Контакт

Култура

Почнаа реконструкцијата и санацијата на Чифте амам

Објавено пред

Почна првата фаза од санацијата на објектот Чифте амам, еден од четирите објекти на НУ Националната галерија на Македонија (заедно со Даутпашиниот амам, „Мала станица“ и Спомен-куќата на Лазар Личеноски). Според Лазар Шуманов, проектант на „Основен проект за санација на оштетувањата од влага (ентериер и екстериер), заштита од продор на атмосферска вода, воведување систем за вентилација на ентериерот, заштита од УВ-зрачење и оградување на културното добро Чифте амам во Скопје“, во оваа фаза, во рамките на одобрените средства од Министерство за култура, ќе се опфатат приоритетните проблеми од сите наведени со цел нивно долготрајно решавање.

Во оваа фаза ќе бидат изведени следните зафати:
– санација на покривот со изведба на хоризонтални и вертикални олуци за одбрана од атмосферски води;
– изведба на дренажен канал на источната страна на објектот (екстериер);
– санација на сите оштетувања од влага во ентериерот (депоа, изложбен простор), со изведба на специјална заднина со панели по должината на западниот периметрален ѕид;
– пренамена на простории во функционален изложбен простор со визуелен контакт со хипокаустот и дислокација на портирницата;
– изведба на заштитна покривна конструкција на надворешната источна страна врз огништето;
– санација на громобранската инсталација.

Сите зафати на објектот Чифте амам се одвиваат во согласност со конзерваторското одобрение за санација на оштетувањата од влага (ентериер и екстериер), заштита од продор на атмосферска вода, воведување систем за вентилација на ентериерот, заштита од УВ-зрачење и оградување на Чифте амамот во Скопје, издадено од Управата за заштита на културното наследство.

Реконструкцијата и санацијата на овој значаен културно-историски споменик, редок споменик на исламската архитектура, кај нас е предвидено да траат два месеца, а според договорот за јавна набавка на работи од страна на набавувачот НУ Национална галерија на Македонија, изведувач е Друштвото за промет, производство, транспорт и услуги „Макаус“. Инвеститор на целиот проект е Министерството за култура.

Објектот е ставен под заштита со решение бр. 209 од 10.8.1957 година, издадено од Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, и решение бр. 15 од 2.11.1967 година, издадено од Заводот за заштита на спомениците на културата на град Скопје.

Амамот е граден во втората половина на 15 век како завештание на Иса-бег со површина од 1.056 квадратни метри  Првпат се споменува во вакуфнамата на Исабеговата џамија во 1531 година. Тешко бил погоден со земјотресот од 1963 година, но подоцна во 2000 година амамот е обновен и ѝ е доделен на користење на Уметничката галерија Скопје во функција на мултимедијален изложбен простор.

Амамот името го добил од турскиот збор чифт (турски: çift; со значење парен, двоен) поради тоа што неговата градба спаѓа во групата двојни амами и се состои од два безмалку идентични дела со одвоени влезови за мажи и жени. Во чест на наредбодавецот за негова изградба, Иса-бег, познат е и со името Исабегов амам, а познатиот патеписец Евлија Челебија во своите записи го нарекува нов амам.

Објектот е редок пример на Балканот со голема архитектонска вредност, која денес не може да дојде до израз бидејќи амамот речиси целосно е опколен со дуќани. Тој претставува монолитна градба, а при неговата изградба особено се водело сметка за функционалното единство и надворешното обликување. Граден е во ист стил како и другите исламски градби од тоа време со користење камен, тули и малтер. Во него доминираат две големи куполи и повеќе помали кои ги засводуваат многуте соби. За разлика од другите двојни амами, машкиот и женскиот дел во Чифте амам се спојуваат во делот за капење.
По завршување на зафатот од првата фаза на санација и реконструкција на Чифте амамот, ќе пристапиме кон реализација на проектот за внатрешно и надворешно осветление на овој прекрасен и единствен по концепт галериски простор.

Во периодот на изведување на санацијата објектот Чифте амам ќе биде затворен за посета.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Премиера на театарската претстава „Хамлет“ од Вилијам Шекспир

Објавено пред

„Театар на Навигаторот Цветко“ ја најавува премиерата на театарската претстава „ХамлетТ“ од Вилијам Шекспир, која ќе се реализира на 15 декември во „Кино Култура“ со почеток во 20 часот.

Режијата е на Милош Б. Андоновски, а настапуваат Симона Спировска, Мартин Манев
Симона Димковска, Горан Ников, Стефан Вујисиќ, Наталија Теодосиева, Јеткин Сезаир и Дени Стојанов.

