Контакт

Култура

Заврши првиот фестивал на светлината

Објавено пред

Првиот фестивал на светлината, Skopje Light Art District, кој од 6 октомври до денеска се одржуваше во главниот град на Македонија, заврши.

Водени од мотото „Следи ја патеката…“, неколку илјади посетители во изминатите три дена уживаа во интерактивните светлосни поставки, пеформанси и инсталации на 23 странски и домашни уметници.

„Отворањето на фестивалот беше проследено со тридимензионалното мапирање на Милчо Узунов и Златко Славенски, проектирано на фасадата на зградата Ибни Пајко, а заинтересираните, следејќи ја патеката, можеа до денес да ги видат изложените дела. Светлечките ГМО-зелки, автомобилите што го имитираат ефектот на стаклена градина, добрите духови, рибегалците, силуетите и другите поставки, со својата креативност и шареноликост успеаја да им го задржат вниманието на скопјани, но и да додадат малку повеќе светлина и боја во нашето секојдневие“, велат организаторите во своето соопштение по завршувањето на фестивалот.

Универзалната сала, како организатор и фестивалот Skopje Light Art District, преку своето соопштение исто така упати и благодарност до граѓаните за посетата и учеството во фестивалот посочувајќи дека се надеваат на уште поуспешен Skopje Light Art District в година.

Култура

Младиот пијанист Величков вечерва ќе се претстави пред публиката на „Охридско лето“

Објавено пред

Репертоарот на класична музика во рамки на 59-тото издание на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе го збогати младиот и талентиран пијанист Димчо Величков од Бугарија.
Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“, во стандардниот фестивалски термин, од 21 часот.

Димчо Величков е роден во 1987 година во Стара Загора, Бугарија во семејство на музичари. Започнува да свири пијано на шестгодишна возраст, а само една година подоцна започнува да учи во класата на неговиот татко во музичкото училиште во родниот град. На девет години ја добива наградата „Млади надежи “ на IV Интернационален натпревар „Музиката и земјата“ во Софија.

Во 2002 година, Величков настапува во салата „Бугарија“, а една година подоцна е солист со оркестарот на Државната опера во Стара Загора. Во 2005 година ги започнува студиите на Универзитетот за музика и уметности во Виена во класата на проф. Франц Цетл, а дипломира во 2011 година во класата на проф. Маркус Праусе. Концертно настапува во Бугарија, Полска, Кореја, Русија и Словачка. Во 2013 година на покана на бугарската амбасада и Културниот центар на Бугарија во Москва настапува на прославата на бугарската култура во главниот град на Русија. Димчо Величков настапува солистички, но и како дел од различни камерни состави соработувајќи со Клара Шуман-флејта, Улјана Левит-сопран, Фулвио Бертосо и Ина Петкова-виолончело, Маико Еномото-виолина, Михо Јамамура-пијано.

Од 2017 година е ангажиран како професор по пијано на Конзерваториумот „Франц Шуберт“ и на приватната музичка школа „Шмид и Цетлман“во Виена.

Прикажи повеќе...

Култура

Почина актерот Питер Фонда, ѕвездата на филмот „Голи во седло“

Објавено пред

Актерот Питер Фонда почина на 79-годишна возраст на својот имот во Лос Анџелес. Тој боледуваше од рак на белите дробови. Тој е син на актерот Хенри Фонда, брат на актерката Џејн Фонда и татко на актерката Бриџит Фонда.

Во 1969 година, тој стана продуцент и коактер со Денис Хопер и Џек Николсон во филмот, кој стана култен и се здоби со меѓународна слава со својата премиера во 1969 година – ,,Голи во седло” (Easy Rider).Филмот го направи Фонда идол на хипи-движењето и херој на новиот Холивуд. Со екипа која ја сочинуваа и Денис Хопер и Џек Николсон, филмот уриваше рекорди во кино-салите.

Фонда зад себе остави стотици други филмски остварувања. Неговиот последен филм – критика на политиката на американскиот претседател Доналд Трамп кон бегалците, треба да биде прикажан годинава.

