Контакт

Култура

Почна снимањето на босанскиот филм „Павилјон“ во копродукција со „Круг филм“ од Скопје

Објавено пред

Во Зеница, Босна и Херцеговина, почна снимањето на долгометражниот игран филм „Павилјон“, по сценарио на Виктор Иванчиќ и Емир Имамовиќ-Пирке, во режија на Дино Мустафиќ. Филмот е во продукција на продукциската куќа „Панглас“ од Сараево, а македонски копродуцент е „Круг филм“ од Скопје. Снимањето ќе трае до почетокот на октомври оваа година.

dobivaj vesti na viber

Филмот раскажува приказна за малтретираните станари на домот за стари лица „Павилјон“, кои организираат вооружен бунт, чија цел не е подобрување на условите за живеење. Тие сакаат правдина во нејзиниот исконски облик, без никаква грижа за моралните норми во општеството, кое повозрасните личности ги смета за биолошки отпад.

Една од главните улоги во филмот ја толкува нашиот реномиран актер Мето Јовановски, а во реализацијата на филмот учествуваат и други авторски имиња: Жаклина Крстевска како костимограф, Алисија Феро како скриптер и Раде Гогоски како прв асистент на камера.

„Павилјон“ е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, како и од филмските центри на Босна и Херцеговина и на Србија. Главен продуцент од босанска страна е Мустафа Мустафиќ од „Панглас“, а српски копродуцент е Бојана Маљевиќ од „Монте ројал пикчрс“. Македонски копродуцент е Дејан Крајчевски од „Круг филм“.

Режисерот Мустафиќ во својата кариера има постигнато големи успеси како со филмската така и со театарската режија, а неговата претстава „Хелверовата ноќ“ на Камерниот театар 55 од Сараево е запишана во историјата на босанско-херцеговскиот театар како најнаградувана со 23 интернационални признанија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Тозија воодушевен за наградата во Њујорк: Уникатно искуство беше селекција на овој филмски фестивал

Објавено пред

Филмот „М“ на Вардан Тозија ја доби наградата за најдобар филм на њујоршкото издание на фестивалот „Dances with films“.

dobivaj vesti na viber

-Воодушевен сум што ја примам наградата за најдобар филм на годинешното издание на „Dances with films“ во Њујорк. Претставуваше голема чест и уникатно искуство да се биде дел од официјалната селекција на овој исклучителен фестивал, со креативни и бескомпромисни филмски автори, на настан што прерасна во двигател на американскиот и интернационален филмски дух, вели режисерот Вардан Тозија, кој во Њујорк лично ја прими наградата.

Фимот „М“ на овој фестивал ја имаше американската премиера. Според USA Тoday, фестивалот се вбројува меѓу „десетте најзначајни филмски настани на северноамериканскиот континент“, според CNN, важи за „лидер во позиционирање на свежи и нови таленти на филмската индустрија“, додека Indiewire го препознава како „нашироко признаен поради откривањето на иновативниот дух и талент во независната кинематографија“.

-Уникатно воден филм со динамичен емотивен импакт, „М“ е спектакуларно достигнување во меѓународната филмска соработка, стои во официјалното образложение на Фестивалот.

Приказната на Тозија за осамено момче од шумата, кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила, токму во официјалната селекција на овој фестивал ја претстави македонската кинематографија пред американската публика.

По премиерата се одржаа дискусии меѓу режисерот и членови на индустријата, како и разговори со публиката. Светските права за дистрибуција на македонскиот филм “М“ ги поседува американската компанија OneTwoThree Media.

Прикажи повеќе...

Култура

Режисерот Илија Пиперкоски: „Раскажи песно“ ги разоткрива приказните вткаени во ткивото на чалгиските и староградските песни

Објавено пред

Во прославата на културното богатство и безвременските традиции, и како дел од активностите за достојно одбележување на празникот Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид, денес, на 8-ми декември ќе се одржи премиерата на документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ на режисерот, охриѓанецот, Илија Пиперкоски.

dobivaj vesti na viber

– Ми преставува чест што оваа година, програмата ќе заврши со проекција на мојот филм „Охрид, Охрид убав мил. Како режисер на овој проект, со задоволство презентирам серијал што ги истражува душевните наративи вградени во македонските народни песни, особено фокусирајќи се на чалгиските и староградските мелодии. Оваа серија е визуелно патување во срцето на македонското наследство, додека навлегуваме во универзалниот јазик што ги поврзува генерациите – музиката. Документарниот серијал „Раскажи песно“ се обидува да ги разоткрие приказните вткаени во ткивото на чалгиските и староградските песни, претставувајќи го културното богатство на Охрид, град со право наречен „музеј“ и „уметничко богатство“ низ вековите.

