Контакт

Култура

Европски филмски приказни на „Киненова“: Работилница под менторство на Лех Мајевски со 6 млади филмски автори од европските земји

Објавено пред

Под менторство на Лех Мајевски, кој е и член на меѓународното жири на 8. издание на „МФФ Киненова“, денеска ,во „ЕУ хаус“, се одржа работилница со наслов Европски филмски приказни, со 6 млади филмски автори од европските земји.

Проектот е реализиран со поддршка на Европската Унија и Амбасадата на Полска во Скопје и овозможува професионално менторство на филмските сценарија на македонските и европските филмски автори од страна на потврдениот и признат европски сценарист, режисер, директор на фотографија и продуцент Лех Мајевски.

„Прво правило за пишување сценарио – не навестувај што ќе се случи, го уништуваш изненадувањето. Намести ја ситуацијата и оди, тоа е доволно. Ова е кино, не треба многу да се објаснува, вежбајте да ги опишете ликовите на најкраток можен начин. Вие ја гледате личноста, но читателот не ја гледа, значи треба да најдете начин да му ја опишете најефектно што може. Читателите ги забораваат имињата, не користете имиња, тие се апстрактни, користете прекари. Филмот е конкретен, на пример, човекот запалил цигара… нема само да го кажете тоа, покажете каква цигара со акција, не со зборови. Кога опишувате лутина, нека скрши нешто, нека се покаже дека е лут, значи акција, не зборови. Не користете дијалог, туку лица. Најдобрите кадри се оние во кои нема дијалог, рече Мајевски.

Главната цел на работилницата е да го подобри и дополни образовниот процес на младите филмски професионалци од европските земји давајќи им можности за добро вмрежување и заедничка работа за градење нови начини за нивните идни професионални кариери.

„Кога ги критикувам сценаријата, не сакам да ги навредам авторите, туку да ги протресам, ним им треба малку отрезнување. Кога работев во САД, видов дека сите сакаат да пишуваат сценарија и затоа сметам дека треба да се посочи на недостатоците“, раскажа Мајевски.

Паралелната цел на оваа работилница е да се создаде можност овие млади европски филмски автори да изградат однос на доверба меѓу себе ширејќи го подоцна истиот тој пристап низ нивните локални заедници преку надминување на сите предрасуди во однос на национални, верски, сексуални или каков било вид друго поинакво определување.

Најново

Црна хроника22 секунди

Претрес во Штип, пронајдена дрога: уапсен 37-годишен маж

Вчера во 10:00 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип...

Европа2 минути

Гугл започнува со огромни инвестиции во Европа: 13 милијарди евра инвестира во Финска

Гугл ќе инвестира најмалку 13 милијарди евра во инфраструктура за вештачка интелигенција во Финска во следните две години. Компанијата потврди...

Свет3 минути

„Аксиос“: Трамп не се спротивставил на британските санкции против израелските населби

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, не се спротивставила на иницијативата на Велика Британија за воведување нови санкции против израелските...

Спорт8 минути

Куртоа повторно ја напушти Белгија

Тибо Куртоа (34) дефинитивно нема да игра за белгиската репрезентација на претстојните натпревари од Лигата на нации. Тој ја донесе...

Економија15 минути

„Зелени идеи“ бара нови импакт-бизниси, пријавувањето трае уште една недела

Здружението „АРНО“ потсетува дека остануваат уште седум дена до затворањето на националниот натпревар „Зелени идеи“, на кој можат да аплицираат...

Македонија18 минути

Левица: Испраќањето пратки преку Македонска пошта кон САД е речиси невозможно

До политичката партија Левица деновиве пристигнале повеќе алармантни дописи од граѓани и мали стопанственици околу колабирањето на Македонската пошта, соопшти...

Македонија19 минути

„Тошковски го штити кумашинот Јанушев“, велат од СДСМ

„Скандалот со митото на возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, отвора многу посериозни прашања за неговата инволвираност. Според...

Свет25 минути

(Видео) Мамдани објави тајни досиеја за 11 септември: воздухот беше опасен, десетици илјади заболеа од рак

Градот Њујорк објави повеќе од 170.000 страници претходно класифицирани записи за квалитетот на воздухот по терористичките напади на 11 септември...

Македонија40 минути

Евгенија Станкоска е новиот раководител на Антифашистичкиот фронт на жените при Левица

Евгенија Станкоска е новиот раководител на Антифашистичкиот фронт на жените при Левица. Станкоска е дипломиран политиколог, советник во Советот на...