Контакт

Култура

Друштвото на филмските работници ги поддржа мерките за спас на македонската кинематографија

Објавено пред

На последното собрание на Друштво на филмските работници на Македонија беа разгледувани мерките донесени од страна на Агенцијата за филм на РСМ – првата, за ургентно префрлување рата за проектите што се завршени или се во поодмината фаза на реализација, и втората, во соработка со ДФРМ, која претставува директна финансиска помош за независните филмски работници, оние кои егзистираат единствено од работа на филмски проекти и немаат приходи по други основи.

На собранието на ДФРМ едногласно беше донесен заклучок дека со индигнација се отфрлаат и осудуваат неодамнешните написи во одредени медиуми, како и обвиненијата на поединци во врска со споменатите мерки.

„Политичките притисоци на тие поединци, каде што се издвојува името на нашиот режисер Милчо Манчевски, претставуваат атак на домашната кинематографија, со единствена цел да се остварат лични интереси во време на предизборни активности на политичките партии. Ваквото однесување нè враќа кон времињата на едноумие и нетранспарентност, кога огромни средства со години се префрлуваа на поединци и им беа исплаќани екстремно високи хонорари. На тој начин се оставаше малку простор за афирмација и работа на голем дел од филмската фела, посебно кај младите професионалци“, велат од Друштвото на филмските  работници.

„ДФРМ“ испраќа апел до политичките партии и одредени медиуми да не подлегнуваат на притисоците и манипулативните конструкции кои ги лиферуваат поединци за сопствен бенефит. Сметаат дека треба јасно и недвосмислено да се искаже ставот дека е недозволиво македонската филмска фела да биде заложник на таквите интереси и со тоа да назадува националната кинематографија.

Друштвото на филмските работници на Македонија е единственото релевантно струково здружение од областа на филмот во нашата земја. „ДФРМ“ e член е на IMAGO, светската асоција на кинематографери, член на FERA, европската асоцијација на филмски режисери, основач е и организатор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и ја поседува лиценцата за избор на национален претставник за наградата Оскар, доверена од страна на Американската академија за подвижни слики, уметност и наука. Оваа година Друштвото на филмските работници прославува 70 години од своето основање.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Сестрите Прозорови“ ја отвора драмската програма на Охридско лето

Објавено пред

Претставата „Сестрите Прозорови“, продукција на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес, ќе биде изведена на фестивалот Охридско лето на 5.8.2020 во предворјето на црквата „Света Софија“, со почеток од 21 часот, со што  ќе биде отворена драмската програма на годинешното издание на фестивалот. Оваа продукција, чија премиера беше на почетокот на 2020, е коавторски проект на Сашо Димоски и Васил Зафирчев, според мотиви на Чеховите „Три сестри“, авторски и документаристички материјали. Костимографијата на претставата е на Раде Василев, а во неа учествуваат актерите: Кети Борисовска, Маја Љутков, Славица Манаскова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилости, а плакатот е на Филип Коруновски.

„Дневник: Сестрите Прозорови“ е еден од текстовите во книгата „8/4“ на Сашо Димоски. Книгата „8/4“ ќе биде претставена токму со оваа фестивалска изведба. Издавачот „Култура“ за оваа книга на Димоски вели: „Книгата ’8/4‘ на Сашо Димоски привидно ја подигнува ковид-завесата на затворените театри. Во оваа книга се раскажуваат приказни од театарски и балетски сцени, се повикуваат духови од некои театри, се препишуваат дневнички страници. Во ’8/4‘ д-р Сашо Димоски маркира (на два јазика – македонски и англиски, како и низ мноштво фотографии) значајни точки во рецентната македонска театарска стварност и го презентира личниот, авторски инструментариум, го слика сопствениот homo ludens од другата страна на завесата“.

Прикажи повеќе...

Култура

„Врба“ на Манчевски со фестивалски премиери во Романија и Кина

Објавено пред

Филмовите на Манчевски продолжуваат на фестивали во Европа и Азија.

Вечерва „Врба“ на Манчевски ќе ја има романската премиера на најстариот и најголем романски интернационален фестивал – Трансилванија во Клуж-Напока. Ова е еден од првите фестивали во светот кој ќе се одржи во услови на пандемија – филмовите ќе се прикажат пред публика на отворени простори.

Кинеската премиера на филмот ќе се случи во август на фестивалот во Пекинг. „Врба“ ќе биде прикажан во престижната официјална програма за награди.

„Врба“ го започна своето патување со светска премиера на Римскиот филмски фестивал во октомври минатата година. Оттогаш филмот беше и дел од официјалните програми на светските фестивали во Тајпеј, Талин, ФЕСТ во Белград, Бенгалуру во Индија, Синеквест во Калифорнија, Сараево, Софија, и други.

„Врба“ ја освои и наградата Најдобар филм во програмата Недела на режисерите на 40. издание на филмскиот фестивал Фантаспорто во Порто, Португалија, како и наградата за најдобар филм на камерниот фестивал на независни филмови во Велингтон, Нов Зеланд.

Инаку, во престижната програма „Под ѕвездите“ на интернационалниот филмски фестивал во Нанси, Франција, во август ќе се прикаже и претпоследниот филм на Манчевски, „Бикини Мун“. „Биину Мун“ е американско, канадско-германска копродукција во која главната улога ја игра Кондола Рашад, а Манчевски го сними во 2017.

Прикажи повеќе...

Култура

Проект на МНТ доби 395.000 евра од Европската Унија

Објавено пред

Проектот „Патиштата на хероите“ на Македонскиот народен театар кој се занимава со откривање и поддржување на поединците чија еколошка свест придонесува за позитивни општествени промени е поддржан од програмата „Креативна Европа“ во рамките на повикот за проекти за културна соработка на Западен Балкан со вкупна сума од 395.183 евра. Oва е првпат театар од Република Северна Македонија да добие средства од програмата „Креативна Европа“ од Европската Унија.

