Контакт

Култура

Почнаа првите читачки проби за претставата „Варвари“

Објавено пред

Македонскиот народен театар (МНТ) информира дека денеска почнаа првите читачки проби за претставата „Варвари“, дело на рускиот писател Максим Горки, а во режија на Владимир Милчин.

dobivaj vesti na viber

– Делото „Варвари“ е драма која се занимава со социјалните и моралните конфликти на почетокот на 20. век во Русија. Претставата се одвива околу интелектуалецот, кој се соочува со растечките разлики меѓу старото и новото, традицијата и модерноста. Главните ликови се припадници на различни социјални класи: интелектуалци, работници и обични луѓе, кои ги претставуваат различните ставови и конфликти на тогашното руско општество. Тие се поставени во ситуација на морална дилема, каде што мораат да се соочат со своите лични и социјални вредности, се вели во соопштението.

Ова дело првпат се поставува во нашата држава. Во претставата игра масовна актерска екипа од 23 актери: Тони Михајловски, Габриела Петрушевска, Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Софиа Насевска-Трифуновска, Владо Јовановски, Григор Јовановски, Ана Стојановска, Оливер Митковски, Тања Кочовска, Александар Микиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Гораст Цветковски, Јордан Симонов, Сашка Димитровска, Емил Рубен, Александар Ѓорѓиески, Дамјан Цветановски, Ивица Димитријевиќ, Александар Михајловски, Jана Вељановска и Стефан Спасов. Од нив, повеќето се студенти на професорот Владимир Милчин, режисерот на претставата.

 

Владимир Милчин (1947) е режисер кој работи во МНТ од почетокот на неговата кариера. Бил и драматург и режисер во Драмата при МНТ во периодот од 1970 до 1982 година, а „Варвари“ е негова 24-та режија во театарот. Дипломирал на отсекот за режија на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград, во класата на д-р Хуго Клајн. Милчин е основач на алтернативниот театар „Не-театар кактус“ (1964-1970). Заедно со Слободан Унковски ја водел алтернативната група „Театар кај св. Никита Голтарот“ (1970-1972). Исто така, тој хонорарно водел актерска класа на отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје во периодот од 1972 до 1974 година. Милчин е еден од основоположниците на Театарската работилница на Филозофскиот факултет (1979-1983). Од 1982 година, тој води класа за актерска игра на ФДУ. Со режија почнува во почетокот на 60-тите години и работи во скоро сите театри во земјата, како и надвор од земјава. За дел од нив има добиено и награди на МТФ „Војдан Чернодрински“, Фестивалот „Стериино позорје“, МЕСС – Сараево, Фестивал „Сплитско лето“, како и награди за животно дело „Св. Климент Охридски“ (2018) и „Војдан Чернодрински“ (2019).

Сценограф е Беди Ибрахим, костимограф е Марија Пупучевска, а преводот го направија: Ема Марковска-Милчин и Владимир Милчин. Асистент на режисерот е Шенај Мандак, а изборот на музиката е на режисерот Владимир Милчин.

На сцената на Македонскиот народен театар досега се поставени следниве драми од Максим Горки: „Малограѓани“ (1951) во режија на Илија Милчин, „На дното“ (1954) во режија на Илија Милчин и Илија Џувалековски и „Децата на сонцето“ (1973) во режија на Илија Милчин.

ПР текст

 

Култура

Конститутивна седница на координативното тело за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот литературен јазик

Објавено пред

Денеска, во Порта „Македонија“ се одржа конститутивен состанок на координативното тело за изготвување на програмата за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот литературен јазик.

dobivaj vesti na viber

На првата конститутивна седница министерот Љутков се заблагодари за присуството и за посветеноста да бидат дел од оваа значајна и одговорна работа, со која се означи почетокот на подготовките за одбележување на еден многу важен и значаен јубилеј за нашата земја и за нашиот народ.

„Конституирањето на ова координативно тело е многу важен чекор за организирање на сите активности што ќе го одбележат овој значаен јубилеј. Со вашата експертиза, посветеност и соработка сигурен сум дека ќе создадеме програма што ќе ја истакне важноста на македонскиот литературен јазик, ќе го прослави неговото наследство и ќе ја промовира неговата современа употреба“, рече Љутков.

Наша задача е, како што рече, да организираме настани, изложби, конференции, издавање публикации и други културни активности што ќе го истакнат значењето на македонскиот јазик како носител на културната и националната меморија, но и како живо средство за комуникација, за образование и креативност во денешно време.

„Како министер за култура, сметам дека овој јубилеј не е само повод за славење на минатото, туку и важен момент за размена на идеи за иднината на македонскиот литературен јазик. Во текот на овие 80 години нашиот јазик се развива и осовременува, а ние, како носители на културната политика, имаме одговорност да го негуваме, да го штитиме и да го пренесуваме на идните генерации“, рече Љутков.