Филмот „Охрид, Охрид, убав Мил“, служи како вовед во серијата, истражувајќи го потеклото и инспирацијата зад иконската песна која е како химна на Охрид. Оттаму, секоја епизода расплетува нова народна песна, навлегувајќи во обичаите, навиките и обичните случки од минатото на Охрид. Серијата кулминира со рефлексивно финале, истражувајќи го наследството што го оставија овие песни и нивното трајно влијание врз современите генерации.

– Како режисер, мојата визија за документарниот серијал „ Раскажи песно “ е да го премости јазот меѓу генерациите, зачувувајќи го и славејќи го културното наследство вградено во мелодиите на чалгиските и староградските песни. Ја поканувам публиката да ни се придружи на ова емотивно доживување и патување, каде секоја нота е чекор во живата историја на Охрид и македонскиот народ.

Синопсис:

„ Раскажи песно “ е документарна серија која ја разоткрива културната таписерија на македонските народни песни, особено фокусирајќи се на чалгиските и староградските песни. Серијата ја истражува длабоко вкоренетата традиција на раскажување приказни преку музика, откривајќи го универзалниот јазик кој поврзува генерации и го зачувува идентитетот на еден народ. Поставена на позадината на античкиот град-музеј на Охрид, секоја епизода навлегува во богатата историја на една народна песна, оживувајќи ги приказните и емоциите вткаени во нејзините текстови.

Прикажи повеќе...

Култура

Премиера на „Демнејќи го Годо“ од Драго Јанчар во Театар Комедија

Објавено пред

На 12 декември (вторник), со почеток во 20 часот, на малата сцена на Театар Комедија ќе се случи премиерата на пиесата „Демнејќи го Годо“ од словенечкиот писател и драматург Драго Јанчар. Станува збор за прва копродукциска соработка помеѓу Турскиот театар од Скопје и Театар Комедија, на која се работеше речиси три месеци. Режисерка на „Демнејќи го Годо“ е Сибел Авдиу, а во претставата играат: Жаклина Стевковска-Дрнасин, Едмонд Сотир, Сузан Акбелге, Селпин Ќерим и Џенап Самет. Сценографијата ја изработи Луиџи Бејта, костимите се дело на Ивана Каранфиловска, кореограф на претставата е Александра Кочовска-Начева, а автор на музика е Аљбин Сопа.

dobivaj vesti na viber

− Делото „Демнејќи го Годо“ на Драго Јанчар, коешто може да се каже дека е еден вид парафраза на апсурдната класика „Чекајќи го Годо“, прикажано во едно поинакво време и во поинаква средина, сепак се занимава со стравот, сомнежот и контролата на општеството со помош на тие механизми и го обликува постоењето на човекот. Но, без разлика на тоа што овој драмски текст е сериозен во однос на тематиката, сепак мајсторијата на Јанчар е во тоа што успеал сето тоа да го покаже низ една призма на апсурдни ситуации, кои сами по себе може да се толкуваат и како комични, а во суштината се трагични. Со оглед на тоа што ова е прва копродукција помеѓу НУ Театар Комедија и НУ Турски театар Скопје, кои долги години делат ист покрив, работев со Жаклина Стевковска и Едмонд Сотир од Театар Комедија, и Џенап Самет, Селпин Керим и Сузан Акбелге од Турски театар кои првпат се споија во овој проект, а самата соработка ни донесе многу креативен и забавен процес – вели режисерката Сибел Авдиу за предизвикот да се работи на оваа пиеса на Јанчар.

Со „Демнејќи го Годо“, Јанчар ќе се претстави третпат пред македонската театарска публика, откако претходно, во 1986 и во 1990 година, во Македонскиот народен театар во Скопје и Народниот театар во Прилеп беше поставен текстот „Големиот брилијантен валцер“.

„Демнејќи го Годо“ е четврта премиера на Театар Комедија во 2023 година. Оваа година, Театар Комедија ќе ја затвори со уште една премиера, „Череп во Конемара“ од Мартин Мекдона, а во режија на Јане Спасиќ. „Череп во Конемара“ ќе биде јубилејна, 40-та претстава на Театар Комедија од неговото основање во 2011 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

По објавата на „Макфакс“: МВР го бара човекот кој стои зад лажниот профил што повика на протест и бесење на Спасовски

По објавата на „Макфакс“ дека лажен профил потпишан како „Ѓоре Ајтов“ повикува на немири и протести за да го ослободат...

Регион8 часа

„Што ако детето ми е киднапирано?“ – се огласи мајката на исчезнатата Сара

Сара Петровиќ (17) од Борча, Белград, исчезна денеска околу 13 часот, последен пат била видена во близина на ресторанот „Франш“....

