Контакт

Книги

Друштвото на писателите на Македонија в сабота ќе добие ново раководство

Објавено пред

Друштвото на писателите на Македонија на редовното Изборно собрание, закажано за 28 април (сабота), ќе добие ново раководство. Кандидатки за нов претседател на ДПМ се Соња Стојменска Елзесер и Оливера Доцевска, кои според Статутот на ДПМ, со програми ги најавија своите кандидатури.

Соња Стојменска Елзесер, родена 1963 година, е есеист, критичар и книжевен научник. Доктор по филолошки науки, професор и научен советник во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Еден мандат била претседател на Друштвото за компаративна книжевност на Македонија. Член на ДПМ е од 2009 година.

Оливера Доцевска, родена 1975 година, е поетеса и есеист. Живее во Куманово, работи како адвокат во Скопје. Член на ДПМ е од 2013 година.

За функцијата претседател на Собранието на ДПМ своите кандидатури со програми ги најавија Христо Петрески и Блаже Миневски.

Христо Петрески, роден 1957 година, е поет, раскажувач, романсиер, критичар и есеист. Доктор по филолошки науки, професор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности „ЕСРА“ во Скопје и директор на издавачката куќа „Феникс“ од Скопје. Член на ДПМ е од 1985 година.

Блаже Миневски, роден 1961 година, е раскажувач, романсиер и драмски автор. Работи како уредник во секторот за издавачка дејност во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Член на ДПМ е од 1992 година.

Покрај претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, на 28 април, највисокиот собир на македонските писатели ќе избира и Претседателство на ДПМ, како и Собраниски одбор во кој ќе влезат по еден писател од секоја општина во која живеат и создаваат автори, членови на писателската асоцијација. Изборот е за мандат од четири години.

Својот четиригодишен мандат го завршија Веле Смилевски, претседател на Друштвото на писателите на Македонија и Раде Силјан, претседател на Собранието на ДПМ.

Книги

Нов број на филхармонискиот весник

Објавено пред

Излезе вториот број на Магазинот за класична музика и уметност кој го издава Филхармонија. И во овој број има интервјуа и текстови кои се врзани со настаните кои ќе се реализираат на нашата концертна сцена. Во магазинот може да се прочитаат интервјуа со диригентот Тимоти Редмонд, пијанистот Бери Даглас, виолинистката Естер Ју, македонските уметници – диригентот Борјан Цанев и виолинистката Фросина Богданоска.

Во мини магазинот има и претставувања на ансамблот „Јаношка“, кој ќе настапи на новогодишниот гала-концерт на Филхармонија, пијанистот Давид Фре, за кого критиката вели дека е „совршен пример за музичар кој размислува“, тромбонистот Питер Мур – најмладиот победник на натпреварот на Би-би-си… Читателите преку содржината на овој број може да се запознаат и со дел од композициите кои ќе прозвучат на концертите на Филхармонија. Воедно има и изјави од различни личности од јавниот живот во земјата, врзани со Филхармонија, нејзиниот програмски концепт и уметниците кои настапуваат. Во овој број може да се прочитаат изјавите за Филхармонија од писателот Александар Прокопиев, академик Катица Ќулафкова и од новинарите и долгогодишни проследувачи на културната сцена Љупчо Јолевски и Ѕвездан Георгиевски.

Магазинот визуелно се инспирира од комплетно новиот дизајн на сите печатени материјали на Филхармонија – каталог, постери, програма за концерти кои се идејно решение на дизајнерот Горан Златевски. Уредници и автори на текстовите во магазинот се музиколозите Ангелина Димоска и Тина Иванова.
Бесплатни примероци од магазинот ќе има во нашата институција, но и по градските кафулиња, ресторани, туристички агенции, хотели…

Прикажи повеќе...

Книги

Објавена новата драма на Томислав Османли

Објавено пред

Во најновиот, 40. број на реномираното литературно списание „Балкански књижени гласник“ деновиве е објавен најновиот драмски текст на Томислав Османли насловен „Враќање дома“. Пиесата се однесува на траумите на една современа галерија ликови, наши современици од две спротивставени генерации, кои ги жи­веат своите делби, сонот за богатство, носталгии, острас­тените поли­тизации, социјални трауми, политички фрус­трации, и во еден дел  реализираните желби за заминување од тука, од овој или од некој друг град, додека повеќето остануваат заглавени на истото место, во едно от­ту­ѓено меѓувреме.Во сценските слики кои авторот на „Враќање дома“ ги гради, како во воз кој стои во место, додека, пара­док­сално, покрај него врви „желез­ничкиот пејзаж“ на животот – на некој друг воз во забрзано движење.

