Контакт

концерти

Дуото „Сора“ направи спој на традиционални песни и класични композиции

Објавено пред

Магичен спој на традиционални песни и дела од класичната музика направи дуото „Сора“ синоќа во црквата „Света Софија“ одржувајќи концерт во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Јапонската саксофонистка Учида Шиори и македонскиот хармоникаш Фати Фехмију, кои веќе три години настапуваат како дуо, а од годинава се и животни сопатници, ги изведоа традиционалните песни „Кавал свири“ и „Ерген дедо“, но на публиката ѝ доловија и традиционални јапонски композиции, како и дела од Јохан Себастијан Бах, Антонио Вивалди, Астор Пјацола, Алесандро Марчело, Александар Бородин и Бела Барток.

Уметникот Фехмију вели дека ваквиот спој на музика од различни жанрови досега се покажал како многу интересен за јапонската публика.

-Во моментов сум на докторат на токискиот универзитет и со моите колеги истражуваме во областа на музиката. Токму затоа правиме комбинации од традиционални и класични жанрови на музика и слично. Во Јапонија ова е многу популарно. Се работи за една уникатна форма на музика, вели Фехмију.

Дуото „Сора“ беа воодушевени од акустиката и воопшто од целиот амбиент во кој настапија синоќа пред публиката на „Охридско лето“.

-Јас живеам во Истанбул и сум музицирал во црквите „Света Ирина“ и „Света Софија“, сум настапувал и во Италија и Франција и сум доживеал слични акустични ефекти на сцените. Но црквата „Света Софија“ во Охрид импресионира и во поглед на акустиката, и во однос на фрескоживописот на ѕидовите кој според мене е одлично сочуван, додава Фехмију.

Овој млад уметник чии корени се од Македонија, иако живее во Турција, сепак, како што појаснува, во срцето секогаш ја носи македонската култура и ја претставува насекаде каде што има можност да настапи.

-Иако живеам во друга земја, моето срце е секогаш поврзано со Македонија, со македонската култура и луѓето овде. Сакам да ја презентирам културата на мојата земја насекаде каде што настапувам, вели Фехмију.

Дуото „Сора“ редовно настапува на разновидни настани, на кои изведува свои композиции, аранжмани на познати дела, како и дела од класичната музика, традиционалната и народната музика, како и филмската музика, свирејќи притоа на различни инструменти – саксофон, хармоника, пијано, виолина и слично.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Концертна промоција на албумот „Крик и прашина“ од Сашко Костов во МКЦ

Објавено пред

Во салата „25 мај“ во МКЦ, на 20 април (сабота), во 21 часот, ќе се одржи концертна промоција на новиот албум на Сашко Костов со наслов „Крик и прашина“.

Сашко Костов со овој албум отвора ново поглавје во неговото истражување на музиката, се вели во соопштението од МКЦ.

„Осумте песни – ‘Прашина’, ‘Еј, еј’, ‘Ништо посилно’, Living, ‘Неонски хаос’, ‘Еве ти сон’, ‘Здив’ и ‘Последна’ – ја создаваат и проектираат сликата за еден универзум полн со разни предизвици, и емотивни и сетилни, водени најчесто од идејата колку музиката може да биде одговорот на сите прашања“, додаваат од таму.

Албумот „Крик и прашина“ се оценува како оригинална, автентична, емотивно-експресивна приказна за едно патување низ музичките соѕвездија.

Целта на Костов била самостојно да се отсвират речиси сите инструменти на албумот, со текстови на македонски јазик, напишани заедно со писателката Ана Стојаноска.

Славчо Пеев, Антонија Арангеловиќ свират на целиот албум, а Михаил Парушев, Бојан Петков – Шамба, Анета Качуркова, Александар Ристовски – Принц, Огнен Анастасовски – Окац, се појавуваат како гости во по една песна.

На промоцијата Костов ќе свири со нов бенд составен од него на вокали, гитара, семпелер и удиралки, Дамјан Данев – тапани, Марио Симоновски – гитара, Кире Ацевски – бас, како и Симон Облешевски и Мартин Џорлев на клавијатури.

Прикажи повеќе...

концерти

„Реквием“ на Верди на сцената на Македонската филхармонија

Објавено пред

На 25 април, овој четврток, во 20 часот Филхармонијата заедно со Хорот на oперата и врвните солисти – Весна Ѓиновска-Илкова (сопран), Елени Матос (мецосопран-САД), Дејвид Јунгхон Ким (тенор-Кореја) и Милан Силјанов (бас-баритон), под диригентство на маестро Емил Табаков (Бугарија), ќе го изведат едно од најмоќните дела во историјата на музиката – „Реквием“ од Џузепе Верди.

Концертот „Вердиевиот реквием“ ќе донесе музичка возбуда, а ремек-делото на Верди на нашата сцена ќе биде изведено по подолга пауза.

„Реквием“ на италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди се смета за едно од најмоќните, најдраматичните дела во историјата на класичната музика. Оваа творба претставува прекрасна фузија од опера, драма, симфонија, од возбудливи, виртуозни соло-мигови, од радост и среќа, до патос и тага, од едноставни „реченици“ кои ја растоваруваат мислата, до длабока филозофска идеја за чија суштина вреди да се размислува. Делото е посветено на двајца славни италијански уметници – писателот Алесандро Манцони и композиторот Џоакино Росини.

