Контакт

Култура

Заврши 6. издание на фестивалот „Про-за Балкан“

Објавено пред

Многу ми е жал што не сум во можност овие редови, кои најверојатно ќе беа поинакви ако бев на „самото место“,  да ги прочитам лично, но низа околности во последен час ме спречија да дојдам во Скопје, на што се радував, помалку поради наградата, а многу повеќе поради средбите со моите тукашни пријатели и колеги по перо, кои, за жал, ги пропуштив,  напиша добитникот на наградата „Прозарт“, Светислав Басара, во својот говор по повод доделувањето на наградата.

Со силни мисли за убавината, синоќа во Даут-пашиниот амам во Скопје беше затворено 6. издание на Интернационалниот литературен фестивал „Про-за Балкан“.

„Многу работи влегоа во апсурдна фаза во овој свет кој повторно се враќа на сликовното писмо“,  посочи Басара, кому наградата ќе му биде врачена во Белград, веднаш по заздравувањето.

Кус осврт за неговиот опус даде уметничкиот директор на фестивалот, Александар Прокопиев. Модераторката Ана Јовковска прочита извадок од култниот роман на Басара, „Фама за велосипедистите“.

„Тоа што го издвојува Басара од сите претходни добитници на ‘Прозарт’ е што тој е најплоден. На свои 27 години кога излезе ‘Фама на велосипедисти’, Басара веќе имаше два романа. Тој роман е сложено диво дело. Тоа не беше само дело на новиот бран, ами нешто многу индивидуално што во српската богата книжевност го немаше. Басара е нескротлив автор и му посакуваме таков и да остане“, истакна Прокопиев.

Секој од авторите гости на фестивалот прочита извадоци од свое дело на јазикот на кој твори. Писателите Лејла Каламујиќ, Ајфер Тунч, Фросина Пармаковска, Роберт Перишиќ, Јуриј Хулодин имаа можност да се дружат во изминатите три дена.

„Сите знаеме дека Достоевски рекол дека убавината ќе го спаси светот. Некои од нас знаат дека Блаже Конески рекол, односно испеал – ‘Убавино, ти ме заморуваш веќе!’ А јас баш би сакал да беше можно да присуствувам на разговор на нив двајца на оваа тема. А којзнае, можеби сите ние го водевме тој разговор овие неколку дена. За тоа им благодарам на гостите и на тимот на ‘Про-за Балкан’“, истакна директорот на фестивалот, Дејан Трајкоски.

Култура

„Исцелител“ не влезе во трката за „Оскар“

Објавено пред

Македонскиот филм „Исцелител“ не влезе во трката за престижната филмска награда „Оскар“.

„Драги пријатели, со скршено срце ви објавуваме дека ‘Исцелител’ не влезе понатаму во трката за ‘Оскарите’. Од 87 кандидати, доцна синоќа беше објавена потесната селекција од 9 филма, меѓу кои, за жал, не бевме ние. Им честитаме на колегите што влегоа во селекцијата и им стискаме палци да се најдат на конечната листа од 5 номинирани филма“, соопшти екипата од филмот.

Филмот „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески беше национален кандидат на Македонија за наградата „Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје“ за 2019 година. Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Враќање“ во режија на Кастриот Абдили, „Година на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски, „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија на Куштрим Бектеши, и „Здивот на ангелот“ во режија на Јани Бојаџи.

Прикажи повеќе...

концерти

Македонскиот виртуоз Симон Трпчески празнично ја прошета публиката во срцето на Њујорк

Објавено пред

Македонскиот пијано-виртуоз, Симон Трпчески, заедно со музичарите на Македонската филхармонија, на синоќешниот концерт ја воодушеви публиката, која го испрати со френетични аплаузи. Уште еднаш овој музички маг со светско реноме со крајна спонтаност и внимателно избран репертоар докажа дека неговите настапи се неповторливо искуство и единствена музичка сензација.