„Балкански књижевни гласник“ е списание формирано пред петнаесет години, кое ја афирмира литературата и уметноста на автори од балканските простори и објавува оригинални прозни, драмски, поетски есеистички творби, прикази и интервјуи. Негов основач и главен уредник е писателот Душан Гојков. Списанието, покрај во електронска, се публикуваше и вопечатена форма. Сега се појавува како интернет-публикација за литература, култура и уметност.
Пиесата „Враќање дома“, која сега се објавува во „Балкански књижевни гланик“, пред неколку месеци беше објавена во книгата со две „Нови драми“ на Т. Османли, во издание на ВиГ „Зеница“ од Скопје, која неодамна, проследена со врвните оценки на истакнатите писатели и критичари акад.Ферид Мухиќ, Ристо Лазаров и Глигор Стојковски, ја имаше својата промоција во „Салонот 19,19“.

Овој драмскиот текст се движи помеѓу нос­талгијата, чувството на горчина од новите времиња на лични и на социјални изневери. Иако е поставен среде скопски теми, мотиви, дијалект и носталгична чувственост, тој развива општи, дури универзали видувања. Драм­скиот текст „Враќање дома“ ги носи значењата на разјадената љу­бов и солидарност, и на одвеаната нежност на раз­валеното традиционално семејсто; и воедно, критика во однос на заборавот на старото време и вредности, и на немоќта и индолетноста кон по­добрувањата во новото време – и едното и дру­гото, како наши актуелни одлики и одредници во драмата која ја живееме сега и тука, дома.

„Дома не е место. Дома е чувство. И сеќавање. Ако забораваш, немаш каде да се вратиш“ – истакнува Томислав Османли во предговорот за неговиот драмскиот текст сега објавен и во белградскиот „Балкански књижевни гласник“.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавена книгата „Менциј“ – првпат на македонски во превод од старокинески јазик

Објавено пред

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје, деновиве ја објави книгата „Менциј“, во превод од старокинески јазик и со предговор и белешки на Игор Радев, доктор по старокинеска филологија.

Менциј е еден од четворицата најголеми кинески класици, покрај Лао Це, Чуанг Це и Конфучиј, односно најпознатиот конфучијанец по Конфучиј.

Делата на Менциј се напишани во седум книги, во вид на дијалози, а сите тие се собрани во една книга епонимно наречена по авторот – „Менциј“, а првпат интегрално се објавени на македонски јазик.

„Македоника литера“ претходно ги има објавено „Лун Ји“ („Беседи и мислења)“ на Конфучиј (познати и како „Аналектите“ или „Изреченија“), „Тао Те Кинг“ на Лао Це и „Безгрижно талкање“ на Чуанг Це.

Менциј (Мѐнг Ци̌’; 372 – 289 пр. н.е.) е еден од стожерните филозофи во кинеската историја, чие дело претставува вододелница во интелектуалниот живот на оваа земја. Живеел во преодот од IV и III век пред Христа кога Кина се наоѓала поделена на многу мали држави, кои честопати биле во конфликт. Во таквите околности дошло и до заживување на филозофската мисла кога разни филозофи, кои претставувале разни интелектуални школи, влегувале во остри полемики меѓу себе.

Менциј секогаш е претставен како говори во трето лице, најчесто во разговор со други личности, вообичаено владетели, но и со други високопоставени луѓе, а исто и со други мислители, но и со некои од своите ученици. Временски настанувањето на книгата „Менциј“ може да се датира кон средината на III век пред Христа.

Структурно книгата е поделена на седум дела, секој од нив разделен на две поглавја, со што има вкупно четиринаесет поглавја. Поглавјата најчесто се имаат наслов според името на главниот соговорник со кого Менциј дебатира во нив.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион7 часа

Во Хрватска годишно се фрлаат повеќе од 300.000 тони храна

Повеќе од 300 илјади тони храна се фрла годишно во Хрватска, додека бројни здруженија и организации истовремено бараат да се...

Топ9 часа

(Видео) Страотна сообраќајка во Бутел – излетал oд патот, ја пробил оградата и се превртел на булеварот

Страотна сообраќајка се случи вечерва во скопската населба Бутел. Момче и девојка кои се наоѓале во возило со тетовски регистарски...

