Контакт

Изложби

Заедничка изложба на македонски и француски млади фотографи

Објавено пред

Во рамките на соработката на Македонија и Франција, општините Дебар и ИФ до сега реализираа неколку успешни проекти со средства на ЕУ. Покрај соработката на локалните власти на двете опптини, има добра соработка и на невладиниот сектор и младите. Во францускиот град ИФ постигнат е договор младите од двете општини покрај веќе реализираната заедничка драмска претстава на три јазици – македонски албански и француски, која беше преставена во двете општини, да се организира и заедничка фото изложба.

Кординаторот на проектот во Дебар, Гоце Лубиновски информираше дека станува збор за заедничка изложба на фотографии на млади аматери во кои ќе дојде до израз убавината, архитектурата и животот во Дебар и ИФ. Лубиновски објасни дека веќе е договорено на изложбата која ќе биде претставена во двата градови, да бидат презентирани по 3о фотографии кои ќе бидат избрани по објавувањето на конкурс на кој можат да учествуваат младите автори.

„Ние сме многу и задоволни од заедничката драма во која учествуваа млади од Дебар и ИФ. Драмата беше многу добро прифатрена како во Франција, така и во Македонија“, истакна кординаторот Лубиновски и додаде дека проектот ,,Заедничка изложба на црно бели фотографии од Дебар и ИФ“, се очекува да биде финасиран од ЕУ. Во рамките на соработкат, наскоро невладиниот сектор ќе подготви и документрен филм за животот и традициите во Дебар.

К.М.

Изложби

Изложба Level 50 на Тони и Емил Шулајковски

Објавено пред

Во галеријата „Акантус“ во Скопје, на 22 февруари (петок), со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена изложбата на слики Level 50 на ликовните уметници Тони и Емил Шулајковски.

По деветнаесет години, браќата близнаци повторно заедно ѝ се претставуваат на скопската публика со отворање на изложба, прославувајќи го својот педесетти роденден. Проектот содржи педесет слики, по дваесет и пет од секого.

Предговорот за каталогот на изложбата го напиша Дијана Томиќ-Радевска, ликовна уметница и куратор во галеријата „Акантус“.

За љубителите на ликовната уметност изложбата ќе биде отворена до 20 март годинава, секој ден, освен понеделник.

Прикажи повеќе...

Изложби

Музејот на Македонија со изложба во Хрватска: „Црн петел, црвена кокошка“

Објавено пред

Изложбата „Црн петел, црвена кокошка: култови на плодноста, обреди, обичаи и верувања“, која ја подготви Музејот на Мкедонија во соработка со Археолошкиот музеј од Скопје, на 7 февруари беше отворена во Етнографскиот музеј во Загреб.

Од Музејот велат дека изложбата бележи позитивни одгласи во хрватските медиуми.

„Оваа изложба нуди увид во разните видови археолошко и етнолошко македонско културно наследство од праисторијата до денес, кои содржат елементи на телесното и сексуалноста, а со тоа и на плодноста“, пишува tportal.hr.

„Многу интересна и откачена гостувачка изложба од Музејот на Македонија, чие отворање во Етнографскиот музеј привлече голем број заинтересирани посетители и гости“, пишува turistplus.hr.

Во Етнографскиот музеј во Загреб изложбата е со назнака „содржина што не е дозволена за помлади од 15 години“.

Изложбата што во Загреб ќе биде отворена до 7 април 2019 година е подготвена од Музејот на Македонија и Археолошкиот музеј од Скопје и презентира мал дел од култовите на плодноста што се практикувале на територијата на Македонија од предисторијата до денес.
Култовите и обредите на плодност се претставени преку разни форми на предмети, на женски фигурини од предисторијата (антропоморфни и зооморфни жртвеници), опрема од обичаите под маски, велигденски јајца и делови од женската народна носија. Плодноста во најтесна смисла се поврзува со опстанокот на човештвото, но и со внесување елементи на еротика во секојдневниот живот на луѓето (ламби и садови со еротски сцени и претстави во антиката).

Таа еротика на некој начин низ вековите се пренесувала и преку усното народно творештво со песни, приказни, поговорки и гатанки како еден вид вербална магија со цел да иницираат плодност и кај човекот и кај природата.

Обичаите под маски што го одбележуваат крајот на зимата и обновувањето на природата се полни со симболични ритуални дејства кои треба да обезбедат плодност на луѓето, стоката и посевите. Овие архаични обичаи во изложбата ги презентираме преку фотографии и документарните филмови „Џоломари и Говедар Камен“. Жените во Македонија и денес активно посетуваат култни и свети места – манастири, цркви, турбиња, води, камења, дрва и други вршејќи разни обреди поврзани со плодноста.

Она што има посебен белег во оваа изложба е начинот на кој култот на плодноста бил вткаен во облеката што луѓето ја носеле во 19 и 20 век. Македонската женска носија како целина, но и одделните делови и украси, ја презентирале биолошка спремност на жената за репродукција. Таа воедно била и силен симболичен агенс за поттикнување на плодноста, но и магиски заштитник од невидливите зли сили што можеле на жената да ѝ ја одземат способноста да раѓа.

Ваквиот начин на презентирање разнородни предмети и визуелни материјали, кои се разликуваат како типолошки така и хронолошки, укажува на уникатноста на оваа изложба. Интересен е нивнот спој и начинот на кој тие се надополнуваат и воедно се дообјаснуваат.