Тој порача овој јубилеј да биде поттик за нови размислувања за иднината на македонскиот литературен јазик, за неговото место во глобалниот контекст, но и за неговото место и развој во сите сфери на животот.

Прикажи повеќе...

Култура

Cuban Fire – Националниот џез-оркестар свири афрокубанска музика

Објавено пред

Уште едно неверојатно музичко доживување од Националниот џез оркестар, кое овој пат се фокусира на афро-кубанската музика и ги спојува биг-бенд музиката со кубанските ритми и мелодии! Оваа автентична „латино свита“ ќе ја води диригентот Зиги Фајгл кој со години го држи пиедесталот на најдобар биг-бенд диригент во Европа и пошироко.

dobivaj vesti na viber

„Cuban Fire“ е насловот на концертот кој е закажан за 20 февруари во Филхармонија, со почеток од 20 часот, именуван по истоимениот албум на исклучителниот американски џез-бенд лидер, пијанист, композитор и аранжер, Стен Кентон. Репертоарот вбројува дел од најзначајните композиции на Кентон, вклучувајќи го и албумот Cuban Fire, вистинско биг-бенд ремек-дело кое критиката го опишува како „возбудлива и кинематографска фузија на кубанската и биг-бенд музиката.“

На концертот, оркестарот ќе настапи со појачана дувачка и ритам секција, сето тоа за поголема автентичност при доловувањето на афро-кубанските ритми и мелодии кои доминираат во избраниот репертор.

Стен Кентон е влијателен американски џез-бенд, пијанист, композитор и аранжер чијашто музика се карактеризира со сложени аранжмани и необична инструментација. Тој водел иновативен џез оркестар речиси четири децении, од 1940-тите до 1970-тите. Познат е по неговиот прогресивен џез стил, кој комбинира елементи на класичната музика со биг-бенд џез.

Диригентот Зиги Фајгл е добро познат на нашата публика, меѓу другото и по неколкуте досегашни настапи со нашиот оркестар. Фајгл е светски познат диригент на биг бенд, првенствено познат по неговиот придонес за австриската џез сцена. Водел различни биг-бендови и ансамбли, меѓу кои биг бендот во Грац, ХГМ биг бендот, биг бендот Суд, преку својата работа покажувајќи го својот талент за аранжирање и диригирање на големи музички состави.

Работата на Фајгл во музиката за биг бенд често опфаќа широк спектар на стилови, од традиционалните свинг и џез стандарди до посовремени и експериментални композиции. Има соработувано со многу реномирани музичари и уметници, како во Австрија, така и на меѓународно ниво, меѓу кои Бил Холман, Тутс Тилеманс, Арт Фармер, Марк Марфи, Боб Брукмаер, Артуро Сандовал и други, и се стекнал со репутација за неговото вешто лидерство и иновативни аранжмани.

Прикажи повеќе...

Култура

Оскаровска Гала вечер – музичко филмска бајка во МНТ

Објавено пред

Вистинска филмска магија ќе се случува на 22. февруари, сабота во Македонскиот Народен Театар во Скопје кога ќе се одржи втората Оскаровска Гала вечер. На концертот ќе бидат изведени песни кои влегле во филмската историја и биле номинирани и наградени со Оскар.

dobivaj vesti na viber

Ќе ги исполнат врвни македонски пејачи, Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска (South Park), Горан Наумовски, Денис Димоски, Дејан Бобиќ Дексо, Марија Димитријевиќ, Јасна Димитровска заедно со Битолскиот Камерен Оркестар IWConnect под дригентската палка на Владимир Димовски и Полифонија.

Миланка Рашиќ, коментатор на Оскаровското шоу и автор на емисијата за филм „Во кадар“ на МТВ, ќе ја води публиката низ Оскаровските приказни.

Филмската магија на сцената ќе ја создадат и настапите на балетските уметници Саша Ефтимова и Ендрју Кук, како и танчерите од танц клубот Dancers United.

„Музичкиот избор од оскаровските песни е извонреден. Сигурна сум дека публиката ќе ужива во маестралните изведби на големите хитови и во нашиот музичко филмски времеплов“ – вели Миланка Рашиќ.

„Ова е еден од ретките настани во нашата земја на кој се изведува музика со врвен квалитет. Преку овој концерт се чувствуваме како дел од Оскаровската магија“– вели Горан Наумовски.

Пристигнувањето на посетителите на Црвениот тепих е од 19.30., а концертот Оскаровска Гала вечер ќе започне во 20 часот.

Настанот ќе се одржи точно една недела пред 97-та Оскаровска церемонија во Лос Анџелес.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на панел дискусијата Геостратегија и енергетска сигурност во рамки на Минхенската безбедносна конференција . Премиерот...