Оваа претстава е дел од проектот „Направете место за младите театарџии“ со кој „Театарот на Навигатор Цветко“ и „Кино Култура“ имаат цел да поттикнуваат нова театарска продукција и да афирмираат млади автори.

Проектот е поддржан од Општина Центар и Министерството за култура на Р Македонија.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба „Петре Арсовски, 50 години театар“ во МНТ

Објавено пред

Во фоајето на Македонски народен театар, на 18 декември, непосредно пред премиерата на претставата „Галеб“ закажана за во 20 часот, ќе биде отворена и изложба со која ќе биде одбележан јубилејот на доајенот на македонското актерство – Петре Арсовски.

Изложбата „Петре Арсовски, 50 години театар“ е визуелно сведоштво за живот на сцената на актерот Петре Арсовски. Преку фотографии, плакати и останати експонати на дел од претставите во кои игра, а се во продукција на МНТ, целта е да се прикаже развојот и низата остварени ликови на еден од најпочитуваните актери во македонското глумиште и „жива легенда“ на македонскиот театар и филм.

Петре Арсовски дебитира во „Венецијански трговец“ како Првиот полицаец во 1968 година, моментално игра во „Разговори во четири очи“, ликот на Чичко Јакоб, а со ликот на Петар Николајевич Сорин во „Галеб“ на А.П. Чехов одбележува 50 години на оваа сцена. Преку остварените ликови на Арсовски на сцената на МНТ се испишува и еден дел на историјата на театарот во кои тој своите ликовите ги реализира на начини кои го вреднуваат на најпрепознатливо ниво.

„Со постојаноста на квалитетот на сцената, видлива и во експонатите, изложбата дава поглед на актерските реализаци на Арсовски преку кои тој е запаметен/се памети како актер кој се гради, а на сето изминато време му дава значаен белег. Во сите претстави, преку играта и умеењето да се фати во костец со секој лик, без разлика дали е голем или мал, тој плени со својата ненаметлива снага, одмереност, посветеност и умеење да се фати во костец со секој доверен нов лик“, се вели во најавата за изложбата.

Прикажи повеќе...

Култура

Премиера на претставата „Галеб“ од А.П. Чехов во МНТ

Објавено пред

Претставата „Галеб“ од А.П. Чехов во режија на Нина Николиќ премиерно ќе биде изведена на 18 декември, во 20 часот, на големата сцена во МНТ.

Станува збор за трето поставување на текстот „Галеб“, напишан од еден од најголемите руски и светски драматичари, Антон Павлович Чехов (1860-1904), во 73-годишната историја на Македонски народен театар. Претходно „Галеб“ го поставиле режисерите Димитар Ќостаров, во 1960 година, и Бранко Ставрев во 1990 година.

Нагласувајќи дека станува збор за дело од светската класика, режисерката Нина Николиќ за својата верзија на „Галеб“ вели:
„’Галеб‘ е текст за храброста на младите генерации автори во борбата со оние кои заминуваат од културната сцена, а кои сѐ уште се борат да ги задржат своите позиции во уметничките/театарските кругови и во општеството. Станува збор за текст во кој е јасно нагласено дека човек мора до крај да се бори за она во што верува и за она кое природно му следува“, додавајќи дека од друга страна „драмата содржи приказна актуелна за сите нас, луѓето,кои копнееме за возвратена љубов, но и кои сме подготвени до крај да се бориме за невозвратената или неостварливата љубов во која веруваме. Драмата раскажува приказни кои се универзални и кои се движечка сила на човекот воопшто бидејќи ништо не се променило од пред 120 години кога Чехов го напишал текстот“.

Во претставата играат Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Дарја Ризова, Петре Арсовски, Емил Рубен, Благој Веселинов, Сашка Димитровска, Славиша Кајевски, Тина Трпкоска, Дамјан Цветановски и Аксел Мехмед.

Во поставувањето на претставата учествуваше меѓународна екипа на соработници, меѓу кои сценографот Вишња Вујовиќ од Србија, дизајнерот на светло Крис Јегер од Велика Британија и кореографот Димитрис Сотириу од Грција. Композитор на главната музичка тема во претставата е македонскиот виртуоз на гитарата Влатко Стефановски. Постојани соработници на повеќе претстави на Нина Николиќ се драматургот Драгана Лукан Николоски и костимографот Ивана Каранфиловска – Угуровска.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа12 часа

(Видео) Макрон им оддаде почит на жртвите од нападот во Стразбур

Францускиот претседател, Емануел Макрон, вечерва, за време на посетата на Стразбур, изјави дека властите работат на разјаснување како напаѓачот од Стразбур,...