Регион9 часа

Поради густата магла откажани сите летови во Сараево

Речиси сите летови до и од главниот град на Босна и Херцеговина од меѓународниот аеродром во Сараево се откажани поради...

Топ12 часа

Девојче повредено во тешка сообраќајка на Качанички пат

Во тешка сообраќаjна несреќа која попладнево се случила на Качанички пат повредено е девојче кое во инцидентот добило скршеница на...

Топ13 часа

Напаѓачот кој прободе момче во Бутел има 12 години, кривична ќе добие и неговиот татко

Скопската полиција ќе поднесе кривични пријави против четворица малолетници од Скопје (двајца од 16 години, еден 15 и еден 12...

Македонија13 часа

Се запали стан на „Рузвелтова“, пожарот избил при готвење

Скопската противпожарна бригада денеска интервенираше при пожар кој изби во стан во зграда на улицата „Рузвелтова“. Според информациите од терен,...

Македонија16 часа

Османи: Венецијанската комисија не вели да се отфрли двојазичноста во судството, туку да се создадат услови

Секој обид за еднострано поместување на балансот во македонско-албанските односи кој е постигнат со многу труд, со многу жртва од...

Култура16 часа

Две престижни признанија за документарецот „Медена земја“ во Лос Анџелес

Документарецот „Медена земја“ освои две престижни признанија на 35. Интернационални документарни награди (ИДА), што се одржаа вчеравечер (7. декември) во...

Свет16 часа

Оружје пронајдено кај демонстранти во Хонгконг, еден од нив имал и пиштол

Во полициска акција спроведена пред почетокот на денешните протести во Хонгконг, уапсени се 11 лица кај кои е пронајдено оружје....

Топ17 часа

Кривична против дилер од Арачиново во чиј автомобил бил пронајден хероин

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 27-годишник од скопското село Арачиново, откако во автомобил кој го управувал бил пронајден хероин....

Македонија18 часа

Пендаровски: Делото на Свети Климент Охридски е од значење за севкупната европска култура

Претседателот, Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска...

Регион1 ден

(Видео) Разбојници барале 250.000 евра за Македонец киднапиран во Тирана, го спасила полицијата

Две лица се уапсени во Албанија под обвинение дека во главниот град Тирана, вчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин. Според информациите...

Македонија1 ден

Полесно повредените македонски патници во автобуската несреќа во Србија се враќаат дома

Според последните информации добиени од болницата во Прокупље, каде беа згрижени 16 од вкупно 26 патници повредени откако се преврте...

Македонија1 ден

Полицијата разби криминални групи од Грчец и Арачиново – 12 приведени, запленети автомобили, оружје и дрога

Десет лица од скопските села Грчец и Арачиново се уапсени во големата полициска акција која започна денеска во пет часот...

Македонија2 дена

Заев: Законот за јазици ќе се ревидира согласно забелешките на Венецијанската комисија

Премиерот Зоран Заев најави ревидирање на Законот за јазици во согласност со забелешките на Венецијанската комисија. „Законот за јазици ќе...

Економија2 дена

Арсовска: Македонија ја нема на ранг листата на светски препознатливи брендови

Македонските брендови тешко се позиционираат, мала e застапеностa на нашите производи на глобалните пазари, a истото се должи генерално на...

Македонија2 дена

Сараево, Белград и Скопје меѓу најзагадените градови во светот

Сараево, Белград и Скопје изутринава се меѓу најзагадените градови во светот. Главниот град на Босна и Херцеговина, утрово е второрангиран...

Топ2 дена

Момче избодено со нож во Бутел, го нападнале група малолетници

Во Полициската станица Чаир, малолетник од Скопје пријавил дека синоќа околу 19.45 часот, на улицата „Александар Урдаревски“ бил физички нападнат...

Свет2 дена

Трамп тврди дека не користи личен мобилен поради безбедносни ризици

Американскиот претседател Доналд Трамп ги негира медиумите дека користи личен мобилен телефон за разговори и покрај предупредувања од безбедносите служби....

Свет2 дена

Голем пожар му се заканува на Сиднеј, се евакуира населението

Голем пожар што беснее околу 60 километри северно од Сиднеј, зафати 300.000 хектари и е невозможно да се контролира во...

Досие