Контакт

Култура

Евроамбасадорот Гир: Вечерта на ЕУ на Охридско лето е традиција веќе 15 години, и се надевам дека и понатаму ќе ја негуваме

Објавено пред

„Бах во етерот“ беше насловот на Вечерта на Европската Унија што се одржа синоќа на фестивалот Охридско лето. Во акустичниот амбиент на црквата „Света Софија“, Баховите дела преку извонредна интерпретација ги донесоа словенечките уметници – флејтистката Ирена Графенауер и кларинетистот Мате Бекавац.

Двајцата уметници, кои имаат долги и успешни кариери, а заедничка им е скромноста при нивното појавување во јавност, оставија силен впечаток кај публиката преку нивното музицирање.

„Првпат сум во Охрид и навистина уживам и во градот и во црквата во која настапивме, која поседува харизма и извонредна акустика. Публиката, на мое пријатно изненадување, слушаше со посебна концентрација бидејќи програмата беше малку посложена. Мислам дека за овој простор, а и судејќи по реакциите на публиката, имавме прекрасна вечер. Ние двајца свириме многу долго, повеќе од 25 години, така што соработката ни е лесна, но секој нов проект е нов почеток, ново запознавање, нова комуникација и решавање мали конфликти што доаѓаат во текот на креативната работа“, рече кларинетистот Бекавац.

За флејтистката Графенауер, нема ништо поубаво во животот од споделувањето на музиката, особено, како што рече, во овие тешки времиња.

„Беше прекрасна вечер. Сите заедно се споивме. Имаше неверојатна концентрација и кај нас уметниците и кај публиката. Живееше само музиката. Ја споделивме токму неа во прекрасниот амбиент на црквата и што може да биде поубаво од тоа. Сметам дека самиот бог дојде да нѐ посети. Толку ни беше убаво и незаборавно. Ги сакам вашата земја, Охрид и луѓето, кои се толку пријатни. Сега се тешки времиња и затоа додека свиревме, се молевме да ни биде подобро на сите“, додаде Графенауер.

Амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, во првите редови на публиката уживаше во прекрасниот концерт што го приредија двајцата уметници.

„Навистина волшебно и многу интимно место. Чинам слушав како флејтата и кларинетот меѓусебно си разговараа во текот на целата брилијантна изведба. Пресреќен сум што сум тука, а тоа можам да го кажам и за публиката бидејќи се чувствуваше топлината во неа, а и беа пресреќни што се тука. Голема беше честа што вечерва на сцената ги имавме овие двајца музичари. Вечерта на Европската Унија на Охридско лето е традиција веќе 15 години и се надевам дека и понатаму ќе ја негуваме. Имаме многу вакви традиционални настани во Македонија, но мислам дека овој ни е посебен и најдраг. Многу се радувам што е во склоп на овој прекрасен фестивал и што ни овозможува да претставиме талентирани уметници во и надвор од границите на ЕУ“, изјави евроамбасадорот Гир.

Традиционалната Вечер на Европската Унија на Охридско лето и брилјантната изведба на Баховите дела на флејта и кларинет ја проследија и претставници на повеќе странски дипломатски претставништва во Република Северна Македонија, меѓу кои и амбасадорот на Република Словенија во нашата земја, Милан Предан, и почесниот словенечки конзул во Република Северна Македонија, Шенол Ислам, амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, заменик-амбасадорот на Германија, Ото Граф, заменик-амбасадорот на Италија, Марио де Роса, како и градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески.

Култура

Француска вечер на „Охридско лето“ со звуците на харфа

Објавено пред

Фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе ја организира традиционалната Француска вечер на која ќе настапи француската харфистка Елоиз Карлеан-Џонс. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Високо оценета од музичката критика за „јасноста и умешноста на звукот“, Елоиз Карлеан-Џонс е млада француска харфистка која настапува како солист, камерен и оркестарски музичар.

