Контакт

Актуелно

Заврши осмото издание на SEE a Paris

Објавено пред

Во амфитеатарот на INALCO, Paris Cite Sorbonne, синоќа се одржа церемонијата на доделувањето на наградите, со што се заокружи осмото издание на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа – SEE a Paris 2018.

Фестивалот се отвори на 30 мај во присуство на повеќе истакнати личности од културниот и општествениот живот на Франција и на амбасадорката на Република Македонија, Јадранка Димов, со обраќањето на министерката за култура на Република Франција, Франсоаз Нисен. Меѓу другото, таа со особено задоволство и официјално објави дека од оваа година фестивалот ќе биде под покровителството на Министерството за култура на Франција.

На отворањето и оваа година беа доделени традиционалите награди за животно остварување, SEE Legend 2018 и SEE Actress 2018, на романскиот режисер Луцијан Пинтилие и бугарската актерка Цветана Манева, а наградата Europa Prima 2018 му се додели на францускиот поет Жан-Пјер Симеон.

За време на фестивалските денови пред париската публика се презентира селекција од играни, кратки, документарни и анимирани филмови од 15 земји од регионот, која предизвика голем интерес. Жирито во состав: Макс Азуле, претседател, Фредрик Фапани, Емануел Галабрије, Хазис Вардар и Патрисија Корбет, одлучи наградата за најдобар филм да му се додели на „Устав на Република Хрватска“ во режија на Рајко Грлиќ.

Наградите најдобар актер и најдобра актерка им се доделија на познатиот американски актер Гери Дурден за улогата во фимот „Сè што таа напиша“ од Бугарија и на Адријана Матоши за улогата во косовскиот филм „Несакано“, а за најдобра режија на грчкиот режисер Василис Мазоменос за филмот „Линии“ .За најдобар документарен филм беше прогласен црногорскиот „Мирсада“ на Данило Марунивиќ, за најдобар краток филм унгарскиот „Отповик“ на Даниел Рајх, а младото жири за најдобар филм го прогласи Avec L’Amour на македонскиот режисер Илија Цветковски.

На затворањето му се додели наградата Frederic Rossif за особени остварувања во филмската документаристика на македонскиот уметник Киро Урдин, Europa Prima 2018 му се додели на Харалд Зиблер од Германија, а наградата SEE Persoinality 2018 Paris за исклучителен придонес во европеизацијата на регионот на Југоисточна Европа му се додели на македонскиот бизнисмен Светозар Јаневски.

Актуелно

Објавено видео од нападот врз Марина Абрамовиќ во музеј во Фиренца

Објавено пред

Од

Маж вчера ја удри српската уметница Марина Абрамовиќ со слика по главата. Инцидентот се случи во музејот „Палацо Строци“ во Фиренца. Директорот на установата, Артуро Галансино, соопшти дека Абрамовиќ не е повредена.

„Сè е во ред“, напиша Галансино на „Твитер“.

Италијaнските медиуми објавија дека сликата со дрвена рамка, со која е извршен нападот, е портрет од Абрамовиќ што го насликал напаѓачот.

Полицијата отвори истрага за инцидентот. Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ пишува дека напаѓачот, чие име не е објавено, двапати во јавност се појавил гол во текот на изминатите години, а еднаш лежел гол на лажни долари.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Скопска промоција на поетската книга на Бранислав Николов од групата „Фолтин“

Објавено пред

Од

Во кафулето „Цреша“ денеска (21 септември) ќе се случи скопската промоција на книгата поезија „Креветизам и хоризонтала“ од Пијан Славеј, што е уметничко име на Бранислав Николов, фронтменот на групата „Фолтин“.

На промоцијата закажана со почеток од 19 часот настап ќе има и „Фолтин“, а примероците од збирката ќе бидат достапни по промотивна цена.

Настанот е поддржан од Министерството за култура во рамките на „Нов културен бран“, а книгата „Креветизам и хоризонтала“ е финансиски поддржана од Драги Филевски, Де Ниро.

Дизајнот на корицата е дело на Мирослав Масин.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Претставата „Против демократијата“ на Големата сцена на велешкиот театар

Објавено пред

Од

На Големата сцена на велешкиот театар „Јордан Х.К-Џинот“, во вторник, на 25 септември, со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Против демократијата“ од Естев Солер, во режија на Дејана Николовска, а во продукција на Здружението на уметници „К.Ц. Медиа артес“.

Гостувањето на претставата е финансирано од Министерството за култура во рамките на културната манифестација „Нов културен бран“ 2018.

„Против демократијата“ е дел од трилогијата „против“ (прогрес, љубов и демократија) на современиот шпански писател од каталонско потекло Естев Солер и зборува за демократијата и демократските вредности во кои нашето западно општество денес се колне.

Преку седум смешни и истовремено застрашувачки сцени авторот се обидува да ја посочи воочливата разлика помеѓу „човечкиот напредок“ и „финансискиот напредок“ во рамките на демократското општество. Екстремната театарска форма, комбинација од комедија и хорор е избрана со цел да се разбудат сетилата на луѓето од непосредноста и рутината на секојдневието.