Неполни два часа Трпчески од најавените композиции на Шостаковиќ и Гершвин, Концерт за пијано и оркестар бр. 2 и „Рапсодија во сино“, дополнително во два наврата на публиката ѝ приреди и изведба на композиции од домашни композитори, а празничната нота на концертот ја дополни и со изведба на популарни теми.

Финалето на концертот беше изведбата на познатата џез-тема на Пол Дезмонд, „Тејк фајф“, која за миг ја телепортира публиката во центарот на Њујорк.

Под вештите прсти на Трпчески секој тон звучеше оригинално и возбудливо, а музичарите од Македонската филхармонија, освен со професионалната подготвеност, го следеа со извонреден флуид, што дополнително го обои концертот со визулена и музичка хармоничност.

Се чини како на настапите дома Трпчески носи дел од секоја своја турнеја, па така сцената на Македонската филхармонија за миг заличе на њујоршкиот „Карнеги хол“, каде што тој настапи како солист на Балтиморскиот симфониски оркестар под диригентската палка на Марин Олсоп во 2010 година.

Иако речиси нема точка на планетава каде што пребирливата публика како во Лондон, Пекинг, Шангај со воодушевување го испраќа македонскиот пијанист, неговите настапи дома тој секогаш ги доживува со посебно задоволство.

Во претпразничниот дух Трпчевски посака ум, трпение и здравје, ѝ се поклони на публиката и им се заблагодари на музичарите, диригентот Борјан Цанев и првата виолина Ана Контраденко.

Концертот го организира „Македонски телеком“, кој на овој начин го одбележа крајот на годината зааедно со своите блиски соработници, партнери и пријатели и истовремено ја акцентира поддршката на македонската култура.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт за четирирачно пијано со Марија Ѓошевска и Елена Атанасовска-Ивановска

Објавено пред

Во камерната сала на Македонската филхармонија, овој петок, во 20 часот, ќе се одржи концерт за четирирачно пијано со едни од најистакнатите македонски пијанистки – Марија Ѓошевска и Елена Атанасовска-Ивановска.

На програмата се: свитата „Оревокршачка“ од Чајковски/Лангер, „Карневал на животните“ од К. Сен-Санс/Л. Гарбан и Македонска парафраза бр. 2 од македонската композиторка Бете Илин.

Елена Атанасовска-Ивановска и Марија Ѓошевска успешно ја претставуваат и ја афирмираат нашата земја и надвор од нејзините граници. Нивната соработка почнува сосема наивно и ненаметливо уште во нижото музичко училиште преку изведба на Концертот за две пијана на Ј. С. Бах BWV 1060 за да се круниса со настап со Македонската филхармонија, каде што ставовите од концертот на Бах во f-moll ги делат меѓусебно. Многубројни се и полурециталите што ги даваат во нижото музичко училиште и во средното музичко училиште во Скопје и низ Македонија. На Факултетот за музичка уметност, пак, во класата на професор Борис Романов, почнува нивното заедничко дружење преку музиката, каде што постојано се придружуваат на сите клавирски концерти што бараат пијано-придружба.

Дуото официјално почнува да концертира на фестивалот „Златна лира“ во 2009 година. На нивниот репертоар за кус период се најдоа речиси сите капитални дела од светската литература за две пијана.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Пратениците одлучија дека има потреба од закон за амнестија

Пратениците дадоа зелено светло за расправа по предлог законот за амнестија. Претседателот на Собранието, Талат Џафери го стави предлог решението...

Македонија21 минута

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотира уставните измени

ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група донесоа одлука да не учествуваат во процесот на уставните измени, истакна на прес-конференција пратеникот...

Македонија2 часа

Царинската управа отвори истрага за Трајковски, гостинот на Груевски во Будимпешта

Царинската управа вчера отвори истрага за царинскиот службеник Александар Трајковски, кој беше фотографиран со експремиерот Никола Груевски, азилант, во Будимпешта....