Карлеан-Џонс се закитува со златен медал на четвртиот Менхетен натпревар за харфисти во 2019 година и настапува ширум светот од Карнеги Хол до салата на Виенскиот „Концертхаус“. Како камерен музичар настапува на фестивалите во Аспен и Тангелвуд, а како член на оркестар свири со Бостонскиот симфониски оркестар и со оркестарот во Филаделфија. Во 2020 година е примена да биде харфистка на Оркестарот на гардата во Париз.

Нејзиниот репертоар се протега преку неколку музички епохи, и таа покрај музиката на барокните мајстори често изведува и дела од современи композитори. Нејзините внимателно одбрани програми ја привлекуваат публиката, а таа настојува да ја ангажира преку вешто направени аранжмани на популарна или фолк музика со што директно го проширува репертоарот за овој инструмент.

Елоиз е магистрант на Музичката академија на универзитетот „Јеил“ , а дипломира на „Кертис“ институтот за музика здобивајќи се со диплома за музичка изведба и диплома за историски практики на интерпретација.

Француската вечер на „Охридско лето“ се организира во соработка со Амбасадата на Република Франција и Францускиот институт во Скопје.

Прикажи повеќе...

Култура

Македонски филмови, Љубојна и Слаткаристика овој викенд на „Преспаленд”

Објавено пред

На мултимедијалниот фестивал „Преспаленд” деновиве ќе се случи Отворено кино со македонски филмови и концерти на македонски музички ѕвезди.

В сабота, по повод одбележување на Преспанското советување, на Споменикот во Отешево под отворено небо ќе бидат прикажани филмовите „Балканот не е мртов” на Александар Поповски со почеток во 20:00 и „Џган” на Вардан Тозија со почеток во 22:00 часот.

На Илинден, 2 август, со почеток од 20:00 часот во Амфитеатарот во Ресен, концерт ќе има етно составот Љубојна, а по нив следува акустичен концерт на Слаткаристика.

Влезот за сите посетители е бесплатен.

Прикажи повеќе...

Култура

Затворање на „Скопско лето“ 2021

Објавено пред

Овогодишното 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“ ќе се затвори вечерва, 30 јули, со концерт насловен „Вода“ на Давор Јордановски и неговиот бенд, во Куршумли ан со почеток во 21:00 часот.

Изведувачи се: Давор Јордановски – клавијатури, Алек Секуловски – тапани, Огнен Георгиевски – електричен бас, Оливер Јосифовски – контрабас, Сања Шуплевска – виолина, Орце Зафировски – фагот, Александар Јовевски – кавал, тамбура. Специјални гости се Љубојна и Васил Гарванлиев.

Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување настани, а влезот ќе се регулира со билети по цена од 300 денари кои се во продажба онлајн на karti.com.mk и на влезот на Куршумли ан пред почетокот на настанот.

Давор Јордановски & Вода

Музиката на „Вода“ е вешто изработен спој на заводливи балкански мелодии со џез, фанк, класични и рок стилови.

Познатиот пијанист, композитор и продуцент Давор Јордановски и неговата група „Вода“ го нурнуваат слушателот во древни звучни предели, обмислени со модерен вкус. Покрај разновидноста во инструментацијата и интелегентно распоредените ритмички варијации, музиката на „Вода“ се одликува и со динамична и течна инструментација и звук. „Вода“ се храни од својата околина и зазема форма во контекстот на она што се изведува, отелотворувајќи, истовремено, спокој, чистота, промена, моќ и бес – исто како и самата вода.