Во претставата настапуваат актерите Игор Ангелов, Јасмина Билаловиќ и Дениз Абдула. Автор на сценографијата и костимографијата е Милена Пантелеева, композитор на музиката е Гаро Ашикјан, тон-мајстор е Дарко Дарковски, а светло-мајстор е Борис Велјановски.

Билетите за претставата се веќе пуштени во продажба на билетарницата на театарот.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

(Видео) Стаменковска: Нема притисок врз пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што не се изјаснија против уставни измени

Нема притисок врз пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не се изјаснија дека ќе гласаат против уставни измени, вели пратеничката Невенка Стаменковска,...

Топ60 минути

Фотографирале девојки на плажа во Охрид, сликите ги објавиле на веб-страница за интимни средби

Две лица од Свети Николе и од Охрид фотографирале девојки на плажа во Охрид и ги лажеле дека сликите ќе...

Економија2 часа

Плати од 97.000 денари и за новиот состав на Регулаторната комисија за енергетика

Плати од 97.000 денари ќе добива и новиот состав на Регулаторната комисија за енергетика. Тие неодамна на веб-страницата објавија колкави...

Свет4 часа

(Видео) Највисоко ниво на заштита, Трамп во ОН пристигна со „ѕверот“ и со ладилник полн со крв

Американскиот претседател, коj вчера имаше говор во Обединетите нации, во Њујорк пристигна со највисоко ниво на обезбедување – се возеше...

Економија4 часа

НБРМ: Денарот е стабилен, не постои опасност за евентуална девалвација

Народната банка на Република Македонија информира дека како институција надлежна за конципирање и спроведување на монетарната политика цврсто стои на...

Регион5 часа

(Видео) Четворица пожарникари повредени во ноќната битка со пожарот на Пелешац

Апокалипса на Пелешац по пожарот што дивееше изминатото деноноќие, јавуваат хрватските медиуми. Огнената стихија на хрватскиот полуостров во текот на...

дијамант дијамант
Забава5 часа

Најскапиот дијамант во светот проценет на 50 милиони долари на аукција во Женева

Розовиот дијамант од скоро 19 карати тргнува на светска турнеја пред да биде понуден на аукција во Женева, а се...

Свет5 часа

(Видео) Макрон ја критикуваше политиката на Трамп и доби аплауз

Францускиот претседател, Емануел Макрон остро ги критикуваше во Њујорк светските лидери кои ги гледаат исклучиво своите интереси и порача дека...

Регион6 часа

Брутално убиство на 33-годишен геј активист ја бранува Атина

Геј активист почина во Атина откако брутално беше претепан. Зак Костопулос, 33-годишен активист на грчкиот ЛГБТИ, почина по брутален напад...

Свет18 часа

Бил Козби осуден на 3 до 10 години затвор за сексуален напад

Познатиот комичар Бил Козби е осуден на три до 10 години во државен затвор за дрога и сексуално малтретирање на...

Регион20 часа

(Видео) Пожар на Пељешац, гори борова шума – жителите ги бранат куќите

Во пожар што избувна кај местото Мокало на хрватскиот полуостров Пељешац гори густа букова шума. Според последните информации, огнот го...

Македонија21 час

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

На предлог на Министерството за правда, Владата ги прифати предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за извршување и на...

Македонија22 часа

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат, порача премиерот Заев пет дена...

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok
Крвав четврток23 часа

Чавков наредил да им ја отворам вратата на колегите од УБК, сведочеше собраниска полицајка за oдзмените харддискови

По наредба на директорот на БЈБ, обвинетиот Митко Чавков, било одземањето на дисковите со снимките од безбедносните камери во Собранието, потврди собраниската...

Крвав четврток23 часа

Судот им ги одби гаранциите на Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов да се бранат од слобода

Обвинетите пратеници Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и активистот Богдан Илиевски и обезбедувачот Оливер Радулов, и натаму остануваат во...

Топ1 ден

Градоначалникот на Куманово добивал закани, поднесена кривична пријава против едно лице

Градоначалникот на Куманово до СВР Куманово пријавил дека во два наврата му биле испратени СМС-пораки со заканувачки содржини кон него...

Крвав четврток1 ден

Се надевам дека ќе одговараат нарачателите за 27 април, рече обвинителката Русковска

По првиот дел од судењето во кривичниот суд за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска, на новинарско прашање, рече...

Investigative story1 ден

Антикорупциската комисија се сомнева во злоупотреби со монографии на Филозофскиот факултет

Антикорупциската комисија има доставено иницијатива за поведување постапка за кривично гонење поранешен декан на Филозофскиот факултет до Јавното обвинителство,поради сомневања...

Крвав четврток1 ден

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не нè напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

(Фото: Ацо Ангеловски во средина) „Лево од мене слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не...

Регион1 ден

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Досие