„Само гениј би можел да напише вакво дело“, изјавил композиторот Јоханес Брамс, а критиката ќе напише дека „Реквием“ на Верди е дело со „најсконцентрирани“ емоции – сите човекови чувства ставени на толку малку страници. Музиката е директна и моќна, вознемирувачка, величествена…

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на Теодосиј Спасов на „Џез-фактори фестивал“ во Битола

Објавено пред

Со настап на „Молли тролли квартет“  вчеравечер во Битола почна второтo издание на „ Џез-фактори фестивал“. Главната фестивалска програма почнува вечерва со концертот на бугарскиот музичар Теодосиј Спасов во Битолскиот народен театар. По него ќе настапат и Теодосиј Спасов и Виктор Филиповски.  Во придружната фестивалска програма за вечерва во клубот „Порта џез“ е закажан концерт на „Скопје Џез Инк“.

„Теодосиј Спасов е препознатлив како виртуоз на кавал, способен да интерпретира фолк-мелодии на сопствен начин. Тоа што го прави уште повеќе популарен се неговите оригинални идеи за чија реализација соработува со музичари од различни жанри“, информираат организаторите на „Џез-фактори фестивал“.

Програмата продолжува утре со настапот на „Џоле Грујовски квартет“ и „Кабадајас“ во Битолскиот народен театар, а Лина Авшар концерт ќе има во „Камарите“.

Во рамки на фестивалот утре во битолскиот театар во 14 часот ќе се одржи и џез-работилницата со наслов „Џез фестивали, организација, вмрежување, мобилност на артисти“, на која ќе говорат уметници, гости од државата и странство.

Фестивалот Џез-фактори се одржува со поддршка на Министерството за култура, Општина Битола и НУ Народен Театар–Битола.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Помпео: Русија се меша во изборите во целиот свет

САД ќе продолжат да го осудуваат руското мешање во американските избори и ќе преземат одлучни мерки против злонамерното дејствување на...

Избори 201910 часа

МВР ќе издава лични карти и утре и задутре

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат в сабота и в недела...

Македонија17 часа

,,Сведочите на рекла-кажала”, Мијалков се обиде да го дискредитира Звонко Костовски

Со поставување вкрстени прашања, ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков се обиде да го дискредитира сведочењето на Звонко Костовски, еден...

Македонија17 часа

(Видео) Јанакиески побарал увид во доказите за крвавиот четврток

Околу триесетина минути траеше распитот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија19 часа

Револтирана мајка: Син ми доби силна тупаница по главата поради бојата на кожата

Револтирана мајка од Скопје на Фејсбук објави дека нејзиниот 13-годишен син добил тупаница по глава, а претходно бил навредуван на...

Македонија19 часа

Надица се логираше со други имиња за да види што другите гледаат во системот, сведочеше Звонко Костовски

Обвинетата началничка во МВР, Надица Николиќ, на денешното судење за масовното прислушување познато под кодното име „Таргет-Тврдина“ го испрашуваше инженерот...

Крвав четврток20 часа

Јанакиески повикан на распит во обвинителство за крвавиот четврток

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е повикан на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во...

Македонија21 час

Теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал денеска ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили....

Европа22 часа

Шпанската полиција спречи терористички напад на џихадистите за Велигден во Севиља

Шпанската полиција, наводно, спречила планиран напад на велигденските поворки во Севиља, при што во Мароко е уапсен еден џихадист, соопшти...

Избори 20191 ден

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска....

Македонија2 дена

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се...

Избори 20192 дена

Силјановска во штабот на Пендаровски

Гордана Силјановска-Давкова денеска го посети изборниот штаб на својот противкандидат Стево Пендаровски. Таа на „Твитер“ објави дека со присутните разговарале...

Македонија2 дена

(Видео) Поплава во средното уметничко училиште во Скопје

Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вчера настанала поплава, откако избил вентилот за парно греење за време на...

Македонија2 дена

Нови 30 дена куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во...

Свет2 дена

„Фејсбук“ без дозвола собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници

„Фејсбук“ призна дека собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници без нивно знаење и дозвола, објави Си-ен-ен. Најголемата социјална...

Свет2 дена

(Видео) Девојка во Бангладеш запалена зашто пријавила сексуална злоупотреба

Студенти ја полиле со керозин и ја запалиле нивната колешка Нусрат Џахан Рафи во училиште во Бангладеш бидејќи две недели...

Свет2 дена

Маж со канистери полни бензин и запалки сакал да влезе во катедралата во Њујорк

Триесет и седумгодишен маж e уапсен откако се обидел да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк со два канистери...

Македонија2 дена

Репортери без граници: Земјава на 95. место според слобода на медиумите

Северна Македонија е на  95. место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), со...

Свет2 дена

„Тајм“ објави листа на највлијателни луѓе во светот

Пејачката Тејлор Свифт, телевизиската новинарка Гејл Кинг и фудбалската ѕвезда Мохамед Салах се меѓу шесттемина познати и највлијателни луѓе според...

Европа2 дена

(Видео) Португалија: Загинаа 29 германски туристи во автобус кој излета од патот на островот Мадеира

Најмалку 29 туристи од Германија загинаа синоќа во несреќа на португалскиот остров Мадеира, кога препол автобус излета од патот и...

Досие