Контакт

Култура

Експлодира автобус, успешно снимена сцената за филмот „Хомо“

Објавено пред

Со силна експлозија на автобус, успешно е снимена сцената за филмот „Хомо“, во режија на Игор Иванов -Изи.

Делови од автобусот се разлетаа на сите страни, а во воздухот летна кукла, наместо актерот, Сашко Коцев.

Денешната сцена која беше најавена како една од посложените се подготвуваше цели 5 часа. Инаку, филмот е во својата четврта недела од снимањето, кое ќе трае пет недели на повеќе од 20 скопски локации.

Според продукцијата, филмот е приказ на апсурдот на судбината, претставен низ уникатните животни приказни на шест главни ликови.

Во филмот играат 70-ина актери, меѓу кои и Игор Ангелов, Мајлинда Косумовиќ, Јелена Јованова, Сашко Коцев, Себастијан Каваца, Јордан Симонов, Мони Дамевски, Мартин Манев и Славиша Кајевски, а се прави во копродукција со Бугарија, Србија, Словенија и Косово. Кинематограферка е Маја Радошевиќ од Србија, монтажата е на Мартин Иванов, сценографијата на Кирил Спасески, а костимите на Полонца Валентичиќ од Словенија.

Актуелно

Културното и книжевно богатство на Тетово собрано на едно место

Објавено пред

Министерот за култура, Хусни Исмаили, денеска оствари работна посета на повеќе институции од областа на културата во Тетово.

Како што информираат од ресорното министерство, во рамки на посетата Исмаили се запознал и со текот на изградбата на објектот на културно-образовниот центар во кој ќе биде сместена библиотеката и театарот од овој град.

Министерот истакнал дека со реализацијата на проектот граѓаните на Тетово ќе добијат ново репрезентативно место за остварување на културните активности, место во кое љубителите на уметноста ќе имаат можност да уживаат во творештвото на врвните уметници, а воедно, како што рекол, ќе се овозможи и зачувување на големото културно и книжевно богатство што го поседува градот.

Исмаили го посетил и Музејот на тетовскиот крај, каде од директорот на оваа институција бил информиран за реализацијата на проектите кои се поддржани од Министерството за култура.

Во рамки на посетата министерот направил обиколка и низ симболот на градот, познатото Тетовско Кале – Бал Тепе, каде по завршувањето на административните процедури треба да почнат активности за конзервација на влезниот дел од тврдината.

Прикажи повеќе...

Култура

Театар „Комедија“ од септември почнува да работи со полна пареа

Објавено пред

Театар „Комедија“ од септември почнува да работи со полна пареа.

Веќе финишираат подготовките за фестивалот „Гола месечина“, а продолжуваат и подготовките за претставата „Боливуд“ во режија на Наташа Поплавска. Веднаш потоа се очекува премиера на „Вечера за глупаци“ во режија на Ирена Стеријовска.

На крајот на годината, пак, како круна на целиот успех, ќе биде прикажана премиерата која ќе излезе под режисерската палка на легендарниот режисер Егон Савин, најавуваат од Театарот.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Форми во црно” – изложба на Мице Јанкуловски во Куманово

Објавено пред

Утре, во 20 часот, во Уметничката галерија во Куманово, ќе се отвори изложбата на Мице Јанкуловски.

Изложбата ќе ја отвори проф. д-р Милан Јазбец, амбасадор на Република Словенија во земјата. На изложбата ќе бидат изложени 50 слики, акрил на платно, од Форма 3. – најновата фаза од 50-годишното творештво на Јанкуловски. Форма 3 се карактеризира со: монохромност (зашто сите слики се насликани само со една боја – црната), модуларност (сликите се со разни димензии, но сите меѓусебно се во некој однос), мултипликација (создава посебни дела со мултипликација на повеќе дела) и минимализам – создавање на своите дела со минимум елементи.

Мице Јанкуловски е исклучителен мултимедијален уметник кој истражувал разни дисциплини во уметност од неговата најрана возраст – од цртеж до слика, користејќи разни материјали и техники вклучувајќи сатирично сликарство на стакло, од палиндром до карикатури и анимирани филмови. Неговото творештво, кое опфаќа разни медиуми, го рефлектира неговиот поглед кон светот како реалност која постојано се менува, во која многу работи се движат низ времето и просторот преклопувајќи се на рамнина што се протега бескрајно далеку. Тој е препознаен од професионалната јавност во светот како најизразит претставник на апстрактната уметност во Македонија.
Мице Јанкуловски има одржано над педесет самостојни изложби во престижни простори во својата земја и на меѓународната сцена, како во палатата „Ка ‘Занарди“ во рамките на Остен-павилјонот Венеција, Италија; галеријата „Лола Николау“ во Солун, Грција; Градската галерија во Варна, Бугарија; Архиви дела Мизерикордија во Венеција, Италија; Devlet Resim Heykel Muzesi во Анкара, Турција; Југословенскиот културен центар во Париз, Франција, и голем број групни изложби.

Добитник е на највисоки меѓународни награди за творештво: наградата за животно остварување „Лоренцо ил Магнифико“ на Фиренца биенале, Италија, оваа година, наградата „Уметник на светот“ на биеналето „Ларнака“, Кипар 2018, гран при на Меѓународното биенале на графика Варна, Бугарија, во 2017 и многу други…
Оваа 2019 година Мице Јанкуловски одбележува 50 години уметничко творештво и до крајот на годината ќе има самостојни изложби во Прилеп, Куманово, Тетово, Торино, Италија; Сент Петербург, Русија, и Солун, Грција – изложба со дела од Пикасо.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 минути

Германија ги зголемува залихите со таблети јод во случај на нуклеарен инцидент

Германските власти го зголемуваат снабдувањето со таблети јод коишто ќе можат да им помогнат на граѓаните во случај на нуклеарен...

Свет20 минути

Додека Амазонија гори, Болсонаро го нападна светот: „Не мешајте се во внатрешни работи“

Во екот на зголемена меѓународна критика за пожарите што беснеат низ Амазонија, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека е можно...

Регион46 минути

(Видео) Се заглави рингишпил во Биоград, пожарникарите час и половина ги спасувале децата

Поради дефект се заглави рингишпилот ,,Скај флаер” во Биоград во Далмација, по што пожарникарите час и половина ги спасувале децата...

Свет1 час

Навални излезе од притвор

Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармиш на Твитер соопшти дека рускиот опозициски лидер по 30 дена излегол од притвор, откако...

Свет2 часа

Туристите честа цел на крадците во Барселона, само годинава имало над 5.000 насилни грабежи

Од почетокот на годинава имало 5.331 насилен грабеж во Барселона, што е 30 проценти повеќе во однос на истиот период...

Македонија12 часа

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави...

Македонија14 часа

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија...

Европа17 часа

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за...

Топ21 час

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ22 часа

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија23 часа

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија24 часа

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија1 ден

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет1 ден

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија1 ден

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа1 ден

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија2 дена

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија2 дена

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион2 дена

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија2 дена

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Досие