Прикажи повеќе...

Култура

Агенција за филм: Жешко лето за македонската кинематографија со изгледи за „Оскар“

Објавено пред

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија ги сублимираше успесите и континуитетот на продукција во домашната кинематографија.

Врз основа на тој сублимат од таму со задоволство констатираат дека на македонскиот филм конечно му се „заканува“ и „Оскар“.

Од Агенцијата посочуваат дека доколку се следат промоцијата и реакциите за документарниот филм „Медена земја“ во САД, може да се каже дека годинава македонски филм се доближува до најпрестижната филмска награда.

„Освен бројните награди, видливоста на престижните филмски фестивали, полнење на светски киносали со дел од најновите наслови од домашната продукција, објавите и филмските критики за истите во првиот дел од годинава, летово камерите останаа вклучени за снимање на повеќе долгометражни играни филмови“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека изминативе три месеци започнало снимањето на неколку македонски филмови – „Стела“, дебитанскиот филм на Стојан Вујичиќ, новиот долгометражен игран филм на Вардан Тозија со наслов „М“, како и долгометражниот игран филм „Најтешкото нешто“, кој е прв македонски филм што ќе биде сниман на турски јазик во режија на познатиот турски режисер, Сердар Акар.

Во тек е снимањето и на играната серија за деца „Зоки Поки“, адаптирана по истоимената книга на писателката Оливера Николова.

Од Агенцијата за филм соопштуваат дека кон крајот на месецов најавено е снимањето и на дебитантскиот филм на Кристијан Ристевски „Снежана на крајот умира“, а во тек се и интензивни подготовки за првиот долгометражен игран филм на македонската млада авторка Дина Дума со наслов „Сестра“ за кој е најавено снимање во текот на септември.

„По големите успеси што македонската кинематографија ги имаше годинава навистина е големо очекувањето од сите идни проекти кои ќе се произведат, бидејќи навистина се наметна еден критериум кој мораме да се трудиме да го следиме или барем да се приближиме со цел одржување на континуирано учество на филмовите на меѓународни фестивали, освојување награди, како и успешно интернационално претставување на нашата земја“, стои во соопштението.

Агенцијата за филм исто така најавува дека македонски филмови и копродукции ќе се прикажат на претстојните филмски фестивали во Сараево и Венеција.

Во Сараево во главната програма во конкуренција за документарен филм ќе се прикаже „Медена земја“ во режија на Љубомир Стевафнов и Тамара Котевска, краткометражниот анимиран филм „Една“ во режија на Вук Митевски (кој е во копродукција со Белгија) ќе се прикаже во конкуренција за краткометражен филм, а малцинската копродукција „Отворена врата“ во режија на Флоренс Папас (копродукција меѓу Албанија, Италија, Косово, Северна Македонија) ќе се прикаже во конкуренција за долгометражен игран филм.

Покрај претставувањата на македонски филмови во главната програма на фестивалот, свои проекции ќе имаат и „Господ постои нејзиното име е Петрунија“ во режија на Теона Митевска, малцинската копродукција „Полусестра“ на Дамјан Козоле (Словенија, Северна Македонија, Србија и Хрватска), како и краткометражниот филм на Елеонора Венинова „The Sign“ кој е дел од омнибусот SEE Factory што оваа година ја отвори програмата Director Fortnights во Кан.

Во Венеција на 31. август филмот „Петрунија“ ќе има своја проекција во трката за наградата ЛУКС, која ја доделува европскиот парламент (LUX FILM PRIZE COMPETITION).

На филмскиот фестивал во Венеција свое претставување ќе има и краткометражниот игран филм „Извидник“ на Андреј Цветков како дел од програмата Giornate Degli Autori.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Пожарот над скопските села ставен под контрола, догаснувањето продолжува утре

Делумно е ставен под контрола шумскиот пожар кој избувна утрото околу 10 часот над скопските села Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци....

Свет9 часа

Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се...