Станува збор за комплексен проект со времетраење од две и пол години, чиј почеток се очекува во февруари следната година. Покрај МНТ како главен партнер, во проектот се вклучени уште 6 организации од кои една од Македонија (Издавачка куќа „Гаврош“) и 5 од другите партнерски земји Италија (Ла Драматурџи), Грција (Лооп Амке), Босна и Херцеговина (Студио Театар), Словенија (Институт за театарска игра) и Србија (Ехо Анимато). Секоја од организациите се занимава доминантно со производство, промоција и истражување на театарски и сценски форми.

Финален производ на проектот, во 2022 година, ќе биде премиерата на копродукцијата „Народен непријател“ на Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, во која ќе учествуваат автори од сите партнерски земји, а во изведба на актери од ансамблот на МНТ. Инспирирано од текстот на Ибзен, претставата ќе се занимава со испитување на улогата на поединецот во општеството, важноста на неговиот глас, како и погубната вистина дека гласот на мнозинството е секогаш помоќен од оној на поединецот независно кој е во право. Премиерата на претставата ќе се случи во Македонскиот народен театар, а потоа ќе биде изведена во сите партнерски земји, како и на фестивали во Европа и регионот.

Во рамките на проектот се предвидени и други бројни програми (професионални работилници под водство на Томи Јанежиќ, изложба под водство на Џан Мариа Черво, креативни истражувања под водство на Ана Константиновиќ, издавачка дејност за деца под водство на Ника Гавровска, како и работилници од областа на современиот танц и гостувања на театарски фестивали итн).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски, осуден на три ипол години затвор

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, е осуден на три години и шест месеци затворска казна за злоупотреби...

Свет8 часа

Вознемирувачки видеа од Бејрут, за секунда срамнети со земја огромни згради

Стравотни снимки од експлозијата што попладнево се случи во Бејрут се споделуваат во јавноста, а очевидци раскажуваат за драматични сцени...

Свет9 часа

(Видео) Експлoзијата во Бејрут се случила во магацин за пиротехника, десет лица загинале

Најмалку десет лица загинале во експлозијата во Бејрут што, според најновите информации, се случила во магацин за пиротехника во пристаништето...

Македонија12 часа

ДИК не го тестирала софтверот пред изборите, направила и други пропусти за заштита на личните податоци

Агенцијата за заштита на личните податоци утврди повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци од страна на Државната изборна...

Топ13 часа

Уапсена скопјанка, членка на ИСИС

Полицијата уапси 38-годишна скопјанка која патувала во Сирија и учествувала во активности на ИСИС. Според информациите на МВР, Секторот за борба...

Македонија13 часа

Мицкоски: Ќе се фокусираме на предлози што значат борба против криминалот и корупцијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека неговата партија ќе биде фокусирана да состави парламентарно мнозинство и да ја состави...

Македонија14 часа

Пронајдено телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро

По два дена трагање, пронајдено е телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро. Од МВР велат дека...

Македонија14 часа

Заев: За 10 до 15 дена ќе има исход од преговорите за влада, сите опции се отворени

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Зоран Заев, посочи дека во деновите што следуваат ќе се разговара со сите...

Македонија14 часа

Петмина починати и 75 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на...

Македонија15 часа

Собранието им ги верификува мандатите на сите 120 пратеници

Со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан ниту, пак, против, верифицирани им се мандатите на сите 120 пратеници, со...

Македонија15 часа

42-годишен маж спасен на Клиниката за кардиологија со стентирање на трауматска трансекција на торакалната аорта

Маж на возраст од 42 години е спасен од сигурна смрт кога на Клиниката за кардиологија му било извршено стентирање...

Македонија15 часа

Јагода Шахпаска избрана за претседател на Верификациската комисија на Собранието

Со интонирање на химната почна првата седница на новиот парламентарен состав, која се одржува во салата Голема купола, со засилени...

Свет17 часа

В година Русите ќе ја тестираат вакцината против коронавирусот врз деца

Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да почне со тестирање на вакцината против коронавирусот врз деца во јануари-февруари в...

Регион18 часа

Грчките премини Дојрани и Ники ќе се отворат по 15 август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека грчките гранични премини Дојрани и Ники ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.8.2020...

Топ18 часа

Прегазена жена во Охрид

Деветнаесетгодишен скопјанец со „мерцедес“ на улицата Сирма Војвода во Охрид удрил во пешакот М. Т. (58) од Охрид. Жената била...

Свет19 часа

Гутереш: Коронавирусот ќе уништи генерации поради затворањето на училиштата

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди дека светот се соочува со генерациска катастрофа поради затворањето на училиштата во...

Свет20 часа

СЗО ќе распореди меѓународен тим експерти во Вухан

Светската здравствена организација соопшти дека тимот што го истражува потеклото на пандемијата на коронавирусот ја завршил својата мисија во Кина...

Европа20 часа

Расте бројот на тешко заболени од коронавирус во Франција

Бројот на пациенти заразени со коронавирус во одделите за интензивна нега во Франција денеска се искачи на 384, што е...

Македонија1 ден

Привремено е прекината потрагата по момчето кое се удави во Преспанското езеро

Потрагата по момчето кое исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови. Како што информираат од...

Регион1 ден

Преглед на состојбата во регионот: Во Албанија почина уште еден лекар, во Србија пад на бројот на новозаразени

Преглед на состојбата со коронавирусот во регионот во изминатото деноноќие. Уште еден лекар почина во Албанија од коронавирус Во болницата...

Досие