Контакт

Култура

Едукативни работилници за деца, дебата, изложба на Кондовски на програмата на „Литера“

Објавено пред

Едукативни работилници за деца, изложба на илустрации од големиот уметник Димитар Кондовски, дебати ќе бидат дел од програмата на второто издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ што ќе се одржи од 14 до 19 октомври во повеќе објекти на Националната галерија („Мала станица“, Даут-пашин амам).

Отворањето на фестивалот ќе биде со изложбата посветена на доајенот на македонската ликовна уметност, Димитар Кондовски. Уметникот кој оставил длабок печат во македонското културно наследство и самиот имал желба некогаш да ги изложи исклучиво своите илустрации од книги, списанија, весници, публикации. „Литера“ сака на денешните генерации да им го доближи исклучителното значење на овој уметник.

Изложбата ќе биде отворена во 19 часот во „Мала станица“. Ќе биде организирана под посебен протокол.

Во рамките на фестивалот, на 16 октомври во 19:30 часот во Europe House во Скопје ќе се одржи дебата на тема „Како децата се запознаваат со предизвиците во животот преку литературата?“ На оваа дискусија ќе учествуваат: проф.д-р Весна Мојсова-Чепишевска, проф.д-р и писател Владимир Мартиновски, Искра Димковска („Сказнувалка“) и психологот Христина Стефановска.

Во рамките на фестивалот ќе бидат организирани пет работилници на кои ќе можат да учествуваат помал број деца. Доколку дозволат временските прилики, тие ќе се одржат во дворот на Даут-пашиниот амам, а во случај на заладување или дожд, активностите ќе се префрлат внатре.

На второто издание на „Литера“, под наслов „Емоцијата има своја боја“на 15 и 16 октомври работилница ќе одржи кустосот и едукатор од Националната галерија, Маја Димитрова и вајарката Моника Гошева.

Четири различни работилници ќе се одржат на 17 октомври. „Прочитај ми приказна/прочитај си приказна“ ќе ја води Коста Милков од издавачката куќа „Метаноја“. Во истиот термин од 11 часот ќе се реализира и работилница на тема „Среќни деца денес – подобри луѓе утре“, ќе одржи едукативниот центар „Скампер“ од Скопје

Искра Димковска од издавачката куќа „Сказнувалка“ ќе одржи работилница инспирирана од сликовницата „Празнина“ од Ана Лјенас. Поетесата Ана Голејшка-Џикова ќе одржи работилница за креативно пишување.

На 18 октомври во Даут-пашиниот амам, заедничка работилница ќе одржат „Полица“ и фестивалот „Литера“, на тема „Креирање книжевно дело од деца за деца“.

На 19 октомври, во Europe House фестивалот ќе додели награди за најдобрите македонски изданија меѓу двата изданија. Ќе бидат доделени три награди: за најдобра детска книга, за најдобра илустрација и издание во целина.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Битолскиот театар ги откажа претставите, потврдени се случаи на коронавирус

Објавено пред

Битолскиот театар ги откажа претставите откако биле потврдени неколку случаи на коронавирус.

„Почитувана наша публико, со жалење ве известуваме дека ни НТБ не остана имун на вирусот Ковид- 19. Веќе се изолирани неколку случаи и во тоа име сакајќи да го заштитиме нашиот колектив, а секако и вас драга публико претставите и работата на новата претстава се одложуваат за одредено време“, соопштија од Театарот.

Исто така, велат од таму, одговорно изјавуваме дека сите претстави, проби, промоции, концерти кои беа организирани во изминатиот период беа изведени под силни протоколи и по сите пропишани мерки за заштита.

Прикажи повеќе...

Изложби

Отворена ретроспективна изложба на Решат Амети во Даутпашиниот амам

Објавено пред

Ретроспективната изложба на академскиот сликар Решат Амети со наслов „30 години уметност“ беше отворена вчера во Даутпашиниот амам.

Министерката за култура, Ирена Стефоска, му посака успех на Амети во понатамошната сликарска кариера.

На отворањето беа присутни претставници од највисокиот протокол на политичкиот кор, претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој е и долгогодишен пријател на Амети, министри, пратеници, претставници на дипломатскиот кор, амбасадорите на Албанија и на Косово во РСМ, како и уметници и професори на државните и приватните универзитети.

Изложбата е достапна во Даутпашиниот амам секој ден, освен понеделник, од 10 до 18 часот.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на „101 сонет од една чудна пролет“ од Владимир Мартиновски

Објавено пред

Владимир Мартиновски (1974) пишува поезија, проза, есеи и книжевна критика. Автор е на десетина книги поезија, исто толку книжевно-есеистички книги, четири книги куси прози и раскази, како и на две книги за деца. Неговата поезија е преведена на дваесетина јазици. Добитник е на неколку книжевни награди. Се занимава и со музика. Разговорот со авторот ќе го води Николина Андова-Шопова.

Во поговорот на најновата поетска книга на В. Мартиновски, Оливера Ќорвезироска, меѓу другото, истакува: „’101 сонет од една чудна пролет’ е несекојдневна збирка песни за песните, поезија заседната дома, во поетскиот занает. Преклопувањето на карантинот на луѓето (поетот) со карантинот на поезијата (автореференцијалната песна) се творечкото кредо на оваа збирка. Таа е претворање на врвното непоетско околу нас во врвно поетско за нас и во нас; вистински дар, најубавото лице на долгото седење дома во пролетта 2020 година. Сонетите не се непознати за поетското творештво на Мартиновски, но сепак цела збирка исклучиво со толкав голем и провокативен број сонети е вистински подвиг. Најзабележлива карактеристика на збирката е удвоеноста на песните, спарувањето, дихотомноста. Речиси сите песни имаат свој парник, најчесто контрастен или само огледално обратен, утешителен или ризичен. Независно каков е односот на сонетите во диптисите, сметам дека најважното е тоа што секој сонет сам по себе функционира како грамофонска сингл-плоча со А и Б-страна. Тоа е многу повеќе од поетски (и музички) шарм, тоа е апотеоза на дуалноста, на двете лица на секое нешто, на денот и ноќта, на лошото и доброто…“

Книгата е во издание на „Кликер“. Настанот ќе биде реализиран во согласност со протоколите за организирање настани во затворен простор. Ве молиме да се придржувате кон нив. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Стапија на сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на...

Свет28 минути

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаи, пишува Би-Би-Си....

Македонија45 минути

Од денеска маските се задолжителни на отворено

Собранието синоќа со 53 гласови „за“, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија1 час

Седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот во Македонија

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“ со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот...

Европа11 час

(Видео) Од петок карантин во цела Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон прогласи каратин од петок што ќе трае најмалку до 1 декември. „Бранот се рашири низ цела...

Македонија11 час

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија12 часа

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија13 часа

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Свет15 часа

Германија воведе строги мерки: рестораните, кината и баровите ќе бидат затворени 4 недели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека германските власти се согласиле на четиринеделен делумен карантин. Во овој временски период затворени...

Македонија18 часа

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија19 часа

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија19 часа

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија19 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија20 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија20 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија21 час

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет21 час

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија22 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет23 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија1 ден

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Досие