Автор на изложбата е Јован Шурбаноски, коавтори се Јасемин Назим, Александра Папазовска, Владимир Боцев, кустос на изложбата е Гордана Виљетич, дизајн на изложбата е Јован Ивановски, визуелен идентитет на изложбата е New Moment New Ideas Company Skopje, а дизајнот на каталогот и информативните панели е на Леон Џинго. Автори на текстовите се Јасемин Назин, Александра Папазовска, Ирена Настева-Колиштркоска, Владимир Боцев, Елизабета Конеска, Илина Јакимовска, Гоце Наумов, Сања Димовска.
Реализацијата на изложбата е поддржана од Министерствата за култура на Македонија и Хрватска.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на ликовната колонија „Ѓуриште 2018“ во Куманово

Објавено пред

(Фото: Дело на Димитар Хаџиангелов)

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово в четврток, 7 февруари, со почеток во 19 и 30 часот ќе биде отворена изложба на слики од ликовната колонија „Ѓуриште 2018“.

Колонијата се одржа од 13.08 – 18.08.2018 година на две локации – во манастирот „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Ѓуриште и во месноста Црнилиште. На колонијата учествуваа 16 сликари ( аматери и професионалци ) од кои тројца од Србија, тројца од Бугарија и останатите од Македонија ( Куманово, Штип, Гевгелија и Свети Николе).

Се изработија вкупно 29 уметнички дела. Изложбата од ликовната колонија „Ѓуриште 2018“ за првпат беше отворена на 14 септември лани по повод Денот на ослободувањето на Свети Николе. Координатор и организатор на ликовната колонија е ОУ Дом на култура „Крсте Мисирков“ од Свети Николе.

Досега изложбата беше презентирана во Крива Паланка и Пробиштип, а во Куманово ќе биде поставена до 20 февруари.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток2 часа

Одобрен куќен притвор за Јанакиески, Ристовски останува во Шуто Оризари

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе одлука со која...

Крвав четврток3 часа

Утре продолжува расправата за одземање на имунитетот на Вељаноски

Утре напладне треба да продолжи седницата на собраниската Комисија за деловничко-мандатни и имунитетни прашања, на чиј дневен ред е барањето...

Свет5 часа

Јапонски министер се извини поради триминутно доцнење на состанок

Јапонскиот министер Јошитака Сакаруда, задолжен за Олимписките игри во Токио 2020 година, јавно се извини бидејќи вчера задоцни три минути...

Топ5 часа

Во нива во Волково најдено мртво тело на 29-годишна скопјанка

МВР соопшти дека утрово во 9.50 часот било пријавено дека има починато женско лице во нива што се наоѓа во...

Македонија6 часа

Мајката на исчезнатиот Пино најави протест пред Собрание

Мајката на 26-годишниот Пино Секондо, Маја Трпковска, за во понеделник пред Собранието, со почеток во 16:30 часот, најави протест со...

Интервју/Дебата7 часа

(ИНТЕРВЈУ) Силјановска: Ме болат навредите, но јас сум инает и бунтовник

Кандидатката за претседател зад која застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова, предизвика различни реакции во јавноста по објавувањето и изборот...

Македонија7 часа

Судска медицина: Не се вадени органи кај починатите лица

Институтот за судска медицина ги демантира шпекулациите во јавноста дека на некои од починатите лица кои претходно беа пријавувани за...

Македонија8 часа

„Ги поминаа границите“ – директорот на СОЗР во Владата им забрани „Фејсбук“ на вработените

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчески, им забранил пристап до „Фејсбук“, „Инстаграм“ и...

Крвав четврток8 часа

На 15 март пресуда за крвавиот четврток

Претседателката на Судечкиот совет, кој го води случајот за насилствата од 27 април, Добрила Кацарска, следното рочиште на кое ќе...

Македонија9 часа

(Видео) Котевски: Одговорен човек сум, во понеделник поднесувам оставка

Директорот на КПУ „Скопје“, Ѓоко Котевски, пред новинарите рече дека во понеделник ќе поднесе оставка на функцијата поради физичкиот инцидент...

Македонија9 часа

(Видео) Пратеничките Лашкоска и Манаскова обвинија дека Мисовски им се заканува со камен

Пауза на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, им се...

Македонија9 часа

(Видео) Александрова: Бараме домашен притвор за Јанакиески и Ристовски

Пратеничката Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ вчерашниот инцидент во затворот во Шуто Оризари го нарече настан без...

Македонија11 час

Новини во системот „Мој термин“, се воведуваат два нови упати, „итен 24“ и „упат без термин“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин со цел, како што велат од...

Македонија11 час

Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари

Премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, по вчерашните вербални и физички напади...

Македонија12 часа

Момче почина од сепса по операција на хемороиди

Синоќа младо момче почина откако било донесено на скопските клиники каде што докторите констактирале дека има сепса. Според извори од...

Европа13 часа

Хаос на автопат во Италија: Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир

Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир во северна Италија, при што едно лице загина, а вкупно 37 се...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Тепани луѓе во притвор, како да живееме во Северна Кореја

Вчерашниот ден ќе остане запаметен како црн ден за демократијата во Република Македонија. Власта го допре дното. Претепувањето на Миле...

Македонија13 часа

СДСМ по инцидентите во затворот: Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски

Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски, институциите и граѓаните нема да им дозволат да ја втурнат државата во...

Македонија13 часа

Попладне локални врнежи од дожд, на планините снег

Уште во текот на претпладнето облачноста насекаде ќе се зголеми, а во попладневните часови ќе има локални слаби врнежи од...

Македонија23 часа

Архитектите лути, барат итна заштита на ГТЦ без зелениот покрив и на Владата без барок

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар иницираше низа барања на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) до Владата. Архитектите денес...

Досие