Култура
Европска поезија во вагоните и на станиците на софиското метро
Од 19 ноември до 23 декември 2024 во вагоните и на станиците на метрото во Софија ќе се чита европска поезија. Иницијативата „Европска поезија во вагоните и станиците на софиското метро“ се одржува деветти пат, а Македонскиот културно-информативен центар првпат се вклучува меѓу организаторите. Проектот е инициран од Полскиот институт во Софија и „Литературен весник“, а во него се вклучени европските културни центри од кластерот на ЕУНИК, странски амбасади во Софија, Општината на главниот град Софија, Бугарското национално радио и телевизија.
Секоја година организаторите на „Поезија во метрото“ објавуваат тема, според која секој странски центар избира кратко поетско дело и за времетраењето на проектот тоа е претставено во печатен вид во вагоните и на станиците на софиското метро. Голем број граѓани на Софија имаат можност да ги прочитаат песните на оригиналниот јазик, како и во превод на бугарски јазик.
Македонскиот културно-информативен центар во Софија ја претставува кратката песна „Некој тропа на вратата“ од Никола Маџиров, која е дел од неговата стихозбирка „Преместен камен“, преведена од Роман Кисјов и издадена во 2012 година, во издание на издавачката куќа „Стигмати“.
Годишното издание на проектот вклучува дваесетина поетски имиња, како, на пример: Ерих Фријд (Австрија), Петја Кокудева (Бугарија), Бертолт Брехт (Германија), Шота Руставели (Грузија), Тасос Ливадитис (Грција), Мариане Ларсен (Данска), Луис Алберто де Куенка (Шпанија), Џани Родари (Италија), Авги Лили (Кипар), Колбајн Фалкајд (Норвешка), Ана Швиршчинска (Полска), Алешандре О’Нил (Португалија), Марин Сореску (Романија), Никола Маџиров (Македонија), Ерик Ондрејичка (Словачка), Тоне Паучек (Словенија), Юрий Андрухович (Украина), Зита Ижо (Унгарија), Хели Лаксонен (Финска), Силва Фишерова (Чешка).
Официјалното отворање на проектот ќе се одржи на 19 ноември, со почеток од 18.30 часот, во Полскиот институт во Софија, на улицата Веслец бр. 12.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
„Глумците пеат“ на сцената на МНТ
На 8 април, со почеток во 20:30 часот, на сцената на Македонскиот народен театар, ќе се спојат музиката и театарот, во уникатното шоу Глумците Пеат. Организаторите најавуваат вечер исполнета со хумор, енергија и незаборавни изведби, а публиката ќе има можност да ужива во музички точки кои носат дух на едно гламурозно време.
На Глумците Пеат ќе настапат триесетина врвни актери од сите генерации, придружувани од биг-бенд составен од извонредни музичари. Режијата е на Дејан Пројковски, музичките аранжмани на Бобан Мирковски, кореографијата на Олга Панго, а под диригентската палка на маестро Љупчо Мирковски.
-Годинава сме инспирирани од филмската уметност и ќе ја исполниме сцената со ритам, страст и хумор, но детали ќе откриеме наскоро. Глумците Пеат е единствена независна продукција од ваков обем, каде сè почнува од празен лист хартија и сé се создава од нула. Се осмислува тема, се пишува сценарио, се подготвуваат аранжмани, и внимателно се избираат актерите и соработниците. Ова е продукција што бара темелна и прецизна подготовка, изјави организаторот.
Творец на шоуто Глумците Пеат е починатиот актер Марин Бабиќ, кој заедно со своите колеги во 1992 година сакал да покаже дека глумците, покрај тоа што глумат, знаат и одлично да пеат. Ова шоу се прави во чест на Светскиот ден на театарот, празник кој ги слави креативноста, слободниот дух и заедништвото помеѓу глумците.
Картите за овој единствен настан можат да се набават на билетарницата на МНТ и онлајн преку официјалната веб-страница на театарот. Местата се ограничени, па организаторите препорачуваат публиката да ги обезбеди своите карти навреме.
Култура
На сцената на Националната опера и Балет ќе се изведат балетските едночинки „Шехерезада“ и „Валпургиска ноќ“
На 17 и 24 јануари 2025 со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведат балетските едночинки „Шехерезада“ и „Валпургиска ноќ“.
Еден од бисерите во балетската литература „Шехерезада“ од Н. Р. Корсаков, работен по мотивите на приказните од „Илјада и една ноќ“ ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, кореографијата е на познатиот балет-мајстор од Москва, Михаил Крапивин, со првична постановка на Михаил Фокин. Сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на Маја Бурсаќ од Србија, концерт-мајстор е Верица Ламбевска. Балетската приказна ќе ни ја раскажат: Наташа Трендафилова Гицев, Ивана Коцевска, Илијана Данилов, Франциско Хименес Руиз (Шпанија), Балаж Лочеи (Унгарија), Валери Љубенко (Украина).
Во вториот дел ќе се изведе едночинката „Валпургиска ноќ“ од Шарл Гуно. Диригент е Бисера Чадловска, кореографијата е на Михаил Лавровски, пренел и режирал, Јуриј Мјачин од Русија, сценографијата е на Илија Аризанов, а костимографијата на Изабела Поњавиќ, концерт-мајстор е Верица Ламбевска. Настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска, Христина Наќевска Митрашиновиќ, Франциско Хименес Руиз (Шпанија), Балаж Лочеи (Унгарија), Валери Љубенко (Украина). Настапуваат првенци, истакнати солисти, солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. „Валпургиска ноќ“ е всушност балетскиот дел од операта „Фауст“ на Шарл Гуно, и е првата премиера на Балетот на тогашниот Македонски народен театар (МНТ), која се извела на 27 јануари 1949 во кореографија на Ѓорѓи Македонски.
Култура
Најпродавани изданија од „Арс ламина“ во 2024 година
|
|
|
|