Македонија15 часа

Обвинение за скопјанец што му нанел телесни повреди на својот татко

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство достави обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело телесна повреда од...

Европа15 часа

Кнајсл: Мирот не се постигнува со формирање војска

Министерката за надворешни работи на Австрија, земјата што претседава со ЕУ, Карин Кнајсл, оцени дека денешната одлука за трансформација на...

Македонија16 часа

(Видео) Дебата: Невладините се судрија со власта – „План има, пари нема, помина и оваа зима во чад и задушување“

Во дебатната емисија на „Макфакс“, на која се говореше за проблемот со аерозагадувањето, претставници на невладиниот сектор се судрија со...

Македонија17 часа

Амнестијата ќе донесе и помали затворски казни, дали ќе се менува обвинението?

Кој сè ќе може да побара амнестија од учесниците во настаните на 27 април, најверојатно, ќе биде познато в понеделник,...

Македонија17 часа

(Видео) Јанакиевски: Животните што се хранат од медицинскиот отпад од македонските депонии се поголема закана од фабриката за преработка

По реакциите во врска со највата за изградба на фабрика за преработка на медицински отпад  на земјиштето во дворот на...

Крвав четврток18 часа

Пепиќ: Се колнам во своите чест и вера дека не го удрив Села

Покрај разговорите од одземените телефони на пратениците Јохан Тарчуловски и Љубен Арнаудов на денешното рочиште за крвавиот четврток беше презентирана...

Крвав четврток18 часа

Тарчуловски до Мицкоски по апсењата за 27 април: Не е фер да се враќаме во Собрание додека не ги пуштат луѓето од притвор

Во една од вибер-комуникациите помеѓу актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и обвинетиот пратеник Јохан Тарчуловски, кои јавното обвинителство денеска...

Крвав четврток18 часа

Василевски пред 27 април: Подобро е во Собрание да одиме без вратоврски, да не ни пречат

На денешното рочиште за крвавиот четврток беа презентирани докази од дополнителната листа на обвинителството. Помеѓу доказите беше и вибер-комуникација помеѓу...

Регион19 часа

Злосторство во Босна: Татко си ги заклал децата, по што се самоубил

Ужасна трагедија ги вознемири жителите на Босна и Херцеговина, откако медиумите објавија дека татко ги заклал своите три деца, по...

Крвав четврток19 часа

(Видео) Снимателите денеска куртулија од дополнителни проверки поради снимање на обвинителките

Снимателите кои направија снимки од денешното рочиште за крвавиот четврток, за разлика од вчера, не беа изложени на дополнителни проверки...

Топ21 час

70-годишен неподвижен маж настрада во пожар во Сопиште

70-годишен неподвижен маж настрада во пожар во Сопиште. Како што информира полицијата, вчера, во 20:20 часот на улица 1 во...

Регион21 час

Парламентот ги усвои законите – Косово доби војска

Косовскиот парламент ги усвои законите кои овозможуваат трансформација на Косовските безбедносни сили во Вооружени сили на Косово. Во Парламентот влегле...

Македонија23 часа

Одложено рочиштето за смртта на Никола Саздовски

Се одложи рочиштето за смртта на Никола Саздовски – Саздо, поради оправдано отсуство на еден поротник. Имал смртен случај. На...

Регион23 часа

(Видео) Пронајдени 15 килограми експлозив на автопатот Косовска Митровица – Приштина

Косовската полиција пронашла 15 килограми експлозив на Газиместан, пишува приштискиот весник „Коха“ повикувајќи се на портпаролот на полицијата во Пришина,...

Свет23 часа

Сенатот едногласен: Убиството на Кашоги го наредил принцот

Сенатот на САД едногласно ја усвои резолуцијата во која саудискиот принц Мохамед бин Салман е посочен како одговорен за убиството...

Европа23 часа

Три жени избодени во Нирнберг

Три жени се избодени со нож во одделни напади во Нирнберг, а германската полиција во моментов испитува дали овие инциденти...

Свет24 часа

Трамп и Путин нема да се сретнат ако Русија не ги врати запленетите украински бродови

Средбата на американскиот претседател, Доналд Трамп, и рускиот шеф на државата, Владимир Путин, нема да се оствари сè додека Русија...

Македонија1 ден

Возете внимателно, снег врне во Гостивар, Маврово, Стража, Кичево…

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет има...

Европа1 ден

(Видео) Хаос во Будимпешта, се судрија полицијата и демонстрантите

Неколку илјади антивладини демонстранти синоќа се судрија со полицијата пред зградата на парламентот во Будимпешта. Полицијата употреби солзавец за да...

Досие