Свет9 часа

Салвини попушти, ќе ги прими малолетните мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини потклекна под политичкиот притисок, и од меѓународната заедница, но и од внатрешно-политичкиот, околу...

Регион10 часа

Бугарија на второ место во НАТО според буџет за одбрана

Бугарија е на второто место во НАТО според буџетот за одбрана во однос на бруто домашниот производ и веднаш зад...

Регион11 час

Српски полицајци го спасија животот на 9-годишно дете на автопатот Ниш-Белград

Двајца сообраќајни полицајци од Србија станаа вистински херои во медиумите и на социјалните мрежи, откако успеаа да го спасат животот...

Свет12 часа

Јункер итно пренесен на операција

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер го прекинал одморот и ќе биде итно опериран, соопшти ЕК. Според информациите, Јункер...

Свет14 часа

Незадоволен гостин уби келнер во ресторан во Париз

Келнер во француски ресторан бил убиен од страна на гостин, бидејќи предолго чекал сендвич, пренесуваат фарнцуски медиуми. Инцидентот се случил...

Регион18 часа

(Видео) Авион слета на автопатот Загреб – Риека откако му откажал моторот

На автопатот Загреб-Риека помеѓу Врбоско и Равна Гора, помал спортски авион слета на патот. Граѓани кои се возеле во автопатот...

Топ18 часа

Гори планината над Буковиќ

Пожар избувна изутринава на тешко пристапен терен над селото Буковиќ, во близина на Сарај. Како што дознава ,,Макфакс”, пожарот избувнал...

Свет19 часа

„Не сме на продажба“ – му порача Гренланд на Трамп

Владата на Гренланд соопшти дека нејзината територија не е на продажба, по извештаите дека претседателот на САД Доналд Трамп бара...

Свет20 часа

(Видео) Осум лица загинаа, а десет се повредени во пожар во хотел во Одеса

Осум лица загинаа, а десетина се повредени во пожар кој рано утрово изби во хотел во украинскиот град Одеса, соопшти...

Свет21 час

Трамп планира да им продаде борбени авиони на Тајван за осум милијарди долари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го информираше Конгресот дека планира да му продаде борбени авиони Ф-16 на Тајван, во...

Култура21 час

Почина актерот Питер Фонда, ѕвездата на филмот „Голи во седло“

Актерот Питер Фонда почина на 79-годишна возраст на својот имот во Лос Анџелес. Тој боледуваше од рак на белите дробови....

Македонија21 час

Ленче Ристоскa: Со панични движења подлабоко се тоне во живиот песок

„Интересен феномен. Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок“, напиша на Фејсбук обвинителката Ленче Ристоска, без...

Економија22 часа

„Алибаба“ прва на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании

Кинескиот гигант за електронска трговија „Алибаба“ е прв на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании. Веднаш зад „Алибаба“ се наоѓаат...

Македонија2 дена

Пациент со западнонилска треска хоспитализиран на Инфективна клиника

Пациент заразен со западнонилска треска е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Од Центарот за јавно здравје соопштија...

Топ2 дена

Расветлено и второто убиство кај браната Турија – го застрелал, го ставил во резервоар за гориво и го фрлил во водата

Полицијата соопшти детали за убиството на струмичанецот кој се водеше за исчезнат, а неговото тело потоа беше пронајдено во водите...

Македонија2 дена

(Видео) Рустеми: Ако чувствував влијание од Јанева за моето сведочење, ќе пријавев

Бурим Рустеми вели дека одговорил на сите прашања од обвинителството поврзани со случајот „Рекет”. Тој не сакаше да каже дали...

Топ2 дена

Загина 26-годишен тетовец на патот Гостивар-Тетово

Дваесет и шестгодишен жител на селото Топлица, Врапчиште, синоќа загинал во сообраќајна несреќа, откако изгубил контрола на возилото и излетал...

Македонија2 дена

Битолчанец го враќа сонцето од Кутлеш на шахтите

Битолчанец ги враќа отстранетите ѕвезди од Кутлеш на шахтите во градот кои беа отстранети според преспанскиот договор. Тој направил шаблон...

Досие