшнс“,...

Црна хроника7 часа

Приведен 17-годишник во Скопје: нападнал полицаец кој му укажувал помош

Седумнаесетгодишник од скопско бил приведен откако физички нападнал полициски службеник кој се обидел да му помогне, соопшти Министерството за внатрешни...

Забава7 часа

Не поднесуваат лажна љубезност: хороскопски знаци кои не можат да скриат кога некој им оди на нерви

Некои луѓе лесно ги кријат емоциите, но кај други уште во првите неколку секунди се гледа што мислат за соговорникот....

Спорт7 часа

Влаховиќ е блиску до трансфер во Бешикташ

Српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ се наоѓа пред конечна одлука околу тоа каде да ја продолжи кариерата. Бешикташ во моментоцв...