Регион8 часа

Исчезна 17 годишна девојка во Белград: се јавила од автобус и оттаму ѝ се губи трага, непознат маж се јавува на нејзиниот телефон

17 годишна Сара Петровиќ од Белград исчезна денеска околу 13 часот, а последен пат е видена во близина на ресторанот...

Македонија8 часа

Европски сојуз за промени: Соравија е симболот на корупција во ДУИ

Денеска по повод Меѓународниот ден на борбата против корупцијата младите од Европскиот сојуз за промени се собраа пред Трговскиот центар...

Македонија10 часа

Министерот за правда очекува брза екстрадиција на Палчо

Министерот за правда очекува дека Љупчо Палевски релативно брзо ќе биде екстрадиран од Турција. Сепак рече дека е рано да...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ нема одлучено дали ќе учествува во техничката влада

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се уште нема одлучено дали ќе учествува во техничката влада. Таа треба да биде избрана на 28 јануари,...

Македонија11 часа

Скандалозна изјава на Османи: следната мисија на ДУИ била Албанец претседател на Македонија

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, во изјава за медиумите рече дека изборот на Џафери за технички премиер е историски оти...

Македонија11 часа

Партиите поделени за изборот на Џафери: СДСМ го прифаќа, ВМРО-ДПМНЕ гледа ДУИзација на државата

За СДСМ е прифатлив предлогот на ДУИ, Талат Џафери да биде технички премиер кажа пратеничката Даниела Маркоска и потврди дека...

Македонија12 часа

Брука и срам: лажен профил на ФБ повикува на протести и немири попладнево, сакал да го ослободат Палчо

Лажен профил на ФБ во срамната група „Правда за Палчо, правда за Вања, правда за Панче, правда за Македонија“ каде...

Регион14 часа

Детали за крвавата пресметка пред ресторан во Нови Сад: Напаѓачите по жестока расправија се вратиле со пиштол, ранетиот со комплицирана рана

Во престрелката што се случила околу 2 часот по полноќ на Футошки пут 5 во Нови Сад е ранет 40-годишен...

Македонија14 часа

Полицијата го најде 20 годишникот кој канеше на кафе ученичка во Карбинци, не утврдила елементи на кривично дело

Случајот со наводното киднапирање во основното училиште „Страшо Пинџур“ во Општина Карбинци е целосно расчистен, велат од МВР. Надлежните не...

Свет15 часа

(Фото+видео) Невиден хорор во Рим: Пожар ја зафати болницата, пронајдени 3 мртви пациенти, а изгоре целата мртовечница

Тројца пациенти загинаа, додека повеќе од 200 беа евакуирани од болницата Тиволи во предградието на Рим каде што избувна голем...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања за убиецот на Вања

Партиите и денеска со меѓусебни обвинувања за тоа со кого бил близок Љупчо Палевски, убиецот на малата Вања. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија15 часа

(Фото) Спречен шверц на повеќе од 500 делови за камиони

Вкупно 516 различни делови за камиони се запленети од страна на царинските службеници на граничниот премин Богородица. Обидот за нелегален...

Uncategorized15 часа

(Фото) Арсовска во посета на новото инклузивно игралиште во скопската зоолошка

Градоначалничката на градот Скопје, Данела Арсовска со тим од градските сектори и јавните претпријатија, го посетија инклузивното игралиште во ЗОО...

Македонија1 ден

Ќе ја извршувам функцијата со должна почит и одговорност, рече Џафери кој ќе седне на премиерската фотелја 100 дена пред избори

Претседателот на Собранието од редовите на ДУИ, Талат Џафери, се огласи во јавноста откако партијата му ја даде довербата да...

Македонија1 ден

Талат Џафери ќе биде технички премиер до изборите

Демократската унија за интеграција (ДУИ) на партискиот состанок одлучи актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери, да биде човекот кој ќе...

Свет1 ден

Прво сведочење на „девојката со црвена марама“ од фестивалот во Израел: „Понекогаш се чувствувам виновна што преживеав“

„Ми беше чудно што фестивалот беше организиран толку блиску до границата со Газа, но заклучив дека организаторите ќе кажат ако...

Македонија1 ден

Рускоска: Случајот со убиствата не смее да добие политичка конотација

Поранешната обвинителка и шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција,  Вилма Русковска смета дека случајот со...

Свет1 ден

Путин повторно ќе се кандидира за претседател

Изборите во Русија ќе се одржат на 17 март 2024 година, а Владимир Путин ја објави својата кандидатура за уште...