Македонија2 часа

Подобро е да нема снег оти со механизацијата на „Македонијапат“ стара над 30 години може се да заглави

Со стара менханизација и без доволен број работници „Македонијапат“ оваа година ќе се справува со снегот по магистралните патишта. Возилата,...

Истражувања2 часа

Владата го засака барокот на фасадата, мислењата на експертите баталени

Владата на Зоран Заев, која се колнеше дека ќе го чуе гласот на граѓаните, а посебно на експертската јавност, една...

Македонија2 часа

Саливан: САД ќе ѝ помогнат на Владата да се спротивстави на штетното влијание на Русија

Нема да биде изненадување за никого овде ако кажам дека Русија се спротивставува на патот што Македонија го има избрано...

Македонија3 часа

(Видео) Заев и Ципрас номинирани за Нобеловата награда за мир

На денешната свечена церемонија, која се одржа на Универзитетот ФОН во Скопје, премиерите на Република Македонија и на Република Грција,...

Македонија4 часа

Фетаи за трошоците од прегласувањето во Струмица: И еден денар да е во прашање, направена му е штета на буџетот

Судењето за „Титаник 2“, кое се однесува на изборни нерегуларности од локалните избори од 2013 година, продолжи со наодите на...

Крвав четврток4 часа

(Видео) Александрова: Прашајте ги обвинетите пратеници дали ќе бараат амнестија, јас не сум дел од 27 април

„Право на секој во согласност со законот е да поднесе барање. Дали некој од пратениците ќе поднесе или не, не...

Топ5 часа

(Видео) Половина тон марихуана вредна над милион евра запленета на ГП Богородица

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во координирана акција со Министерството за внатрешни работи и Царинската управа...

Македонија5 часа

(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа

Ова не е само сторија за куче што помага на болен човек. Ова е сторија за две суштества чии животи...

Македонија6 часа

(Видео) Пратениците ќе носат закон, а Кацарска и Рускоска ќе амнестираат

„Нема да бидат амнестирани лица што биле организатори на настаните од 27 април. Тука спаѓаат лицата што носеле оруже и...

Топ6 часа

Кавадарчанецот што избоде жена на нива обвинет за обид за убиство

Кавадарчанецот што во јуни годинава избоде жена на нива во прилепско село ќе одговара за обид за убиство и за...

Македонија6 часа

Обвинителството поднесе жалба против пресудата за смртта на родилката во Гевгелија

Основното јавно обвинителство во Велес поднесе жалба на пресудата на Основниот суд Велес во предметот за смртта на родилката Маја...

Македонија7 часа

Управниот одбор на ЗНМ едногласно го потврди Младен Чадиковски за нов претседател

Управниот одбор вчера на конститутивна седница едногласно донесе автентично толкување на одредбите од Статутот на ЗНМ, кои се однесуваат на...

Македонија7 часа

Патник од автобусот на смртта: Се враќаме дома со траума што никогаш нема да ја заборавиме

„Им благодариме на сите што ни помогнаа кога најмногу ни требаше. Се враќаме дома со траума што нема да ја...

Вести7 часа

Нов извештај: Русија со дезинформации на социјалните мрежи му помогнала на Трамп да победи

Два извештаја, подготвени за Сенатот на САД, покажуваат дека Русија во координирани кампањи му помогнала на Доналд Трамп да го...

Топ8 часа

ИОМ: 3.400 мигранти и бегалци ги загубиле животите во светот годинава

Миграцијата е многу значајно прашање на оваа ера. Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018...

Македонија9 часа

Забрана за тешки возила на Стража, Маврово-Дебар и Тетово-Попова Шапка

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот...

Регион19 часа

Вучиќ во ОН: Исплашен сум за иднината на народот во регионот

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вечерва на седницата на Советот за безбедност на Обединетите Нации изјави дека е многу загрижен, а...

Досие