Давор е роден и пораснал во Македонија, живее во Канада, а поминал и неколку години во Либија, како дете. Впечатоците од живеењето во таа култура остануваат со него додека расте во неговиот роден град Скопје, каде што е под влијание на музиката од Балканот и Европа. Во Канада, синтезата на музичките култури во музиката на Давор еволуира во уникатен стил, „world fusion“ што успешно обединува бесконечен спектар на разновидни звуци, инструменти, аранжмани и чувства. Давор своето класично музичко образование го продолжува и надградува со истражување на разни музчики стилови, како поп, џез, R&B, музика за филм, jazz fusion, амбиентална, како и музика за симфониски оркестар.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион11 час

(Видео) Евакуирани четири села во Грција поради пожари

Шумските пожари што избија денеска на западниот дел на Пелопонез ги принудија грчките власти да евакуираат четири села, како и...

Свет15 часа

Британскиот премиер го очекува своето седмо дете

Сопругата на британскиот премиер Борис Џонсон, Кери, објави дека е бремена по втор пат. Таа објави на Инстаграм дека двојката...

Свет15 часа

(Видео) Протести во Париз против задолжителната вакцинација, полицијата употреби солзавец

Француската полиција употреби солзавец против демонстрантите во Париз кои протестираат против задолжителната вакцинација и воведувањето на задолжителни ковид-пасоши. Планирани се...

Топ16 часа

Нападната вработена во Ургентниот центар во Куманово

Вработена во Ургентниот центар во Куманово пријавила дека додека била на работното место ја нападнало едно лице. Инцидентот се случил...

Македонија19 часа

Расте бројот на заболени – потврден 81 нов случај на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија е потврден 81 нов заболен со коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Направени се 5.315...

Македонија20 часа

Две дози вакцина во Македонија примиле над 390.000 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.302 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.545 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 904.583...

Свет21 час

„Локдаун“ во уште еден град во Австралија

Милиони Австралијци се погодени од новото заклучување, пренесува Би -Би -Си. Властите воведоа тридневно заклучување во југоисточниот дел на Квинсленд,...

Спорт22 часа

Ѓоковиќ поразен – пристигна како најголем фаворит за златниот медал, на крајот не упеа да освои ниту бронза

Олимпискиот турнир во сингл за најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, се претвори во кошмар. Во Токио пристигна како најголем фаворит...

Македонија22 часа

Горан Сугарески разрешен од директорската функција во Царинската управа

Владата го разреши Горан Сугарески од функцијата директор на Царинската управа. „Владата ја прифати одлуката на Комисијата за именување, Горан Сугарески да...

Економија23 часа

Државата ќе им даде 111 милиони денари помош на туристички агенции, ресторани за свадби и ноќни клубови

Владата ќе додели еднократна финансиска помош во висина од 111 милиони денари за 382 лиценцирани туристички агенции, категоризирани ресторани за...

Македонија24 часа

(Видео) Државата ја зголеми наградата за олимпиецот Георгиевски

Владата на 93-та седница ја дополни одлуката за паричната награда за постигнатиот врвен олимписки успех на Дејан Георгиевски на Летните...

Регион2 дена

Вишеградската група со поддршка за „Отворен Балкан“, соработката ќе придонесе за регионална стабилност

Земјите од вишеградската група (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска) го поздравија формирањето на иницијативата „Отворен Балкан“ (поранешен минишенген) од страна...

Регион2 дена

Српски автобус се преврте во Германија, повредени најмалку 19 лица

Најмалку 19 лица се повредени при превртување патнички автобус на германскиот автопат А13 помеѓу Стааков и Фрајвалде во правец на...

Македонија2 дена

Поради неправилности во работењето, сменет директорот на Националната библиотека „Свети Климент Охридски“

Директорот Фремзим Даути се разрешува од должноста директор на Националната установа, Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје...

Македонија2 дена

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но првпат со Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август иако шефот...

Македонија2 дена

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од...

Македонија2 дена

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Македонија2 дена

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги...

Топ2 дена

Пешак загина, велосипедист тешко повреден – и во двата случаја возачите што ги удриле побегнале

Пешак во Скопје загина, а велосипедист е тешко повреден во два одделни случаја во кои биле удрени од автомобили, при...

Топ2 дена

Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство. Несреќата се...

Досие