Македонија8 часа

Вклучувањето на Бугарите во Уставот е само првиот чекор и ќе овозможи почеток на преговорите, му рекол бугарскиот министер на Муцунски

Не е можно повторно преговарање или заобиколување на постигнатите договори зад кои стои цела ЕУ. Ваква порака испратил бугарскиот министер...

Македонија9 часа

Муцунски на средбата со бугарскиот колега ја отвори темата за македонското малцинство и нивните права

Прашањето за почитување на правата и слободите на припадниците на македонското малцинство во Бугарија и потребата од спроведување на одлуките...

Топ13 часа

Убиството во Чаир се случило поради сообраќајна расправија, осомничени се осум лица од кои три се во бегство

Осомничени се осум лица поради убиството во Чаир се случи ноќта помеѓу 10 и 11 февруари. Од нив шест се...

Македонија13 часа

Коцевски немал судир на интереси за ниту еден предмет – се огласи Обвинителството по обвинувањата на Милошоски

Обвинителството реагира дека тврдењата на пратеникот Антонијо Милошоски за поврзаност на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски со Иџет Мемети и Наќе...

Свет14 часа

Зеленски од Минхен: Путин планира напади врз други земји, на Европа и’ се потребни вооружени сили

Европските лидери треба да почнат да создаваат европска армија како одговор на военото засилување на Русија, изјави украинскиот претседател Володимир...

Топ16 часа

Македонски државјанин учествувал во сообраќајка во Албанија, загинала жена

Тешка сообраќајка во која учествувал македонски државјанин се случила на магистралниот патен правец Прењас-Либражд. Според информациите на албанските медиуми,  до...

Македонија17 часа

СДСМ: Цените пораснаа за повеќе од 5 отсто, Владата е неспособна

Најновите податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека цените пораснале за 5,2 отсто. Споредено со јануари 2024 година трошоците...

Македонија18 часа

Велешанка заврши во притвор: каменувала дете, го удрила со нога во стомакот, а му се заканувала и на својот татко дека ќе го убие

Oбвинителството од Велес поведе постапка против 24-годишна велешанка која во изминатите неколку дена извршила повеќе кривични дела – Загрозување на...

Македонија18 часа

Извештајот на „Транспаренси“ докажува дека е потребна итна смена на oбвинителот Коцевски, смета ВМРО-ДПМНЕ

Извештајот на „Транспаренси“ е доказ за тоа дека е потребна итна смена на јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ....

Свет19 часа

„Розите се црвени… ќе ве депортираме“: Честитка од Белата куќа за Денот на вљубените

Во САД Денот на вљубените се слави на 14 февруари, а Белата куќа не ја пропушти можноста да го честита...

Македонија1 ден

Во една удрил гром, во друга нема клима, половина од државните станици за квалитетот на воздухот не даваат целосни резултати

Половина од 22-те државните мерни станици за квалитетот на воздухот не даваат целосни резултати во ек на најголемо загадување на...

Македонија1 ден

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка

Основното јавно обвинителство Битола, постапувајќи по пријава од Управата за финансиска полиција, поведе постапка против седум лица за кривично дело...

Македонија2 дена

Ниту било разговарано за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара, уверува ВМРО-ДПМНЕ

Ниту било разговарано за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара, граѓаните да бидат спокојни, велат од ВМРО-ДПМНЕ....

Македонија2 дена

Министерството за правда со допис до Владата со предлог за разрешување на државниот јавен обвинител

Министерството за правда соопшти дека постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата на РСМ одржана на 11.02.2025 година презеде...

Македонија2 дена

Промената на државниот грб единствено оди во прилог на балистичките апетити на партиите од албанскиот блок, велат од Левицата

За Левица, најавената промена на државниот грб е директен удар врз АСНОМ, како конститутивен елемент на македонската република. На наследниците...

Македонија2 дена

Подготвени сме во пакет да ги решиме и грбот и химната и 20 отсто и ако има и други етнички прашања што досега се ставаа под тепих, вели Таравари

Министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата „Влен“, Арбен Таравари, е подготвен не само за грбот туку во...

Топ2 дена

Возило излета од патот во Македонска Каменица: тешко повреден возачот

Вчера во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека околу 13.00 часот во с.Моштица, општина Македонска Каменица, движејќи се по...

Македонија2 дена

Вработените во Филхармонијата со писмо до Мицкоски: Директор се избира легитимно на конкурс и треба да биде со најдобра програма и професионални квалификации

Вработените во Македонската филхармонија преку писмо се обратија до премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура Зоран Љутков, по повод...

Свет2 дена

Орбан ја исмеа Каја Калас; Дипломат на ЕУ: Американците носат хаос

Европските лидери почнаа да ги прилагодуваат своите политики на новата реалност без американска заштита – и во исто време почнаа...